edin.ademovic
Gaining Experience
- 16 февруари 2014
- 524
- 319
Здраво!
Го разгледав форумов, не најдов слична тема за општа дискусија за оваа тема. Доколку модераторите сметаат дека постои иста/слична тема со оваа, слободно нека преземат акција.
Би сакал да ви го претставам светот на стримање игри преку облакот (cloud gaming) директно на вашиот компир компјутер или лаптоп. Претпоставувам дека сте слушнале за сервиси како GeForce Now, Google Stadia, Shadow PC, Vortex PC, onLive, Playstation Now, xCloud, Parsec… и многу други.
Лично јас сум корисник на GeForce now и Vortex PC. Влегов во затворената бета која беше пред 3 години и сега сум дел од Founders пакетот на овој стриминг сервис. Претежно ќе зборувам за GeForce NOW бидејќи имам добро искуство со него. Топло ги поканувам сите членови кои имаат било какво искуство да споделат со друг стриминг сервис.
Да почнам од почетокот. За тие што не знаат - што е тоа стриминг сервис? Тоа, во розов свет, е можност да си ја играш играта што ја имаш купено преку steam, epic, origin, uplay, gog и било што друго на виртуелна машина со специјализиран хардвер (пр. графичка карта Tesla P40 со 24GB RAM, 16GB RAM, Quad-Core CPU и сл.) на најјаки сетинзи без компромис, до FullHD резолуција до 60fps. Кажав розов свет, бидејќи покрај делот со хардверот што е идеален, делот со игрите не е. Повеќе околу ова подоцна (во делот на неедостатоци)
Предности
Предностите на овакво нешто е, со мала месечна претплата (конкретно плаќам 5 EUR за Founders na GFN) можеш да играш игри без да купуваш јака машина за да ги играш истите. Јас, така ја изгирав цела Far Cry 4,5, New Dawn, уште ја играм The Division 2, Destiny 2, Metro: Exodus и многу други дозволени игри на таа платформа на кои во моментов не можам да се сетам.
Преку LAN кабел или моќна AC WiFi конекција, може да се играат игри безгрижно во твојот дом дури и преку телефон со помош на џојстик (dualshock 4 или било кој што има XINPUT контроли). Квалитетот на сликата е супер и многу ретко, скоро воопшто не можеш да видиш компресија па да се чувствуваш дека контролираш видео на YouTube одколку што играш игра на далечинска виртуелна машина.
Серверите се наоѓаат релативно близу - има неколку во Германија каде што пингот према нив на мојот интернет стига до 50ms преку сила, а во просек е 40-на.
Има голем избор на игри, GTA V може ја нема на GFN но ја има на Vortex PC - повеќе за ова подоцна (недостатоци).
Имено, на GeForce NOW може да се играат игрите кои се дозволени од издавателот (анг. Publisher) и има листа на издаватели константно ажурирани на GeForce NOW форумите (еден краток гугл срч и ќе Ви искочи резултат) кои се дел од овој стриминг сервис како и игрите кои ги дозволуваат на нив.
Доколку играта има некој нов апдејт или нешто слично, тоа се прави на нивните сервери и ти не мораш да чекаш да ти се ажурира играта или нешто слично. Стискаш PLAY и за кратко време ти ја пушта играта на виртуелната машина.
Цената е релативно ниска (5 евра на месец, или 60 евра на година) – цена со која ќе ви треба 10 години да одвојувате по толку месечно за да склопите некоја солидна midrange машина за да играте игри, која сепак треба да ја одржувате. Одлично за оние што сакаат набрзина да се испукаат на DESTINY или да се опуштат во авантурите на Tomb Raider, без многу замарање.
Имаш контролер? Нема проблем. Претежно сите овие сервиси работат со било каков контролер. Сум играл Destiny 2 на GeForce NOW на Android телефон, со DualShock 4. Сите контролери работат на овие платформи, се додека и самата игра која ја играте подржува game pad-ови.
Имаш некоја игра која си ја купил затоа што била ефтина на промоција (пример DOOM ја даваа за 5 евра) но немаш компјутер на кој што ќе ја играш? Повели, најави си се со платформата на која што си ја земал – и играј ја
Недостатоци
Иако можеш да се вклучиш од, теоретски, било каква машина и да ја играш играта инстантно без да ја инсталираш и да се “замараш“ со такви работи, како и се’ во светов, си има свои недостатоци.
Еден недостаток што веднаш ќе го спомнам е Input Lag. За тие што не знаат што е тоа, едноставно речено, времето потребно за сигналот од тастатурата/маусот (влезен уред, input на анг.) да отиде до серверот и да ви се врати назад како излез изразено во милисекунди. Пример: стискаш “W” на тастатура и после 30-50ms ликот со кој играте во играта се поместува нанапред. Истото важи и за маус. Од мое искуство, овој input lag до 50-на милисекунди се толерира за игри кои не се онлајн шутери (кантер, pubg, fortnite и сл.), но такво доцнење во игри каде што мало движење на маусот е критично – неприфатлив е овој тип на одговор.
Дали се приметува? Пробај да играш CS:GO со било кој од овие стриминг сервиси и ќе приметиш (пукни и примети дека има “доцнење“ на пукањето од кога ќе кликнеш лев клик на маусот).
Втор фактор, дистанцата. Нај блиску сервер на GeForce NOW има во Франкфурт. Како што претходно напоменав, пингот до таму со оптиката што ја имам дома е 30 во нај добро сценарио и 60 во нај лошо сценарио.
Трета и нај важна работа – лиценците и правата. Односно, ова не е твое – мое е. Немаш право, имаш право. На оваа слика може да видите каков однос имаат овие стриминг сервиси со провајдери, големи компании, издавачи и слично.
Токму тука почнуваат проблемите. На GeForce NOW константно секој четврток се додаваат и одземаат игри. Нај скоро што направиле позитивно е што ги вратија Square Enix, па можев да си ја играм Rise of The Tomb Raider. Но, ни тоа не е сигурно колку ќе трае. Можеби на Square Enix ќе им текне – во ред, ние ќе бидеме на сервисот, али тргнете ја Tomb Raider. Нешто како со нашиве телекомуникациски оператори, само што замислете промената да се врши од недела у недела – сега имаш 5гб интернет, следниот четврток не знаеме – можеби само 1гб .
Единствено на кои можам капа да им симнам се Shadow PC, но во моментов се затворени за голем дел од пазарот (серверите во Германија ги спремаат наскоро) и дека им се ограничени со јазик, бар од тоа што можам да приметам: ако се регистрираш на Германскиот Shadow, Windows-от и корисничкиот интерфејс ќе ти биде на Германски (не сум сигурен за ова).
Shadow PC има нај голем потенцијал од сите овие, бидејќи за поскапа месечна цена (ми се чини 15-на евра месечно) ти дава целосен КОМПЈУТЕР. Не ти дава жетончиња па што има во моментов на флипери тоа ќе играш – туку ти што сакаш си инсталираш и како сакаш ти си го ракуваш. Ти дава дедициран гејминг компјутер на кој што можеш да играш буквално се’ што ќе ти текне – без ограничувања од паблишери и големи фирми, на високи сетинзи – до 4K60Hz доколку конекцијата ти го подржува тоа. Повеќе за спецификациите и цените тука (во Америка). Имаш дедициран гејминг компјутер кој е само за тебе и никој друг не го дели со тебе(теоретски).
Што мислите вие за сево ова? Ме интересира мислењето тука, во нашава Држава. Дали би платиле било каква цена за да користите вакво нешто? Дали поарно би си купиле компјутер на старо него да плаќате месечно за cloud streaming? Дали вакво нешто би успеало да се пробие на наш пазар и да стане mainstream како Netflix и Spotify? Или засекогаш ќе остане во сенката на пазарот.