• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Рецензија Fujitsu ScanSnap iX500

  • Ја почнал/а темата
  • #1

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,750
11,226
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Времето не ми дозволува многу но ете после извесен период на користење сакав да споделам импресии а и пред се мало запознавање со уредот Fujitsu ScanSnap iX500.

http://scanners.fcpa.fujitsu.com/scansnap11/iX500.html

Доаѓа во едноставно картонско пакување:



Во пакувањето доаѓаат USB кабел, надворешен адаптер за напојување кој е минијатурен по димензии и тежина, два кабли за во штекер (англиски и наш стандард), прирачник, ЦД со драјвери и софтвер, ЦД со адобе 11 стандард и посебен носач на листови за документи со поголема димензија од А4 формат.



Станува збор за канцелариски скенер кој е многу компактен. Може да се смести било каде.



Од хардверските спецификации би набројал:

- дуплекс скенирање - фабричка спецификација е 25 страни во минута со максимална резолуција од 600 DPI колор (максимум резолуција на скен е 1200 DPI монохроматски)
- скенира 209 грамска А4/летер хартија што го прави погоден и за листови со залепени атачменти како сметки, белешки и слично.
- оптички сензор - Color CIS
- светло - LED RGB
- GI Dual Core процесор

Фуџитсу на овој скенер му имплементирале напреден автоматски систем за влечење на хартија кој до сега се имплементирал само на многу поскапи решенија:



Можам да потврдам дека системот за влечење е вистинска перверзија зашто уредот нема направено ниту една грешка од досега направените 5000 копии. Сметки, документи со различни димензии, документи со лепеници на нив и слично автоматски ги препознава и оддвојува, скенира а потоа автоматски ги кропува/намалува во нивната реална димензија и ги ротира со помош на способноста за препознавање на текст.

Значи сеедно е како ќе ги ставите страниците во фидерот кој собира максимум 50 страници. Уредот автоматски ги препознава содржините и ги ротира на екран исправено.

Единствен проблем може да се фотографии каде може да ги изротира погрешно но само со еден клик при преглед може да ги ротирате за да бидат прикажани правилно.

Софтверот кој доаѓа со уредот е компатибилен како со Мек така и со ПЦ. Што е уште поважно на ПЦ работи под било кој оперативен систем од XP па наваму беспрекорно.

Јас главно го користам на XP.

Fujitsu обезбедува редовни апдејти кои се инсталираат автоматски преку нет. Во рок од две седмици добив фирмвер апдејт како и апдејт на две апликации. Процесот се одвива целосно автоматски во со само еден клик. Нема рестарти дури ни на XP.

По инсталација генерално главните опции се овие:



• Scan to Folder: Store PDF scans to a folder
• Scan to Email: Eliminate faxing and share electronic documents over email
• Scan Business Card: Scan business cards and automatically extract contact information
• Scan to Print: Use ScanSnap with your printer to create copies
• Scan to Word (.doc): Scan directly to an editable Word file
• Scan to Excel (.xls): Scan directly to an editable Excel file
• Scan to PowerPoint (.ppt): Scan directly to an editable PowerPoint file
• Scan to Picture Folder: Store JPEG scans to a folder.
• Scan to Mobile: link to Android or iOS
• Scan to Cloud: Scan to Evernote, GoogleDocs™, Salesforce CRM, Salesforce Chatter, SugarSync, Dropbox and
SharePoint Online (for Windows®).

На плеј стор за андроид (како и за iOS) бесплатно на располагање е ScanSnap Connect:

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.fujitsu.pfu.ScanSnapConnectApplication

По инсталација може да се командува уредот да скенира во телефон. Процесот се одвива многу брзо и исто како на ПЦ.



Wi-Fi инсталацијата е лесна. Се што треба е да си земе IP од вашиот рутер дома или во канцеларија. Потоа сетинзите си ги помни и нема потреба да е поврзан со USB кабел. Секој уред кој го има софтверот може преку локалната мрежа да му пристапи. Пристапот е многу брз и нема разлика дали се користи кабел или Wi-Fi.

Уредот е многу тивок. Буквално и дома во доцните вечерни часови го користев за пократки скенирања и никој не се пожали.

Немам мое видео но еве еден пример за брзината и буката - намерно користам пример со дуплекс колор страници (оди на 2:25):


Уште два клипа каде е спореден со постариот S1500 модел:



Има година дена гаранција. Одржувањето е лесно. Сами можете да ги чистите ролерите и стаклата и тоа без многу напор во само 30 секунди. Исто сами можете да ги смените ролерите кои имаат век на траење од 200.000 копии.

Цената е +/- 500-550 евра кај нас.

Благодарност до ДДКОМ кои ми дадоа најповолна понуда и за многу брзата услуга.

Од скенерчето сум презадоволен до сега.

Ако ми текне нешто ќе допишам а доколку има прашања стојам на располагање.

Благодарам.
 

xenon

Guru
15 јануари 2011
3,791
9,259
Erga Gomnes
xenon's setup  
Processor & Cooler
i7 5960X 4300mhz
Motherboard
Asus X99 Deluxe
Storage
intel 750 400gb / 2 x 8tb seagate, 4 x 6TB WD, 3 x SM951 512gb, 4 x 4TB WD
PSU
Antec 1300W
RAM
64GB DDR4 @ 3200mhz
Video card
SLI (2 x Asus 1080Ti Strix)
Case
Coolermater Cosmos II
Mouse
Sentinel III
Keyboard
Coolermaster Master Keys Pro L
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x (2), Adam A3x (2), TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
43" Samsung KS7500 4К HDR
OS
W10P
Одлично компонирана рецензија. Сепак јас сум скаран со принтери и скенери - за скенирање (ретко) користам фото апарат иако не е најидеално решение заради дисторзијата присутна кај скоро секој објектив врши работа.
 

Jokerski

On your way to fame
28 октомври 2010
816
710
Во твојот ум чедо
Jokerski's setup  
Processor & Cooler
Intel I7 6700k & NZXT Kraken x42
Motherboard
Asus Z170 Deluxe
Storage
Samsung 950 Pro 512GB m.2 NVMe + 2 x 3TB WD Red
PSU
Antec HCP-1300 Platinum
RAM
32GB G.Skill Trident Z 3600mhz
Video card
Gigabyte Xtreme Gaming GTX1060 6GB
Case
NZXT s340 Elite + NZXT hue+ + NZXT RGB led strip + NZXT AER RGB 140mm x3 + NZXT AER RGB 120mm
Mouse
G.SKILL RIPJAWS MX780 - RGB Laser Gaming Mouse
Keyboard
Logitech diNovo
Audio
G.SKILL RIPJAWS SR910 - REAL 7.1 HEADSET
Monitor
Samsung S27E390HL PLS panel + Samsung D6510 40"
OS
Windows 10 Pro 64bit
Јас за 700 евра Канон цел фотокопир земав со дуплекс и ред други чуда на него... Не му ја гледам примената на ова во office ситуација...
Можеби за некоја префинета компанија, но за големи количини на хартија не верувам дека ова би било office алатка.
Едно време барав ваков, и не најдов ништо што би било попрактично од цел фотокопир... Ми требаше за документ менаџмент систем.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,750
11,226
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Да, сигурно фотокопир е сигурно добра инвестиција.

Мене ми беше значајно да е малецко уредче за на биро. Понекогаш ретко имам потреба и да го прошетам со мене од канцеларија до дома.
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,503
3,252
Ценава е малце солена, но од друга страна доколку со уредот има вклучено оригинална верзија од ABBYY FineReader тогаш само тоа кошта околу 150 евра.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,750
11,226
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Ценава е малце солена, но од друга страна доколку со уредот има вклучено оригинална верзија од ABBYY FineReader тогаш само тоа кошта околу 150 евра.
ABBYY е вклучен со посебна кастомизација само за уредот:

http://www.abbyy.com/support/FRScanSnap/

http://solutions.ca.fujitsu.com/products/scansnap/software/finereader.html

Колку што знам нема можност да обработува било какви фајлови туку само скенираното и тоа во процесот додека се врши самото скенирање.

Во пакетот е и Adobe Acrobat XI Standard.

Но и самиот софтвер на уредот нуди милион опции за подобар документ менаџмент систем што не може да се сретне кај поефтини уреди.

Сепак скенерот е далеку од ефтин и го препорачувам на луѓе кои имаат потреба од поголем обем на документи за скенирање и кои манипулираат и комуницираат со многу електронски фајлови во работењето.
 

smole

Unbeatable
18 април 2007
3,552
4,190
Одлична рецензија!

Овоа е скенер за дигитализација на документи за со истите потоа полесно да се манипулира и работи. Не е обичен скенер.

Ми иде да се збрцам колку е добар скенеров!
 

smole

Unbeatable
18 април 2007
3,552
4,190
Знам дека ја воскреснувам темава, и јас сум со ниет да купам ваков скенер па да прашам кој во МК ги увезува Fujitsu?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,750
11,226
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Знам дека ја воскреснувам темава, и јас сум со ниет да купам ваков скенер па да прашам кој во МК ги увезува Fujitsu?
Јас го купив преку ДДКом. На времето мислам дека ги увезуваа Интек Ситеми.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,038
Мислења
855,003
Членови
29,644
Најнов член
Ogi1990
На врв Дно