1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Fiverr од А до Ш

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од Alucard, 9 Декември 2019.

  1. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,817
    1,654
    22 oктомври 2012
    Машко
    @TheMarshal: Share your knowledge :)
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  2. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,883
    1,453
    10 Август 2010
    Машко
    Иако имам работено од Февруари 2017 до Октомври 2019, не сум следел што баш се дешава на платформава (пр. не сум знаел дека имале IPO), но што подразбираш под чистење на платформата?

    Доста ме иритираше тој нивниот blind rating што го воведоа, за да го видиш рејтингот што ти го оставил купувачот, треба првин ти да му оставиш рејтинг него. Доколку во рок од 14 дена си му немал оставено рејтинг, оценката негова станува публична, но ти веќе не можеш него да му оставиш.

    Сум имал доста ситуации кога клиентот ти вика - "еј супер дизајн, многу ми прави мерак" и ти остава 2-3 ѕвезди.
     
    На TheMarshal и Alucard им се допаѓа ова.
  3. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    330
    436
    3 Јануари 2019
    Машко
    Фајвер е фриленсинг платформа што може да биде доста профитабилна, ако одвоите време и се преставите како што треба. Како што напоменаа во темата за Upwork, дури и ако не си 10000000% посветен, претставува одличен начин да заработите некое денарче на страна.

    Јас кога почнав на фајвер, платформата беше фокусирана на ситни работи и претежно безвезни гигови. Во последно време, се повеќе се работи на тоа фајвер да биде посериозна платформа. За цел на тоа воведоа неколку нови функционалности на сајтот, како што е FiverrPro и Learn by Fiverr. Се форсираат услуги кои се попрофи и повеќе платени. А во заден план се ставаат гатачките и пранковите кои беа карактеристични до пред извезно време.

    ШТО ДА НЕ ПРАВИТЕ!

    Пред да почнете да работите на Fiverr, пробајте да одбегнете читање на квази блогери и Fiverr Gurus, тие најчесто даваат многу лоши совети. На кратко, советите кои најчесто се сугерираат по тие блогови се:

    1) Користете слика од женско.
    2) Пишувајте на други sellers да ви дадат работа.
    3) Споделувајте ги вашите гигови на forum.fiverr.com и редит.
    4) Продавајте било што, што може лесно да го научите на YouTube.
    5) Едитување на темплејти од GraphicRiver, Videohive итн.
    6) Копирајте гиг на веќе етаблиран seller.

    ОВИЕ СОВЕТИ ШКАРТИРАЈТЕ ГИ ОДМА! Бидејќи најчесто ќе доведат до ваше банирање од платформата или во најмала рака до еден куп негативни рецензии.


    Што да направам пред да почнам со Фајвер? (ЗА ПОЧЕТНИЦИ)

    Најбината работа е да имате некоја вештина што можете да ја уновчите. Праксата покажува дека најголем дел од новите корисници (читајте Индуси и Пакистанци) почнуваат без да знаат ништо и мислат дека така се заработува на фајвер. Ова е заблуда и може да го воочите на Редит и официјалниот форум на фајвер.

    Меѓусебно, заедницата на Фајвер овие луѓе ги нарекува "Meksels". Тоа е кованица од зборовите "Make" и "Sale", бидејќи често браќата од Индија викаат "I need mek sel sir. U help me?".

    Потоа прва работа што треба да ја направите е да ги прочитате условите за користење (terms of service). Јас ќе наведам само неколку работи:
    - За разлика од Upwork, на фајвер е стриктно забрането комуникација со вашите клиенти надвор од платформата. Колку и да ви е тешко да се навикнете, тоа е.
    - Никогаш не барајте од клиентот да ви остави рецензија.
    - Не бидете плагијатори! (Користете ваши оригинални слики и описи)


    Како да бидете конкуренти и што да нудите?

    Да појдеме дека вие сте лого дизајнер. Кога ќе побарате, ќе видите дека има премногу конкуренција и најверојатно ќе се демотивирате. Но, убаво разгледајте и прочепкајте што нудат конкурентите. Ќе приметите дека многу од нив не нудат никаков "added value" на нивните огласи. Видите што може да биде таа додадена вредност кај вас и вашиот гиг.

    Исто така, за да бидете поконкуретни може да се фокусирате на одреден тип на лого:
    - Bauhaus style logo
    - Vintage logo
    - Brutalist logo
    - Logo for your band
    - Logo for e-sports team

    Можностите се големи, само треба да погодите niche што не е многу конкурентен или е релативно нов.

    Како почетници, моја сугестија би било да наплаќате малку поевтино за разлика од вашите стандардни цени. Па со тек на време, како качувате левели и добивате се повеќе рецензии покачувајте ги вашите цени. Рецимо, за почеток напаќајте $40 за едно лого, но со тек на време покачете ја цената на $100.
    (цените ги лупнав од ракав, бидејќи тие не се целосно објективни, различни фактори влијаат на цената)

    Што понтаму:

    Најбитниот момент е правилно да ги креирате вашите гигови. Во овој дел од мислењето ќе зборувам повеќе за тоа.

    За разлика од другите платформи, каде што сме научени ние да аплицирами на проекти и да бараме клиенти, на Фајвер не е така. На оваа платформа вие треба да имате Gig, односно тоа е вид на оглас за услугата или прозиводот што го нудите.

    Прватата средба што вашите клиенти ја имаат со вашиот оглас е преку пребарувачот. Односно, за услугата што ја бараат им излегуваат различни сликички од гигови поврзани со нивното пребарување.

    Подолу ќе објаснам што се сочинува еден гиг и како треба да изледа тој. Со цел да ви биде појасно, за пример ќе земам гигот да биде за лого дизајн за бендови.

    1) Слика за вашиот гиг:
    Првата средба со вашиот оглас е преку сликичката на вашиот гиг. Сликичката треба да има некаков вид на слоган или call-to-action. Бидејќи почнавме со примерот за band лого. Вашата слиличка ќе треба јасно да го искомуницира тоа.

    Доколку нудите работни фајлови во вашиот пакет, истотака, тоа треба да биде искомуницарано на сликичката. Тоа е една од додадените вредности што ја нудите.

    2) Насловот на вашиот гиг:
    Според примерот со кој почнав. "I will design stylish logo for your band", "I will design eye-catchy band logo" или нешто во тој фазон.

    3) Што треба да содржи вашиот гиг description:
    Пред се, описот на вашиот гиг треба да биде краток и јасен, со што помалку граматички грешки. Ова е вашиот sales pitch, cover letter или кажете го како сакате.

    Ако биде гиг за дизајн на лого на бенд:

    "Every famous band, regardless of the genre they perform, has only one thing in common... that's good logos."

    "When someone mentions Nirvana, the first thing you picture is the smiley face from their logo..."

    Потоа објаснувате што нудите вие.

    "The following things are covered in my basic package:
    - One logo concept for your band
    - The print-ready and editable source file
    - thing 3
    - thing 4

    На крајот треба да има една завршна реченица:

    "If you are hesitant or if you have any questions do not hesitate to reach out to me. It will be my pleasure to answer your questions or send you a custom quote tailored for your specifications"

    Тоа е тоа, пробајте да бидете оригинални и да се претставите на најдобар можен начин.

    ЕДИТ: Користете Grammarly!

    4) Gig Extras - Што да понудам таму?
    Се што мислите дека би му користело на клиентот како есктра услуга ако тој нарача лого од вас.

    Како неколку примери би ги одвоил:
    - Втор концепт за логото
    - Логото во повеќе бои
    - Визит карта, постер за нивниот бенд.

    5) FAQ
    Овде треба јасно да ги објасните сите ваши услови. Дали нудите рефундирања, што нудите и слични работи со цел да одбегнете непријатни ситуации.

    6) Останати сугестии:
    Никако да не спомнувате:
    "I will work until my client is fully satisfied"
    "I issue refunds if you do not like my work"

    Барем на фајвер, тоа е како магнет за scamer-и да купуваат од вас и ќе си имате голема нервоза и проблеми.

    Со тек на време, како се унапредувате и се менува пазарот и трендовите, менувајте ги вашите цени, упдејтувајте го вашите gig photos и descriptions. Значи ова не е нешто што еднаш го правиш и толку, ова е нешто што барем еднаш во годината треба да си го разгледате, ревидирате и приспособите според условитеи сегашните трендови

    Бидејќи сум кнап со време вечерва. Ова ќе го направам како серија од мислења во кои ќе дискутирам за повеќе проблематики околу Фајвер. Така да, слободно пишете сугестии што би сакале да бидат продискутирани во наредниот пост.

    Еве неколку теми како пример:

    Како функционира Фајвер? (провизии, систем на нарачка, комуникација со клиент)
    Како да формирате цена и вашите пакети?
    Што претставува агенција/тим?
     
    Последна промена: 9 Декември 2019
    На beret, toshex, Astro и уште 21 други им се допаѓа ова.
  4. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    330
    436
    3 Јануари 2019
    Машко
    Направив неколку корекции. Ако има нешто нејасно или граматички неисправно, пишете ми за да можам да го корегирам.

    Пример, порано во одредена категорија имало 1000 гигови, денес има 200. Доста селери беа блокирани.


    Да, но добро е што сега тоа е променето. Така да, секогаш во првиот рејтинг пишувај генеричка порака како "Thank you!". Веќе кога ќе го видиш фидбекот, имаш право пак да коментираш и да ја споделиш твојата страна од приказната. Ке пишам и за ова, како да одговорите на негативна рецензија.

    Друга работа што заборавив е системот на leveling, што е доста комплициран и ќе пробам да го објаснам во наредните мислења.
     
    Alucard, Nikola Sone и на psyside им се допаѓа ова.
  5. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,503
    25,564
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Фала ти друже за споделените информации,
    Напоменав дека долго време не сум работел на fiverr и од тогаш како што гледам многу работи се промениле.
    Па мене би ме интересирало (имам една идеа за продажба на fiverr) како најдобро се прави промоција на гигот? Што е whitehat за да го бусташ гигот за повеќе нарачки.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    330
    436
    3 Јануари 2019
    Машко
    Никогаш немам користено нешто за да го бустам директно гигот надвор од платформата. Имам познаници, кои користат нивни веб страни вон фајвер за да си ги промовираат нивните услуги и имаат посветено доста време и пари за SEO до нивниот блог што им е funnel до нивниот Фајвер профил. Останати користат фејсбук реклами (ова го прави еден copywriter што го знам и добро му иде). Али на него најевтиниот гиг му е $50-60 за слоган, па веројатно тоа му влегува во буџетот. Има луѓе што таргеритраат фирми директно на LinkedIn. Се зависи од тоа што сакаш да продаваш, за која цена и кој тие е таргетот.

    Лично, посветувам најмногу внимание на што имам во bundle-от што го нудам. Тука треба да знаеш како да направиш upselling. Исто и description-от игра улога и сликите.

    Вака, тогаш наредното мислење ќе ми биде за како да се постави цена, upselling и како подобро да ги оптимизираш пакетите и услоги кои ги нудиш.
     
    M.Pix, Alucard и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  7. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    834
    892
    9 Декември 2015
    Машко
    Од моето долгогодишно искуство со Фајвер, можам да кажам дека платформата наменски генерира резултати од побарување. Откако ги воведоа тие т.н. PRO корисници се се поремети барем кај мене. Ги форсираат ПРО, форсираат нови корисници, постојани и тн. како ќе им текне и како им одговара. Пред 2 години ми се обратија и замолија (како еден од топ 10 селери со месеци во популарно niche) да ги зголемам цените, со ветување дека ќе ми покријат прв месец ако имам загуба. Навистина немаше проблем и зараобтката се зголеми, но после 3-4 месеци се тргна надоле, џабе контактирав со тие нивни т.н. success managers прифаќав нивни сугестии ама ништо. Некако се разочарав, но ги охрабрувам луѓето да пробаат, можеби ќе имаат поинакво искуство.
     
    Alucard, Nikola Sone и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  8. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    330
    436
    3 Јануари 2019
    Машко
    Pro селерите се одвоени од стандардниот search сега. Треба да активираш филтер или да идеш на pro.fiverr.com.

    Тука се солгасувам со тебе. Фајвер има пикови, неколку месеци во годината ќе ти бидат многу слаби, а останати ќе ти бидат многу добри. Мислам дека тука игра голема улога приватниот фидбек и нивното постојано играње и менување на алгоритмот.

    Затоа и викам, редовно (барем еднаш годиншно) треба да си правиш ревизија на гигот и да го променуваш според трендовите. Ако не ти иде намалуваш цени, посе тоа пак зголемуваш.

    Имам слушнато од неколку top-rated-sellers дека success managers не помагаат како што помагаа порано. Лично никогаш не ми бил доделен Success Manager, така да пренесувам што ми кажале други.
     
    На Ragnar и Alucard им се допаѓа ова.
  9. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    834
    892
    9 Декември 2015
    Машко
    ^
    И заборавив да додадам дека да не беше Fiverr, можеби никогаш немаше да станам full-time freelancer. За тоа ќе им бидам вечно благодарен :)
     
    На beret и TheMarshal им се допаѓа ова.
  10. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,883
    1,453
    10 Август 2010
    Машко
    Доколку исчистиjа копирани гигови е сосема ок, на моjот гиг имаше 20 копии со исти слики и текст. Прво време лупав репорти, после тоа баталив, ниту еден гиг не беше тргнат.

    Мех, ова не е решение. Да очекуваш од продавач да ти остава реален фидбек... Тогаш би требало на секоj трет да му оставам 0 реjтинг.

    ----

    Можеби на некого ќе му помогне, нудете unlimited revisions! Звучи страшно, но во просек клиентите ми барале 2-3 ревизии. Секако имало и куртони, кои и после 10 ревизии не беа задоволни и бараа refund, но таквите ги приjавував и 90% од случаите тие нарачки беа затворени во моjа полза.

    Клиентот ментално ќе му биде полесно да нарача од тебе, мислеjќи дека ако нешто трпне наопаку, ќе има можност да се поправи тоа. На пракса е сосема друго, доколку после 3-4 ревизиии сфаќа дека не е тоа тоа - понатаму не бараат ревизии.
     
    На zdravkovskii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    330
    436
    3 Јануари 2019
    Машко
    Ако збориме за reply на review:

    И на Upwork е така. Не гледам ништо спорно во ова. Зашто сепак, ако ти остават негативен фидбек, пак можеш да направиш reply и да си ја кажеш твојата страна од приказната. Heck, можеш да ставиш линк од imgur каде што клиентот ти вика "The design is exceptional! Let's complete it." Со што го побиваш неговото негативно ревју.


    Ако збориме за review на клиент:
    Овдека ќе се согласам со тебе. На клиент никогаш не оставам негативен feedback. Имаше дискусија на официјалниот форум на Fiverr дека во неколку наврати клиенти барале refund ради тоа.

    НЕ, НЕ НИКАКО ОВА!

    Можеби би фунционирало во оклности кога сте почетник на платформата, но не понатаму. Unlimited Revisions асоцира со low-quality услуга или со фриленсер што нема доволно искуство или пак не е сигурен во своите вештини. Нудете најмогу до 3 ревизии во вашите гигови, тоа е најдобар начин да одбегнете клиенти кои ќе ви бараат повеќе од 10 ревизии од самиот старт.

    Не верувам дека ова е точно и дека ги затварале во твоја полза. Бидејќи како што знам customer support има инструкции како да постапи во овој случај и не се такви. И праќаат порака (парафразирам):

    "We encourage the buyers to solve any issues using the resolution center... Unfortunately, we are not able to make any buyer accept the delivery."

    Што значи, доколку вашиот клиент не погрешил и прекшил нешто од условите на корситење нема да биде во ваша полза.

    Ова ти што го кажа е можно ако си top-rated или pro seller па можеби имаш некоја олеснителна околност. ;)


    Може да се извлечете во случај доколку цитирате делови од Terms of Service:

    - Buyers who abuse the Request Revisions button to gain more services from Sellers beyond the agreed requirements.
    - Orders are not eligible to be canceled based on the quality of service/materials delivered by the Seller if the service was rendered as described in the Gig page. Buyers may rate their experience with the Seller on the order page, including the overall level of service quality received.

    Што значи, за да биде во ваша полза еве што може да искористите:

    "It is evident, from the conversation happening on the order page that my client breaches the terms of service. I'd like to quote that according to the XY paragraph from that section of the Fiverr's Terms of service, he tries to abuse the "Request Revision" button in order to gain an extra service from me, which by the way, isn't in the scope of the packages which he had purchased."

    Или пак на вашиот клиент можете да му пишете:

    "According to the terms of service, which both of us had agreed upon signing up on Fiverr, an order isn't eligible for a refund based on the quality of the service, if everything was delivered as described in my gig description and FAQ section on my gig. You can read more on this link in section XYZ of the ToS.

    [Terms of Service Link]


    Едит: Секој има различно искуство. Можеби на Данил му фунционирало Unlimited Revisions, на друг не. Но мојата лична препорака е никогаш да не нудите неограничен број на модификации.
     
    Последна промена: 10 Декември 2019
    D3N1EL, Fatal1ty_ и на M.Pix им се допаѓа ова.
  12. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,883
    1,453
    10 Август 2010
    Машко
    Секако дека не сум пишувал во customer support, дека клиентов не знае што сака - даjте ми ги парите.

    Памтам 2 случаjа кога клиентот ми викал 2 пати на еден дизаjн дека е ок, но сакам да додадеш или трнеш нешто и на 3та ревизиjа - не, ова не го бива, даj сосема друго. Сум идел во пресрет, но и со новиот дизаjн се повторуваше истото. Тогаш одма пишував во customer support, дека клиентов ме манипулира и нарачките биле затворени во моjа полза. Не знам дали е случаjност, но од customer support сум немал потврда, дека они нешто направиле.

    Во однос на лимитираниот броj на ревизии, и во твоето има вистина, но мене не ми пречело тоа. Сепак тие доплонителни ревизии ми беа вкалкулирани во цената на гиговите.
     
    На TheMarshal и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  13. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,503
    25,564
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ме натеравте да се најавам на fiverr да видам како стојат работите (беше тешко ниеден пасворд не памтев) и видов дека устари за 20 месеци вкупно колку што сум работел сум заработил добри пари.
    Од три профила на најакиот имав $3900, на другиот $460, и на последниот $330.

    Е сеа дали да активирам некој од овие профили за новата идеа (гиговите не се поврзани со предходните, сосема нова тема) или да си отворам нов?

    Дали има некоја разлика дали е нов или стар акаунт?
    Дали форсираат стари акаунт или немаат таква политика?
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    330
    436
    3 Јануари 2019
    Машко
    Не реков тоа. Колку и да бидеш учтив, не се нафаќаат да затворат нарачка. Најверојатно, му праќаат ToS Breach предупредување на клиентот. Или евентуално ако нарачката ти била испорачана, па без да стисне клиентот на "Request a revision" копчето си течело времето. Па поминале тие 3 дена и нарачката се затворила.

    Можеби ова било пред 3-4 години кога од CS беа многу полабави во тој аспект.


    Некои викаат дека нови селери се форсирани во последно време.

    Мојот совет е, да избиришеш тие два вишок акаунти. Можно е да добиеш warning за duplicate accounts или пак целосно да те банаираат (не дозволуваат повеќе од 1 акаунт на една IP адреса, плус во последно време ги пратат и јавните VPNs). Фокусирај се на тој што имаш најмногу оценки и рецензии, останатите два одма бриши ги или заборави ги, не ги отварај воопшто.

    Ако не ти успее за 2-3 недели, избриши го тој што ти е со reviews и отвори нов.
     
    Последна промена: 10 Декември 2019
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,503
    25,564
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ќе креирам нов за да биде уса земја. Со vpn. Ќе ми помогне за таргетирана публика од америка.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    330
    436
    3 Јануари 2019
    Машко
    Пази што VPN користиш. Затоа што последен пат кога ги прашав Customer Support ми рекоа дека е забрането користење на VPN. Така да, ако е некоја што е private server или има помалку корисници би ти било најсигурно.
     
  17. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    330
    436
    3 Јануари 2019
    Машко
    Денес имам повеќе слободно време, па ќе продолжам со пренесување на моето искуство од Фајвер.

    Gig Packages:

    Кога сетирате еден гиг и ќе завршите со работите за кои дискутирав во моето претходно мислење, на ред е да ги структурирате вашите пакети. Во суштина, "Gig Packages" претставува bundle на услуги што го нудите. За тие што работеле во минатото на Fiverr, познато им е дека цената на вашите гигови можеше да биде само $5. Но, по воведувањето на пакетите, ние, продавачите на Fiverr, имаме слобода самите да си ја одредиме цената на нашата услуга.

    Фајвер овозможува да имате три пакети на услуги, основен пакет (basic), стандарден пакет (standard) и премиум пакет (premium).

    Basic пакетот - треба да биде тоа што го нудите во основната услуга, без ништо дополнително. Односно, се тоа што имате дефинирано во описот на гигот. За да подедноставам, ќе дадам неколку примери.

    - Logo Design: Ќе нудите еден концепт на лого, вектор и 1 модификација.
    - Voice over: Ќе нудите до 150 збора.
    - Content writing: Ќе нудите текст кој е SEO оптимизиран и до 350 збора.
    - Web design: Ќе нудите само landing page и до два дополнителни таба.

    Standard пакетот - овој пакет според моето лично искуство треба да биде вашата "Best Buy" опција, т.е да биде структуриран така што ќе има најдобра вредност за вашите потенцијални клиенти.

    - Logo Design: Ќе нудите два концепта, вектор, три модификации, краток style guide.
    - Voice over: Ќе нудите до 300 збора со вклучен noise reduction.
    - Content writing: ќе нудите текст, кој е до 400 збора, SEO оптимизиран и research за темата.
    - Web design: Ќе нудите дизајнирање на целосена веб страна, која ќе има до 8 таба.

    Premium пакетот - овој пакет треба да биде оптимизиран да ги таргетира потенцијалните клиенти кои се заинтересирани за целосно решение со сите екстра услуги.

    - Logo Design: Ќе нудите два концепта, логото ќе биде оптимизирано да функционира на светли и на темни позадини, ќе има до 5 модификации, stationary kit и детален style guide.
    - Voice over: Ќе нудите до 300 збора со вклучен noise reduction и lossless audio file.
    - Content writing: Ќе нудите текст, кој е до SEO оптимизиран, до 500 збора, и исполнува одреден score според Flash-Kincaid скалата.
    - Web design: Ќе нудите целосно web страна со модифициран темплејт (ако е WP), инсталирање на SSL серфикат и имплементирање на основни e-commerce features.

    ЗАБЕЛЕШЛКА: Пакетите кои ги наведов се само пример, сепак, тие треба да бидат формирани според тоа што мислите вие дека треба да има. Јас само дадов примери како да вие е полсесно на вас при структурирање.


    Од кога ќе бидат формирани пакетите, останува да размислите како да ги формирате цените на тие пакети. Само да напоменам, овдека нема да зборувам за колку и како да ги наплаќате вашите услуги. Туку, каква да биде ценовната структура на вашите пакети, нели со цел да ги насочите клиентите да купат некој од поскапите пакети, а со тоа да ги максимизирате вашите приходи.

    Едно и едиствено правило е - никогаш да немате преголеми разлики во цените на пакетите. Според разлчни мислења што имам прочитано по форуми, редит, а и од моето лично искуство, имам забележано дека доколку разликата во цените не е драстично различна, клиентите гледаат поголема вредност во поскапите пакети.

    Лош пример:

    Основен Пакет $10 - еден концепт на лого со една модификација
    Стандарден Пакет $100 - десет концепта на лого, вектор, до три модификации и едноставен style guide
    Премиум Пакет $999 - дваесет концепта на лого, вектор неограничени модификации и детален style guide.

    Ова е лоша структура, бидејќи разликата во цената на пакетите е X10. Реално, во ваква струкгура клиентот не гледа нешто плус ако плати 10 пати повќе за наредна услуга. Плус, никој не е заинтересиран само во квантитетот, повеќето клиенти ги инетерсира квалитетна услуга.

    Добар пример:

    Основен Пакет $50 - еден концепт на лого, вектор и една модификација
    Стандарден Пакет $80 - два концепта на лого, вектор, до три модификации и едноставен style guide
    Премиум Пакет $160 - два концепта на лого, вектор, до три модификации, детален style guide и stationery kit.

    Oва е добра структура, бидејќи разликата во цената на пакетите не е преголема и најголемиот дел од потенцијалните клиенти ќе се решат да го нарачаат стандардниот пакет, бидејќи добиваат многу поголема вредност ако доплатат есктра. Додека премиум пакетот си останува да ги таргера луѓето кои што се спремни да платат повеќе со цел да имаат one-stop-shop што ќе им го заврши целиот branding.

    ЗАБЕЛЕШЛКА 2: Цената која ја дадов е само за пример, моментот кој треба да се запомни е да немате голема разлика во ценаите.

    Во принцип, ова е мојот бизнис план со кои ги насочувам најголемиот дел од клиентите да го купуваат мојот стандарден пакет. Сигурно некој друг од членовите има друго искуство и свое мислење и би било добро да се спореди и нивното, па вие самите да одлучите кое ќе биде најдобро за вас.

    Бидејќи неколку пати го менував мислењето и додавав и бришев реченици, повеЧКО од можно е да имам направено некоја грешка. Однапред се извинувам за тоа, слободно цитирајте ме и ќе го корегирам тоа.

    Наредниот текст ќе биде за провизиите, начинот на исплата и chargebacks.
     
    На Torlakian, DeeJayZone, Ceco и уште 5 други им се допаѓа ова.
  18. Trtka

    Trtka
    Intern

    52
    42
    11 Април 2018
    Ме интересира дали кога земеш тест ако си во топ10% има некакво значење.
     
  19. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    330
    436
    3 Јануари 2019
    Машко
    Само украс.
     
Слични теми
  1. NIKIHACK
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    807
  2. shooter#1mk
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    892
  3. stefan_v
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    1,198
  4. dArrkii
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    1,270
  5. Hristijan_95
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    1,926
Вчитување...

Сподели

Вчитување...