1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Форумски теми: идеи и реализација

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии / забелешки / проблеми' започната од xenon, 13 oктомври 2013.

  1. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,443
    15 Јануари 2011
    Машко
    Предлагам една стики тема во која членови ќе предлагаат теми за кои самите немаат време/стручност да ги реализираат а потоа друг член ќе ја напише/реализира и обработи тематиката која била предложена.

    Имам забележано се вртат некои бајати дискусии и не замерувам но сепак ваков форум треба да обработува одредени проблематики подетално а не да биде рекла-казала со 1 линијски трачеви или микро проблеми кои голем дел од времето може да се решат со гугл.

    За да се запази некој ред и прегледност, секој предлог треба да има прецизен наслов, на пример:

    1. Xenon - предлог за тема од економски карактер: IPO (initial public offering) - како една компанија од приватна преминува во јавна и колку овој западен модел е апликативен во Македонија.
    2. Flegma - предлог тема за квалитетот на кадрите кои излегуваат / ќе излезат од факултетите за IT науки. Исто така, квалитет на самото студирање (не студенско живеење) надгледни средства, пракса..
    3. drown - Основно но детално објаснето упатство за инсталација и конфигурирање на рутер/firewall базиран на PC хардвер со инсталиран софтвер наменет за таа намена, како и предности кои ова решение ги нуди (multi-wan failover, load balancing, caching proxy...).
    4. dejan_str - Би сакал една тема за детално објаснување на сите можни начини како од мобилен телефон да пуштиш видео,слика или каква било содржина на PC i TV (посебно на ПЦ),се разбира со обајснување чекор по чекор.
    5. koki - Би сакал тема за SEO како и за интернет заработка. Битејќи тоа студирам и ме интересира да научам повеќе. Би сакалм што е можно подетален (колку што може детален за беспари нормално) знам дека сео е платена работа.
     
    На prichina, Necromancer, StalkeR и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,639
    12,996
    2 Август 2012
    Машко
    #2. Flegma - предлог тема за квалитетот на кадрите кои излегуваат / ќе излезат од факултетите за IT науки. Исто така, квалитет на самото студирање (не студенско живеење) надгледни средства, пракса..
     
    На tomi, prichina, Necromancer и уште 3 други им се допаѓа ова.
  3. drown

    drown
    Master

    1,454
    208
    8 Март 2007
    Машко
    Нинџа
    #3. Основно но детално објаснето упатство за инсталација и конфигурирање на рутер/firewall базиран на PC хардвер со инсталиран софтвер наменет за таа намена, како и предности кои ова решение ги нуди (multi-wan failover, load balancing, caching proxy...).
     
    На vladealfagv, FLEGMA, tomi и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,154
    4,861
    8 Април 2011
    Машко
    Одамна размислувам за ова и е многу практично,баш имам некој прашања кој ме интересираат и сакам да се информирам околу тоа и ке побарам некој кој се разбира во тоа да отвори тема за тоа.Би било Супер.

    #4 Би сакал една тема за детално објаснување на сите можни начини како од мобилен телефон да пуштиш видео,слика или каква било содржина на PC i TV (посебно на ПЦ),се разбира со обајснување чекор по чекор.
     
  5. koki

    koki
    Gaining Experience

    257
    135
    3 Март 2010
    Би сакал тема за SEO како и за интернет заработка. Битејќи тоа студирам и ме интересира да научам повеќе. Би сакалм што е можно подетален (колку што може детален за беспари нормално) знам дека сео е платена работа.

    Поздрав.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,154
    4,861
    8 Април 2011
    Машко
    Дајте една тема за рутирање,менување ромови,карнели и објаснување што значат поимите.Се запалив некако по мобилниве во последно време :D
     
    На Pane-G, olikomerc, xhktw и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,174
    3,900
    5 Декември 2009
    Машко
    Имам пишано пред некое време на кратко за тоа. :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,154
    4,861
    8 Април 2011
    Машко
    па дајте проширетеја со детали :D нека не ве мрзи,што младина ке бевте :D
     
  9. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,225
    1,272
    2 Август 2009
    http://forum.it.com.mk/threads/android-custom-basics-Туторијали.36583/

    Ќе биде нешто како "мини серија од туторијали".
     
  10. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,174
    3,900
    5 Декември 2009
    Машко
    Имам и јас правено некои туторијали за X8 и Типо, ама не се исти процедурите за сите телефони, тоа е работата.
    Инаку, Дејан ке гледам да допишам нешто кога ке имам време.
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  11. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,225
    1,272
    2 Август 2009
    Слични се, единствена поголема разлика е што треба да симнат фајлови за нивните верзии, а тоа не е баш голем проблем. Процедурите се тие.
     
  12. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,154
    4,861
    8 Април 2011
    Машко
    Па затоа велам една добра сеопфатна тема!Што е рут,што прави,како функционира,како се прави,колку начини за рутирање има,што е карнел,како се менува ......Мислам дека ваква тема фали дури и на светскиве форуми!Замисли одиш на IT forum ја отвораш темата и ги имаш сите информации на едно место за кој предходно си требало еден куп страну,форуми,youtube видеа да гледаш за да најдеш тоа што бараш.
     
  13. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,174
    3,900
    5 Декември 2009
    Машко
    Предлагам да се додаде пред темите едно Андроид. Како што е за Проценка/Рецензија и сл. така и за Андроид/иОС.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,225
    1,272
    2 Август 2009
    Додаден уште еден Android туторијал во темата.

    Поздрав!
     
    На FLEGMA и dejan_str им се допаѓа ова.
  15. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,154
    4,861
    8 Април 2011
    Машко
    Ова е мое лично барање но верувам дека на повеќето ке ги интересира.Имаме теми за Sandy,за ivi bridge a за haswell нема ништо.Како работи,кој се придобивките vs предходната генерација,подобрувањата во кеш комуникацијата и тн.Не ме бива за составување на такви теми што да правам.Па ке замолам некој поискусен доколку има време и желба да отвори една тема за haswell.
    Благодарам.
     
  16. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    396
    187
    20 Април 2008
    Машко
    #5 Ако може тема за MOOC
    Massive Open Online Course (MOOC)
    имаше една статија пред некој недела време на еден од порталите
    доколку некој има поголемо искуство со тоа да подобјасни и да насочи
     
    На Pilsator му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,154
    4,861
    8 Април 2011
    Машко
    Aх колку ми фали Оверклок Haswell тема :D Со детални сетинзи во биос,што треба како треба и тн.
     
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,735
    27,414
    4 Септември 2008
    Незнам зошто ти треба толку таа тема, кога и јас и ти знаеме дека,

    1. Лимитиран си од чип не од сетинг.

    2. После Sandy сите сетинзи се безмалце непотребни, обичен vcore bump и евентуално LLC е све што ти треба, кај новите плочи/Haswell ни LLC не треба.

    Е сега, ако ти е ќеиф и интересно да си разменуваш детали разбирам :)
     
  19. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,154
    4,861
    8 Април 2011
    Машко
    Па гледам во ROG уефи биосов има еден куп сетинзи кој прв пат ги среќавам а не е само за мене,сепак ке ги интересира многу од нас,инаку сум лимитиран од чип но сепак нема да ловам максимален оверклок,пошто пред чипот ме лимитира темепратурата.Ужасно се жешки на стрес тестови ма да тие температури тешко некој да ги постигне со работа или гејминг,уствари невозможно е да ги стигни.Си грее 75-80 степени на Prime95 но а идат AVX на сцена одма 100ка крева и тоа со овај кулер :D ама има можност сепак па затоа би било добро сетинзи детални.
     
  20. plens

    plens
    Intern

    3
    1
    4 Август 2015
    Интересна тема , но иако им се допаѓала на неколкумина сепак никој не нашол за потребно да ја започне темава.
    Би било интересно да се проговори за студирањето на дисперзираните студии низ државава каде се завршува со тетратка од 60 листа и каде сто од предметот се нае само цената во евра.
     
    На borcep му/ѝ се допаѓа ова.
  21. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,639
    12,996
    2 Август 2012
    Машко
    Нема потреба да разговараме за квалитетот. Имаме два типа на студенти: талентирани и неталентирани кои завршиле со препишување или [стави причина]
    Оние првите заминале / ќе заминат во EU за плата од 2500+ eur а другите ќе работат во Џонсон Мети за 12,000

     
    OldSchoolPvP, xenon и на borcep им се допаѓа ова.
  22. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Ех, или ќе останат у РМ за плата 50.000+
     
  23. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,443
    15 Јануари 2011
    Машко
    Бев до Бриколаж, гледам има алуминиумски профили 20х27цм перфорирани, обични итн. Има шупливи алуминиумски цефки со фи6мм па нагоре итн. Спојници џиџимиџи итн. Со малку ангажман, за 1000че се склопува штосно куќаре за пц, посебно за овие со ITX димензии (на спратови, најдоле напојување, горе плоча).

    Ни фали DIY - Направи Сам секција каде ќе имаме чекор по чекор сликовито документирани патешествија и проекти од сферата сам свој мајстор со споделување информации како се прави, со кој тип на алат, од каде се набавува алатот, материјалот и сл. Многу сме тапа на ова поле а е премногу интересно. Custom builds е цела наука на запад.
     
    На tomaso, Teget, mviktors и уште 5 други им се допаѓа ова.
  24. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,827
    26,022
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Да сме слабо само на тоа поле... На сите полиња сме слаби. За програмирање нема ништо на форумов, за модинг ништо...ама затоа имаме трговци колку сакаш...
     
    На DarkEnchanter, Teget, krema и уште 5 други им се допаѓа ова.
  25. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,759
    7,207
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Баш пред некое време разгледував постари теми со DIY изведби, абе да ти е мака да погледнеш во што се претворил форумов во последно време, само некои детски глупи теми кои скоро и да немаат некаква корист, освен за моменталната ситуација на членот. Тие активни членови што правеле модинзи и такви заебанции се претвориле во демначи и пасивни следачи, па и ги снемува целосно после некое време, а какви интересни концепти имало пример од КиреАМД, Шифти и ред други.
    Треба човек да фати да прави разноразни зезанции по дома и да постира овде, можеби ќе се врати тој ентузијазам кој што не вклучува ситуации од типот "купив најнова графичка и цар сум сеа". Што е најлошо, омладинава па и постарите не сакаат ни да се потрудат да научат, све на готово или на сигурно одат.
    Ништо не би живнало еден ИТ форум како DIY секција, бидејќи е тема во која секој може да се пронајде и заинтересира.
     
    igor_xxxx, DarkEnchanter, AndrejFerdzo и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...