1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија G.SKILL - RIPJAWS KM780 RGB - Mechanical Gaming Keyboard (Cherry MX RGB Brown)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од SaleSk, 16 Февруари 2016.

  1. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,589
    5,109
    20 Април 2007
    Машко
    Како што можете да прочитате од насловот, овој пат дојдовме до едно интересно парче хардвер, поточно RIPJAWS KM780 RGB - Mechanical Gaming Keyboard (Cherry MX RGB Brown).
    G-SKILL на нашиот пазар се појави од неодамна, па на многумина можеби и нема да им биде познат брендот.

    [​IMG]

    Со оваа куса рецензија ке се потрудиме да го представиме брендот и да ви ја представиме оваа гејмерска тастатура. Инаку тастатурата е купена од член на форумот кој ни ја одстапи за рецензија. Голема благодарност до него :)
    Тастатура која што е изработена со RGB LED осветлување кое може да се профилира по ваша желба. Тастатурата тоа ја прави да биде една од најатрактивните на пазарот.
    Да ги погледнеме прво спецификациите на истата, па потоа ке се префрлиме на подетален преглед.

    Технички спецификации:
    • Series KM780 Mechanical Gaming Keyboard: Keyboard Type Mechanical Key Switch Cherry MX RGB Brown Switch
    • Backlighting: Yes
    • Anti-Ghosting: Yes
    • Full N-Key Rollover: Yes
    • Gaming Mode Option: Yes
    • On-board profile: 3
    • Additional Macro Keys: 6
    • Dedicated Media Control Panel: Yes
    • Audio-in and Microphone-out: Yes
    • USB Passthrough: Yes
    • Mouse Cable Holder: Yes
    • Detachable palm rest: Yes
    • Dimensions: 518 x 172 x 48 mm
    • Dimensions: w/ palm rest 518 x 228 x 48 mm
    • Weight 1.36 kg
    • Weight w/ palm rest 1.54 kg
    • Warranty 2-Year Limited Warranty
    Пакување:

    Прва средба со производот и стекнуваме високо мислење за истиот. Се гледа дека зборуваме за сериозен производ. Спакуван во одлична кутија:

    [​IMG]

    [​IMG]

    Во самата кутија покрај тастатурата ни доаѓаат и аксесоари, односно дополнителни гејмерски копчиња и алатка за нивна замена, прекрасно спакувани во кутија која може да се закачи од задната страна, подметка за потпирање на рацете која може да се закачи или пак воопшто да не се закачува и упатства:

    [​IMG]

    Осврт:

    KM780 RGB доаѓа со 2 метарски кабли со два USB приклучоци и аудио приклучоци. Каблите се ставени во дополнителна заштита, веројатно заради тоа што се и малку потенки колку што можев да забележам. Како год не би требало никој да има никаков проблем, сепак тастатурата стои, а не се движи и нема да има никакви прекршувања на кабелот кои би биле проблем после некое време:

    [​IMG]

    Мултимедијалните тастери се поставени во горниот десен агол од тастатурата. Тоа се базични мултимедијални тастери кои се користат без инсталирање на било каков софтвер. Тркалцето за глас е метално и многу лесно се врти, релативно практично.

    [​IMG]

    На задната страна од тастатурата се наоѓаат: USB приклучок, приклучоци за микрофон и слушалки (истите ке функционираат доколку ги уклучите самите кабли во ПЦ) и еден преклопник со кој имаме можност да ја оневозможиме функцијата на Windows копчето и при играње несакајќи да го притиснеме.

    [​IMG]

    На левата страна се наоѓаат програмибилни тастери, а во горниот дел се наоѓаат и мемориските тастери на кои се програмираат три профили.

    [​IMG]

    Како што претходно кажавме, со тастатурата ни доаѓаат и капачиња за тастерите во црвена боја, и алатка за нивна промена. Промената оди релативно лесно без никаков проблем.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Веќе знаеме дека станува збор за тастатура која што поседува механички тастери. Истото ни говори дека нема да имаме никакви проблеми при играње заради издржливоста и истрајноста на механичките тастери.
    По некоја спецификација истите имаат век од некој си 50 милиони притискања што е баш импозантна бројка.
    Конкретниот модел, Cherry MX Brown Switches - Тастер со допирна сила од 45 грами, односно 55 грами на "пик".

    [​IMG]

    На задната страна од тастатурата може да се видат гумените ногарки и лежиштата за подпирачот на рацете.

    [​IMG]

    Тастатурата гледајќи ја од страна е малку за мој вкус висока, да не речам дебелка. Без подпирачот за рацете, куцањето односно користењето на тастатурата е многу тешко и незгодно. Затоа препорачувам користење на подпирачот во сите услови, било тоа да е за играње или класично куцање.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Доколку тастатурава сакате да ја користите за куцање, не би ви ја препорачал. Високите тастери не се практични за куцање, а звукот кој го предизвикуваат е крајно нелагоден и непријатен. Така да доколку планирате тастатурата да ја користите како мулти функционална, мислам дека ке биде погрешен избор.

    RGB осветлувањето е вистинска убавина. Со самото уклучување на USB портите тастатурата добива црвено позадинско осветлување. Истото имаме можност да го менуваме во повеќе различни нивоа на осветленост, односно да го исклучиме скроз. Кога позадинското осветлување е исклучено, функциските и мултимедијалните тастери продолжуваат да светат, што по мене мелку е иритирачки бидејќи светлината која ја даваат е јака, па можат да пречат во темна просторија.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Со помош на софтверот, имаме можност да ја менуваме бојата на позадинското светло. Еве како тоа би изгледало:


    [​IMG]

    [​IMG]

    И еден од добиените профили:

    [​IMG]

    Заклучок:

    Мораме да кажеме дека изработката навистина е квалитетна. Почнувајќи од гумираните делови, RGB LED позадинското осветлување, преку механичките тастери па се до гребениот алуминиум на самата тастатура знаеме дека имаме премиум уред пред нас.
    Верувам дека многумина од вас кои сте страствени гејмери ке посакате да ја имате на вашите бироа :)
    Пред да почнете било каква акција, јас би ви предложил да си го симнете софтверот од официјалната страна, да си ги изменаџирате сите опции и да си ги подесите функциските копчиња, бојата и да се препуштите на играта.

    Останатите импресии и детали ке бидат пренесени од сопственикот :)
     
    На d0sada, prichina, Nightingale и уште 32 други им се допаѓа ова.
  2. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,438
    11,038
    23 Јануари 2008
    Манга
    Тастатурата е сега во сопственост на @brasica, па нека сподели импресии....

    А јас си нарачав друга, со Cherry MX Blue тастери.
     
    На ivan88 и Molec им се допаѓа ова.
  3. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,350
    2,140
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Шо пари е таа со тегет тастери? @gOJDO

    И дали може да се извади тоа шипката и крилцата од страна, дека гледам штрафчиња има... @brasica
     
  4. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,438
    11,038
    23 Јануари 2008
    Манга
    Оваа со RGB е 9700 регулар цена. Таа без RGB, а со еднобоен беклајт e поефтина, ама не се сеќавам колку. Јави им се на дечкиве од НЕКСИО, прашај ги за цена и кажи им дека си гик од it.com.mk ќе ти дадат 5% попуст.
     
    viksa86, Molec и на bxxxn им се допаѓа ова.
  5. brasica

    brasica
    On your way to fame

    626
    921
    18 Април 2010
    Не сум ја пуштил уште да ја испробам.

    Како што гледам од сликите на @SaleSk работи :D

    Моментално склопувам нова конфигурација па не сум стигнал до тастатурата уште.
     
    ivan88, igor_xxxx и на Molec им се допаѓа ова.
  6. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,438
    11,038
    23 Јануари 2008
    Манга
    Аман бе шефе, почна пред мене да склопуваш, а јас пред тебе склопив :D
    Ем све од А до Ш исто марки и модели ко тебе купив, освен рамот шо ми е 200MHz поќе за да ми биде поголем е-пенисот. :D
     
    На shifty и SaleSk им се допаѓа ова.
  7. shifty

    shifty
    Модератор

    974
    1,266
    5 Септември 2009
    Споделете по некое мислење за софтверот кој се користи, читав доста за конкретниов модел и најголем дел од нив се жалат од софтверот. Инаку тастатурава изгледа феноменално (барем на сликиве). btw Дали има ист модел од тастатурава без дополнителниве media копчиња и без позадинсково осветлување?
     
    Последна промена: 16 Февруари 2016
    На uwemi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,589
    5,109
    20 Април 2007
    Машко
    За подетални информации со софтверот треба време, т.е. ке имаш инфо кога @brasica ке го користи активно.
     
    На brasica и shifty им се допаѓа ова.
  9. brasica

    brasica
    On your way to fame

    626
    921
    18 Април 2010
    Еееееее, очигледно не се расправаш со вода ко мене, па да ти протече CPU блокот па да чекаш сеа нов и така натака... :)
     
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,438
    11,038
    23 Јануари 2008
    Манга
    Да бев еб*вода со вода ќе се расправав, вака со ветер.

    Шала на страна, јас делови за куќарката не чекам, но чекам да ми пристигне мојата тастатура за да ја комплетирам со глушецот...

    Инаку имам проблем со глушецот, син ми го виде кај мене на биро и ми го конфискува. Ме убедува дека сум го купил за него, а не за мене и никако неможеме да се разбереме. Се плашам дека исто ќе биде и со тастатурата...а што уште повеќе ме плаши е тоа што нема ни 6 години, а што ќе биде кога ќе наполни 16...
     
    Последна промена: 16 Февруари 2016
    На Jovan2389 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    508
    351
    11 Февруари 2016
    Машко
    Спреми пари за звучна изолација иначе ќе ти викнат полиција :)
     
  12. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,438
    11,038
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ќе кликаат само, инаку нема да бидат ваљда толку погласни...
    Инаку јас и вака со MX Red имам фамилијарни проблеми, жена ми на глава ми се качува, а не па со погласни...
     
  13. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,835
    24,970
    4 Септември 2008
    Одлично, важна колега :)
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,260
    24,692
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Порнич за гикови....
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,493
    2,485
    14 Мај 2008
    Машко
    Макро дугмиња од лева страна...... Не фала.....
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,438
    11,038
    23 Јануари 2008
    Манга
    А од која страна треба да бидат за да се пофалиш? :D
     
  17. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Тастатурата мене лично ми делува high end комбинација од Razer + Corsair , имаат земено елементи и од двете страни. Aко се земе во предвид унифицираноста на производите во глобала, може да се каже, малку од ова, малку од она е комбинирано во тастатурава.
     
  18. brasica

    brasica
    On your way to fame

    626
    921
    18 Април 2010
    Мал апдејт околу софтверот на тастатурава. Некој погоре спомна дека читал на ревии дека е тежок за сетирање.

    Тоа е дефинитивно точно. Ама кога ќе го навикнеш не е некој голем проблем. Башка може да се наместат 3 различни профили. Повеќе од доволно.

    За тастерите нема што да се збори. Добро се познати.

    Многу ме потсетува на Corsair K70 RGB. Не дека сум ја користел ама по тоа што имам читано и гледано од прилика се исти со тоа што Corsair-от има покласичен изглед и софтверот нивен е поинтуитивен за користење.

    Да скратиме, јас сум презадоволен, поготово тоа што е поефтина од другите слични вакви тастатури во нејзин ранг.
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. mitash
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,549
  2. filipvselena
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    1,399
  3. ChemicalAngel
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    799
  4. Sintrax
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    543
  5. SaleSk
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    1,151
Вчитување...

Сподели

Вчитување...