Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Фискални каси - Софтвер и имплементирање функции

27 јуни 2019
12
19
Здраво на сите!
Ја започнав темава на форумот „Фискални каси - Софтвер и имплементирање на функции“. Ваква тема не била започната тема подолго време, па сметав дека е добро да се отвори. Во моментот изработувам софтвер за фискална каса во Java и сум почетник во изработката на софтвер од овој тип. Би сакал да се информирам (притоа да се информираат и останатите кои се заинтересирани за ова) како може да се изврши имплементирање на општите функции за печатење, како што се: фискална сметка, издавање на дневен извештај, издавање на месечен извештај и слично, во самата програма. Како фискални принтери ги наведувам Synergy SY55 и Synergy SY250. Дали постои некаков туторијал, дали се тоа некои фајлови кои може да се преземат и поврзат... Едноставно кажано - На кој начин се вградуваат, односно поствавуваат претходно-наведените функции?

Благодарам однапред :)
 
27 јуни 2019
12
19
На пример се почнува на сајтот на дилерот на истите, т.е. Акцент.
Преземања | Accent

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk

Кој е следниот чекор? Претпоставувам е да се направи генерирањето на .in фајл од програмата и потоа да се изврши ecrprint.exe откако фајлот ќе биде генериран.
Дали во некој друг програмски јазик како C# ова би се завршило полесно?
 

marv

Unbeatable
5 октомври 2007
5.081
4.619
Кој е следниот чекор? Претпоставувам е да се направи генерирањето на .in фајл од програмата и потоа да се изврши ecrprint.exe откако фајлот ќе биде генериран.
Дали во некој друг програмски јазик како C# ова би се завршило полесно?
Мислам на истиот линк имаат и .net библиотека некоја за комуникација со принтерот/касата директно. Сепак од искуство (мада одамна немам нешто тазе напраено, нема резон и потреба, пошто пазарот е презаситен), најлесно и без главоболки на документирани/недокументирани функции и слично, е оној со генерирање текст фајл.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
27 јуни 2019
12
19
Мислам на истиот линк имаат и .net библиотека некоја за комуникација со принтерот/касата директно. Сепак од искуство (мада одамна немам нешто тазе напраено, нема резон и потреба, пошто пазарот е презаситен), најлесно и без главоболки на документирани/недокументирани функции и слично, е оној со генерирање текст фајл.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk

Благодарам многу :)
 

Sergej123

Intern
22 август 2019
2
0
Здр дечки,
Дали има некој .in фајл за Synergy SY250 со потребните објаснувања за кодовите. Не можам да се снајдам со објаснувањата на страната на Акцент. Позз
 

Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
911
82
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
VERP има можност за различни типови на бизниси.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.233
Мислења
977.054
Членови
35.543
Најнов член
Dime19
На врв Дно