1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Front-end пракса

Дискусија во форумот 'Останати' започната од pecko95, 9 Јануари 2019.

  1. pecko95

    pecko95
    Intern

    26
    13
    5 Април 2018
    Машко
    Здраво дечки, среќна нова година и празници! :)

    Дали знаете / можете да ми предложите некои компании, или пак каде да почнам воопшто да ги барам, кои можеби би имале потреба од front-end web практикант, а можеби и би имале отворена entry level позиција, доколку имам доволно предзнаење ? Моментално сум фокусиран на front-end ама секако целта ми е постепено да се префрлам на fullstack. Пишав горе пракса бидејќи од утре ке почнам да учам некој framework (како за прв се мислам помеѓу React и Angular), но доколку има компании кои би ме примиле и без JS framework (за сега), супер. Ке оставам линкови до портфолио сајтот(имам мало „багче“ со слајдерот се изместува, а се оправа ако се отвори dev tools само од себе, така да тоа ке го средам) и Github профилот, па доколку не ви е проблем би ви бил благодарен ако фрлите поглед, па да ми кажете дали имам шанси или се залажувам сам себе :D Секако отворен сум и за сугестии во секој поглед, и за портфолиото, и за проектите кои ги имам до сега, и за што да учам следно. Се. Линкот до CV-то во моментов не работи бидејќи не сум го завршил CV-то сеуште.

    Линк до портфолио сајтот:
    Portfolio | Petar Stevovski
    Линк до Github акаунтот:
    pecko95 - Overview

    P.S Знам дека проектите можеби не се нешто "wow" и знам дека имам уште многу за учење, само сметам дека доколку би нашол барем пракса, многу полесно би напредувал и многу повеќе би научил. :)
     
    Последна промена: 9 Јануари 2019
    На Zimrie и loris им се допаѓа ова.
  2. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    545
    185
    5 Јуни 2007
    Машко
    Bate ja praksa nemozam da ti ponudam , ama mozam da te pofalam i samo prodolzi taka mi se sviga tvojata rabota i stilot, prodolzi da se nadgraduvas. React ti e definitivno GO! (ne deka angular ne e :))
     
    На pecko95 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,191
    1,139
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Поентата на портфолио е да поставиш работи што ги имаш направено целосно сам, а не да копираш код и да го измениш.
    Искрено незнам за Earth Defense играва, за почетник дека може да направи такво нешто од почеток. Инаку заразна е упм, на работа до сега ја играв :D
    За ЦСС хелперот не ја гледам поентата т.е. примената. Неможам 2 одделни бокса да и зададам кастом вредности.
    Пушти ЦВ овде career@writerity.com
     

    Прикачени датотеки:

    На pecko95 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pecko95

    pecko95
    Intern

    26
    13
    5 Април 2018
    Машко
    Кодот е целосно мој, немам copy-paste, немам потреба да лажам, тоа најлесно би се проверило, нели ? :D Не сум толку многу нов, учам на своја рака скоро година дена, сега можеби сум требал и во други област да чепнам, ама ете, мисла ми беше дали е подобро да се зацврстам во тоа што е основа, па потоа да се надополнувам со frameworks и други јазици (накај бек-енд). Што се однесува на CSS Helperot знам дека не е баш нешто, нема многу функционалност, само основа што би се рекло, еден од првите „проектчиња“ беше па најверојатно ке го преправам во иднина. :D
     
  5. pecko95

    pecko95
    Intern

    26
    13
    5 Април 2018
    Машко
    Фала многу, најверојатно со React ке продолжам како прв framework, некако најмногу ме влече :)
     
  6. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,462
    2,413
    14 Мај 2008
    Машко
    За Earth Defense не успеав да најдам од кај ја лапнал, ја најдов Scrappy Bird

    Create the Flappy Bird Game Using JavaScript | Code Explained

    Искрено делуваш малку сумљиво. После 1 година учење (колку што викаш дека имаш) Јаваскрипт јас не знаев canvas што е, а камоли да правам целосни игри со ванила Јаваскрипт без употреба на помошни библиотеки како Phaser.js.

    Од друга страна, ако проективе се навистина твои, ќе си ја знаеш сопствената вредност и нема да бараш пракси по форуми, туку ќе бидеш mid-level програмер во некоја добра фирма.
     
    На Andrejrulz и Pulse им се допаѓа ова.
  7. pecko95

    pecko95
    Intern

    26
    13
    5 Април 2018
    Машко
    Ке ти го сфатам коментаров како комплимент, а не како навреда, така да фала ти :)

    Од дечкото од кој што е туторијалот којшто си го линкнал, гледав како ја прави Snake играта (
    View: https://www.youtube.com/watch?v=9TcU2C1AACw
    ), го видов на webdev: reddit for web developers каде објаснува и canvas и collision detection (иако во малку поупростена форма од тоа што беше потребно за Flappy Bird). Од него ја добив идејата да пробам да направам и јас, па ако запнам, ке го излгедам туторијалот, во секој случај ке научам нешто. Запнав кај делот кој се однесува на:
    Код:
    world.constant = gfx.pipeTop.height + world.gap;
    
    world.ctx.drawImage(gfx.pipeBottom, world.pipes[i].x, world.pipes[i].y + world.constant);
    не знаев како да направам да има простор помеѓу горната и долната цевка, па секако проверив во туторијалот, и продолжив понатака, останатото беше, така да кажам, пројдено во туторијалот за Snake играта што го има. Дали барав по google i stackoverflow, дали прашував на discord нешто што не ми беше јасно? Секако дека да. Тоа е дел од учењето, така? Ама дали сум му го земал кодот и сум му го ископирал, и сум го ставил после тоа на портфолио за да „лажам луѓе“ ? Во ниеден случај, само јас губам така, никој друг.

    Earth Defense, или игра од таков тип, сакав да направам уште кога завршив со Flappy Bird копијата, ама оставив малку да научам уште нешто плус, па после тоа да учам со тоа што ке го изработам и тој проект. Можеш да отидеш на GitHub repo-то и да провериш commits. И пред да кажеш, да, има уште еден contributor кој ми помогна со refactoring-от на првичната верзија од кодот (кога уште беше се натрупано во еден JS фајл). Освен тоа, ништо друго, башка сакаше да ми помогне да поднаучам во некоја попроста форма како да користам Git кога треба и друг некој да работи на истиот проект.

    Тоа дека после една година учење е чудно што знам canvas е малку не сериозно, сигурно и ти си наишол на canvas-от и си го чачкал, ама можда не си сакал некое мини игриче да направиш, па едноставно не си му навлегол. На крајот на краиштата, canvas-от и не е некоја квантна физика, нели? Поготово ради фактот што во мојот случај употребата на canvas-от е на наједноставно ниво.

    Што се однесува на делот дека би требало да си ја знам својата вредност, и немало да барам пракса по форуми (иако пишав дека барам и junior позиција доколку ги исполнувам условите за тоа), туку би работел како mid-level во некоја фирма... Јас немам диплома од ИТ област, дипломиран економист сум (од пред некој месец) и немам никакво работно искуство, така да не знам ни што да очекувам од компаниите, допрва треба да отидам некаде на прво интервју воопшто. Сигурно нема да отидам и да им побарам да ме вработат на mid-level позиција без никакво реално работно искуство. Проектите не ги сметам за работно искуство кое би било еквивалентно на работа во компанија. Токму заради тие причини, скромно и за да почнам од било каде, барам барем пракса некаде, за да влезам во полето во коешто сакам да работам (заради тоа и сум се посветил да учам). Покрај тоа, еден од главните проблеми кога човек учи сам на своја рака, е (можда ке звучи глупаво) тоа дека не знаеш што не знаеш. Дали ке ми го бараат ова, дали она, дали морам да ги знам сите овие работи што се појавуваат секојдневно..? Немам толку голема самодоверба и да отидам да барам работно место кое, гледно по години, иако години !== искуство, бара од 3-5 години работа во полето, нели би делувал смешно? Не сакам да звучи клише, ама imposter syndromot-от испаѓа дека е повеќе од реална работа, поготово за кога треба да бара човек работа во ова поле. Покрај тоа, свесен сум дека имам доста празнини во знаењето што сега го имам, кои треба да ги пополнам. Токму заради тие причини - пракса или junior позиција.

    И за крај, ете подразмисли. Дали јас имам некаква корист ако ги лажам луѓето дека нешто знам, кога сакам да работам во поле во кое сигурно на самото интервју веднаш ке утврдат што знам, а што не, и ако видат дека лажам ке ме исфрлат на „клоци“ надвор? Јас не добивам ништо ако лажам, само губам, така да, во ниеден случај тоа не ми се исплати да го правам. А истотака можеш да видиш и commit history, од прв ден кога е отворено repo-то, по колку време ми требало да ги завршам проектите, бидејќи преку нив сум учел. Да сум копирал од некого, ден-два ке направам copy-paste и тоа е тоа :)

    Доколку имаш уште прашања, со задоволство би ти ги одговорил. Фала уште еднаш на „комплиментот“, поубаво така да гледам на работата, него како навреда, нели? :)
     
    На Necromancer и alek99 им се допаѓа ова.
  8. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,462
    2,413
    14 Мај 2008
    Машко
    Не беше ни комплимент, ни навреда, туку анализа. Комит историја на некои од проектите ти е сумљива, ко да си dump-нал еден куп фајлови у 1 ден, али нема везе, се дешава.

    Конкретно за Scrappy Birds можам да познаам дека не си ја направил самостојно туку според туторијалот бидејќи имињата на варијаблите за асетите ти се скроз исти, се имаш обидено да ги скриеш и прекрстиш во assets.js и да ја измениш структурата на скриптите со import/export за да не биде ептен по туторијал. Што е само по себе добра вежба за архитектура и организација на код....

    Кај Earth Defense не се задлабочив многу, освен што видов дека main.js си го прекрстил во mainGlavna.js од незнам која причина.

    Човек со почетнички знаења не ги прави проективе за помалку од 1 месец самостојно куцајќи 95% од потребниот код. Али од друга страна ние девелоперите сме опасни професионални copy/paste-ри, така да убаво е што знаеш и разбираш што copy/paste-аш.

    А може и да грешам душа и да се испостави дека си вистински вундеркинд, во тој случај ти се извинувам и ти посакувам све најубаво
     
    Последна промена: 10 Јануари 2019
  9. pecko95

    pecko95
    Intern

    26
    13
    5 Април 2018
    Машко
    Тоа што сум ги користел истите имиња на варијаблите за pipeNorth, pipeSouth не би требало да ти биде нешто на што ти се заснова тврдењето, сум ги видел така крстени, сум отишол со тоа. Да ги скријам со тоа што од ептен крш код каде се било во еден фајл, сум ги поделил во посебни делчиња за да се добие помалку крш код е малку смешно тврдење, ама ок, твое си е :) Кај Earth Defense причината што имам main.js и mainGlavno.js е тоа што, mainGlavno.js ми служеше како бекап во случај да го зезнам кодот кога го делев во модули, можеш да видиш дека во mainGlavno се е натрупано во еден фајл, тоа е првата верзија, која потоа сум ја упдејтнал. И не ти го разбрав делот, како ми е сумњива комит историјата на некои проекти како да сум набутал фајлови во еден ден? :)

    Никаде не стои дека сум ги направил за помалку(??) од 1 месец? Commit history ке видиш дека ми требало по месец ипол и повеќе за некои од нив. Самостојно куцајќи 95% од потребениот код, без SO, Google и сл., мислам дека таков % немаат ни некои што со години работат, а камоли некој што учи. И пак ке се навратам на истото, немам потреба ни тебе ни некој друг да лажам, од тоа само јас губам, ништо не добивам. Колку што гледам освен Pulse што ми посочи каде да пратам CV, од тебе не добив никаков одговор на прашањето, туку напротив смешни обвинувања дека правам копи-пејст на се и сешто и дека тоа не е мое? Што ке добијам со тоа, ете ајде кажи ми? Работа сигурно не би добил, прв ден клоца во “дупе“ би добил, одма ке види некој искусен дека сум „лажел“.

    Од вундеркид сум светлосни години далеку, ама би било убаво да бев :)
     
  10. Oliverbds

    Oliverbds
    Gaining Experience

    267
    194
    26 Април 2012
    Машко
    Пробај овде
    Cosmic Development - Careers

    Не знам само зошто им ги нема "job openings", дали нема воопшто побарување моментално или нешто друго е во прашање.

    Нема да навлегувам во тоа што и како си користел во создавањето на тие проекти, затоа што не е ни важно.

    За почетничка плата, па и сè да си копирал па потоа комбинирал - тоа е сосема доволно да покажеш дека си спремен и за повеќе од практикант.

    Што викаат америте, мои 2 центи:
    Во фирмата во која евентуално ќе влезеш, гледај дали ќе има некој да те обучува за да се надградиш.
    Тоа е многу важно за понатаму.

    А, за почеток си добар со ова што го имаш сега.

    Поздрав исто за React.
    Ако еден ден го совладаш и го спакуваш заедно со PHP и WordPress конкретно - пиши ми на мене, макар и по 2 години, тогаш нема веќе да ти треба фирма :)
     
    На pecko95 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pecko95

    pecko95
    Intern

    26
    13
    5 Април 2018
    Машко
    Фала многу, ке проверам, ке им пуштам маил.
     
Слични теми
  1. Petkovsky
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    3,097
  2. dimitar_bt
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    2,004
  3. Nedelkovski
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    972
  4. vladence
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    4,010
  5. parg0
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    1,090
Вчитување...

Сподели

Вчитување...