• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Gaming Settings за SpeedPort Entry 2i

  • Ја почнал/а темата
  • #1

champagnepepe

Gaining Experience
21 ноември 2019
73
148
Скопје
Ја отворам темава да споделам знаење околу QOS сетинзите на Speedport Entry 2i од Македонски Телеком со цел да се намали bufferbloat на интернет конекцијата за да нема ping spikes кога има повеќе корисници на истата.

Пред да менувате што и да е направете бекап :
192.168.1.1 >> Логирајте се на рутерот [admin/admin] >> Management >> System Management >> User Configuration Management >> Backup configuration

Откако ќе направите бекап :
192.168.1.1 >> Логирајте се на рутерот [admin/admin] >> Internet >> QoS

Еве целосен скриншот од моите QOS сетинзи (ADSL 2+ интернет со брзина од 12mbit / 0.7mbit )




Појаснувања за сетинзите:
Во делот класификација,
Ingress LAN2 за гејминг компјутерот - портата во која ви е вклучен компјутерот на кој гејмате, со приоритизација на UDP пакетите (кои се најважни).

Сите останати интернет пакети што се пратени и пристигнуваат во мрежата се класифицирани подолу.

Во делот Congestion Management
Other_Traffic
Rate 230000bps (28.75 kilobytes/s) - Резултираше со минимизирање на bufferbloat-от од другите уреди во мрежата.
GamingPC
Rate 8800000bps (1.1mb/s) - 70% пуштен bandwidth за гејминг компјутерот.

TrafficPolicing сеуште не сум чепнал, но Traffic Shaping со Rate 360000bps (45kb/s) заврши одлична работа за да овозможи upload од 25kb/s за останатите уреди на мрежата.



Како да пресметате кои вредности ви се потребни за вашиот рутер ?
(важи за ADSL/VDSL конекции)
Логирајте се на рутерот, Internet >> Status
Actual Rate(Up/Down) 767/12287 kbps се важни.

Traffic Shaping >>> околу 50% од вредноста на Upload-от (767*1000*50%)
Other_Traffic Rate >>> околу 30% од вредноста на Upload-oт (767*1000*30%)
GamingPC Rate >>> околу 70% од вредноста на Download-от (12287*1000*70%)

Тестирање :
1. на гејминг системот пуштете cmd >> ping google.com -n 10000 или вклучете игрица
2. поврзете телефон на вифи, и вклучете speedtest или започнете со симнување на тест фајл
Доколку пингот кон гугл е стабилен, или немате лаг во играта при тестирањето со телефон на вифи, сте завршиле работа :)

Напомена: за да се намали bufferbloat-от, секогаш жртвувате малку од брзината на интернет конекцијата.
 
Последна промена:

G4M3R

On your way to fame
26 јуни 2012
662
688
Не ги споредував сите сетинзи но мора да напишам да се внимава со чепкање на QoS параметри ако навистина не знаете што правите! Општо земено, оставете на default како што е.
Енормна и опширна тема е што бара години искуство со мрежи.

QoS просто речено се „вклучува“ само кога искористеноста на линкот е преголема.
Гласовните податоци секогаш мора да имаат највисок приоритет! Во спротивно може да почне да ви сецка пренесот (преку VOIP) и да се чудите како тоа сте го „наштелувале“ рутерот а има прекини.
Грешно сетиран traffic shaping и нема да имате бафер на пакетите т.е се што е над граници ќе биде дропнато.

My 2 cents, да не чепкате никакви сетинзи на рутерот/модем освен ако навистина немате што да правите во овие карантински денови па ви дошло до QoS сетирање. Или пак сте некој со 15год искуство во ISP.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

champagnepepe

Gaining Experience
21 ноември 2019
73
148
Скопје
Или пак сте некој со 15год искуство во ISP.
5 години. Мислам доста се :) Ќе ги доставам циско сертификатите по пошта ако некој сака :)

Не ги споредував сите сетинзи но мора да напишам да се внимава со чепкање на QoS параметри ако навистина не знаете што правите! Општо земено, оставете на default како што е.
Енормна и опширна тема е што бара години искуство со мрежи.

QoS просто речено се „вклучува“ само кога искористеноста на линкот е преголема.
Гласовните податоци секогаш мора да имаат највисок приоритет! Во спротивно може да почне да ви сецка пренесот (преку VOIP) и да се чудите како тоа сте го „наштелувале“ рутерот а има прекини.
Грешно сетиран traffic shaping и нема да имате бафер на пакетите т.е се што е над граници ќе биде дропнато.
Пред да менувате што и да е направете бекап :
192.168.1.1 >> Логирајте се на рутерот [admin/admin] >> Management >> System Management >> User Configuration Management >> Backup configuration

Откако ќе направите бекап :
192.168.1.1 >> Логирајте се на рутерот [admin/admin] >> Internet >> QoS
 

Weeaboo

Gaining Experience
23 февруари 2020
408
386
Струга
Со години ги прашувам Телеком за вакво сетирање и секогаш се чудат што им зборувам. Барав и на Google но само некои туторијали на грчки ми излегвеа без објаснати делови и се откажав. Брзо прашање, доколку нешто зезнеме, фабрички ресет нема да поможи, при што имаш наведено backup во еден од чекорите?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

champagnepepe

Gaining Experience
21 ноември 2019
73
148
Скопје
фабрички ресет нема да поможи, при што имаш наведено backup во еден од чекорите?
Со цел да се избегне да си сетираш вифи пак, и други работи, со бекап на user configuration веќе ќе имаш све previously set.
Factory reset секогаш ќе ресетира све на нула. Бекапот е мал quality of life improvement да се избегне губење време со factory reset.

Инаку , од истата причина што ја наведе, земав да ja расчепкам сета документација за рутеров што можев да ја најдам онлајн, да видам што можам и дали можам да средам, проследено со целосниот туторијал во темава. Се надевам ќе му помогнам на некој со Speedport рутер.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,550
Мислења
820,329
Членови
28,210
Најнов член
iledimovski
На врв Дно