• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Фотоконкурс „МАКЕДОНИЈА ВО ФОКУСОТ“

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Македонската информативна агенција-МИА огранизира годишен фото конкурс на тема „МАКЕДОНИЈА ВО ФОКУСОТ“.

- Правила и пропозиции за учество на фотоконкурсот:
Право на учество на фотоконкурсот имаат сите љубители на фотографијата, сите на кои таа им е професија или хоби. Покрај државјаните на Република Македонија, право на учество на конкурсот имаат и странски државјани.

- Тема:
Фотографиите кои ќе се испраќаат на фотоконкурсот треба да бидат на тема Македонија – предели, мотиви и луѓе. Темата е широка и дозволени се сите мотиви, агли и погледи, со тоа што МИА ги охрабрува фотографите да ги одбегнуваат веќе познатите мотиви и агли. Предност е фотографиите да бидат направени од поново време, но подеднаков третман ќе имаат и фотографиите со постар датум на изработка, доколку не биле претходно јавно објавувани.

- Број на фотографии:

Секој учесник на фотоконкурсот може во текот на еден месец може да достави/пријави најмногу до 5 (пет) фотографии.

- Техника:
Се примаат, односно во натпревар влегуваат исклучиво фотографии изработени со дигитална техника и во електронска форма.

- Формат:

Оптимален формат на фотографијата е 40 х 30сантиметри (потртет или пејзаж), со резолуција од 300 dpi. Препорачана големина на фајлот е од 4 до 6 MB.
Ќе бидат прифатени и панорамски фотографии за кои е дозволена отстапка само во геометрискиот формат.

- Обележување на фотографиите:
Сите фотографии задолжително да бидат прописно означени во Word document, File Info или File Properties, да се напишат:
- името на фотографијата;
- името и презимето на авторот;
- адреса и контакт-телефон на авторот,
- како и марката и моделот на фотоапаратот со кој е направена фотографијата.

- Рок за испраќање на фотографиите:
Фотографиите кои ќе пристигнат во МИА од 20 претходниот месец до 20 во тековниот месец, влегуваат во натпревар во текот на истиот месец, со тоа што останува правото на авторот, доколку сака, да го назначи и месецот за кој се натпреварува.

- Права и обврски:
Авторските права остануваат кај авторот на фотографијата, со напомена дека авторот не смее пријавните фотографии јавно да ги објавува на друго место до крајот на конкурсот.
МИА презема дел од издавачките права со тоа што го задржува правото сите фотографии кои се пријавени на конкурсот да ги публикува во своите интернет или печатени изданија, без никакви дополнителни обврски кон авторите на фотографиите.
Авторите со самото доставување на трудовите/фотографиите на конкурсот веќе се согласиле со отстапување на дел од издавачките права на МИА, кои таа може да ги користи за свои потреби.

- Испраќање на фотографиите:
Фотографиите, заедно со личните податоци, да се испраќаат во JPG или JPEG формат на електронската адреса: [email protected] или преку пошта (запишани во JPG, JPЕG или TIFF формат на компакт диск), на следната адреса:

Македонска информативна агенција МИА
Ул. „Бојмија“ К2
П.фах 4
1000 Скопје

- Награди:
Секој месец се доделува награда: „Фотографија на месецот“. Оваа награда изнесува 5.000 денари. Селекцијата ја врши жири-комисија од МИА.
На крајот од годината, од сите фотографии посебна жири комисија доделува 4 награди и тоа:
- Гран при, во износ од 50.000,00 денари
- Прва награда, во износ од 30.000,00
- Втора награда, во износ од 20.000,00
- Трета награда, во износ од 10.000.00
- Награда по избор на посетителите на интернет страницата на МИА, во износ од 15.000,00 денари

Ќе бидат доделени и други наменски/посебни награди од спонзори.

Овој фотоконкурс започнува од 1 октомври 2008 година и ќе трае до 31 декември 2009 година. Годишните награди ќе бида објавени во текот на јануари 2010, а наградите ќе бидат доделени на одбележувањето на денот на МИА во февруари 2010 година, кога и ќе биде организирана изложба од (според жири-комисијата) најдобрите 50 фотографии.
За секакви дополнителни информации јавете се во Македонска информативна агенција, тел 246 16 00, локал 229 или на електронската адреса [email protected].

Извор: МИА
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Случајно налетав на Огласот, па помислив дека е добро да ве известам. Доколку имате некои добри фотографии испратете ги на Огласот, па може и да заработите некој денар. :)
Останатите, апаратот во рака и "стуткајте" некоја добра фотка.
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Ова многу ме изнервира. Фотографии со 300dpi 30x40cm, а МИА презема дел од издавачките права?!?
Па ако им е за да изберат најдобра фотографија (без задни намери), нека бараат фотографи со 1024X768 со 96 dpi, таман за да можат да ја погледнат на монитор, да ја објават на интернет за гласање, а оригиналите со висока резолуција и квалитет - нека си останат кај авторот.

Ај кажете ми на што личи тоа, освен дека МИА собира фотографии од цела Македонија со квалитет за штампање, со можност да ги употреби буквално за што сака.
А за возврат дава некои мизерни награди. 50.000 денари не се малку пари, ама во споредба за тоа што ќе добие МИА - илјадници висококвалитетни фотографии, кои ќе може да ги употреби за што и каде сака, за кои фотографии да ги набави сама ќе и требаат години работа, време и труд и потрошени над 50.000 ЕВРА, не денари!!!!

Незнам за вас, ама јас сигурно нема да учествувам во најголемата кражба на труд и авторски права!!!
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
се сложувам со таурус
има и фотоконкурс на емитер списание е не знам баш кој го води
но се даваат слики со 2-3мп
за фотоконкурс тоа е ок
но стои дека преземаат дел од правата за објавување и само тоа

а овде ако е дел од издавачките права
може да значи и продавање
така да јас барем моите слики си ги ценам повеќе
единствен натпревам што сум учествувал кај нас е
lumix лани што беше
и имав неколку слики о топ 100 што се објавија на изложбата

но сепак пазате си кога станува збор за авторски права
утре можете да си ја видите сликата во некое списание или нешто 3то
а на немате основа за да ги тужите за кршење на авторски права
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,576
Мислења
823,714
Членови
28,077
Најнов член
Brlebrle
На врв Дно