1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

ФИНКИ?

Дискусија во форумот 'Останато' започната од S, 7 Март 2010.

Дали сте за формирање на ФИНКИ?

  1. Да

    68 глас/а
    73.9%
  2. Не

    24 глас/а
    26.1%
  1. S

    S
    pwnz0r1lla

    1,550
    52
    8 Март 2007
    Во последно време се активира темава за спојување на институтите по информатика од ФЕИТ и ПМФ во посебен Факултет за Инфроматички Науки и Компјутерско Инжинерство - ФИНКИ.

    Еве неколку линкови:
    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BE0907A71533CD408A14A0D1FE23CD3F
    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=347E2E97F26CF74A99FCAAB26DC8ABAF
    http://moondowner.wordpress.com/

    Колку што читам по форумов има поприлично студенти од двата споменати факултета па ме интересира мислењето за ова(, а не само гласање во анкетата). :)

    Лично, сосем во ред ми звучи целата идеја за создавање на еден специјализиран факултет по информатика и фокусирање на неговиот целокупен труд и потенцијал кон таа област што верувам не е до највисок степен возможно во постоечките факултети од самата причина што тие се збир на повеќе насоки/институтти кои треба да кохабитираат и да делат ресурси (во смисла од време, простории, опрема, финансии итн.), а каде некои од нив се разликуваат во се друго освен во тоа што не се општествени :).

    Единственото нешто што ќе фали, доколку ова се случи, се интересните муабети последица од ривалството меѓу ПМФ и ФЕИТ :p

    Стефан.
     
  2. Xenor

    Xenor
    Intern

    812
    41
    12 Март 2009
    Не студенските домови да ги направат или стипендиите да ги исплатат на време овие од министерство се замараат со да не речам глупи работи што на крајот и доколку се смени нешто во образовнаието (се разбира нема да биде на арно) студентите ќе трпат последици.
     
  3. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    163
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    jas dosega ne sum slusnal za ova ,seuste sum srednoskolec no so ogled na toa deka gi razgleduvam moznostite za studiranje vo mk mi se dopagja ideava ,no ima edna problematika toa e okolu kako ke bide fakultetot dali ke se sozdade treta institucija (so koja ke se ovozmozi poveke mesto no i poveke zbrki i prepukuvanja ) ili pak od FEIT i PMF ke napravi eden fakultet (so koj pretpostavuvam nema da ima zgolemuvanja na mestata ).Ideata bi bila dobra dokolku se napravi edna institucija od dvata fakulteta so zgolemuvanja na mestata za upis i vnesuvanje na novi smerovi (koe navistina bi go sakal bidejki spored mene postoeckive se zastareni i donekade se tinja )
     
  4. ChemicalAngel

    ChemicalAngel
    Gaining Experience

    788
    204
    24 ноември 2008
    Конечно и ова да се случи. На институтите за информатика крајно време е да не се учат некои леви предмети кои немаат никаква логика, тука само затоа што некој треба да потполнува часови. пример: Дефендологија и Физика на ПМФ - ИИ и конечно парите што ги даваат студентите да одат за подршка на тоа што го студираат а не да одат на некои за некои работи што се за други потреби, пример за физика или хемија или нешто друго.
    Подршка за идејата само името да се смени, барем да звучи малку по зрело.
     
  5. feit

    feit
    Intern

    684
    43
    12 Февруари 2009
    Тоа ти е исто како и да се спојат Македонија и Грција :). Мислам дека нема да биде.
     
  6. ^Predator

    ^Predator
    Intern

    293
    18
    12 Март 2008
    Проблемот е шо факултететите треба да се одречат од половина студенти, пошто со проектов се спојуваат двата најпопуларни смера, а најпопуларните смерови носат и најмногу пари...
     
  7. S

    S
    pwnz0r1lla

    1,550
    52
    8 Март 2007
    LOL... Закон е името бе, асоцира на funky :D
     
  8. S

    S
    pwnz0r1lla

    1,550
    52
    8 Март 2007
    Демек све е супер сега па нема потреби од промени или дека никој незнае да направи промени со добри последици во образованието?
     
  9. pandora

    pandora
    Intern

    13
    0
    24 Февруари 2010
    Женско
    Не верувам дека ова ќе се случи во скоро време. Од друга страна како би функционирало? Ќе има насоки во кои ќе се избира дали сакаш да учиш повеќе физика или математика, со оглед на тоа што ПМФ и ФЕИТ главно се разликуваат ради физиките и математиките или може грешам..
    Не ми се допаѓа ова... незнам колку студентите ќе добијат од ова...
     
  10. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,292
    24,787
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Идеа како идеа е добра...дали ќе се добие со тоа нешто или не да оставиме да видиме одкако ќе се спојат.:)
     
  11. loris

    loris
    Gaining Experience

    628
    55
    7 Мај 2007
    Машко
    Програмер
    Јас сум и за и против.
    За сум доколку се направи нова зграда опремена со опрема (немора да биде најнова), и да се соберат сите професори кои се квалитетни и кои ќе бидат посветени на студентите.
    Против сум доколку се импровизира, што сметам дека ќе се случи во овој случај, како што се случи со факултетот во Охрид, само колку го најавуваат врвни професори, најсовремена опрема итн. празни ветувања.
    Викаат од идеа до реализација има многу, а не да се истрчаат како прле пред магаре.

    Еве ќе кажам што не ми се допаѓаше кај нас на факултет (ЕТФ или ФЕИТ), премногу се работи теоретски, практичната работа се работи на емулатор, барем еден факултет како што е ФЕИТ би можеле да си дозволат еден Cisco рутер да земат да го работиме на него, барем да го видиме во живо. Конкретно ова за предметот компјутерски мрежи, научивме се што како работи на физичко ниво итн итн, сега на 90% од колегите да им дадат да направат еден кабел што треба да ги поврзе нема да знае, што секој техничар би ја завршил, не е нешто сложено или којзнае што тоа да се знае но еден инженер не би требало да си го дозволи тоа да не го знае. Програмирањата се што учевме беше Microsoft технологија, мислам дека треба малку да се прошири и на open source, ниту еднаш не извршивме publish на некоја апликација, многу мала соработка помеѓу факултетите.
    Многу би сакал овој ФИНКИ да би бил доста популарен и да има смерови како MIT.

    Се ќе каже иднината како ќе се одвиваат работите.
    Дај боже да имаме квалитетно образование, ама и пракса.
     
  12. dexter09

    dexter09
    Intern

    1
    0
    29 Јули 2008
    Од каде ова сега ? Дефендологија и Физика на ИИ... Нема врска :ermm:

    Инаку идеата е доста солидна како концепт... Но не знам како би можело да се реализира. Сум слушнал од луѓе во кадарот на ИИ дека вакви размислување постоеле и пред да се оформи универзитетот во Охрид, но највероватно поради политички причини тоа не се случило.

    Инаку би можело да функционира.. ИИ и ФЕИТ се најсилните информатички школи во земјава па може да се синтетизира нешто што е уште појако и што ќе биде вистински информатички центар во земјава и пошироко.

    Проблемот е во реализацијата. Еве не знам дали ПМФ(факултетот) би се сложил ИИ да се отцепи бидејќи од кај нас е голем процент од приливот на средства на факултетот. Исто така не знам какви се мислењата на професорите иако јас мислам дека повеќето кои се навистина посветени на својата работа би сакале да се случи вакво нешто... За ФЕИТ не можам да кажам...

    А да и повеќето студенти барем според мене се или би биле за вакво нешто,бидејќи постојано сите се жалиме за условите и слично, па и за сумите на пари кои ги даваме,од кои повеќето одат на останатите институти(барем така мислам дека работи), а ние ретко гледаме полза.....

    ПС. Јас сум за, но само ако се биде добро испланирано и подготвено и ако се планира транзицијата да се изврши во најдобри услови и со најдобри резултати.
     
  13. Popay

    Popay
    Intern

    131
    28
    21 Декември 2008
    Хахах ...

    Идеава лебди во воздух, веќе неколку години ...

    Дали ќе се случи .... тешко ....
    ПМФ сака да се спои, професорите од другите смерови на Електро (бандераши, итн.) не даваат ... :isplashen:
     
  14. ChemicalAngel

    ChemicalAngel
    Gaining Experience

    788
    204
    24 ноември 2008
    Учев јас по програмата од 2001-2005 и имаше, а по новата програма физика има во програмата за учители за основно училиште. И проф. Јованчевски (мислам дека повеќе не е на ИИ) ни кажа дека во програмата 2001-2005 немале намера да има физика, арно ама физичарите се побуниле и морале да ја стават, а Дефендологија колку што се сеќавам имаше на цел универзитет прва година.
     
  15. pavlo

    pavlo
    Intern

    1
    1
    8 Март 2010
    pmf-ii

    Здраво на сите.
    Јас имам информација дека проблемот околу спојувањето на овие два факултети не е толку проблем колку што е проблем ПМФ. А што подразбира ПМФ - за тие што незнаат:
    ПМФ - Природно Математички Факултет, кој покрај Институтот за Информатика ги има и следниве институти:
    - Институт за математика
    - Институт за физика
    - Институт за сеизмологија
    - Институт за географија
    - Институт за етнологија
    - Институт за биологија
    - Институт за хемија
    Дали сте се запрашале што ќе се случи доколку се оддели Институтот за информатика? Се разбира дека не!
    => Распаѓање на ПМФ !!!
    Што тоа подразбира? Тоа значи дека на другите институти интересот е сведен на минимум од страна на идните студенти за упис, па се разбира ќе нема кој да плаќа за нив како и за постојаните студенти... нема да ги има информатичарите да даваат пари за сите институти бидејќи буџетот е во рамките на ПМФ па подеднакво се трошат средствата...
    Колку што имам иформација не сум баш сигурен оваа година на пример во првиот уписен рок на физика имаше само двајца... Како би опстојал Институт за Физика?... Но и тоа да го оставиме на страна беше само пример... Слична е ситуацијата и на другите институти, можеби не толку лоша но не е за фалење...
    Ете тоа е најголемиот проблем за целава ситуација. Институтот за информатика мислам дека го има замислено ова пред повеќе години и настојува да го реализира, но ПМФ несака да го дозволи тоа... па така ние студентите ќе си седиме кај што сме си се нашле и ќе си плаќаме за сите (зборувам за студентите на ИИ затоа што и јас сум студент таму еве веќе четврта година па горе доле знам како идат работиве).
    Поздрав до сите на форумов.
     
    1 person likes this.
  16. theurednik

    theurednik
    Sensei Модератор

    499
    133
    23 Февруари 2009
    Машко
  17. SNACHG

    SNACHG
    Intern

    177
    17
    23 Февруари 2010
    Здраво на Сите
    Лично мое мислење е дека идеата не е лоша ама е тешко остварлива затоа што проф од ФЕИТ и проф од ПМФ мислам дека никогаш нема да работат заедно.Тоа цело може да се направи под еден услов да направат нова програма на тој факултет ФИНКИ нешто слично како на Американ Колеџ или МИТ целосна промена на Проф од ФЕИТ мислам на оние увијаните фаци и стари кој везе немаат од тоа што предаваат сигурно има такви и на ПМФ,значинови Проф кој имаат знаење и ке се целосно посветени на студентите нема да се дрски и препотентни како што моментално се повеке пракса отколку теорија,добри опремени работилници и сл.Така да ако оваа го направат мислам дека ке Македонија ке има добро универзитетско образование по информатика ама се ке каже времето.
    Поздрав
     
  18. S

    S
    pwnz0r1lla

    1,550
    52
    8 Март 2007
    http://groups.google.com/group/finki-diskusija/browse_thread/thread/cea728cfd3675b60

    Добро излагање што ги опфаќа и посочените дилеми, проблеми во некои од претходните постови.
     
    1 person likes this.
  19. petre.dimov

    petre.dimov
    Gaining Experience

    961
    243
    27 ноември 2008
    Машко
    Software developer
    Јас сум "ЗА " само заради една работа , ќе се уче постручни и ќе има добар кадар, а дали ќе се наследи традицијата од двата факултети или слично за тоа не знам. За ова треба време да помине да видиме како ќе помине. Слушнав многу видни имиња за професори така да би требало да се очекува да биде добро.

    Тие таквите фаци што ги викаш нема да бидат на ФИНКИ , распрашајсе малце за кои професори ќе бидат , според мене младиот кадар кој што е на ФЕИТ моментално е многу добар и тие ќе бидат на ФИНКИ, а за тоа ќе почекаме до Септември да видиме
     
  20. SNACHG

    SNACHG
    Intern

    177
    17
    23 Февруари 2010
    А кои се тие млади фаци на ФЕИТ за кои јас реков дека не се добри?
     
  21. petre.dimov

    petre.dimov
    Gaining Experience

    961
    243
    27 ноември 2008
    Машко
    Software developer
    Значи ти рече за тиа старите генерации на ФЕИТ што сите ги знаеме какви се. Тие такви фаци се спротиставуваат на идејата за ФИНКИ што значи не можат да преминат. Ќе почекаме Септември па потоа ќе видиме кои се младите фаци , не е убаво уште сега да се спомнуваат имиња кога не знаеме што и како ќе биде. Инаку те сфанав за кои професори мислиш :)
     
  22. petre.dimov

    petre.dimov
    Gaining Experience

    961
    243
    27 ноември 2008
    Машко
    Software developer
    Се вртеа моабети на факултети кои професори сакале да го основаат ова што е денеска ФИНКИ значи од прилика се знаат кој се , али сепак останува да почекаме.
     
  23. SNACHG

    SNACHG
    Intern

    177
    17
    23 Февруари 2010
    Пола од тие новите ми беа колеги на тогашен ЕТФ, децата во тогашно време не беа лоши моментално не сум во контакт со нив и не знам како напредуваат, а за постарите немам зборови само треба да им се докаже и покаже дека ИТ технологијата оди напред а не назад :D
     
  24. petre.dimov

    petre.dimov
    Gaining Experience

    961
    243
    27 ноември 2008
    Машко
    Software developer
    За ова си во право , али во Македонија ретко каде се учи нешто модерно , таква е програмата по факултетиве . И мене искрено не ме бендисува програмата али тоа е.
     
  25. dino

    dino
    Gaining Experience

    399
    98
    5 Јули 2009
    каде можам да ја најдам програмата за ФИНКИ ? :D
     

Сподели

Вчитување...