Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Фриленсинг - Митови, Заблуди и Искуства

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1.555
2.487
Ми се допаѓа што на форумов често се развиваат дискусии за Фриленсинг. Но, тоа што не ми се допаѓа, е што понекогаш се шират дезинформации дека фриленсерството е лесно и дека се почнува без ништо. Во реалноста тоа не е така - за да успее, и да се направи транзиција од meksel* во успешен фриленсер кој сам си ги поставува своите услови потребно е многу учење, справување со искомплексирани клиенти и губење на сон.

*терминот е кованица, која потекнува од Индусите што спамаат по форуми и најчесто го поставуваат прашањето "How I mek a sel on Fiverr/Upwork")


Мит 1: Фриленсер се станува преку ноќ.

Три најчесто поставувани прашања од почетници се:

Прашање 1: Почнав со фриленсинг пред една недела, зашто немам сеуште продажба?

Одговор на првото прашање нема. Тоа е релативно, може да ја направиш првата продажба и за неколку саати, но понекогаш може тоа да потрае неколку месеци.

Потребно е да бидеш колку што можеш потрпелив. Ако не бива за одреден период, тоа е индикатор дека треба да бидете попрезентабилни за потенцијални клиенти.

Прашање 2: Знам да шкрабам во фотошоп, да кратам видеа во After Effects, да пишувам содржина за блогови, да правам Data-Entry, да пишувам фитнес програми. Сакам да почнам фриленс, ќе ми успее нешто од ова? Има ли пазар за тоа? (Слично прашање добив во приватна порака од член на овој форум што ја прочитал оваа тема)

Најкоректен одговор на овие прашање е дека како и во секој останат бизнис, не може ниту овде да се успее преку ноќ. Заблуда е дека отвараш account на Фајвер/Upwork и од утредента викаш "Збогом сиромаштијо". За жал, по тоа што имам читано на Кајгана/Фемина најчесто така е објаснет фриленсингот.

Ова ви го кажувам од мое лично искуство, почнав да се бавам со фриленс од 2014 година. На почетокот нудев услуги за се можно што постои, од фејк рецензии за амазон, data entry, до графички дизајн, фалеше уште да нудам и часови по квантна физика.

Со тек на време, гледање едукативни видеа и читање книги, посетување на форуми и консултирање со поискусни фриленсери... сфатив дека на што поконкретни услуги се фокусираш, толку поуспешнен ќе бидеш.

Значи, за почеток фокусирајте се да нудите услуги што знаете да ги извршите без никаков проблем. Макар тоа и да било, нешто банално. Со тек на време, ќе стекнете редовни клиенти кои можно е да побараат некоја услуга поврзано со тоа.

Заборавив да напоменам, постојат луѓе кои веќе работеле во фирма и имаат искуство. Кај нив целата проблематика е како да се презентираат и да искомуницираат дека имаат искуство. Овдека клучно е порфолиото.

Прашање 3: Пеер, колку пари може да се заработат?

Пеер, знам дека од сам старт почнуеме со фриленсинг да заработиме кешарац - парата е главна мотивација. Но, имајте на ум дека како почетник, најчесто ќе заработувате за кикирики и пиво. Ако ги изиграте картите како што треба, се развивате и станете покнкурентни тек тогаш може ова да ви стане секојдневна професија.



Мит 2: Работиш само на проекти што ти се интересни.

Не, за почетници тоа не е така. Најчесто во оваа ситуација вас ќе ви треба рејтинг и добри рецензии. Па затоа се прифаќјаат клиенти од секој тип. Да, може да бидеме пребирливи, но не во краен екстрем.



Мит 3: Сам си ги одредуваш твоите саати.

Ова е точно, но не важи подеднакво за сите. Многу почетници прават голема грешка и не сфаќаат дека со клиентите треба да се искомуницира во која временска зона се наоѓате, во кој период сте достапни и слично.

Повеќето фриленсери што ги знам лично, си немаат одредено свои работни саати бидејќи се плашат да не изгубат клиент. Па многу често работат и до 3/4 саат сабајле. Да бидам искрен и јас спаѓав во оваа група до пред некое време.

Запомнете, доколку сакате да си ги одредите вашите саати, поставети си граници, искомунициајте со вашите клиенти кое време сте достапни, дали работите преку викенди или не.

Е сега, во некој период може да ви се погоди да работите на неколку проекти, а клиентите да ви бидат раштркани низ целиот свет. Можеби во таков период, ќе отстапите од вашите правила, но никако тоа да ви влезе во редовна пракса.



Мит 4: Фриленсингот не е постојан извор на приходи.

Правило број еден (со многу лош превод) треба да знаете дека не треба сите јајца да ги ставате во иста кошница. Потребно е да има диверзификација, да бидете присутни на повеќе платформи и пред се да стекнете неколку редовни клиенти. Можеби и да најдете уште некој начин на приход, без разлика дали е пасивен или не.

Имам пријател кој си става видеа на YouTube, заработува многу ситно од тоа, но во наши Македонски услови му е доволно да покрие додека има лош период од фриленс.

Покрај ова, точно е дека секој од нас имал и добри и лоши месеци. Ако сакате да имате стабилни финансии при фриленсинг треба да знаете кога да штедите. Односно, во добрите месеци да тргате пари на страна - со цел да можете да го покриете недостатокот на финансии во "сушните" периоди.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Имам претерпено последици од work burnout, бидејќи немав поставено никакви граници. Во наредна прилика, ако се развие оваа тема ќе продискутирам повеќе и на таа тема.

За да не бидам досаден и да не биде се во еден пост - Микорфонот му го префрлам на @Rufflesaurus . да продожиме со нашата претходна дискусија за фриленсинг. Што овој пат знам дека ќе ни биде аргументирана, цивилизира и пред се од информативен каректер.

Се надевам и дека останти фриленсери, ќе се вклучат и придонесат во оваа дискусија.





 

Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
196
421
Скопје
davorminchorov.com
Во претходна тема, направивме муабет на темава каде што јас спомнав дека можеш да работиш од каде сакаш, да го шеташ светот и слично, но мислам дека не бев доволно јасен да додадам дека freelancing е некој вид на следно ниво после неколку години работно искуство во фирма со редовна плата.

Зошто? Затоа што кога седнуваш да работиш на проект за клиент, ти како freelancer треба да знаеш да креираш проекти од почеток без да имаш потреба од прашување други колеги, затоа што во голем дел од проектите на кои што се работи, се работи во мали тимови, и го немаш тој луксуз да прашуваш многу луѓе околу одредени одлуки.

Исто така, многу важно е тоа што треба да знаеш како да се продадеш на клиент за да фатиш проект, бидејќи тие бараат да знаеш повеќе работи и нема да имаш многу опции да чекаш некој друг да ти помогне околу одредена работа. Најважно што треба да знаеш е тоа да знаеш како да се снаоѓаш и да решаваш проблеми сам.

За пари кога станува збор, да, се прават пари но тука треба да се земе во предвид дека многу од клиентите пробуваат да инвестираат што е можно помалку и гледаат да се се стигне на време. Дури во одредени ситуации, ќе треба да се работи и прекувремено, што некогаш може да биде и неплатено, само за да се задржи и импресионира тој клиент.

Во некои ситуации, клиентите не се баш најсигурни во себе што точно сакаат и многу е важно да се искомуницира како што треба, и да се бира на зборови, особено кога станува збор за естимации.

Во одредени ситуации може да дојде и до мискомуникација околу тоа колку време ќе треба да се заврши одредена задача, и вие да мислите едно, тој да разбере друго и доколку не завршите на време, да тој не сака да ви плати или пак да работите со недели за да довршите и да конечно се согласи да плати. Во вакви ситуации дури некогаш и вреди да се бориш за својот рејтинг и репутација на платформата само за биде се ок, затоа што репутацијата е единственото нешто што им дава слика на клиентот за тоа каков човек сте.

Во некои ситуации кога преговарате со тој клиент, тој може да има на ум една работа, а потоа кога ќе почнете на проектот да го смени мислењето и да работите задачи за кои не се ги договориле иницијално.

Во некои ситуации, некогаш може да се случи да најдете клиент, да поминете интервју, да ви рече дека се е супер и наскоро ќе се почне, но после некој период да го снема, па да се појави пак, па да го снема и никогаш да не почнете на тој проект што сте мислеле дека би бил супер за вас.
 

M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.022
3.617
Прага
Би се надоврзал на темава со еден вид на темплејт и би дал одговор на секој мит и прашање од лично искуство.

Мит 1: Фриленсер се станува преку ноќ.

Јас под фриленсер подразбирам човек што нема работен договор, а заработува доволно за да си ги плаќа сите сметки и пропратни трошкови. Мене лично за ова ми требаше некои 5-6 месеци. Од праќањето на првиот proposal на upwork до добивање на работата и кревање на цена. Првите 5 месеци работев за ситни пари да кренам рејтинг и да набилдам портфолио (на некои можеби ќе им треба подолг период затоа што имам неколкугодишно искуство на ова поле (фотографија и видео)).

Прашање 1: Почнав со фриленсинг пред една недела, зашто немам сеуште продажба?

Првата работа ја добив у првите неколку апликации али претпоставувам ми се посреќи. Огласот бараше 100% success rate, минимум 100 саати на upwork и некои други работи ама не се сеќавам што точно. Ништо од тоа не исполнив, али образложив дека сум нов на upwork, приложив одлично портфолио, и бидував на пола од буџетот што го нудеше. Со клиентот и ден денес вон upwork соработуваме за многу поголема сума. Иако после него пак потрошив неколку месеци дур да ја добијам следната работа. Бидете упорни.

Прашање 2: Знам да шкрабам во фотошоп, да кратам видеа во After Effects, да пишувам содржина за блогови, да правам Data-Entry, да пишувам фитнес програми. Сакам да почнам фриленс, ќе ми успее нешто од ова? Има ли пазар за тоа?

Ако сте почетници не бидувајте на проекти каде што се бара intermediate level или комплексни таскови. Бидете искрени према себе што можете да сработите и према клиентот. Верувајте повеќе ќе ве ценат ако сте искрени. Јас кога почнав, таскот беше едноставен едит на неколку слики, сега за тој клиент во буквална смисла му менаџирам се од контакт со клиенти, до резервација на локали, рентање опрема, едитирање, и многу други работи. Ама тоа си доаѓа со тек на време. Тасковите се зголемуваат па така и вашата цена т.е. саатница ќе оди нагоре.

Прашање 3: Пеер, колку пари може да се заработат?

Од 0 па се до вметнете сами цифра. Баталете филмови дека ќе си бидете сам свој газда и ќе си работите кога сакате, дека сами ќе си бирате проекти и слично. Ова ќе дојде после неколку години, на почеток има да испотите газ и столица и ќе имате еден куп непроспиени ноќи. Се зависи колку сте упорни и која ви е крајната сума т.е. цел што сакате да ја достигнете.

Мит 2: Работиш само на проекти што ти се интересни.


И да и не. На почеток бев многу ригорозен за ова и си ветив дека ќе работам на проекти само што ми се интересни и предизвикувачки. Реалноста е сосема поинаква на почеток, ќе работите веројатно многу досадни и едноставни проекти што во иднина не би можеле ни за портфолио да ги искористите. Ама на долг план ќе ви направат голема услуга со рејтинг и success rate.

Мит 3: Сам си ги одредуваш твоите саати.

Би го дал истиот одговор. На почеток додека да прејдам фул тајм фриленс работев и нормална работа од 9 до 5 па бев ограничен со време колку можам да работам и си реков до 11 навечер максимум. Ама кога го добив клиентот имаше денови кога сум работел до 3-4 сабајле, и сум одел сабајле пак на работа. Кога дадов отказ, си зададов работно време од 8 сабајле за да задржам навика на станување и обврски, па се до 10 навечер. Во ретки случаеви за изузетно добри клиенти сум правел отстапки па ми ѕвонеле во 3-4-5 после полноќ јер USA и друга временска зона. Ама ова само затоа што сум го дозволил и ми било мерак.

Мит 4: Фриленсингот не е постојан извор на приходи.

Точно. Ќе има месеци кога ќе има турбо работа, а ќе има и месеци кога многу тешко ќе оди. Мене на пример Јануари, Фебруари ми биле ужас од секогаш, Март средно па после почнува гужва се до Декември. Али секако ова од човек до човек ќе варира, и секако од струката и мал милион други фактори. Јас избегнувам мали проекти и клиенти што не ги знам. Имам 2-3ца стални и со нив соработувам во било кое време. Ама изворот на финансии ми зависи од тоа колку они имаат работа во Америка.


Еве веќе 3 месец, не сум фул тајм фриленсер. Се отселив од Македонија, и сменив струка па повторно го вратив на пола фриленсингот. До сега немав проблем сум работел по 3-4 саати после работно време, ама допрва ми почнува гужвата и веројатно ќе треба да баталам некој клиент и да намалам обврски.

Позитивни страни на фриленсингот е тоа што ќе бидете приморани да работите многу напорно, да давате се од себе затоа што нема кој друг колега да ви помогне и ќе барате решенија за секој проблем. Финансиите се секако предност ако станете успешен фриленсер.
Негативна страна е што треба да бидете флексибилни во секое време, поготово на почеток. Многу пати се случувало да се приберам од излегување, да си скратам одмор, да откажам некои планови само затоа што имало работа.

Предлог до сите што сакаат да станат фриленсери е да се посветат максимално на тоа што сакаат да го работат, и да игнорирате буџети. Не се фокусирајте на тоа колку пари ќе правите туку собирајте искуство и препораки. Зголемување на саатница ќе си дојде со време. Почитувајте рокови, ако сте ветиле нешто дека ќе доставите до петок, доставете во четврток. За стални клиенти ако ви побараат некоја ситница, наградете ги и изработете ја без дополнително да наплатите. Ќе го ценат тоа и ќе ве наградат во идна прилика. Комуницирајте често и ако треба "досаѓајте" со прашања, ама ќе доставите перфектни резултати.
 

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1.555
2.487
Во некои ситуации, клиентите не се баш најсигурни во себе што точно сакаат и многу е важно да се искомуницира како што треба, и да се бира на зборови, особено кога станува збор за естимации.

Тоа е точно. Има и доста клиенти кои нема да искомуницираат што точно им треба и после да се влечете со ревизии. За на крај, да не ги наплатите тие ревизии и да испадне дека си работел за џабе. А во меѓувреме ти е страв да рискираш Job Success Score или да добиеш негативна рецензија.

Лично мислам дека ние фриленсерите сме едни од најексполатираните луѓе. :)

Во некои ситуации, некогаш може да се случи да најдете клиент, да поминете интервју, да ви рече дека се е супер и наскоро ќе се почне, но после некој период да го снема, па да се појави пак, па да го снема и никогаш да не почнете на тој проект што сте мислеле дека би бил супер за вас.

И мене ми се слчува ова, бидејќи за еден од моите клиенти, јас "вработувам" фриленсери. И на моменти, кога ми е густо со рокови и обемот на работата е преголем, не можам да си дозволам да дадам работни задачи на фриленсер кој не ми е "vetted".

Негативна страна е што треба да бидете флексибилни во секое време, поготово на почеток. Многу пати се случувало да се приберам од излегување, да си скратам одмор, да откажам некои планови само затоа што имало работа.

Јас во изминатите 10 месеци, откажав и летен и зимски одмор. За еден од клиентите сум проектен менаџер и имавме два големи back-to-back проекти. Јебига, мораше да се заврши работа. Плус, да не збориме и за тоа што викаш ти, порано прибирање од искачање, па остануваш до 3/4 сабајле да бркаш дедлајни.

Бидејќи и сеуште сум студент, ми се име десено да учам за колоквиум до 1 вечер, а потоа до 4 сабајле да останам да работам...

Реалноста е дека фриленсингот е суров. Едно време добив стрес од препработување, изгубив ниво на Фајвер, изгубив редовен клиент на Upwork - ми требаа околу 6 месеци да се вратам повторно на нога. Тоа ми беше лекција дека не треба по секоја цена да трчаш по секој проект.

Стварно ми е мило, ако успеаме да доловиме што всушност е фриленсинг и која жртва се прави (посебно на почетокот). На моменти посакувам да имам 9-5.
 

Melisandre

Gaining Experience
6 мај 2019
143
285
Апсолутно сте во право. Да си ја споделам мојата катастрофално кратка freelance кариера. Покрај extremely demanding сменска работа, toddler кој од градинка секоја втора недела фаќа некој вирус, и обврски од типот ако не направам јас јадење, ќе си седиме гладни, Upwork ме поздравија со порака дека профилот ми е ставен на мирување, и дека нема да е видлив за работодавачите, додека не решам да се вратам назад. До толку не сум се ни вклучила на платформата.
Со еден збор, какви проекти, какви клиенти, таа работа бара време. Можеби убаво звучи флексибилно работно време и работа од дома, но не е така. Работа е работа, и дистракции не се прифатливи. Кога почнав работев во периодот после полноќ, до 3-4 изутрина, што следуваше проследено со турбо дневен период, и се покажа неиздржливо. Што ги гледав жените фриленсери во слична ситуација како го минуваат денот, приказната беше иста: си имаа најмено дадилка додека они работат. Фактички исто ти се фаќа како да одиш на стандард работа, само имаш дополнителни главоболки од типот на сам си средуваш придонеси, даноци, балансираш со средствата месец за месец...
Браво за оние кои имаат услови да се вложат себеси со поставена цел, и не, не е ни најмалку идеално како што е обично прикажувано. Секој тип на работа има свои предности и недостатоци, нема полесна или потешка. Околностите исто така играат доста важна улога.
 

artweb

On your way to fame
5 март 2012
1.428
709
Скопје
artweb's setup  
Processor & Cooler
I5 6500 3,2Ghz, 6mb cache
Motherboard
HP EliteDesk 800 G2 795970-001
Storage
Patriot Blast SSD 120gb
RAM
8 DDR4 2133mhz
Video card
Intel GPU on board
Case
HP EliteDesk 800 G2 Tower case
Mouse
Gigabyte AIRE M60
Keyboard
A4Tech
Monitor
LG 24MB56HQ-B
OS
Windows 10
Моето искуство како фриленсер во некои делови е скроз исто како тоа што го напишавте, но во некои скроз различно.

Пред да почнам на UpWork во 2014-та работев тука во МКД и имав големо искутво.
Мислам тоа беше пресудно (и малку среќа) да направам брз напредок.

Јас буквално станав фриленсер преку ноќ. Прв пропозал-прва работа (тоа беше чиста среќа), а и беше ноќе околу 22ч. :)
Уште од првиот месец почнав да заработувам солидна сума, моето буквално беше "збогум сиромаштијо".

Со тек на време имав се повеќе и повеќе клиенти и после две години ми стана неисплатливо да работам тука во фирмата и во 2016-та дадов отказ и од тогаш сум фултајм фриленсер.

Првите 2 години, навистина ми беа најтешки, работев многу напорно. До кај 2-3 наутро и сабејле од 8 на работа. Сега се каам што не дадов порано отказ, ќе имав поголем напредок.
Откако дадов отказ сам свој газда сум, сам си ги бирам проектите и многу полесно си го организирам времето.

Тоа што работев тука во фирма во МКД ми даваше некоја лажна сигурност, а уствари тоа ме кочеше да напредувам уште побрзо.

Ако некој сака да почне да работи како фирленсер, само голема упорност, посветеност, професионалност и резултатот нема да изостане.

Како што вели @Melisandre, околносите играат важна улога, од тука и различните искуства.

Од сегашна гледна точка, фриелнсигот ми е најдобрата одлука што сум ја направил во животот.
 

dddragan

On your way to fame
12 август 2014
388
523
Да се пофалите што професии терате/сте терале freelance? :) Добро е и тоа да се знае, една со друга струка некогаш не можат туку така да се споредат, ради тоа и искуствата би биле различни.

Инаку одлични муабети, браво.
 

artweb

On your way to fame
5 март 2012
1.428
709
Скопје
artweb's setup  
Processor & Cooler
I5 6500 3,2Ghz, 6mb cache
Motherboard
HP EliteDesk 800 G2 795970-001
Storage
Patriot Blast SSD 120gb
RAM
8 DDR4 2133mhz
Video card
Intel GPU on board
Case
HP EliteDesk 800 G2 Tower case
Mouse
Gigabyte AIRE M60
Keyboard
A4Tech
Monitor
LG 24MB56HQ-B
OS
Windows 10
И професијата игра улуга, но најмногу околностите.
 

JellyfitzDMT

Gaining Experience
19 февруари 2020
102
141
Јас сум на UpWork од 2015та, од како напуштив факултет после пола година одење.

Работам како writer, најмногу во iGaming полето. Искуството во ова поле (4-5 години) ми помага релативно лесно да наоѓам работа. На почетокот имав среќа, излажав еден клиент дека имам работено на еден силен iGaming сајт, па со Google Research фејкирав експертиза. :D The rest is history... немам престанато до ден денеска, да не ми беше фриленс работата, поточно UpWork, незнам кај ќе бев до сега.

Денеска мислам дека е малку потешко да се развиеш на UpWork по тоа што гледам каква е работата. Многумина пријатели брзо изедоа суспензија поради тоа што немале доволно work history во првите неколку месеци, а како нов член е тешко да најдеш работа. Можна добра стратегија е некој пријател да ве "boosta" од странство, фактички сами себе да си плаќате за рејтинг и малку активност на профилот.

Прашање е воопшто дали ќе те одобрат на платформата... порано немаше такви работи. Меѓутоа, да не обесхрабрувам членови кои се мислат да почнат со фриленсинг. Како и секогаш, што поспецифична ти е струката, тоа подобро. Од друга страна, како што велат и другите членови... прибирливост никако на почетокот, само не работете буквално за џабе (ако сте на UpWork, тоа е против ToS). Како писател, никогаш не сум имал преференци, ќе пишувам за чорапи, точаци, правосмукалки, казина, упаљачи - небитно. Се може да се истражи на гугл и да се спои во текст.
 

Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
970
1.659
Скопје
Да прашам директно - која е таа солидна сума што ја заработувате сега/заработувавте на почеток?
 

Ragnar

Unstoppable
9 декември 2015
1.840
2.069
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Мотивација ти треба?:) Со мал research можеш да видиш колку се заработува на саат/од проект ако си почетник, advanced или expert. Зависи од областа.
 

Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
196
421
Скопје
davorminchorov.com
Да се пофалите што професии терате/сте терале freelance? :) Добро е и тоа да се знае, една со друга струка некогаш не можат туку така да се споредат, ради тоа и искуствата би биле различни.

Инаку одлични муабети, браво.
PHP Developer сум, повеќе инфо на сајтот во потписот
Да прашам директно - која е таа солидна сума што ја заработувате сега/заработувавте на почеток?
Над 1000 долари со пола работно време
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.146
31.632
kalco.ru
Темата е супер, ќе ја поставам важна за да биде полесна за пребарување.

Јас ќе споделам нешто поинакво поврзано со фриленс а тоа е:

Зошто е потребен договор за фриленсери (и како да го составите)

Една од темите на која се разговараше на форумов е тоа дали е потребен договр помеѓу клиентот и фриленсерот.
Ќе го искажам моето мислење на таа тема и ќе ви дадам пример што треба да содржи ваквиот договор, се е од мое лично искуство од десегашна работа.

Често пати слушаме моабети од стилот „не ме исплати за сработеното“, „клиентото постојано бара повеќе од она што сме се договориле првично“ , „безброј доработки“, „кратки рокови“ и слично. Па како резутат од сето тоа сум сретнувал многу споделувања на искуства од „хонорарци“ ака фриленсери за нивните бескрупулозни клиенти.

Па затоа постои едно нешто што им помага на фриленсерите да се чуствуваат посигурно, а тоа е договор помеѓу клиентот и фриленсерот. Ваквиот договор не гарантира беспрекорна соработка со никого, но ако дојде до било каков конфликт или ако станува збор за прекршување на некој дел од договорот, ќе ви биде полесно на суд да ги докажете вашите права.

Позитивно од договорот

Монетарна регулатива
Прво во сите договорот е гаранција дека клиентот ќе ви плати одредена сума во договорениот рок (на одредено време или како дел од завршена работа).

Без оглед на која шема ќе се договорите во секој случај, важно е секогаш да го имате вашето право на претплата. Согласувајте се на најмалку 10% од вкупната сума. Така клиентот ќе ја потврди сериозноста на неговите намери, и вие можете безбедно да работите за него.

Доколку не сте платени, со потпишан договор може да се обратите до судот со барање по правна постапка да ги добиете парите.

Фиксни должности
Ако се согласивте да направите (на пример) Банер за 20 долари, клиентот нема да може да ја одложува исплатата "сè додека не направите уште еден". Кога тие бараат од вас она што не е во договорот, едноставно одбијте. Во овој случај, полесно е да се докаже нечије право отколку со „вербален договор“.

Услови на референца
Условите за референци можат да бидат вклучени во договорот или да се извршат одвоено. Важно е да се утврди во што ќе биде процесот на работа и очекуваниот резултат. Може да се реагира во случај: ако клиентот радикално ја промени задачата, тој мора да плати за веќе направената работа. Вие исто така може да поставите под-точка за фиксни задачи, по што клиентот веќе нема да може да ги менува референтните услови.

Јасни рокови
Наведете конкретни рокови кои ќе бидат во ваши интереси. Ако проектот е долг и повеќеслоен, важно е да се утврдат клучните точки на неговата имплементација. Можете да го користите форматот "не подоцна од (час) (ден / месец)". Во големи проекти, често се предвидува прифатливо одложување - на пример, до 7 дена над договорениот рок.

Бидете подготвени за фактот дека клиентот ќе бара казни за прекршување на роковите поради ваша вина.

Подобрување на односите
Кога започнувате работен однос во прв план е дисциплина на сите учесници. Ќе знаете дека имате проект што треба да се заврши. И клиентот ќе запомни дека има договор со вас што мора да се испочитува.

Оваа ставка работи особено добро со пријателите и роднините. Наместо да „напишете ми брзо неколку страници текс“, имате специфична задача: која тема ќе биде текстот, колку карактери ќе има во него, колку ќе платат за тоа и како ќе ве охрабрат за итност.

Можност да се откажете
Ова обезбедете го во договорот. Во најинтересниот редослед и со најпријатните клиенти, сè одеднаш може да тргне наопаку. Проектот може да се смени, претставникот на клиентот да се повлече, да се разболи, да се пресели на друга позиција и одвратниот тип ќе започне да комуницира со вас.

Да, и можеби имате околности што ве принудуваат да ја одбиете работата.

Ако предвидите таква можност во договорот, прекинувањето на работата ќе биде многу полесно и повеќе безболно отколку без договорот.

Сопствена сигурност
Колку подетални и разбирливи ги напишете сите важни точки во договорот, толку полесно и посмирено ќе работите. И ова е основен услов за да се заврши нарачката ефикасно и на време.

Негативно од договорот

Не сите клиенти го прават тоа
Со понуда да направите веб-страница за многу пари, самиот клиент ќе биде среќен да ги пренесе сите договори на хартија. И ако тој се обидува да го избегне ова, размислете за тоа. Најчесто, ваквото однесување е доказ за нечесност или измамнички намери.

Ако сепак одлучите да соработувате без договор, внимавајте и побарајте авансно плаќање. И не испраќајте го изворот до целосна исплата на вашите услуги.

Даноци
Не секој сака да се мачи со овие плаќања на доноци, особено ако соработката се претпоставува дека е кратка и еднократна. Но, ако компанијата е голема, а договорот не брза, има причина да размислиме.

Кога склучувате договор за вработување помеѓу две лица, сè е многу поедноставно: треба само да плаќате данок на доход.

Како да составите договор
Најдобрата опција е да ги користите услугите на адвокат. Но, ако тоа не е можно, ќе мора да го составите сами.

Кој договор?
За работа, фриленсерите ќе треба да состават договор за давање услуги со кој јасно ќе ги постават сите услови под кои ќе работите. Според договорот, резултатот од работата е материјализиран резултат.

Исто така доколку има потреба направете и договор за авторски права, во консултатица со правно лице.

Како да го составите договорот?
Доколку се одлучите договорот да го правите вие наместо адвокат, тогаш е потребно да внимавте на неколку работи.

Најлесен (но не и најбрз) начин е да преземете неколку договори за пример, да ги прочитате, да ги потенцирате заедничките клучни точки, да ги оставите важните и погодни за вас. Потоа прочитајте ги потребните написи во Граѓанскиот законик и врз основа на сите овие информации изгответе образец за ваш договор. И истито ќе им го понудите на клиентите.

Основни точки за договорот:

1. Страни: Клиент и Изведувач. Податоци за пасош, име на организација, детали за странките.

2. Предмет на договорот: што и кој треба да направи. Конкретност, јасност, сè е објаснето во детали.

3. Сума и постапка на плаќање: претплата, конечен износ, постапка за наплата, детали за Изведувачот.

4. Висината на казната во случај на прекршување од страните на условите на договорот.

5. Постапката и роковите за испорака и прифаќање на работа (средни фази), побарувања и корекции.

6. Права и обврски на странките (подетално).

7. Одговорност на странките, доверливост, виша сила, основи за раскинување на договорот, потписи и детали за странките.

8. Можни анекси на договорот: Услови за препорака бр. 1, Услови за препорака бр. 2, Договор за прилагодување на Услови на препорака бр. 1 во одреден дел.

9. Акт на прифаќање и пренесување на извршената работа - означува крај на работата и отсуство на побарувања од договорот и неговите апликации од Клиентот и Изведувачот.

Договорот е дисциплински и мотивирачки документ што може да ве спаси од многу проблеми. Затоа, вреди да се размислува за сите детали во него еднаш за да продолжите да работите мирно и продуктивно за ваше задоволство.
 

l1d0v1c

Practice makes perfect
10 март 2011
700
1.596
Со фриленсинг започнав во 2012-13 година, но "официјално" (ќе објаснам подоле за ова) тоа се случи во 2015-та и од тогаш фриленсингот за мене е станат редовна работа, кроена по мој вкус, мој распоред, мои услови.

Најважното според мене во почнувањето со фриленсинг е дисциплината. Тоа е нешто за што многу размислував во период од 2012-2015 и откако склопив еден метод на функционирање и понатамошно работење со екстремна дисциплина, опфатувајки ги и најмалите детали, официјално се впуштив во сериозно фриленс работење кон крајот на 2015-та година. Ова значеше и да дадам отказ од двете македонски фирми, во кои наизменично работев (во едната full-time, во другата part-time) се со цел да успеам во тоа што го зацртав.

Почнавме заедно со мојата понежна половина, која немаше апсолутно никакво искуство со online работење. Исто и она даде отказ од работа пред да започнеме. Ќе го опишам прво нејзиното искуство, а потоа и моето.


Искуство бр. 1


Сопругата (во тоа време сеуште девојка) започна буквално од нула. Фактот дека немаше никакво претходно искуство со фриленсинг не ја спречи си ја проба среќата, баш почнувајки од дното. Имаше солидно познавање од excel и word, одлично познавање на англиски јазик и прво нешто што проба беше баш тоа, едитирање документи и транскрипции. $2 до $3 на саат, тешка работа, досадна работа, но мора се и сешто да се работи на почеток. Скоро два месеци работеше турбо (6-8 саати на ден) и простата математика вика заработка од $300 - $400 месечно. Виде девојчето дека за работа од дома, со горе-доле слободен распоред, језда досадна и не продуктивна работа, успеа да заработи скоро иста плата како и production planer во Пивара, каде работеше секој ден екстра саати (неплатени), каде прости луѓе на позиција и се дереа и понашаа и да не набројувам ред други работи а и не е ни толку важно ова. Сакав само да направам компарација на човек со "кариера" во МК и работа во "успешна" компанија споредбено со фриленсинг досадна работа, која неписмен индиец ја завршува.

Е таа споредба само уште повеќе ја мотивираше да се впушти со сите сили во фриленсингот. Со малку моја помош успеа да навлезе во content writer областа и веќе следната работа и беше платена $6. Во наредните 5-6 месеци успеа да се надградува, а со тоа и платата. Од $6, на $10, па дури и $14 на саат за само неколку месеци е одличен напредок. Фриленсингот и беше веќе станат како full-time работа, но сепак не сакаше да се матка со клиенти навака-натака (не секој го сака тоа), па почна да си бара full-time работа со една компанија. За некој месец успеа да се вработи во Elegant Themes по моја препорака, со солидна по европски стандарди плата, каде и до ден денес работи фул работно време, +40 саати неделно.

Користена платформа: Upwork
Времетраење до постигнување на посакуваната цел (започнување со фриленс до full-time employee): 10 месеци


Искуство бр. 2

Бидејки имав претходно искуство со дизајнирање сајтови, искуство со графички дизајн (Photoshop, Illustrator) и солидно портфолио, приодот кон фриленсингот сепак ми беше далеку понасочен споредбено со тој на сопругата. Имав зацртано која група да ја таргетирам, каков да ми биде приодот од старт до финиш и сл.

Но за мене не беше така лесно. Првите два месеци немав ниту една работа фатено. Секојдневно активен, аплицирање, и покрај воочување на претходно направени грешки, едноставно ништо не одеше како што имав замислено. Но, упорноста и се разбира дисциплината однапред беа предодредени да владеат во секој момент, па едноставно и најпросто само продолжив така ден по ден. И така после 2 и нешто месеци ја фатив првата работа, book cover дизајн, $20 фиксно платено ($25 на крај зашто сум завршил одлична работа) и од тогаш се тргна во нагорна линија.

Започнав со $5.99 на саат, работев така само две недели, со дадено се од себе, што придонесе еден од клиентите да го види мојот потенцијал и да ме награди со $10 и зголемен број на проекти. Тука веќе почнав да го имплементирам и мојот претходно зацртан метод за работење и тоа се одрази феномално и на мене и на мојата работа. Неполни 6 месеци откако активно почнав со работа јас веќе бев со саатница од $15.99 а за многу кратко и до $19.99. Тука веќе се отворија нови видици и почнав со сериозна селекција на работата која ќе се нафатам да ја работам. И едноставно се ми тргна како што посакував. 3-4 саати на ден, 4-5 дена во неделата беше минимумот кој го работев. Си одбирав проекти кои сакам да ги работам, а не било што и тоа значеше помалце стрес и покомфорна работа. За година ипол активно работење стигнав до $25-$30 на саат (во зависност од клиентот и работата).

Последниве 3 ипол години и јас работам во Elegant Themes како сопругата, но јас само part-time, од пон-чет, по 4 саати (од 7 до 11 сабајле), а во зависност од периодот и проектите фатени на страна, ја правам таа недела да биде фул, 40 саати. Распоредот на фриленс работење е однапред одредено од моја страна и поради гаранцијата за квалитет и испорака, речиси и нема некој да ми замерува во врска со тоа.

Користена платформа: Upwork (со тек на време со повеќето клиенти престанавме да ја користиме оваа платформа за да ги избегнеме давачките)
Времетраење до постигнување на посакуваната цел ($30 саатница со навистина флексибилно работно време): 18 месеци


ЗАКЛУЧОК и неколку битни работи кои вреди да се споделат со цел да се убијат некои митови а зошто да не и можда да се помогне на некој со некое од моите искуства:
  • Однапред спремен план - Да, секој може да спреми план, но не секој може да го изгура до крај. Тука се внесува дисциплината, која во мојот случај беше круцијална.
  • Однапред предодредена цел (бар на година/две) - Многу е важно да се има цел во животот. Но за мене е многу поважно таа цел да ја расцепкаш на неколку помали и да се фокусираш една по една. Мојата финална цел, бар за наредни 15-20 години е сосема различна од таа која што имав пред 2-3 години, или таа што ја имам сега за наредни година дена. Да, станува збор за истата/слична професија, но се во свое време. Step-by-step, не се летајте однапред кон крајот, имате неколку круга што треба првично да се истрчаат.
  • Временски зони - И покрај тоа што со клиентот се наоѓате во две тотално различни временски зони, секогаш може многу убаво да го ускладите времето и за вас, а и за него. Однапред знаејки ги зоните и буквално дали во моментов еден од вашите клиенти само што доаѓа на работа, или е на ручек, е есенцијално за доловување максимално професионален однос кон вашиот клиент и неговата работа за која вас ве плаќа.
  • WordPress дизајнер, не фала - Многу често низ овие години со другари програмери сум го добивал истиот однос. WordPress сајт, жити се, глупости невидени, теми ми користиш, drag-and-drop page builder-и, бла бла, тоа не е дизајнирање и девелопмент. Екслузивно работам со Divi последниве 5-6 години, работам stress free работа во поголемиот дел, моите клиенти се ултра задоволни, јас со добиеното сум ултра задоволен. Наравоучение: со буквално било која алатка можеш да заработуваш пари.
  • Користење готови темплејти (дал за графички дал за веб дизајн) не е работа - Слично како тоа погоре, но доколку знаеш што да искористиш од готовиот дизајн и да го модификуваш како што бара клиентот, работа има колку што ти душа сака, а за некој кој не е баш влезен во сево ова, станува збор за одличен starting point. Имате готови word, excel, power point, psd, ai, wp themes со predesigned templates... Се ова со малку осет и шмек :D (што би се рекло), може да ви помогне да завршите одредена работа или проект во рекордно брзо време. Буквално нов дизајн можеш да направиш со мало преуредување, менување бои, фонт, итн. Претходно користев пиратерија, сега сум си претплатен на повеќе сајтови за готови дизајни и истите ги користам доста често.
  • Како што спомна @Fatal1ty_ договор е навистина потребен и е lifesaver во буквална смисла на зборот. На почеток не размислував така, но да би се вратил назад 5 години, дефинитивно и тоа ќе било однапред спремно.
  • Шетање и фриленсинг - Некој ќе каже лесно е, некој ќе каже тешко, јас ќе кажам доколку работиш како што треба, тоа е најлесната и највозбудливата работа. Да не делува ко да се фалам :D чисто како пример се давам, до сега за 5 години со фриленсинг живеев година дена во Барселона, бев 2 месеци во Тајланд во coworking space, 40 дена на Канарски Острови, скоро месец во Мексико... Co-working spaces има сегде и цените им се прилично културни за наши стандарди. Пример во Тајланд бев во co-working space на Koh Lanta за двајца, со апартман, две јадења (обилни), две места во канцелариите и еден монитор изрентан за сум од 1200 евра за точно 40 дена. Кирија, јадење, сметки за некого таа е сумата во Скопје на месечно ниво. Само план, предвреме букирање авио-карти и секој и со минимални приходи до 400-500 евра од фриленсинг може бар месец дена да си дозволи номадски живот. Италија (посебно Сицилија), Шпанија (посебно Барселона) е препуна со co-working spaces и греота е да не се искористат истите. Искуството што ќе го стекнеш со упознавање на стотина нови луѓе, со различни професии но со сепак многу сличности е непроценливо. Ја викам GO FOR IT!
Се надевам на некој моето искуство ќе му помогне и само би додал: ЗГРЕЈТЕ ГО СТОЛЧЕТО, НАПРАВЕТЕ ПЛАН, НЕ СЕ ОГРАНИЧУВАЈТЕ И ПОЧНЕТЕ СО ФРИЛЕНСИНГ! Работа има колку што ви душа сака. Поздрав
 
Последна промена:

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1.555
2.487
Бидејќи се разви дискусијата, па еве и јас да додадам нешто за моето искуство. Пред да се нафатам со фриленсинг, работев на некои платформи за микро работи, но искрено, ништо не видов од тоа. Со фриленсерство почнав во 2014 година, затоа што сакав да соберам пари да си купам Playstation 3, што да правам, таков е гиковскиот живот. Случајно наидов на темата за Fiverr на кајгана - прочитав дека од пишување fake рецензии на Амазон може да се заработи добар џепарац. Не ни размислував, активирав VPN се зачленив на фајвер и тоа беше тоа.

Не знам колку од вас имаат прочитано, но при крајот на 2014 години излегоа различни статии по светски познати медиуми дека преку Fiverr се тргува со резензии за Амазон. После тоа, гигот ми беше избришан, па се фокусирав да се доусовршам како графички дизајнер. Од кога почнав да бидам посериозен за дизајн, ги избришав сите гигови кои ми беа по различни категории и отворив нови, за различни дизајн услуги.

Во меѓувреме, отворив Upwork профил, што ми седеше така долг период. Генерално, на Upwork се фокусирав пред 3-години. Најдов еден клиент што ми излезе во пресрет и ме "вработи" преку Upwork за неколкуте наредни проекти, ми остави добри рецензии и така ми тргна. За разлика од Фајвер, на Upwork стекнав клиенти што ми се редовни и сеуште соработувам со нив.


па со Google Research фејкирав експертиза. :D The rest is history... немам престанато до ден денеска, да не ми беше фриленс работата, поточно UpWork, незнам кај ќе бев до сега.

Браво! Но и покрај тоа што ти успеало и се имаш снајдено на ваков начин. Ова не би го препорачал на почентици што сеуште не се оформени на професионално ниво. И јас имам користено VPN, се имам претсавувано како Американе и Енглез. Но, со тек на време воочив дека тоа не е ни потребно.

Плус, да не заборавам да напоменам дека денес не е толку лесно да се манипулира со вашиот профил на Fiverr и на Upwork. Односо и двете платформи бараат верификација со ваша лична карта или видео разговр, некогаш и двете. Може да добиете бан ако користите VPN, а и самите клиенти знаат како да препознаат "лажни" профили.

Бидете си оригинални, бидете си вие. Посебно тие што планирате сега да почнете. Како што кажа ви посочи погоре @l1d0v1c - имајте скоремен почеток, поставете си цели, напредувајте и ќе газите. Мислам дека неговио мислење е феноменално срочено и има доста битни информации.


Една од темите на која се разговараше на форумов е тоа дали е потребен договр помеѓу клиентот и фриленсерот.

Обично со сите локални клиенти од Македонија инсистирам на договор. Генерално сум имал океј искуство со помали фирми. Единствена маана е секогаш каснеа повеќе од 1 месец со исплатата. Немав многу против, бидејќи знаев дека и на нив им е доста тешко да наплатат од нивните клиенти. Патем, така функционира тоа кај нас. Но, на премногу ситни проекти работев за нив страв ми беше да се фатам за нешто покрпуно.

Од друга страна, соработував со една позната фирма (ланец од ресторани) кој и покрај договорот ме немаат исплатено веќе 6 месеци. Сменивме неколку мејлови, стално ме уверуваат дека ќе биде исплатено, но никако да платат. Бидејќи сумата е околу 60е, искрено, не ми се ни исплати да ги давам на суд. Во оваа ситуација, знам дека најдобро би било да се прати допис преку адвокат. Треба да се конултирам и да видам што ќе превземам за да си ги наплатам тие пари.

Инаку, ме инетересира дали со странски клиенти (вон платформа) може да се склучи договор? Бидејќи во Македонија дигитално потшаните договори чинам дека не беа валидни. Или грешка сум?
 

l1d0v1c

Practice makes perfect
10 март 2011
700
1.596
Инаку, ме инетересира дали со странски клиенти (вон платформа) може да се склучи договор? Бидејќи во Македонија дигитално потшаните договори чинам дека не беа валидни. Или грешка сум?
Може и јас со клиенти од USA користам RocketLawyer. Незнам како им е функционирањето со интернационални клиенти (надвор од USA) али можеш слободно да си прашаш се. За Македонија како се прифаќаат тие еПотписи незнам баш како е ситуацијата, а искрено и не се ни замарам. Битно ми е во интернационалната јавност, каде и работам, јас да сум легален. Секаква тужба може да ти тропне на врата и таа најчесто ќе дојде од надвор.

P.S. во банка за одобрување кредит ми беше прифатен таков потпис од договорот што го имам за работа од Elegant Themes.
 

mimica

Gaining Experience
15 декември 2010
126
62
Браво за темава, конечно да си најдам нешто што ме интересира за читање.
Јас моментално сум во Германија од каде што работам од дома и супер ми оди. Работам UI/UX на 40 часа неделно и сум задоволна од примањата.

п.с Предлог темава да се склопи во едно добро четиво и да се објави на портал, да го живнете и порталот со добар контнет.

Поздрав
 

goranzoran

Unstoppable
21 јануари 2011
3.316
2.808
скопје
Значи од ова што прочитав, резимирано и преведено на македонски, фриленс работници би биле оние со договор на определно работно време?
 

JellyfitzDMT

Gaining Experience
19 февруари 2020
102
141
Едно прашање ако може некој член да ме посоветува. Што е малку повржано со погорните коментари.

По првпат во животот почнав да работам надвор од UpWork, за странска фирма (од Малта), и денеска ми имаат испратено плата преку Wire Transfer на девизна EUR сметка во НЛБ банка. Парите би требало да стигнат за некој ден.

Го исчитав скоро целиот форум и не најдов конкретен одговор. Јас како фриленсер вршам работа за фирмата. Не сум официјално вработен, нити имам некаков договор. Едноставно им пратив фактура (excel doc) со SWIFT/IBAN податоци, нивните податоци, завршената работа (English Content Writing), цена по збор и целосна сума.

Од како ќе ми стигнат парите, какво образложение да дадам во НЛБ за тоа по кој основ ми се парите? Договор на дело? Хонорарец? Фриленсер? Дали и ќе ме разберат воопшто.

Страв ми е да не ми бараат некаков договор, бидејќи таков документ не постои. А се си е легално се разбира, од како стигнат парите, веднаш одам и во УЈП да расчистам данок (мислам дека е 10%).
 

Vampo

Gaining Experience
24 октомври 2010
366
256
Го исчитав скоро целиот форум и не најдов конкретен одговор. Јас како фриленсер вршам работа за фирмата. Не сум официјално вработен, нити имам некаков договор. Едноставно им пратив фактура (excel doc) со SWIFT/IBAN податоци, нивните податоци, завршената работа (English Content Writing), цена по збор и целосна сума.
Сам си го одговори прашањето, тоа е сосема доволно образложение. И за во НЛБ и за УЈП. Се надевам го имаат наведено бројот на фактура во СВИФТ-от.
 

artweb

On your way to fame
5 март 2012
1.428
709
Скопје
artweb's setup  
Processor & Cooler
I5 6500 3,2Ghz, 6mb cache
Motherboard
HP EliteDesk 800 G2 795970-001
Storage
Patriot Blast SSD 120gb
RAM
8 DDR4 2133mhz
Video card
Intel GPU on board
Case
HP EliteDesk 800 G2 Tower case
Mouse
Gigabyte AIRE M60
Keyboard
A4Tech
Monitor
LG 24MB56HQ-B
OS
Windows 10
Едно прашање ако може некој член да ме посоветува. Што е малку повржано со погорните коментари.

По првпат во животот почнав да работам надвор од UpWork, за странска фирма (од Малта), и денеска ми имаат испратено плата преку Wire Transfer на девизна EUR сметка во НЛБ банка. Парите би требало да стигнат за некој ден.

Го исчитав скоро целиот форум и не најдов конкретен одговор. Јас како фриленсер вршам работа за фирмата. Не сум официјално вработен, нити имам некаков договор. Едноставно им пратив фактура (excel doc) со SWIFT/IBAN податоци, нивните податоци, завршената работа (English Content Writing), цена по збор и целосна сума.

Од како ќе ми стигнат парите, какво образложение да дадам во НЛБ за тоа по кој основ ми се парите? Договор на дело? Хонорарец? Фриленсер? Дали и ќе ме разберат воопшто.

Страв ми е да не ми бараат некаков договор, бидејќи таков документ не постои. А се си е легално се разбира, од како стигнат парите, веднаш одам и во УЈП да расчистам данок (мислам дека е 10%).
НЛБ нема да те праша ништо за парите, но УЈП може да ти побараат фактури, договири и слично.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн администрација

Статистика

Теми
46.042
Мислења
954.443
Членови
34.468
Огласи
2.271
Најнов член
idriz
На врв Дно