DaDo|BT
Intern
Ривалството помеѓу два клана интернет гејмери од Русија, од виртуелниот свет се префрлило во реалноста, по што невината компјутерска игра завршила трагично - со брутално оф лајн убиство.
Кланот Платаниум од градот Уфи, сочинет главно од студенти, успеал да ги победи искусните и постари членови на групата гејмери Ку-Клокс. Неколку денови по он лајн пресметката, двете групи се договориле да се сретнат лице во лице во реалниот свет.
Нивната оф лајн конфронтација се претворила во безмилосна тепачка, во која бил претепан 33-годишниот Алберт. Повредите биле толку сериозни, што тој починал на патот кон болницата.
За смртта на Алберт, обвинето е едно 22-годишно момче, кое не покажало никакви знаци на каење за убиството. Во изјавите пред полицијата, тој сосема смирено ја објаснил причината поради која го убил својот он лајн ривал. Сестрата на починатиот тврди дека суровите убијци не се задоволиле со смртта на нејзиниот брат и почнале да и се закануваат на неа.
Ова не е прв случај на фатален фанатизам на гејмери во Русија. Пред извесно време, момче старо 21 година, ја убило својата баба затоа што му ја прекинала играта, викајќи го на ручек.
Извор : Оn.net
Линк