1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Front end developer

Дискусија во форумот 'HTML, CSS, JavaScript, XML базирани' започната од DeadWalker_, 30 ноември 2018.

  1. DeadWalker_

    DeadWalker_
    Intern

    5
    1
    12 Мај 2013
    Машко
    Здраво дечки...заинтересиран сум и веќе од прилика 6 месеци учам html css i javascript...имам некое основно знаење меѓутоа сакам да се надоградам за да бидам способен да работам како front end developer...учам сам од w3schools и youtube затоа што немам финансиски средства за да запишам курс па би сакал доколку некој знае да ми препорача некоја фирма каде што бараат и би можел да влезам како практикант за да можам да се надоградувам понатаму...ви благодарам
     
  2. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,180
    1,084
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Почни да учиш некој бекенд јазик, само фронт потешко ќе најдеш соодветна позиција која тебе и на работодавечот би му одговарала.
    Кај нас во фирма се бараат џуниори и практиракти, но пред услов е да поминеш на тестирање кое се состои од практична „лесна“ вежба од бутстрап и ларавел.
     
  3. DeadWalker_

    DeadWalker_
    Intern

    5
    1
    12 Мај 2013
    Машко
    за која фирма се работи и каде може да аплицирам ако не е проблем да ми кажеш?и ако не ти е тешко да објасниш малце поопширно за бутстрапот...имам симнато некои темплејти од тука All Free Bootstrap Themes & Templates меѓутоа неможам да се снајдам баш многу
     
  4. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    507
    138
    5 Јуни 2007
    Машко
    На alek99 и pecko95 им се допаѓа ова.
  5. ljupce

    ljupce
    Gaining Experience

    112
    79
    8 ноември 2011
    Машко
    симни си го курсов The Web Developer Bootcamp | Udemy
    (барај по торенти) одлично е објаснето секое делче. Ако има работи што ги знаеш прескокни ги. Ти го пратив чисто оти рече не се снаоѓаш со бутсрап, по торентите е 3ката објаснета ама исто е и со новата
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DeadWalker_

    DeadWalker_
    Intern

    5
    1
    12 Мај 2013
    Машко
    во секој случај ви благодарам...бев на интервју во it labs...знаев дека ќе има тестирање но не очекував дека ќе има такво тестирање...решавав front end квиз на кој имаше повеке од 110 прашања плус носев на usb презентација од html css i javascript што имав дома правено фајлот тежи негде околу 150 mb кој не сакаа ни да го погледнат и муабетот беше демек немаш искуство во работава тестот ти е слаб и слично...што сепак кога би имал толкаво знаење колкаво што се бараше во прашањата не би ни прифатил да бидам практикант...затоа и наведувам дека имам аматерско знаење и не барам работа туку барам практикантство
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Frozen.

    Frozen.
    Gaining Experience

    54
    53
    4 oктомври 2015
    Машко
    Во ред е немора да те паѓа ова напротив нека ти биди мотив, погоре линкот што ти го пратија спуштиги торентите изгледајги ќе научиш многу не ти треба пракса засега доволен си ти самиот кога ќе стекниш некое знаење пробај се повторно да видиш како оди на реални проекти.
     
  8. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,713
    3,513
    5 Јули 2013
    Не сте се разбрале. Тие бараат некој што ќе им работи како со искуство, а ќе го плаќаат како практикант. Ти си во право, ти не бараш нормална плата туку како практикант за да бидеш практикант. Верувај, не сакаш да си во таква фирма каде што се поставуваат на таков начин. Уште подобро што не те примиле, за тебе. Ќе се најде нешто, трпение, работи на себе. Имај интегритет, ќе ти дојдат твоите 5 минути.
     
    На ljupce, Mao, DonFrozex и уште 3 други им се допаѓа ова.
  9. DeadWalker_

    DeadWalker_
    Intern

    5
    1
    12 Мај 2013
    Машко
    Да и моето мислење беше тоа дека бараат човек со искуство што ке им врши работа и ќе го плаќаат како практикант...како што рече дечкото погоре малку ме спушти тоа ми требаа неколку дена да се подкренам али сепак продолжив...во секој случај ви благодарам на сите за советите...ќе ги симнам туторијалите и без разлика што учам од друго место тоа ќе ми биде само плус...во меѓувреме дали имате да ми препорачате некој сајт каде што се бара работа од тој кадар? отварам vrabotuvanje.com најдиработа.com реклама5 и слично но нема ништо слично на тоа
     
  10. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,730
    1,248
    10 Август 2010
    Машко
    Знаење на само HTML/CSS/Javascript не те прави фронтенд девелопер. Дали имаш познавање од барем од некој Framework?
     
  11. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,141
    1,282
    25 ноември 2014
    Не е точно. Има многу позиции за фронтенд во моментов особено.
    Нека научи Реакт и/или Ангулар, стејт менаџмент, рест апиа конзумирање, нешо ситно цсс, флексбокс/грид и нека аплицира ко џуниор било каде.
    Софт скилс се исто битни, да не речам побитни од технички скилс како џуниор.
     
  12. Martinovski

    Martinovski
    Gaining Experience

    623
    305
    4 oктомври 2011
  13. Frozen.

    Frozen.
    Gaining Experience

    54
    53
    4 oктомври 2015
    Машко
    Напротив, баш добро познавање на овие јазици те прави Front End. Framework не е воопшто сложена работа, а доколку добро ги познаваш овие три нема да имаш никаква мака да научиш било кој framework за краток период.
     
    На pecko95 и Zippo им се допаѓа ова.
  14. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,730
    1,248
    10 Август 2010
    Машко
    Се прочитав, и сфатив дека лошо се изразив и не е воопшто тоа што сакава да кажам. Познавање на низко ниво JS - е тоа што требаше да стои таму.

    Кога јас почнував да учам JS, можев многу лесно да напишам некој скрипт(пример To-do листа, со чување на податоците во localstorage), бидејќи имав добри познавање во C++/Java што сум ги пред тоа. Потоа сум сфатил колку лош код сум имал, и колку само не сум знаел од JS ништо. Toa што не го поминал тестирањето и го покажува тоа што неговите знаења не се доволни. Ова последново важи само ако аплицирал за Junior.

    Прати ми некој проект што го имаш сам правено, само немој во зип, подобро е да го имаш на Github.
     
    На Frozen. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Intern

    1
    3
    16 Јуни 2018
    Машко
    Jas bi ti preporachal da pochnesh kako full stack developer i da si napravish tvoj website + blog za da gi nauchish osnovite, kako funkcionira edna web aplikacija, procesite za razvoj, snaodlivost.

    Zoshto? Zatoa shto vo golem broj od kompaniite najchesto se bara full stack so fokus na Front End zaradi nedovolno preciziranje na granicite shto spagja pod front end ili pak nemanje dovolno resursi ili pak mozhebi losha organizacija na resursite / timot.

    Ako nemash idea shto da napravish kako prv praktichen proekt, najdobro bi ti bilo da si napravish tvoj website so blog, kontakt forma, i admin panel za menadziranje na blogot / website-ot.

    Mozhebi ova kje ti zvuchi kako da kje ti treba mnogu vreme, no mozhesh da go iskoristish vremeto dodeka ne najdesh praksa da se zanimavash nekako.

    Otkako kje imash nekakov praktichen proekt, posle toa mnogu polesno kje mozhesh da se pokazhesh na intervju.

    Otkako kje nauchish full stack development, posle toa kje ti bide mnogu polesno da smenish fokus na front end.
     
    DonFrozex, Costigan_Jr и на DeadWalker_ им се допаѓа ова.
  16. pecko95

    pecko95
    Intern

    9
    4
    5 Април 2018
    Машко
    Здраво, го видов постов и сакав да се распрашам што отприлика имаше на тестот во IT Labs, сакав и јас да аплицирам (ако не се лажам беше пред 2-3 недели), ама некако не бев сигурен во себе и покрај тоа што сметам дека имам доволно познавање за пракса барем... Па ако може да ми кажеш, ако ти текнува, што прашања имаше на тестот отприлика, да знам што се вика, што да очекувам во блиска иднина хаха :D Иначе, self-taught сум, се учам сам веќе некои 8 месеци, имам познавања од HTML/CSS/SCSS/JS и Git, имам неколку проекти направено свои, само што допрва треба да почнам со некој framework додуша... А да успеам да најдам пракса некаде би било супер...

    Иначе што се однесува на курсеви што спомнаа погоре, би издвоил:
    Beginning Modern JavaScript (Includes 10 Real Projects)
    Practical JavaScript
     
    Последна промена: 4 Декември 2018
  17. pecko95

    pecko95
    Intern

    9
    4
    5 Април 2018
    Машко

    Дали имаш инфо можда колку „предзнаење“ бараат во Creative House за оваа позиција? И дали се отворени за некој кој нема диплома од ИТ област (имам диплома од маркетинг, ама сметам не е релевантна во овој случај) ?
     
  18. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    507
    138
    5 Јуни 2007
    Машко
    Vrska neam druze slucajno mi izleze postov na facebook
     
  19. DeadWalker_

    DeadWalker_
    Intern

    5
    1
    12 Мај 2013
    Машко
    не се сеќавам баш најмногу само знам дека тоа беше front end квиз и прашањата не беа баш едноставни и баш почетнички како на пример варијабли и типови варјабли или хедингс секшнс тагови евенти функции и слично...нешто што би требало да речеме практиканти да го знаат за да можат да почнат да учат...памтам дека имаше од js функција што го имаше зафатено повеке од пола екран на таблетот и прашањето беше што ке искочи на дисплејот од кога ке биде функцијата повикана..итд итд итд
     
  20. pecko95

    pecko95
    Intern

    9
    4
    5 Април 2018
    Машко
    Ок, фала на одговор :)
     
Слични теми
  1. elvie
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    1,155
  2. Taftabita
    Одговори:
    14
    Прегледи:
    1,042
  3. skullmonkey
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    1,038
  4. amedia
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,451
  5. Kokolo1231
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    1,178
Вчитување...

Сподели

Вчитување...