1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Фриленсинг - Митови, Заблуди и Искуства

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од TheMarshal, 2 Март 2020.

  1. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,116
    989
    4 Февруари 2014
    Машко
    Не можеш повеќе да повлечеш $ на сметка од НЛБ без никаква претходна кларификација за истата трансакција.
     
    На Nethervor му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nethervor

    Nethervor
    Gaining Experience

    100
    140
    19 Јули 2013
    Машко
    Од банка ќе те побараат и ќе те прашаат што да вметнат под потекло на девизи. Ќе си кажеш компјутерски услуги.
    По книжење ти треба образец 743 од банка за во УЈП.
    Можеш и сам преку еппд системот ама оди еднаш да ти покажат како.

    Јас по нивна препорака (УЈП) внесувам вид доход: приход од работа, под-доход: компјутерски услуги (или нешто слично беше - битно реден број 16 е во листата).

    Не ти бараат (бар мене не ми бараат) ништо друго. Откако ќе ти ја одобрат пресметката, ќе си платиш 10% данок и бичиш.

    Sent from my Mi 9T Pro using Tapatalk
     
    bxxxn, vision и на JellyfitzDMT им се допаѓа ова.
  3. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    Од кога ова?
     
    На JellyfitzDMT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    398
    357
    21 Мај 2017
    Машко
    Од секогаш. при првиот девизен прилив мораш да идеш до некоја експозитура и да потпишеш некој договор дека се согласуваш
     
    На JellyfitzDMT му/ѝ се допаѓа ова.
  5. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,356
    649
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Пред 10-тина денови повлеков на смета во НЛБ долари ништо не ми побараа.
     
    На JellyfitzDMT му/ѝ се допаѓа ова.
  6. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,356
    649
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Ако се работи за фирма, ти праќаат извесување за прилив и одиш да се потпишеш за да направат распределување, а не да ти бараат потекло.
    НЛБ никогаш ништо не ми барале, УЈП ги интересира потеклото на парите.
     
    На JellyfitzDMT и BadGirl007 им се допаѓа ова.
  7. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    155
    40
    3 oктомври 2018
    Женско
    И мене исто. Мислев дека има некои измени.
     
  8. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    249
    271
    12 Август 2014
    Машко
    Ова и мене ме заинтересира. Да бидам малце попрецизен со прашањата:

    Како склучувате договори со странски клиенти - Европа, Сад, небитно? Која е процедурата за потпишување на валиден договор од двете страни, едната Македонија другата X?

    Ако дојде до прекршување на овој договор, како би се расчистувал спорот? На кој суд?
     
  9. JellyfitzDMT

    JellyfitzDMT
    Intern

    59
    25
    19 Февруари 2020
    Машко
    Фала за деталниот одговор. Фала многу и на другите што ми реплициравте, не се научив мулти цитат да направам.

    Се надевам дека знаењето ќе послужи и за идни читатели на темава. :)
     
  10. jassum20

    jassum20
    Intern

    46
    13
    15 Февруари 2014
    Машко
    Ме интересира доколку имате искуство со remote работа. Имам најдено клиент за кој работам 20 часа неделно па сега треба да се префрлам на 40 часа и да му дадам понуда. Ме интересира дали доколку за 20 часа го плаќа саатот $10 за 40 саати да продолжам со иста сатница, или да намалам дека ќе бидат повеќе часа или да зголемам бидејќи повеќе време ќе сум достапен. Ваши искуства/мислења?
    И доколку некој работи мануал + аутоматион тестинг како се движи сатница?


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  11. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    759
    1,220
    3 Јануари 2019
    Машко
    Ваљда клиентот очекува да зголемиш, бидејќи сака да му бидеш full-time. ;)
     
    На Ragnar и jassum20 им се допаѓа ова.
  12. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Не гледам потреба за намалување на цена доколку идеш целосно работно време. Гледај да си ја задржиш цената (саатницата) доколку си покажал дека си квалитетен и дека можеш да завршиш работа.
     
    На spytronicmk, MadBuldog, Ragnar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  13. DeeJayZone

    DeeJayZone
    Gaining Experience

    131
    82
    3 ноември 2008
    Доколку клиентот е задоволен со твојата досегашна работа, во најмала рака треба да продолжиш со истиот хонорар ($/час).

    Понатака, можеш да размислиш за зголемување на хонорарот.
    Зборувај отворено до него, наведи зошто бараш покачување (реални причини).
    Добри работници (квалитет, запазени рокови, итн...) не се наоѓаат на секој чекор, па ако си ОК - големи се шансите да ти плаќа повеќе.
     
    Rufflesaurus, artweb и на jassum20 им се допаѓа ова.
  14. whiterabbit

    whiterabbit
    Gaining Experience

    62
    68
    20 Мај 2020
    Машко
    Да се надоврзам на @TheMarshal околу стресот, со фриленсингов понекогаш парите прават да изгубиш осет за work-life balance, па исто како и на Маршал, и мене ми се има случено слична работа, која те онеспособува на неколку месеци, губење на концентрација, несоница и слични појави кои се страшно непријатни и максимално ве цедат. Од мене еден голем совет да се пази на тоа.
     
    На The-spiki, Luxell, artweb и уште 4 други им се допаѓа ова.
  15. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    759
    1,220
    3 Јануари 2019
    Машко
    Фриленсингот не е фер. Except when it is.

    Еве моментално пак имам масивен пад на концетрација поради моменталнава ситауција што се дреме дома. Се чувстувам дека секој ден ми е викенд. Продуктивноста ми е доста опадната. Формуов ми е поинтересерн од работата и то.
     
    Blagojcebt, artweb и на jassum20 им се допаѓа ова.
  16. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Точно, но не е ексклузивно само кај freelancing-от, туку се појавува и во редовно работење во фирма од 9-5 со можност за флексибилност.

    Кога работиш за некоја голема корпорација и се случи хаос, понекогаш и во 9 навечер на празник ќе треба да се уклучиш два саати за да средиш проблем што блокира пуштање на нова верзија во продукција.

    Тоа мислам дека сепак е повеќе поврзано со дисциплината на самиот човек.

    Што би рекол Jocko Willink: “Discipline Equals Freedom”
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    398
    186
    20 Април 2008
    Машко
    @Rufflesaurus (извини, некогаш и мене ме фаќаат за збор...)
    понекогаш и секогаш се два различни поима, а во freelancing-от, иако не сум со многу искуство,
    поточно би кажал во работата од дома, секогаш е поточниот поим...
    "некои" едноставно немаат култура за вработени кои работат од дома...
    Имаше сега најава скоро за големи корпорации како FB и Twitter дека ќе префрлале на remote...
    да убаво е сето тоа, но покрај дисциплината на вработените,
    треба да постојат и некои повисоки стандарди од страна на компаниите работодавачи...
    пак ќе речам мало ми е искуството со freelance иако, имам работено скоро 7 години од дома,
    а уште помало ми е искуството со такви огромни компании (кои претпоставувам ќе ги копираат во развојот на настаните)...

    NOTE: Жал ми е што не остваривме поголема соработка,
    иако мислам дека FeED може да се развие во нешто посериозно
    и те како да се носи со огромни компании...
     
  18. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    759
    1,220
    3 Јануари 2019
    Машко
    Абе не би рекол дека секогаш е поврзано со дисциплината и mindset-от. Еве моментално:

    1) Наставата ми е од дома.
    2) Работатата ми е од дома.
    3) Тренингот ми е од дома.
    4) Дружбата е виртуелка и пијанките се прават на zoom.

    И таман кога ќе завршам со работа или факс, немам ни време за да искочам надовр затоа што почнува полициски час.

    Колку и да си силен психички, верувај дека стварно ќе ти дојде преку глава како side-effect кривата на продуктивноста паѓа.
     
    artweb, Alek7, Melisandre и на уште 1 им се допаѓа ова.
  19. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    На дисциплина мислев да си направиш програма на што и како ќе го искористиш времето.

    Нормално е дека нема секогаш да бидеш расположен за работа / дружба / тренинг / едукација / што и да е ама се си бара навика и нормално треба да се изнајде решение што најдобро одговара за карактерот.
     
    На artweb и TheMarshal им се допаѓа ова.
  20. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    398
    186
    20 Април 2008
    Машко
    @TheMarshal ако веќе си факултет
    а не си ги усовршил техниките на организација на време
    не чекај како мене години и години да усовршиш нешто што е основно...
    најди некој ментор и работи на тоа па макар и да треба и да инвестираш...
    Што доколку целиш кон Огромна компанија чија работа после 3 години ќе биде само remote???
    Тогаш ќе учиш ова што не го научи во овие три месеци???

    Инвестиција во себе е најдобра инвестиција,
    додека инвестиција на техники на учење,
    како и сите они работи кои не ги учат на школо,
    како soft skills се права надградба на себе,
    бидејќи не е само технологијата пресудна, од лично искуство кажувам...

    Јас на твое место би учел
    Организација на време, Медитација, Negotiating skills, Psychology of successful people Итн итн ...

    NOTE: Мило ми е дека си созреан и практикуваш физички активности, нешто на што им текнува на луѓето во позрело доба...

    NOTE2: Би ги исфрлил пијанките
    особено ако тема на разговор се работи од кои нема школо,
    "рекла-казала" ќе имаш шанса цел живот
    биди практичен, за да слушаш интелигентни "рекла-казала"...
     
    Luxell, TheMarshal и на Alek7 им се допаѓа ова.
  21. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    759
    1,220
    3 Јануари 2019
    Машко
    Се согласувам, но, не викам дека не успевам да си го организрам времето. Викам дека од самото тоа што се ми е од дома (работа, факултет) продуктивноста ми опаѓа. Овој викенд ми беше капак.

    Веќе 7 години работам како фриленсер. Од секогаш работата што сум ја работел ми била исклучуво remote.

    Ехе до сега колку вакви книги имам прочитано. И покрај тие книги, мислам дека најдобро се учи од правење анализа на самиот себе, да знаеш до каде си и каде можеш да се подобриш.

    Абе, види, пак ќе кажам чат-пат треба да се излезе со друштво и да се испие по некое пиво/коктел. Особено после долга и напорна недела.

    Да се навратам, поентата ми беше, дека лично мене не ми одговара 24/7 да бидам дома цело време. Веќе продуктивноста ми опаѓа, а тоа се должи на ова:

    1) Цел ден предавања, домашни и семинарски и многу крајни рокови.
    2) Кога ќе завршам со обврските од факултет почнувам со работа.
    3) Има полициски час.

    Самото тоа е напорно, па каква и да си личност.
     
  22. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    398
    186
    20 Април 2008
    Машко
    @TheMarshal јас сум скромен па ќе речам дека може и си "посозреан и од мене",
    меѓутоа како што забележав имаш не толку позитивен mindset
    штом дозволуваш некои 3 месеци
    (или поточно некаде од 13 март според мој календар) на рестрикции да те допрат,
    Сепак би признал дека и јас пред две недели "се скршив" со продуктивност,
    иако тоа не ме сопре да работам на себе...
    Овие три дена преслушувам музика и само разговарам...
    Холистичкиот пристап е некогаш најдобар...
    ако сакаш погледни што ме охрабри, ми отвори очи, денес
    (со најискрени намери):

    Set Mind
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  23. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    759
    1,220
    3 Јануари 2019
    Машко
    Не верувам дека сум посозреан од тебе. Но фала на тој комплимент.

    Па не се малку три месеци. Кога ќе споредиш дека претходно сум имал доста динамика. Редовно вечерно пешачење, возење точак, па пиење едно пиво/кафе. Не е толку едноставно да се направи таа транзиција.

    Не викам дека сум демотивиран и дека ништо не завршувам. Туку дека ми треба еден убав одмор од недела-две да си ги напунам батериите, да одморам од работа и факс. Сум имал повеќе вакви ситуации, патем и зборував за нив во оваа тема.

    Фала на советите! Медитација и јога се секогаш позитивна ствар.
     
  24. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    398
    186
    20 Април 2008
    Машко
    @TheMarshal окулу батериите биди разумен... вреди да се штеди...
    што те исполнува највеќе во возењето велосипед?
    брзината, адреналинот,
    или си созреал па тоа е панорамата, хоризонтот, кардиото
    како велат, дека после Кондор, прилично енергетски ефикасно е возењето велосипед...
     
  25. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    759
    1,220
    3 Јануари 2019
    Машко
    Точакот ми е главно превозно средство. Најдобар начин да се снајдеш во хаотичниот скопски сообраќај.
     
    На moongose и DaVoRkNe им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...