• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Flash vs. JavaScript: Конфликт

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

DF-1

Intern
13 септември 2007
98
2
Дали некој има слушнато за конфликт помеѓу Flash и JavaScript ?
Имено, проблемов е следниот:


  • Имам банерче во Flash - некоја едноставна анимација.

  • Сакам кога покажувачот на глушецот ќе биде врз банерот, од страната (лево или десно, горе или долу) да се појавува tooltip прозорче направено во JavaScript.

  • Со секое помрднување на глушецот ВО рамките на банерот, се ажурираат и неговите координати - односно tooltip-от се поместува како што го поместуваме глушецот.

  • Со излегување на покажувачот на маусот од банерот, tooltip-от исчезнува.

Конфликтот кој се појавува е следниот: Flash има тенденција да биде top-most, односно секогаш да биде над JavaScript, иако веќе се обидов со нагодување на z-index својството. Другиот конфликт е тоа што ако анимацијата е веќе започната, JavaScript-от како да се игнорира - нема знаци од негово активирање. Истото се случува при употреба на AJAX и Flash (Но, АJAX е во основа JavaScript, па така се сведува на истото.)

Ве молам за детални, конкретни сугестии.

Благодарам
 

jpetrov

Intern
19 мај 2007
136
0
http://blog.deconcept.com/swfobject/

Употреби го SWFObject наместо класичното ембедирање на флешот и ќе добиеш cross-browser компатибилност. Имаш параметар за да биде транспарентен така да пред него може да минат дроп-даун менија и слично.

Ова е класична грешка на повеќе дизајнери. Има повеќе решенија, но ете ова мене ми заврши работа. Работи ок и во Фајрфокс, Интернет експлорер и Опера, што за мене е задоволително.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,548
Мислења
823,089
Членови
28,059
Најнов член
Даниел2222
На врв Дно