• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

File System набљудувач во C#

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Програма која служи за набљудување на одреден директориум (кој претходно ќе го одредите) и сите негови поддиректориуми и датотеки, односно секоја промена, креирање или бришење на директориум или датотека ја бележи. Потоа, тој лог може да се сними како txt документ.

Работи на .NET Framework 3.5 кој може да го симнете тука. (за 2.0 и 3.0 не сум сигурен, би требало да работи и на нив). Нема потреба од инсталација, има само еден ready-to-run .exe фајл.
 

Атачменти

  • 25.3 KB Прегледи: 25

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Супер е ,како кејлогер :)) само една забелешка многу реда почнаа да се полнат и тоа исти,дали е тоа до мене или има утка во програмот :ermm:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Не се баш исти, цело време Windows во позадина нешто работи :)
 
1 октомври 2008
278
9
интересно програмче александар . го користеше filesystemwatcher ?
btw у право беше за тоа дека виндоус работи во позадина , големината на фајловите не секој рефреш е различна и затоа го наоѓа како нов фајл
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Го доработив програмчето, некои багови од првото се отстранети.
Додатни опции:
- AutoScroll (10x StenmarC)
- Филтрирање по екстензија
- Опција да се набљудува само еден директориум без неговите поддиректориуми
- Можност за скенирање мрежни shared драјвови ( \\ImeNaPC\ImeNaDrajv )
 

Атачменти

Majestic

Gaining Experience
25 јули 2008
126
122
Битола
Супер програмче Алекс, keep it up. Јас неодамна почнав со C#, интересно делува. Малку бавно ми оди пошто немам некое практично програмерско искуство, ама океј е.
BTW, да не ставаш сорскод? Радо би го погледнал, чисто информативно.
Поздрав.
 

loris

Gaining Experience
7 мај 2007
626
51
Велес - Скопје
Оди регирстирај се на оваа страна: CodeProject, тука имаш еден куп програма како и веб решенија со source code и тоа не само за C# туку и голема листа на останати страници. Само овие кодови ќе ти помогнат ако имаш добро научено C#, ако мислиш дека со гледање на код ќе научиш тогаш не си во право.
 

Majestic

Gaining Experience
25 јули 2008
126
122
Битола
110% сум со тебе Лорис, подобро би било 2% да направиш нешто сам отколку само да го разгледаш целосниот код на еден проект.
Она што мене ме интересираше значи.. е начинот на кој се имплементирани сите оние работи кои за мене, засега се само нешто повеќе од теорија.
Инаку фала за сајтот, ценам. :)
 

loris

Gaining Experience
7 мај 2007
626
51
Велес - Скопје
Еве јас би ти ја препорачал оваа книга да ја прочиташ,доста добра книга:
Apress - Beginning ASP.NET 3.5 in C Sharp 2008 From Novice to Professional(2007),2Ed.rar
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Му препорачуваш книга за Web програмирање.

Јас би ти препорачал:
[ame="http://www.amazon.com/Beginning-Microsoft-Visual-2008-Guides/dp/047019135X/ref=pd_bbs_sr_3?ie=UTF8&s=books&qid=1227022777&sr=8-3"]Beginning Microsoft Visual C# 2008 (Wrox Beginning Guides)[/ame]

[ame="http://www.amazon.com/Professional-C-2008-Wrox-Guides/dp/0470191376/ref=pd_bbs_sr_1?ie=UTF8&s=books&qid=1227022777&sr=8-1"]Professional C# 2008 (Wrox Professional Guides)[/ame]
 

taranenik

Intern
12 јуни 2007
555
13
Програмчето е добро, е сеа само не застанувај тука и толку. Можеш да ставиш филтрирање на логовите. Значи колку што разгледав може да одбреме како опција што да монитора, а не и после да филтрира, дали е избришано, креирано, или преименувано и изменето.
Кога фолдерот е шеруван тогаш значи го користат повеќе корисници. Би било добро како мониторинг да може да се гледа име на корисник или име на компјутер.

Ова е само предлог, и се надевам дека ќе продолжиш да го надоградуваш програмчето :D
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Па планирам да продолжам со развивање, но периодов ептен кнап со време сум, колоквиумска недела, неколку други проекти и толку е времето. Зашто денот нема 27-8 саата? :plachko2:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,542
Мислења
820,225
Членови
28,210
Најнов член
iledimovski
На врв Дно