1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Freelance и кредит

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од dino, 9 Јануари 2019.

  1. dino

    dino
    Gaining Experience

    361
    72
    5 Јули 2009
    Не најдов некоја слична тема, па да пробам да соберам некоја идеја/искуство/решение за следниов проблем.

    Во план сум да проширувам куќа меѓутоа финансиите кои што се потребни ги немам па единствено нешто што ме вади е кредит. Моментално не сум вработен по прописи туку работам remote за компанија. Има ли начин да се добие кредит од нашиве банки од околу 6000-8000еу со оглед на ситуацијава во која што сум моментално.

    Ве молам без не потребни коментари од типот: лихвар, земи на друго име итн.
     
  2. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,051
    6,091
    27 Март 2014
    Не. Банките бараат доста повеќе документи отколку порано. Без доказ дека си вработен како и листа од платите од последната година, тешко би ти дале кредит. Тоа е тоа. Доста е затегнато последниве години, во врска со кредитите.
     
    На SiPy` и dino им се допаѓа ова.
  3. SmartGuru

    SmartGuru
    Gaining Experience

    279
    226
    27 Јануари 2013
    Машко
    Junior Ruby on Rails Developer
    Прв услов е да си вработен минимум 6 месеци со договор на НЕОПРЕДЕЛЕНО. Потоа останати услови.
     
    Luxell, DonFrozex, dino и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. dino

    dino
    Gaining Experience

    361
    72
    5 Јули 2009
    Значи освен да штедам немам друг излез.
    Фала за одговорите

    Sent from my SM-G930F using Tapatalk
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. VerGer

    VerGer
    Gaining Experience

    318
    262
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    жирант или куќата моментално што имаш под залог како гаранција, друго тешко
     
    На DonFrozex и dino им се допаѓа ова.
  6. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,462
    2,413
    14 Мај 2008
    Машко
    Мене од Тутунска ми рекоа дека авторски договор со времетраење од 1+ година се прифаќа како плус поени за кредит, ама мораш да имаш било каква стабилна работа, макар и на минималец. Отвори фирма, стај се на минималец и потпиши авторски договор со клиентот на 1 година. Ќе изгубиш бајаги пари, ама барем ќе си здравствено и пензиски осигуран, и ќе можеш да си земеш стамбен кредит, наместо да го купиш после 10-15 години штедење.

    Секако не вреди да се замараш и да го правиш сево ова за било што поситно од стан или куќа.
     
  7. Oliverbds

    Oliverbds
    Gaining Experience

    267
    194
    26 Април 2012
    Машко
    За сума до 15.000 еур можеш и со потрошувачки кредит, доста поразлично од станбен.

    Чекор 1) Разгледај убаво која банка ти фаќа око со каматите
    Чекор 2) Најди другар што има фирма и нека те пријави на минималец - мора да поминат 3 месеци - плаќај му ги давачките и гледај платата да оди точно во таа банка што ќе аплицираш
    Чекор 3) После 3 месеци (или подобро после 2 почни ја процедурава) аплицирај за потрошувачки, можеш да внесеш и кокредитобарател што не ти е роднина, за да можеш да земеш поголема сума (макс. 15.000)
    Додека тие проверат сето тоа... ќе пројде уште 1 месец = тамам :)

    Чекор 4) Профит :))

    Има само една лоша страна ова, потрошувачкиот кредит е супер затоа што многу полесно се добива и е ненаменски.
    АМА каматите се многу поголеми и ако не го решиш брзо ќе ти летнат многу пари во камата.
    Ако успееш да го вратиш за 2-3 години ќе ти се исплати многу.
     
    На dino му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheMarshal

    TheMarshal
    Intern

    12
    5
    3 Јануари 2019
    Машко
    Јас сакав еднаш да земам нешто од Setec на рати, да биде поделено на две. Ги праваш дали со certificate of earning од фриленсинг платформа може да се аплицира, ми рекоа дека банките ги одбивале сите такви барања. Така да претпоставувам дека е тешко да добиеш било каков кредит како фриленсер кај нас.
     
    На dino му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,638
    3,498
    5 Јули 2013
    И како што е тргната работата, возот за државав замина. Од ова нема да биде држава никогаш. Можеш слободно да си размислуваш за надвор заминување. Џабе се надевавме дека некој има искрена намера. Проблемот е длабок и е системски. Џабе ти е и здравствено и пензиско осигурување. Додека стигнеш пензионер, пензиите ќе бидат многу помал процент од моментално. Во здравството имаш работници кои сакаат да се збогатат, а не да помагаат на луѓето. Целиот здравствен систем е во насока да се приватизира, така да џабе си осигуран во државно здравсто, во приватно ќе мораш да си платиш. На кратко, како да го кажам ова...изгубени се многу генерации, отиде јабана се. Не заглавувај со кредити да не можеш да спиеш навечер, да ти дишат во врат со извршители, да ти се јавуваат по телефони да те тормозат. Тоа што можеш да си купиш, купи. А ако имаш пензионер дома - нека земи кредит на негово име. За нив полесно даваат кредити, пензијата е како договор на неопределено за банките, дури и подобро, бидејќи неможеш да ја изгубиш. Значи за лица на почеток на пензиски живот, лесно даваат кредит. Мој совет е да не земаш на твое име да заглавуваш. Уживај во слободата.
     
    На DrMTR, Futurelakimens, dino и уште 4 други им се допаѓа ова.
  10. dino

    dino
    Gaining Experience

    361
    72
    5 Јули 2009
    Каков е тој авторски договор?
    Јас имам "договор" со фирмава за која што работам.

    Можеви имам опција да се пријавам, ќе биде на 15.000ден. за да можам поголем кредит да земам. А ова сп авторскиов договор ако можам да го решам па да добијам плус некој поен би било супер.

    Sent from my SM-G930F using Tapatalk
     
  11. dino

    dino
    Gaining Experience

    361
    72
    5 Јули 2009
    Планот ми е да го вратам најбрзо што може, највеќе 2 години. За стамбен бараат повеќе документи а и често знаат и хипотека да побараат, не сакам да ризикувам хипотека кога би можел да го вратам кредитот за 2 години.

    Sent from my SM-G930F using Tapatalk
     
  12. dino

    dino
    Gaining Experience

    361
    72
    5 Јули 2009
    Свесен сум за ситуацијава во нашава "држава" ама немам многу избор за да бегам. Додека можам би сакал да инвестирам во нешто што ќе им користи и на тие после мене

    Sent from my SM-G930F using Tapatalk
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Oliverbds

    Oliverbds
    Gaining Experience

    267
    194
    26 Април 2012
    Машко
    Како изгледа договорот?

    Дали е со договорена сума за проект или за месечна плата?

    Ако имаш договор за точно одредена плата месечно, ќе ти помогне многу во некои банки.
    Ако јасно пишува дека земаш секој месец одредена сума, тогаш не е важно што е странска фирма.

    Направи копија и однеси им на Sparkasse, Silk Road, ProKredit да ти кажат дали бива.
    Овие 3 ги знам зошто така ми одговориле на барања порано, може има и други што ќе ти завршат работа
     
  14. dino

    dino
    Gaining Experience

    361
    72
    5 Јули 2009
    Месечна плата е. И претпоставувам ќе бараат платата да ми ја пуштат на сметка вп банка? (Моментално на Payoneer стигаат)

    Sent from my SM-G930F using Tapatalk
     
  15. Oliverbds

    Oliverbds
    Gaining Experience

    267
    194
    26 Април 2012
    Машко
    Да, за да земеш кредит од нив ќе ти бараат согласност за примање плата преку нив (ова веќе мислам дека во сите банки е задолжително)
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dino

    dino
    Gaining Experience

    361
    72
    5 Јули 2009
    Т.е. парите од договорот со фирмава и плус платата од фирмата во Македонија кај би бил пријавен.
    Ај ќе се распрашам денпвиве во шпаркасетутунска. А овие силк роад нова банка се?

    Sent from my SM-G930F using Tapatalk
     
  17. Oliverbds

    Oliverbds
    Gaining Experience

    267
    194
    26 Април 2012
    Машко

    Не, не, сакав да ти кажам пред да се "вработуваш" некаде, земи го само договорот и пробај со тоа.
    Можно е да ти успее без да мораш да бидеш пријавен како вработен во Македонија.

    Silk Road - не сум сигурен порано како се викаа... ама најлесни се за работа изгледа, така ми личеа од разговорот тогаш :)
     
    На dino му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dino

    dino
    Gaining Experience

    361
    72
    5 Јули 2009
    Да, секако ќе пробам така, па ќе известам што сум направил

    Sent from my SM-G930F using Tapatalk
     
  19. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,839
    2,373
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Ја би ти дал кредит со иста камата како на банките. Ќе одиме на нотар ќе се договориме. Пиши ПП ако си заинтересиран.
     
    На Oliverbds му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    917
    340
    17 Јуни 2008
    Како би ризикувал хипотека ако планираш да го вратиш кредитот... Секоја банка има различна политика за потрошувачки/хипотекарни/станбени кредити, ама генерално кај сите важи правилото да бидеш вработен, да имаш примања кои би ја покриле ратата, главно се оди од 30% до 50% од платата, евентуално некои Банки гледаат и останати примања како кирии, авторски договори, надоместок за трето дете и сл.
     
  21. Oliverbds

    Oliverbds
    Gaining Experience

    267
    194
    26 Април 2012
    Машко
    Од кога влезе во тоа, бре? :D
    Може ќе ми треба мене на пролет/лето, да те планирам, а? :D
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  22. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,839
    2,373
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Нема проблем друже за тебе без нотар :)
     
    Последна промена: 11 Јануари 2019
  23. Balanar

    Balanar
    On your way to fame

    643
    648
    6 Декември 2016
    Машко
    Уште ова не очекував да го прочитам тука...
    Ашколсун gorane/zorane
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Oliverbds

    Oliverbds
    Gaining Experience

    267
    194
    26 Април 2012
    Машко
    @goranzoran Сакаш да каеш и бес жирантили?! :D

    @dino Шала на страна, сметам дека goranzoran е веродостоен во муабетот, ако работиш со него имаш дупла победа :)
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    422
    160
    12 Април 2017
    Машко
    Хаха, е ова не го очекував :D
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...