1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Фирма во Естонија како e-resident?

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од petelko23, 5 ноември 2018.

  1. petelko23

    petelko23
    Intern

    31
    18
    5 Август 2011
    Дали некој на форумот има искуство со отварање на фирма во Естонија, како e-resident?

    Естонија ја нуди оваа услуга од пред некоја година. Ме интересира какви се нивните даночни правила, и колку се оперативните трошоци?

    Доколку отворам фирма таму, и примам пари преку фактури и пејпал во фирмата во Естонија, и сите пари си ги префрлам на лична сметка во Македонија во банка, преку SWIFT трансакција, дали сум подложен на данок во Естонија, и колкав е тој данок? Од ДДВ во Естонија би бил ослободен, бидејки ќе издавам фактури во странство.

    Секаква информација во врска со ова би била добредојдена.
     
  2. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,157
    1,243
    11 Март 2011
    На petelko23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. smole

    smole
    Unstoppable

    3,268
    3,788
    18 Април 2007
    Против двојно одданочување е договорот.
     
    artweb, damil, Zippo и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,157
    1,243
    11 Март 2011
    Тоа мислев, тоа и му треба, најдобар совет е да се прочитаат тие 20 страни, се има во нив, што е резидент, двоен резидент, кому плаќа и сл.
     
  5. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    983
    1,722
    20 Јануари 2015
    Машко
    Зошто би отварал фирма во Естонија ?
    Нормално дека ќе плаќаш даноци во Естонија ако отвориш фирма во Естонија. (данок на добивка и персонален данока на доход) и да имаат некој ослободувања за ,,странски иснвестиции" не верувам дека ќе поминеш поефтино отколку овде да отвориш фирма.
    Едниствена логига има отварање фирм во Естонија ако клиентот инсистира да имаш фирма во рамки на ЕУ. Ова можност ја воведоа Естонците за фирми и поединци надвор од ЕУ кој сакаат да работаат во рамки на ЕУ (со цел да користат привилегии за ЕУ пазар највеќе заради царините), а за возврат секако ќе си даночат естонците, данок на добивка кај Естонците е 20 % ако не грешам, кај нас е 10%.
    И овде да отвориш фирма ќе бидеш ослободен од ДДВ, ако работаш за надвор.
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. P.Overdrive

    P.Overdrive
    Gaining Experience

    463
    496
    23 Јуни 2010
    И, како ќе прима пари преку PayPal со македонска сметка?
     
    На Mr.Jack и l1d0v1c им се допаѓа ова.
  7. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    635
    1,359
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    И како ќе функционира со македонска сметка кога ниедна од нашите банки не се под SEPA.

    Во Македонија отвораш фирма само ако целиш кон македонски пазар.
     
    На damil и P.Overdrive им се допаѓа ова.
  8. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    802
    699
    27 Јуни 2012
    Поевтино ќе те фати во Балгарија да отвориш.
     
    На BlackOuttheWoRlD и Zippo им се допаѓа ова.
  9. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    983
    1,722
    20 Јануари 2015
    Машко
    А зашто преку PayPal ? нека си наплаќа директно (bank transfer) на македонска сметка.
    Ако клиентот прифаќаа услуги од физички лица, нека си тера како физичко лице, ќе си плати како физичко лице 10% персонален и ајт со здравје.
    Ако клиентот бара фактури од правно лице ќе мора фирма да отвори, ќе плаќа данок на добивка 10% на чиста добивка (разликата помеѓу приходи -разлики), овде има и многу даночни олсенувања, така на пример ако годишните приходи се до 50.000 евра не плаќа ништо данок на добивка.
    Е сега за да ги повлече парите од жиро сметка на правно лице на негова транаскциска сметка (како физичко лице) треба да плати + 10% пероснален данок меѓутоа и овие пари влегуваат во делот расходи за данок на добивка, што значи ќе плаќа помалце данок на добивка.
    Нема поефтино да си помине со гимнастики во Естонија, никоја држава не дава поволности, даночни или било какви ако нема ќар од тоа.
    Ако работи за надвор, и во двата случаи (правно и физичко) е ослободен од ДДВ.
    Овој дел не го разбирам баш. Има еден куп македонски фирми (особено ама не исклучиво од ИТ индустрија) со домашен или странски капитал кој работаат исклучиво за надворешен пазар.
    Како овие функционираат ?
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  10. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    635
    1,359
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    Има одредени компании во светов (најчесто USA based) кои едноставно не сакаат да чујат за праќање пари во банки кои не се под SEPA. Ова го кажувам од лично искуство, во 3-4 наврати до сега. Поради тоа бев приморан да вадам сметка во друга држава. Колку ли само пати сум го добил одговорот: извини, али од мојата банка не можам да ти префрлам пари бидејки твојата банка (односно твојата земја) се рачуна како земја од трет свет, a банките се пикирани како "банки со голем ризик".

    Кои фирми кај нас функционираат и како функционираат тоа незнам. Но ти како трговец-поединец да сакаш да основаш фирма кај нас, една од работите кои треба да ја разглабаш е токму оваа. Останата, исто така важна ако не и поважна е PayPal.

    Затоа што е најкористениот онлај payment processing system. Затоа што луѓе имаат доверба во него и затоа што можат директ да си побараат refund. А кога ќе ти дојде клиент и ти рече сакам да платам преку PayPal, твојот одговор кој ќе биде "извини, не постои таква опција"?
     
  11. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    983
    1,722
    20 Јануари 2015
    Машко
    Well, ова е новина за мене, Ова ја потврдува претпоставката која ја имав во првиот пост.
    Патем, годинава помагав на блиски пријатели да основаат фирма во РМ , со мешан капитал, која нуди ИТ услуги за швајцарски и германски пазар, плаќањето не беше никаков проблем и воопшто предмет на дискусија.
    Претпоставувам, дека проблемот се одредени USA клиенти и нивната доверба или поточно не доверба во македонскиот банкарски систем.
     
    Последна промена: 5 ноември 2018
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  12. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,842
    1,207
    28 ноември 2015
    Машко
    SEPA transfer 1 eu
    SWIFT transfer mislam deka e 10-30 pati poveke :)
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,670
    4,120
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Физички лица со над 1500е месечен обрт на пари ке плаќаат 18% данок наместо досегашните :)
    3 евра е . И дали ти е сигурен ? 200е ми заглавија во СЕПА трансферот и не можат никаде да ги најдаат. Од 10 трансакции одбиени 3 , 2 вратени а една изгубена.
     
    На artweb и bxxxn им се допаѓа ова.
  14. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,529
    1,197
    8 Декември 2009
    Ќе те корегирам. Со дополнителни 8 отсто се оданочува сумата над 90к.
    Прост пример:
    Земаш 90к. Плаќаш 9к данок.
    Земаш 100к. Плаќаш 9 данок и на разликата од 18 отсто (10к), плаќаш 1800 ден. Значи на 100к, 9000+1800=10800 денари.
     
    На The-spiki, artweb, DonFrozex и уште 3 други им се допаѓа ова.
  15. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,670
    4,120
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Чика ако не си ти досеа форумов немаше да биде со напредни сфаќања во дометот на даноците и добредојден е човек како тебе тука :) Фала за попростото објаснување :)
     
  16. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,529
    1,197
    8 Декември 2009
    Уште да се појави некој магично да ги најде дупките у системот.
     
  17. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,670
    4,120
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Тамам е и вака чика... Штета само што со новиве закони уште повеќе ке се зголеми сивата економија иако имаме најјмал данок во ЕУ . Многу неправилности и нејаснотии имаат оние у администрација и по шалтерине и што не знаат на македонски да ти објаснат што поточно да се праве.
     
  18. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,529
    1,197
    8 Декември 2009
    Па како да ти објаснат, кога ни тие не знаат за што точно станува збор?
     
  19. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    983
    1,722
    20 Јануари 2015
    Машко
    Во моментов изнесно е само седното :
    Сите лица кои имаат нето ПЛАТА над 90.000 денари од 01.01.2019 година, ќе платат 10% ПДД на сумата до 90.000 денари а на разликата од висината на платата - 90.000 ќе платат 18%.
    На пример имаш нето ПЛАТА 120.000 денари, до сега (01.01.2019) ќе платиш грубо (без да се земе во предвид лично ослободување за полесна калкулација) 12.000 денари персонален данок.
    Од 01.01.2019 за истата плата 120.000 денари 9.000 персонален (90.000*10%) + 5.400 денари(120.000-90.000)*18%, или вкупно 14.400 денари.
    Или по ново тие со плата од 120.000 денари ќе платат дополнителни 2.400 денари (за греота :) )
    Како народов го лапнува ко локумче се што ќе му се сервира по куртон медиуми, социјални мрежи, чудо едно...
     
    На Pane24 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,529
    1,197
    8 Декември 2009
    Сеа се збори и за одложување на мерката заради веќе направени буџети на компаниите за 2019?
     
    На Pane24 и goce03 им се допаѓа ова.
  21. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,842
    1,207
    28 ноември 2015
    Машко
    Пане тоа што LeoPay не те предупреди предвреме на примена на сервисот не го прави sepa трансферот лош.
    Тоа е проблем на LeoPay кој немаше СЕПА трансфер.
     
  22. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,670
    4,120
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Нема везе со тоа леопејот. Таму плус 39е се заглавени не се ни кај берзата , не се ни кај леопајот . Lost in the space се :) Нив веќе не ги ни сметам . Ништо сума . Муабетот ми беше колку се осигурани нашите пари и колку сме сеуште ранлива категорија ние Македонците а воведуваат некои си даноци , закони и 300 глупости а и самите не знаат што праваат. Главава ми е тапан од МКД . У странција да си можда поскапа струја , вода , данок ке платеш ама пак на крај мирна ти е главата и идеш на работа.
     
    DonFrozex, goce03 и на Oktar им се допаѓа ова.
  23. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,842
    1,207
    28 ноември 2015
    Машко
    This is just a kindly reminder related to receiving euro transfers into your LeoPayaccount.

    As of 22 October 2018, you will be able to receive transfers in euro only as International Transfers through the SWIFT network.
     
  24. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,670
    4,120
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Да баш тогај вечерта пратив пари на леопајот и сабајлето го блокираа , али парите ги нема не се ни вратени ни пак примени !
    Screenshot_6.png Кога ке се изгореш и ти на вакви суми тогај ке правеме муабет тука :)
     
  25. petelko23

    petelko23
    Intern

    31
    18
    5 Август 2011
    Ја забегавте во друга насока.

    Фирма во Естонија ми треба од различни причини, меѓу кои и можност за онлајн продажба на сервиси преку пејпал. Освен тоа имам разни дебати со локални сметководители, правници и административци за правно-административни и даночни теми поврзани со онлајн продажба и работа за странство, и никој не може да ми даде јасен одговор. Од 5 сметководители/адвокати добивам 5 различни одговори, а од УЈП добиваш 3 страни цитат од закон, што не ти одговара на прашањето што го поставуваш.

    По тоа што читав, Естонија се потрудила да си ја среди легислативата на ова поле и да создаде добра бизнис клима. Еве два блога каде што има доста информации:

    1. LeapIn е фирма што посредува и ти дава сметководствени и банкарски услуги. Интегрирана е со финска банка, LHV, што специјализира со e-residents.
    FAQ | LeapIN

    2. Човекот е фриленсер и има фирма во Естонија, и доста добро ги разбира работите. Има многу коментари и одговори на ситуации во блогот. Отворен е за консултации по цена $99 на саат, што личи фер.
    VAT & Taxes for e-Residents in Estonia | The Ultimate Guide

    Постојат други фирми што даваат услуги случни на LeapIn, има листа на нивниот владин портал:
    Business services Archives | e-Residency
     
    На damil му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Leon Kennedy
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    911
  2. SkechBoy
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    6,085
  3. pHeNoM
    Одговори:
    48
    Прегледи:
    4,303
  4. Psychoo
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    1,353
  5. flashjuventus
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    2,188
Вчитување...

Сподели

Вчитување...