• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Firefox 3 најавен за вторник

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Sampion

Баниран/a
18 февруари 2008
181
1
www.diandjelo.tripod.com
Конечно и официјално, објавен е датумот на излегување на финалната верзија на Firefox 3. Тоа ќе биде на 17 јуни 2008 (вторник). По 34 месеци развој, Firefox 3 е подобрен во сите карактеристики.

Во меѓувреме Mozilla ја објави и 3.0-rc3 верзијата која може да ја пробате и тестирате до вторник - иако конечната 3.0 и оваа 3.0-rc3 најверојатно ќе бидат идентични.

Во вторник, Mozilla треба да го постави и светскиот рекорд за најмногу преземан софтвер во светот, со очекувани преку милион преземања на Firefox за помалку од 5 дена.

Izvor:Kajgana

 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,843
910
Ohrid
Изгледа не..
Ќе треба да ја инсталираш посебно, затоа што се работи за скроз друга верзија, а не е само надградба..
 

stefan007

Intern
27 јуни 2007
395
2
Ја ја имам оваа 3 извадив прво бета па бета 4 па бета 5 па со знам уште колку бети и сеа пишува само 3.0 да не ке треба па да ја вадам?
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,843
910
Ohrid
Веројатно ќе мора.. Доколку 3.0 е само некоја поправена верзија од некоја предходна бета, тогаш самата бета ќе те извести дека има нова верзија и со самото правење update ќе ја добиеш 3.0.
Но, веројатно дека 3.0 ќе биде подруга и од самата последна бета па ќе мора да ја земаш посебно и неа.
 

mkd

Gaining Experience
5 јуни 2007
263
112
Во однос на обидот за поставување на рекордот ќе се бројат само директните симнувања, а не и некакви надградби.

Рекорд ќе има сигурно затоа што ова е прв официјален обид.
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Јас користам некоја бета верзија што доаѓа со Ubuntu-то. Не е многу сменета. Ми се дпаѓа што во адрес барот кога ке пишеш буква, не ги дава само страните кои почнуваат на таа буква, туку сите кои ја содржат. (На пр: ако внесам it, ќе ги даде it.com.mk, worldofit.com, gov.it и сл)... и друго, може во браузер да напишеш наслов на страна на пример со кирилица „Македонски ИТ форум“ и ако си ја отворил страната претходно, ќе ти ја отвори пак. Корисна работа :bravo:
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Ја ја имам оваа 3 извадив прво бета па бета 4 па бета 5 па со знам уште колку бети и сеа пишува само 3.0 да не ке треба па да ја вадам?
Тоа е sigurno RC верзија(како што кажа sampion) односно Release Candidate. Не е повеќе бета.jас ја користам RC2 верзијата.
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,801
78
Знае ли некој точно кога ќе излезе најновата верзија од Мозила?Иако беше најавена за вторник сепак сеуште ништо од тоа:ermm:
 

mkd

Gaining Experience
5 јуни 2007
263
112
Веќе е излезена, официјално достапна од 19 часот (средно-европско време, а со тоа и во Македонија.)

Серверите споро им работат, сепак огромен број на луѓе сакаат да ја симнат најновата верзија.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

Sampion

Баниран/a
18 февруари 2008
181
1
www.diandjelo.tripod.com
Големиот план на компанијата Мозила за вчерашното поставување на светскиот рекорд во бројот на симнувања на нивниот популарен веб пребарувач Firefox 3, паднал во вода поради тоа што им се срушил серверот.

Иако големиот "Download day" би требало да започне во 13 часот, страницата на Мозила уште сабајле била тешко достапна.

Гласноговорничката на компанијата по 14 часот преку е-маил ги известила сите верни корисници дека компанијата е свесна за проблемот и дека работи на негово решавање.

Од Мозила објавиле дека имаат проблеми со нивната веб страница и на нивниот блог. "Интересот и ентузијазмот за Firefox 3 се преголеми. Нашите сервери попуштија на тоа, но наскоро треба повторно да започнат со работа", пишувало во пораката на блогот.

Мозила ќе го регистрира секое симнување од моментот кога серверот ќе работи стабилно и рекордот ќе се поставува во наредните 24 часа.

Од компанијата барале од своите фанови да организираат забава преку која би ги натерале своите пријатели да го симнат софтверот
 

ekonomist

On your way to fame
17 јуни 2008
1,091
508
Јас сум задоволен од двојкава, па ќе видиме, може ќе ја пробам и третата верзија :D
 

hmmm

Gaining Experience
30 ноември 2007
1,242
80
hmmm's setup  
Processor & Cooler
i5 3570k @4.2GHz & CM Hyper 212+
Motherboard
AsRock Z77 Pro3
Storage
Samsung 840 EVO 120GB + WD Black 1TB
PSU
Corsair CX600
RAM
2x4GB G.Skill Sniper 1600MHz
Video card
HD4000
Case
Custom
Mouse
Gigabyte GM-M7000
Keyboard
Generic
Audio
Asus Xonar DG
Monitor
Compaq Q2159
OS
Windows 8 64bit
Еве јас ја користам финалната верзија, но не е многу изменета од RC2 или RC3. Сепак добра е третата верзија. :bravo:
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
Еве и јас ја симнав тројката, и сега за сега задоволен сум :D
 

Slider

Intern
7 мај 2007
10
0
Браво за Firefox

Стварно сум задоволен од Firefox 3, нема што, добра верзија.
Малку ме нервира баш address bar-от, одлично е што пребарувањето се врши по буква која се содржи во url-то или пак во насловот на страната но има проблем кога таа буква ке ја јави на средина на страната односно на некој стар отворен url a не на почетната страна. пример
www.webstrana.com/webstrana.aspx наместо www.webstrana.com
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,702
Мислења
855,881
Членови
29,736
Најнов член
pavlo.maznevski
На врв Дно