1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Флешување на Padavan Firmware на Xiaomi Wifi Mini AC рутер

Дискусија во форумот 'Wi-Fi' започната од DrMTR, 1 Март 2016.

  1. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,368
    6,482
    27 Март 2014
    Здраво дечки. Пошо некои изразија желба, да го флешуваат нивните Xiaomi Wifi mini рутери, си реков да склопам еден туторијал како да го направат истото на нивните рутери.

    1. Најпрвин, потребно е да го превземете Developer Firmware од страната на Xiaomi тука.

    Потребно е да се флешува со Developer Firmware затоа што на него е овозможен пристапот преку SSH за разлика од стабилниот ром, кој што не овозможува SSH пристап. Откако го превземавте фирмверот, преку LAN пристапете до вашиот рутер преку адресата 192.168.31.1.

    Навигирајте се по менијата на рутерот, и најдете ја страната за проверка на верзијата на фирмверот на која што треба да пишува "Manualy Upgrade" , како на сликата подолу.

    [​IMG]

    Кликнете на копчето , изберете го Developer firmware-от што го симнавте претходно и потврдете. Почекајте да се флешува фирмверот неколку минути (додека сигналната диода да почне да свети сино)

    2. Откако заврши флешувањето со девелопер фирвмерот, потребно е да направите Mi Account, на линкот. Направете акаунт (ако немате), и откако ке се најавите, ископирајте си го некаде Account Number бројот, како што е прикажано на сликата подолу.

    [​IMG]

    3. Потоа останете најавени на Ми акаунтот, и отворете го во нов таб следниот линк:

    https://d.miwifi.com/rom/ssh?userId=XXXXXXXX

    каде XXXXXX е бројот на вашиот акаунт, што го ископирајте погоре, на пример:

    https://d.miwifi.com/rom/ssh?userId=1603097587

    и отворете го линкот. Ке добиете вакво нешто.

    [​IMG]

    пак ископирајте си ги податоците означени со 1. тие се вашиот username и password за најавување преку SSH, како и симнете го фајлот miwifi_ssh.bin од копчето означено со 2. и птооа повторно на синото големо копче.

    [​IMG]

    4. Потоа превземете го Padavan Firmware-от од следниот линк. Зачувајте го и него. Потоа превземете го и PandoraBox.bin фајлот.

    Готово, тоа се сите фајлови што ке ви бидат потребни за флешување ! :)

    5. Ископирајте го фајлот miwifi_ssh.bin што го симнавте претходно на свежо форматирано УСБ во FAT32 формат. На УСБ-то несмее да има ништо друго освен тој фајл. Уштекајте го УСБ-то во портата на рутерот.

    6. Исклучете го рутерот од струја, и дисконектирајте ги сите LAN кабли од него !

    7. Со чепкалка за заби, притиснете го ресет копчето на рутерот и држете го, а со другата рака вклучете го рутерот во струја. Држете ја копчето Ресет се додека не светне двапати (едно по друго жолто па сино) на диодата напред. Тогаш пуштете го ресет копчето, и уштекајте LAN кабел во порта 1 и во компјутерот соодветно (Не WAN портата ! )

    8. Симнете Putty за да можете да се логирате преку SSH на рутерот користејки ја дифолтната адреса 192.168.31.1

    [​IMG]

    9. Најавете се користејки ги вашите информации што ги ископиравте од Mi сајтот во точката 3. (username најчесто е root а за password користете го пасвордот што го ископиравте претходно)

    [​IMG]

    10. превземете го NFS фајлот, кој што ке ви симулира File Server. Додадете го фајлот PandoraBox.bin во NFS програмчето на следниот начин..

    [​IMG]

    На сликата се гледа линкот селектиран, што ке треба да го користите за да го превзмете фајлот во рутерот. Ископирајте го.

    Во рутерот, откако се најавивте, навигирајте се во tmp фолдерот со следнава команда:

    cd /tmp

    потоа внесете ја следнава команда да го превземете фајлот на рутерот:

    [​IMG]

    Код:
    wget http://192.168.31.XXX/PandoraBox.bin
    каде XXX е ИП пулот што го имате добиено.

    11. Откако го превзмемавте фајлот, напишете ја оваа команда:

    Код:
    cat /proc/mtd
    и забележете дали постои фолдер OS1 или фолдер Firmware или FirmwareStub. овие разлика во имињата на фолдерите се во тоа што Xiaomi неколкупати ги имаат променето OpenWRT фирмверите, па така доколку имате рутер купен поодамна кај вас може ке има фолдер firmware наместо OS1. Кај мене немаше фолдер firmware но имаше OS1.

    [​IMG]

    12. Го флешуваме PandoraBox фирмверот со следава команда.

    Код:
    mtd -r write /tmp/PandoraBox.bin OS1
    почекајте неколку минути да светне сино на диодата напред.

    13. Сега би требал да имате флешувано pandorabox на вашиот Wifi mini. PandoraBox е уствари фирмвер, правен од група кинези, кој што овозможува повеќе можности од фабричкиот шток фирмвере, но сепак нека добар графички интерфејс. Затоа и ке продолжиме со флешување на Padavan фирмверот.

    14. Прекѕ NFS програмчето додадете го и фајлот MI-MINI_3.4.3.9-099.trx што го имате симнато претходно.

    15. Логирајте се повторно преку Putty, но овојпат со ИП адресата 192.168.1.1 и користете root - admin за да се најавите.

    [​IMG]

    Навигирајте се повторно во /tmp фолдерот. Симнете го фајлот во рутерот со командата:

    Код:
    wget http://192.168.1.XXX/MI-MINI_3.4.3.9-099.trx
    16. Флешувајте го Padavan фирмверот со следнава команда:

    Код:
    mtd -r write /tmp/MI-MINI_3.4.3.9-099.trx firmware
    [​IMG]

    почекајте неколку минути додека да светне сино на диодата напред..

    Готово !! Имате флешувано Padavan Firmware на вашиот Xiaomi Wifi Mini рутер. Пробајте да пристапите до него преку 192.168.1.1 користејки admin-admin за Username и Password.
     
    Последна промена: 1 Март 2016
    На shifty, iface, Necromancer и уште 19 други им се допаѓа ова.
  2. Todor91

    Todor91
    On your way to fame

    775
    624
    8 Јануари 2008
    Машко
    А после може да се врати на фабрички фирм.? И не ми е јасно што ќе добијам ако го флешувам со овој фирм.?
     
  3. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,368
    6,482
    27 Март 2014
    1. Може да се врати на фабрички истотака преку флешување со УСБ и соодветен фирмвер.
    2. Ги имам наведено во рецензијата..

    - мoжнoст зa регулирaње нс излезнaтa мoќ нa рутерoт 0-100%. Нештo сличнo кaкo Standard, Wall etc кaј штoк фирмверoт.
    -Англиски јaзик
    - vpn server/client
    - ftp, samba, nfs шеринг сo кoнтрoлa нaд фoлдери преку јузери.
    - гoстинскa мрежa нa 2.4 и 5 гхз спектсрoт.
    - читa нaдвoрешни медиуми без рaзликa нa фoрмaтoт.
    - Transmission тoрент клиент вo сaмиoт UI.
    - Radius Server..
    - Мoжнoст зa извршување нa скрипти
    - регулирaње нa еден тoн wifi пaрaметри кaкo и oгрaничувaње нa вифи- тo пo денoви чaсoви итн..
    - сите мрежи регулaрните и гостинските мoжaт дa имaaт рaзлични сетингси/лoзинки итн..
    - пoддршкa зa шеред принтер
    - пoдршкa зa усб мoдеми
     
    На Nikola Sone, StalkeR, the_maker и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. krema

    krema
    Professor

    10,110
    9,727
    24 Јуни 2009
    Машко
    Дали овој рутер би подржал 3G USB стик како извор на интернет?
     
  5. NERD.

    NERD.
    Gaining Experience

    1,377
    344
    19 Април 2010
    Машко
    Не сум сопственик на рутерчево, ама ме интересира дали има друг начин за спуштање торенти на usb hdd без флешнување на овој firmware?
     
  6. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,368
    6,482
    27 Март 2014
    Дa секaкo. :)

    Дa сo фaбричкиoт фирмвер преку aпликaцијa.
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NERD.

    NERD.
    Gaining Experience

    1,377
    344
    19 Април 2010
    Машко
    Ето рецимо сакам да спуштам торентчиња преку рутерчево, лесно достапни ќе бидат фајловите на сите уреди?
     
  8. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,368
    6,482
    27 Март 2014
    Дa преку Samba.
     
    На NERD. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,248
    517
    3 Април 2008
    супер туториалов, али ова HFS (не NFS туку HTTP file server) програмчево симињање од рандом руски сајт ми е многу сумњиво.
    толку ли нема HTTP (т.е. web) сервери за windows. Нели во windows-от имаше web сервер некој по дифолт.
    Конечно, ете apache е проверен избор.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,368
    6,482
    27 Март 2014
    Безбеден е фaјлoт без гaјле. Јaс гo кaчив таму. Кaкo и дa е алатката е oпен сурс. Превземете јa oд oфицијaлниoт сaјт.

    http://www.rejetto.com/hfs/
     
    Последна промена: 2 Март 2016
  11. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,368
    6,482
    27 Март 2014
    П.С: сегa зaбележaв декa вo тoчкaтa 16 имaм испуштенo дa внесaм firmware нa крaјoт oд кoмaндaтa.aкo мoже некoј модератор дa измени. Oвaa е вистинскaтa команда:

    Код:
    mtd -r write /tmp/MI-MINI_3.4.3.9-099.trx firmware
     
  12. gokica

    gokica
    Модератор

    8,493
    10,506
    13 Јуни 2009
    Изменето.
     
    StalkeR, Krkac, the_maker и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,368
    6,482
    27 Март 2014
    @gokica фала. :)

    некој флешуваше според туторијалот? Проблем некој?
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. the_maker

    the_maker
    Unbeatable

    3,867
    5,942
    14 Август 2014
    Машко
    Браво бе батка, цар си за туторијалов.. Јас ќе го кврцнам тој кутриот мој дома во купот кабли што се гуши :)
     
    На Krkac и DrMTR им се допаѓа ова.
  15. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,368
    6,482
    27 Март 2014
    Што ке ти е кабли, кога на 5Гхз мрежата добиваш поголема брзина од таа што ке ја добиеш преку LAN кабел. ;)
     
  16. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,368
    6,482
    27 Март 2014
    Еве ви упатство што како се конфигурира, објаснето како за дете од 3-то одделение.

    https://bitbucket.org/padavan/rt-n56u/wiki/EN/CommonTips

    Мене конкретно ме интересираше ова , го пробав, функционира одлично на јавна IP адреса. Можеш да си одбереш кои фолдери ке ги споделиш, кои пермисии ке имаат итн. Одлично !!!
     
    На the_maker му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,368
    6,482
    27 Март 2014
    Да ве израдувам. transmission клиентот си работи ОДЛИЧНО !!

    Конфигурирањето е песна !

    [​IMG]
     
    На StalkeR, the_maker, tigar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  18. tigar

    tigar
    Gaining Experience

    124
    98
    28 Јули 2011
    Успешно направен апдејт на фирмверот делумно според туторијалот со една забелешка-

    cd /tmp - да се стави во код како и останатите команди поради тоа што не ја забележав и ме зачуди на прв момент што е работата :)

    инаку она што јас го направив а не е според туторијалот е следново -

    ЧЕКОРИ
    Направете го само чекор 4 од туторијалот т.е. симнете ги потребните фајлови - padavan firmware (.trx) и PandoraBox.bin
    Продолжете со следниве чекори:

    • Вклучете го и сетирајте го рутерот и проверете дали ја има default-ната ИП адреса 192.168.31.1
    • Логирајте се на рутерот и ископирајте го stok параметарот од веб пребарувачот (на пример: "9c2428de4d17e2db7e5a6a337e6f57a3")
    • Заменете го <STOK> параметарот со вашиот што го ископиравте од чекор 2 и копирајте го линкот во вашиот веб пребарувач што го користите, *ова ќе го стартува телнетот на рутерот:
      • Код:
         http://192.168.31.1/cgi-bin/luci/;stok=<STOK>/api/xqnetwork/set_wifi_ap?ssid=whatever&encryption=NONE&enctype=NONE&channel=1%3B%2Fusr%2Fsbin%2Ftelnetd 
      • Кога ќе заврши лоадирањето во веб пребарувачот ќе исфрли код со некоја грешка (тоа и се очекува)
    • Заменете го <STOK> параметарот со вашиот што го ископиравте од чекор 2,
      • <CURRENTPASS> - моменталната лозинка што ја користите и
      • <NEWPASS> - рут (root) лозинката што сакате да ја користите и копирајте го следниов линк во вашиот веб пребарувач
      • Код:
         http://192.168.31.1/cgi-bin/luci/;stok=<STOK>/api/xqsystem/set_name_password?oldPwd=<CURRENTPASS>&newPwd=<NEWPASS> 
      • Со ова се сетира рут лозинката, на крај треба да ви исфрли порака: {"code":0}
      • <CURRENTPASS> - моменталната лозинка што ја користите и <NEWPASS> - рут (root) лозинката што сакате да ја користите и копирајте го линкот во вашиот веб пребарувач што го користите,
    • На крај направете Telnet до рутерот (можете со Putty), за user внесуваме root и лозинката што ја одбравме предходно.
    • После овој чекор се оди според туторијалот на чекор 10
    Јас сакав лично да се уверам дека функционира и ова а и се заштедува доста на време со овој метод. Инаку бев на стабилен MiWiFi Stable 2.8.91 firmware.

    Превземено од - https://wiki.openwrt.org/toh/xiaomi/mini
     
    StalkeR, the_maker и на Stru4nak им се допаѓа ова.
  19. Stru4nak

    Stru4nak
    Gaining Experience

    372
    118
    16 Април 2007
    Фала брат многу искрено јас имав проблем со чекор 3 од првиот туториал не ми го даваше ова чудо но со ова ме спаси.
    [​IMG]
    Фала уште еднаш.
     
    Последна промена: 13 Март 2016
    На DrMTR и the_maker им се допаѓа ова.
  20. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,368
    6,482
    27 Март 2014
    Дечки туторијалот што го имам напишано е 100% функционален и испробан од мене на мојот Wifi mini пред да го постирам овде, така да доколку ги следите сите чекори по ред, нема да имате никакви проблеми.

    Како мислиш со ова чудо те спасил? Сликава е од туторијалот што го напишав.. ТИ дали ги следеше сите чекори , или скокаше некој , па после се врати пак.? Не те разбирам.

    П.С: Имате нов build од денеска. Едноставно флешувајте со фајлот преку WebUI.
     
    На tigar и the_maker им се допаѓа ова.
  21. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,643
    1,428
    27 Јануари 2011
    Машко
    +1 за упатството. Се си работеше како треба. Што викаат колегите енглези spoon-feeding.
    Кај мене само малце запна на ресет, проблем ефтина кинеска ч'чкалица хехехехе морав 2-3 пати да го направам да може да се поврзам на ССХ.
    новиот билд ке го пробам попладне дома.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  22. tigar

    tigar
    Gaining Experience

    124
    98
    28 Јули 2011
    Само да додадам, дека туторијалот е функционален и работи, она што јас го напишав во горниот пост (а членот најверојатно мислеше на тој пост дека го спасил) е само поедноставување во целата оваа процедура. Инаку секоја чест до @DrMTR за издвоеното време, труд и желба да сподели вакви добри работи со останатите...

    Е сега имам едно прашање само, ова со најт билдовите на падаван, како што гледам има скоро секој ден нов билд, каде може да се види changelog и дали има стабилни верзии кои излегуваат на одредено време или само по овој принцип работи ?

    Инаку сега за сега си работи топ падаван фирмверот од линкот во постот #1.
     
  23. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,368
    6,482
    27 Март 2014
    На tigar му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Stru4nak

    Stru4nak
    Gaining Experience

    372
    118
    16 Април 2007
    Да ги следев чекорите и пишував https://d.miwifi.com/rom/ssh?userId=овде мојот број и ми даваше сосема друго нешто.
     
  25. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,368
    6,482
    27 Март 2014
    Нештo си утнaл.. Рaбoти нa тoј начин 100%, пoшo сликите ми се непосредно при флешувaњетo
     
Слични теми
  1. DrMTR

    Рецензија Mi Wifi Mini Wireless AC рутер

    DrMTR, 18 Јули 2015, Во форумот: Wi-Fi
    Одговори:
    481
    Прегледи:
    37,111
  2. spiritBreaker
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    482
  3. -echo-
    Одговори:
    53
    Прегледи:
    3,322
Вчитување...

Сподели

Вчитување...