• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

„ФОН“ подготвува софтвер за лицата со оштетен вид

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Софистициран компјутерски софтвер кој ќе им ја олесни и овозможи работата со компјутер на лицата со оштетен вид подготвува приватниот универзитет „ФОН“.

За првпат во Македонија младите студенти заедно со професорите и асистентите од Факултетот за информатичка и комуникациска технологија работат на проектот.

Го конципираат новиот модел на софтверот, кој на лицата со оштетен треба да им обезбеди пристап до информации на интернет и компјутерски програми.

Тоа практично значи дека ако се отвори некоја од македонските интернет страници, испишаниот текст говорно ќе биде пренесен преку компјутерот и на тој начин корисникот интегрално ќе може да чуе.

„На тој начин компјутерот може да ви се обрати на вас како корисник и вие како корисник да му одговорите со средство на кое најмногу сте се навикнале, т.е. говорот“, изјави Иван Краљевски, професор на „ФОН“.

Ваквиот тип на софтвер веќе постои, но сега се прави на македонски, а во иднина и на албански јазик.

„Во овој систем постои комплетна имплементација на правоговорот на македонскиот јазик, што значи акцентирање на зборовите според правоговорот, што при перцепција на корисникот лесно се одредуваат границите меѓу самите зборови, како и имплементирани се интонациски фрази“, рече Славчо Чунгурски, професор на „ФОН“.

Проектот влева надеж за лицата со оштетен вид дека ова ќе им помогне во нивното усовршување.

Освен овој истражувачки проект, постои опција во иднина да се отвори и средно училиште за лица со оштетен вид, кои по завршувањето ќе можат да студираат на „ФОН“ во струки кои се блиски до нивната способност.

Извор: А1
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
3,000
509
www.ibiz.mk
Браво за фон да но некако ми делува на маркетиншки трик

се надевам дека не сум во право, но така ми делува.
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Браво за фон да но некако ми делува на маркетиншки трик

се надевам дека не сум во право, но така ми делува.
Сега е моментот кога матурантите одлучуваат каде ќе се запишат :)

Како и да е, одличен потег на ФОН :bravo:
 

gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
2,640
1,095
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Во Linux веќе има програм кој чита текст на македонски јазик (и на кирилица) .. се вика espeek.

Ако не се лажам, Ubuntu т.е. accessibility подршката на Gnome можат да го користат овој програм за да го читаат она што се случува на екранот.

(повторно измислување топла вода?)
 

Lallo

Intern
5 април 2008
8
0
Да ова е чекор за пофалба, но пофалбите ќе ги оставам за на крај, кога ќе го направат софтверот :)
 

chungur

Intern
23 април 2008
2
0
Здраво дечки,

јас сум Славчо Чунгурски и благодарам за Вашата поддршка за развојот на овој софтвер. Со Дамјан веќе договоривме дека ФОН ќе го поддржува it.com.mk со објава на научни статии, така да очекувајте набрзо и некоја статија за овој софтвер.
Што се однесува до тоа дали постои или не постои ваков софтвер, точно е дека eSpeak зборува македонски, но eSpeak е формантен синтетизатор т.е. систем кој зборува премногу роботски. Беше кажано на прес конференцијата дека TTS-MK е првиот синтетизатор на македонски говор БАЗИРАН НА ГОВОРЕН КОРПУС, но новинарите тоа не го имаат цитирано, така да за ова ќе треба да им забележите ним.
Како дополнителна поддршка за it.com.mk очекувајте набргу и екслузивен online тест на TTS-MK на порталот.
 

dani_janev

Intern
19 април 2007
280
7
одлично и за респект...не сакам да баксузирам ама да не биде како многу работи кај нас...почнати ,а никогаш не завршени
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
895
Ohrid
Здраво дечки,

јас сум Славчо Чунгурски и благодарам за Вашата поддршка за развојот на овој софтвер. Со Дамјан веќе договоривме дека ФОН ќе го поддржува it.com.mk со објава на научни статии, така да очекувајте набрзо и некоја статија за овој софтвер.
Што се однесува до тоа дали постои или не постои ваков софтвер, точно е дека eSpeak зборува македонски, но eSpeak е формантен синтетизатор т.е. систем кој зборува премногу роботски. Беше кажано на прес конференцијата дека TTS-MK е првиот синтетизатор на македонски говор БАЗИРАН НА ГОВОРЕН КОРПУС, но новинарите тоа не го имаат цитирано, така да за ова ќе треба да им забележите ним.
Како дополнителна поддршка за it.com.mk очекувајте набргу и екслузивен online тест на TTS-MK на порталот.
off topic
Dobredojde na forumov.

btw. Odlichna zamisla.. Bi bilo ushte podobro dokolku toa se realizira naskoro..
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,712
Мислења
849,201
Членови
29,439
Најнов член
magicdadi
На врв Дно