• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

FTP tutorial

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

HyBRiD_HeLL

Intern
13 април 2007
106
1
Еве ви ФТП туротијал made by HyBRiD_HeLL

Барање до админ за да не закачувам на радпи шаре дај зголеми капацитет на атачменти до 5-6 мега за да можам да правам туторијали и да ги закачам конкретно сега имам проблем.
 

delix

Intern
7 април 2007
702
23
Додека да ти одобрат админите, може ли да прашам со што поточно од фтп е поврзан туторијалот
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

HyBRiD_HeLL

Intern
13 април 2007
106
1
Како да поставиш фтп сервер, не е нешто значајно ама за тој што незнае ќе му заврши работа.
 

D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
За да го држиме форумот up-n-going, би предложил ваквите работи да се хостираат на сајтови од стилот - Rapidshare. Работиме на случајот да биде големината на атачмент поголема - но за да не чекаш...

Доколку инсистираш, слободно контактирај ме, ќе ми го пратиш фајлот па ќе средиме некако.
 

A^1^T^E^A^M

Баниран/a
18 април 2007
393
2
brmbrm.blog.com.mk
Еве како да си направете Фтп сервер:)

Ако некогаш сте пробале да делите голем број на фајлови преку интернет, сигурно сте забележале дека не е баш лесно. Можете преку МСН да ги праќате, но максимум три фајла во еден момент. Преку е-маил, споро и ограничен е-маил простор. Што ако направите своја веб страна. На тој начин ќе можете да ги превземата фајловите било кога, но што ако сакате истовремено и да оставате фајлови? Нема потреба да спомнувам дека и таму имате доста големо ограничување....
Имам подобра идеја. Направете свој ФТП (File Transfer Protocol) сервер. Се што ви треба, е компјутер приклучен на интернет и неколку подесувања. За подесувањата ќе ви помогнам јас, вие погрижете се за компјутерот и интернетот

Windows XP Professional (и Windows 2000) одат со вклучен IIS на Микрософт (Internet Information Server) кој може да го користите за да креирате ФТП сајт на вашиот компјутер.

Подесување на FTP сервер со Windows XP Professional
Прва работа што треба да ја направите е да проверите дали IIS'от е конфигуриран правилно.
Одете на Start --> settings --> control panel --> add or remove programs и одбери add or remove windows components. Чекирај го Internet Information Services (IIS) и кликни на "Details".
Тука ќе треба да ги чекирате "Common Files", "File Transfer Protocol (FTP) Service" и "Internet Information Services Snap-In". Дечекирајте ги сите други и кликнете OK. IIS ќе се конфигурира самиот но можеби ќе ви го побара ЦД-то од икспето.
Откако ќе се инсталира IIS, автоматски се креира фолдер во "C:\inetpub\ftproot". Засега е празен и небезбеден тој фолдер. Било кој што ќе внесе ftp://(вашата ИП адреса)/ во неговиот бровсер, ќе влезе во тој фолдер и да се поврзе со твојот компјутер. Сега ќе го конфигурираме вашиот FTP сервер.
Одете пак во "Control Panel" (ако не знаеш кај е тоа ти предлагам да не читаш понатаму туку да си читаш во Општи Муабети, евентуално Љубов и Секс ако си доволно возрасен), одбери лево-горе "switch to classic view", сега одбери "administrative tools", па "Internet Information Services".
Оди TVOJUSER (local computer) --> FTP sites. Претпоставувам стигнавте до "default FTP site" на левата страна.
Десен клик на него и rename ако сакате да му го смените името. Твој сајт е, прај му што сакаш.
Сега десен клик на твојот ФТП сервер и одбери "properties".
Тука се прават главните подесувања на вашиот FTP сервер. Во првиот таб (да се изразам мозиловски, јазиче) можете да го смените името на серверот, наместите на кој порт да можеш да се поврзуваш (остави 21 засега), лимитираш конекции и да видиш кој моментално е логиран кај тебе.
Во делот connection можете да подесите истовремено колку корисници можат да бидат приклучени на серверот (максимумот е 10, намести да можат помалку ако сакаш).

Во "Connection Timeot" боксот можете да подесите после колку изминато време идле (време во кое нема воопшто активност) корисникот да биде дисконектиран. Ако кликнеш на "Current Sessions" најдоле, ќе видиш кој е моментално конектиран на серверот и да ги дисконектираш ако сакаш.
Во "Security accounts" можете да подесите ако сакате анонимни корисници (anonymous) да имаат пристап до серверот. Малку глупо, БИЛО КОЈ може да ги види фајловите што се "шерувани" на интернет, без да им бара корисничко име и лозинка.
IIS има свој диалог прозорец за кориснички имиња. �Pазгледајте го малку.
Но ако го исклучите анонимниот корисник има свои ризици кои ќе ги спомниме покасно. Засега оставете го вклучен. Кај messages можете да напишете некоја порака што ќе се прикажува на секој што ќе се обиде да се поврзе на серверот (Пример: Ќе те скршам ако не си авторизиран да влезеш на серверов а сепак пробуваш). Јасно ви е.
На четвртиот таб (јазиче ебаго) можете да подесите кој директориум (фолдер) на вашиот компјутер ќе влезат корисниците веднаш штом ќе се логираат.
Одберете директориум или пак оставете го default-ot па тука копирајте/пастирајте фајлови и фолдери што сакате да ги делите со другите.
Конфигурирање на WindowsXP Firewall
Оди во контрол панелот, network connections, десен клик на вашата интернет конекција и "Properties".
Оди "advanced", одбери "settings". Во "Services" штиклирај го "FTP Server" и кликни ок. Сега firewall-ot ќе дозволува проток на податоци на портот 21.
ВАЖНО
Проблемот со FTP-to е што воглавно е несигурен проток. Корисничките имиња и лозинките не се енкриптирани и како такви се испраќаат директно од клиентот до серверот, така ако некој ви ги следи пакетите (примо-предавањата) на мрежата, ќе види што се разменува.
Има начини како да се среди ова (SSL) ама ќе морате да се снајдете сами.;)
 

delix

Intern
7 април 2007
702
23
Super, samo ako sakam nesto samiot da prezemam od mojot kompjuter, ke treba da go ostavam ukluchen
 

Alek24

Intern
18 април 2007
83
0
Super, samo ako sakam nesto samiot da prezemam od mojot kompjuter, ke treba da go ostavam ukluchen
Za zal ke treba. Bas jas go naprajv po tutorialot i odlicno funkcionira. Mozis da klavas podatoci kolku ti dusa saka. I jas se razocarfav koga probav od isklucen kompjuter da prevzemam. Samo ke ja bara stranata i nema da se povrzi so folderot. A i koga ke razmislis podobro i logicno e posto nemas nikakva konekcija so kompjuterot koga e isklucen. Odlicno sraboteno od A1.
 

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
Одличен туторијал нема што, само мислам дека треба самите ние да бидеме малку повеќе креативни кога се во прашање вакви работи и што е можно повеќе да избегнуваме Copy / Paste од други форуми. Се надевам дека ќе се сложат повеќето од вас со мене, но сепак одлично сработено '' од A^1^T^E^A^M " .
 

deXterche

Intern
19 септември 2007
27
0
Поставував FTP протокол на Windows server 2003, е сега локално со локална IP може да се пристапе до него, а од надвор не може (со надворшна IP). Не е до Firewall-от, зошто пробав да му сменам порта (8080) и пак не можеше да се пристапи (а таа порта 100% ми е слободна од firewall-от, потоа пак вратив на 21). Се работи за надворешен firewall, инаку моментално таа машина е веб сервер. Се работи супер (remote access, web server-ot, application server-ot) ftp-то нејќе. Чаре?
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Super e tutorijalot,sega fali uste site nie da se povrzeme na FTP i toa ke bide mega sharing.Hehe ali sepa mnogu prakticna rabota.Samo mana e toa sto ako go isklucis kompjuterot nemozes da pristapis,ali toa e toa
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Да некој тапа PC, па ќе си ставиш Линукс без GUI како Убунту сервер и ке си побараш на Убунту форумите како да направиш ФТП. Убунтуто нема да бара многу ресурси (освен нормално голем хард за да делиш фајлови :)) е сега незнам колку ги дозволуваат ФТП портите ИСП или рутерот што ти е на работа (освен ако не си ти Нет админот:)
Ова е се теорија. Не сум пробал. КОга сум сакал голем фајл да пратам сум ги користел оние страните за големи аплоуди.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
deXterche, за твојот проблем отвори си нова тема, не е местото во "FTP tutorial"

Истото важи и за другите кои пишуваат надвор од темата.
Отворајте нови теми.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,504
Мислења
822,067
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно