AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139
Дали ова ќе биде лаптоп на иднината кој ќе биде пријател на околината? Fujitsu ќе го открие на крајот на неделава новиот Лаптоп чие куќиште ќе биде изработено од дрво за разлика од досегашните традиционални пластика и метал.
Лаптопот кој засега е прототип е изработен од дабово дрво и био-пластики за некои делови. Био-пластиките се пластики изработени од обновливи извори како што се растително масло за разлика од традиционалните пластики кои се изработуваат од петролеум.
Лаптопот ќе го носи името на Fujitsu и Monacca, Јапонски дизајнерски тим кој е специјализиран за дрвени производи. Monacca има широк асортиман на производи изработени од дрво, меѓу кои најпознат е неодамна лансираниот калкулатор со дрвено куќиште.
Додека овој Лаптоп изработен од дрво не е спремен за комерцијализација, Fujitsu веќе наколку години ги употребува био-пластиките во други Лаптопи. Во 2002 Fujitsu започна со користење на пченка за добивање на био-пластика и резултатот од тоа може да се види на полиците од компјутерските продавници во Јапонија. Fujitsu Biblo NX95 лаптопот има куќиште кое е изработено од 30% био-пластика.
Двете ПЦ-а ќе бидат претставени на манифестацијата "Japan Design 2008", која е дел од манифестацијата Milan Salone design show во Италија.
Извор: PC World