• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Рецензија Game Streaming (играње игри преку облакот)

martinmax

Gaining Experience
1 март 2013
162
175
Skopje
GeForce NOW е достапен кај нас. Trial период не знам дали има, ама има бесплатен tier со кој може да го пробаш. И работи на Mac, мислам и на Android.
Само што го пробав на Андроид ТВ и работи одлично.
Проблем е дека бара Стим да имаш со купени игри..
 

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,512
2,523
Само што го пробав на Андроид ТВ и работи одлично.
Проблем е дека бара Стим да имаш со купени игри..
Мислам дека ниеден од ваквите сервиси не ти ги дава игрите. Кај сите мора да ги имаш купено, само хардверот го добиваш.
 

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,520
2,847
Настрана екстремистичките погледи на темава, ова е нешто што допрва ќе го гледаме и ќе биде сѐ поприсутно. Нема да истисне ниту една платформа за играње, но ќе си заземе свој дел на пазарот.
Не би ме чудело за десетина години да биде и меѓу најкористените начини на играње.

Ова е одлична прилика за повремени играчи кои се огромно мнозинство. За многу од нив кои не можат или не сакаат постојано да трошат стотици евра за просечно играње од 3-4 часа неделно. Дали за нив самите, дали за нивните деца.
Исто така и за оние кои често службено или приватно патуваат по неколку дена, а такви во западниве земји се многу. Конференции, семинари, конвенции, собранија, обуки, што сѐ не. Ќе можат по работниот ден додека се во хотел, квалитетно да поиграат час-два на лаптоп.

Има примена, има и пазар за оваа услуга, а со развивањето и достапноста на интернетот ќе биде насекаде, во превозни средства, чекални, училници, кафичи... Како што сега се игра на мобилните.
 

dekomote

Practice makes perfect
11 ноември 2014
589
1,174
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 2700x + Noctua NH-D15
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Various SSDs, Synology DS 411+II
PSU
EVGA Supernova G3 650W
RAM
2x8GB HyperX Fury RGB 3200 CL16
Video card
RTX 2060
Case
NZXT S340
Mouse
Razer Deathadder Elite
Keyboard
Tada68 w/ Noble Yellows, Tofu65 w/Zealios v2 62g
Audio
Presonus Eris 3.5, Sennheiser HD 205, JBL Tune600 BTC
Monitor
Dell U2719D
OS
KDE Neon
Настрана екстремистичките погледи на темава, ова е нешто што допрва ќе го гледаме и ќе биде сѐ поприсутно. Нема да истисне ниту една платформа за играње, но ќе си заземе свој дел на пазарот.
Не би ме чудело за десетина години да биде и меѓу најкористените начини на играње.

Ова е одлична прилика за повремени играчи кои се огромно мнозинство. За многу од нив кои не можат или не сакаат постојано да трошат стотици евра за просечно играње од 3-4 часа неделно. Дали за нив самите, дали за нивните деца.
Исто така и за оние кои често службено или приватно патуваат по неколку дена, а такви во западниве земји се многу. Конференции, семинари, конвенции, собранија, обуки, што сѐ не. Ќе можат по работниот ден додека се во хотел, квалитетно да поиграат час-два на лаптоп.

Има примена, има и пазар за оваа услуга, а со развивањето и достапноста на интернетот ќе биде насекаде, во превозни средства, чекални, училници, кафичи... Како што сега се игра на мобилните.
Апсолутно! Види нетфликс, спотифај, хбо, тидал итн итн. Ако до пред 5 години ти требаше USB, или хард диск за да гледаш on demand серии и филмови, сега не ти треба. Не ти требаат ни скапи HTPC што би декодирале 264, HEVC... Од sd до 4к стримање за 2 години. Така ќе биде и со игриве, само уште маалце треба. Телеком ја дуплира брзината за 2 години, и 5 кратно го зголеми волуменот. За 2 години исто очекуваме побрзо вифи - ax (знам дека е достапно и сега, мислам на генерална застапеност), 5г, поефтини гигабитни и 10гб мрежни картици, и очекуваме да се издвојат салам провајдерите со што би се направило тло за директ до ТВ апликации (не само за андроид тв).
 
  • Ја почнал/а темата
  • #80

edin.ademovic

Gaining Experience
16 февруари 2014
507
305
Дефинитивно технологијата и бизнисот иде према тој subscription модел. Гледам многу гејмери користат и GoG. Нема да ме чуди и Steam да направи нешто како Steam Premium или такво нешто - дај ми месечно 10-15 евра и на ти игри...
EA Access, UPlay+ и тако даље да не зборам.

Со извинување, ама на луѓето им се д**а кога станува збор дека за мали пари добиваат многу.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,526
Мислења
822,619
Членови
28,051
Најнов член
Marko Janevski
На врв Дно