- Ја почнал/а темата
- #1
знам дека ова на некој ке му биде глупо и смешно ама веднаш да кажам дека не се зезам. јас имам 40 години а синот 9 и не можам никако да го победам у fortnite. да е мојата несрека уште поголема ми прават party со уше еден копиљ другар негов и кога ке се приклучам едниот ме мести а другиот ме пука. не сум гејмер (ама ке станам за инат), а и се што имам играно како помлад се беше на комп. така да маус и тестатура ги владеам, со контролер на ps4 ми е многу потешко да ја контролирам метата, али се навикнувам полека полека. она мака немаат, ама и што да имаат по цел ден тоа играат. така да, дај некој што е по гејмањево и што добро ја игра fortnite нека каже дали има некоја финта, cheat или било што друго да почнам да им се одмаздувам. многу ми е глупо што нема да купам некое појако оружје од нивното или некој појак avatar бидејки тоа што јас го имам (пари) а они немаат не ми помага.
благодарам на сите совети и поздрав!
мора да победам во името на сите родители на форумов!
благодарам на сите совети и поздрав!
мора да победам во името на сите родители на форумов!