• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

ФЕИТ vs ФИНКИ

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Ganga

Intern
6 август 2017
7
0
Некој да направи споредба ФЕИТ vs ФИНКИ?
До сега планирав финки да одберам ама ако идам на електро мислам дека ќе имам пошироки познавања во однос на хардвер и суштината на тоа како работат стварите. Јас добив ваков впечаток: Ако се запишам на финки ќе научам програмирање и само програмирање и ќе можам да работам само во таа област, а ако одам на електро ќе имам и хардверски познавања и програмирање и плус ќе имам поширок избор за работа (вклучувајќи го и оној ако се запишам на финки). Дали ми е океј размислувањево или нема шанси да се вработам после како програмер ако дипломирам на феит? Во однос на тежина сите ми викаат да одам на финки и да не се замарам пошо електро е потежок. Лично „тежината“ мене не ми проблем. Супер ми оди програмирање, калкулус па и физика кога ќе се запнам повеќе ми оди. Поентата ми е, ако идам на финки, нема после сам да можам да научам микропроцесори, аналоген дизајн итн. а ако завршам електро, после можам кога сакам и сам да надоградувам и усовршувам програмирање.

Секое мислење е добредојдено
 
stefan_mkd

Gaining Experience
18 март 2015
479
286
Кај сакаш запиши се, ништо нема да знаеш на крај :) Иди кај имаш друштво, а ако немаш ќе најдеш. Разгледај ги предметите и види тебе што ти звучи поинтересно. Сепак, знај дека тоа што го пишува во опис со тоа што го има на испит ќе нема благе везе. Што ти ќе научиш зависи само од тебе. Колку и каде ќе се ангажираш вон факултет. Како старт ги препорачувам студентските организации на техничкиве факултети.
 
Ron26

Intern
4 мај 2019
20
27
Што ќе ти е потребно да знаеш како работат стварите, тоа треба да знаат инженерите у Интел и Амд, ти треба да знаеш веб девелопмент и да правиш пари од тоа. Гледај го пазарот, за ништо не се битни тие инженери од феит, ние немаме никаква индустрија па да ти треба тоа. Само ќе се тупиш со математики 4 години, а може и многу подолго ако не ти оди.
 
DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,205
1,675
Се мислам меѓу ксиар, кти и кхие
Немој ѓаволот да те лажел КСИАР да запишеш. КТИ ти е добар избор со новата програма што ја имаат сега. Кхие е ок ама не знам што ќе работиш, а да има плата ко ИТ.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

Ganga

Intern
6 август 2017
7
0
Немој ѓаволот да те лажел КСИАР да запишеш. КТИ ти е добар избор со новата програма што ја имаат сега. Кхие е ок ама не знам што ќе работиш, а да има плата ко ИТ.
КТИ највише ми фаќа око, а за КСИАР така викаш пошо е потешко или пошо нема работа/добра плата?
 
DaniDaniel

Intern
5 јуни 2020
19
36
И на ФИНКИ има предмети поврзани со хардвер, микропроцесори, архитектури, мрежи исто така... далеку од тоа дека е само програмирање.
Што ќе учиш најмногу зависи од изборните предмети.
Не сум разгледал на ФЕИТ ама задолжителните горе долу би биле исти.

Помини низ смеровите и разгледај си што предмети се изучуваат.
*изборните предмети не се строго врзани за смер, можеш слободно изборен предмет од друг смер да запишеш.
 
DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,205
1,675
КТИ највише ми фаќа око, а за КСИАР така викаш пошо е потешко или пошо нема работа/добра плата?
На КСИАР нема да добиеш никакво корисно знаење за да работиш било што. Професорите се тешки и предаваат програма и материјал стари 60 години. Сите предмети се истиот предмет уствари со додадени небитни работи. Уствари само математика е цел смер (20 предмети) и не се учи никакво прпграмирање.
После ксиар не си спремен ни за пракса да запишеш со знаењето што ќе го добиеш, а нема ни плата добра.

Запиши кти или финки и насочинсе да станеш девелопер.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

Ако запишам кти ќе можам ли да влезам на пракса за девелопер додека студирам? Би одел на овој смер на електро само ако после не ми прават проблем за пркса/работа што е со програмирање. Инаку фала за инфото и насоките
 
whiterabbit

Gaining Experience
20 мај 2020
180
140
Ако запишам кти ќе можам ли да влезам на пракса за девелопер додека студирам? Би одел на овој смер на електро само ако после не ми прават проблем за пркса/работа што е со програмирање. Инаку фала за инфото и насоките
Друже кај сакаш оди, од двата факултета излегуваш бос. Ќе те научат нешто, ама се е така без врска, тек кога ќе фатиш сам да учиш или да работиш негде, ќе сфатиш дека ништо не си научил.

Освен некои фирми што бараат диплома, останатото главно им е знаење.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

Ganga

Intern
6 август 2017
7
0
И на ФИНКИ има предмети поврзани со хардвер, микропроцесори, архитектури, мрежи исто така... далеку од тоа дека е само програмирање.
Што ќе учиш најмногу зависи од изборните предмети.
Не сум разгледал на ФЕИТ ама задолжителните горе долу би биле исти.

Помини низ смеровите и разгледај си што предмети се изучуваат.
*изборните предмети не се строго врзани за смер, можеш слободно изборен предмет од друг смер да запишеш.
Ако одам на финки дефинитивно ќе запишам КИ смер. Е сеа дали можам да изберам и предмети од феит?
 
DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,205
1,675
Ако запишам кти ќе можам ли да влезам на пракса за девелопер додека студирам? Би одел на овој смер на електро само ако после не ми прават проблем за пркса/работа што е со програмирање. Инаку фала за инфото и насоките
Очигледно сакаш да си дев, за да си дев можеш со било кој смер од финки и запиши го тој што ги има најлесните задолжителни предмети и земи ги изборните што ги сакаш. Порано тоа беше ПЕТ(ПИТ) сега не знам. Со КТИ од феит разгледај ги предметите и види според тоа дали мислиш дека ќе добиеш доволно знаење да добиеш пракса.
 
9 ноември 2017
33
41
Ако запишам кти ќе можам ли да влезам на пракса за девелопер додека студирам? Би одел на овој смер на електро само ако после не ми прават проблем за пркса/работа што е со програмирање. Инаку фала за инфото и насоките
Би требало да можеш, се зависи од знаењето што ќе го стекнеш и упорноста.

Пред да се деси пандемијава, одреден број на предмети од повисоките години, дури и некои кои се реализираа како соработка помеѓу институтите на КТИ и ТКИИ, се одвиваа така што вториот дел од предметот, односно вториот колоквиум беше нешто налик на проект кој го предаваа претставници од локални ИТ компании (се надевам дека така би продолжиле после нормализирање на ситуацијава). Во главно на предметите каде што се изучува Web, Android, Machine Learning се работи на практичен проект и еден колоквиум/испит.

Исто така зависи кои од изборните предмети ќе ги избереш, има и доста предмети каде е задолжително да се избере предмет што повеќе би доликувал на останатите смерови.

Има неколку предмети кои се повеќе посветени на хардвер, но според мене не се од некоја голема корист.
 
ljupce

Gaining Experience
8 ноември 2011
157
118
ljupce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4700MQ
Storage
1TB +8GB SSD Hybrid Disk
RAM
8GB DDR3
Video card
AMD Radeon R7 M265 2 GB DDR3
OS
Microsoft Windows 10 Pro 64-bit
КТИ новата програма не сум ја видел, ама врска си немаше предходно ни беа инжинери ни програмери, имаа 5-6 предмети поврзани со Мрежи безвезе... Телекомуникации сеа ја сменија и знам дека тие учат многу веб и мобиле апп девелопмент и дека коа ќе завршат имаат добра основа за да почнат да работат како џуниори или пркатиканти веб/андроид/иос. КХИЕ е малце чудна програмата. Да се учи електроника и хардвер и микропоцесори ама тоа во македонија нема кај да го работиш. Голем дел од предметите се процесирање на сигнали - аудио/слика/биомедцински сигнали итн кои се програмирање во питон, и тоа нема кај да работиш во мк. Едниствено што ќе можеш да работиш е ембедед програмирање со тоа што за тоа имаш најмалце предмети 2 +2 изборни за сензори. Ако планираш да бегаш од тука, електро е супер и ќе имаш одлична основа да продолжиш со студии во странство на магистерски. Ако сакаш да си програмер и после си чепкаш и електроники тогаш оди ФИНКИ. Ги гледам колегите кои се од ФИНКИ многу подобро се подковани во програмирањето ама затоа електраши се па многу по инженерски поспремни.
 
Sancho Sanchez

Gaining Experience
12 октомври 2016
223
217
Само што ги погледнав смеровите на електро, и КСИАР е дефинитивно заостанат и без фокус, а КТИ ми изгледа нај ок според предметите што се нудат, е сеа незнам колку ги бива, скоро 20 години сум излезен од факултет.

А сега пошто си прилично амбициозен за знаење ќе ти го дадам одговорот што стварно го бараш, ама е прилично неконвенционален и може да ти биде и преголем залак.

За стварно да ја научиш компјутерската технологија од најниско хардверско па до највисоко софтверско ниво ти ги препорачувам курсевите од типот на nand2tetris.

Во еден таков курс имаш неколку проекти што треба да ги изработиш:
  1. Прво дизајнираш логички кола за едноставни логички функции.
  2. После со тие логички кола дизајнираш процесор и меморија.
  3. Па си дизајнираш машински јазик за твојот процесор.
  4. Па си дизајнираш асемблер за твојот машински јазик.
  5. Па си дизајнираш стак ориентирана виртуелна машина за асемблерот.
  6. Па си дизајнираш објектно ориентиран јазик сосе компајлер.
  7. Па си дизајнираш и оперативен систем.
  8. И на крај си креираш игра што ќе игра на твојот компјутер.
Се разбира сите компоненти што ги креираш тука се ептен примитивни и служат само да го сфатиш концептот и технички што се случува under the hood.

За цел курс да го поминеш ќе ти треба можда цел семестар а може и повеќе само на него да си посветен да работиш.

Ама знаењето што ќе го добиеш вреди барем за половина факултет и ќе имаш неспоредливо подлабоко разбирање на сите опфатени области од било кој друг најдобар студент.

После тој курс сите опфатени предмети ќе ти бидат далеку полесни и поразбирливи на факултетот.

А дури би рекол може и факултетот ќе го завршиш во 2 наместо 4 години :).
 
  • Уау
Реакции: Avid
  • Ја почнал/а темата
  • #17

да, би сакал да имам ваков левел на знаење. Или ќе одам КИ на финки или КТИ на електро, но у секој случај сакам да го пробам ова со логичкиве кола.
Мислењето е автоматски споено:

КТИ новата програма не сум ја видел, ама врска си немаше предходно ни беа инжинери ни програмери, имаа 5-6 предмети поврзани со Мрежи безвезе... Телекомуникации сеа ја сменија и знам дека тие учат многу веб и мобиле апп девелопмент и дека коа ќе завршат имаат добра основа за да почнат да работат како џуниори или пркатиканти веб/андроид/иос. КХИЕ е малце чудна програмата. Да се учи електроника и хардвер и микропоцесори ама тоа во македонија нема кај да го работиш. Голем дел од предметите се процесирање на сигнали - аудио/слика/биомедцински сигнали итн кои се програмирање во питон, и тоа нема кај да работиш во мк. Едниствено што ќе можеш да работиш е ембедед програмирање со тоа што за тоа имаш најмалце предмети 2 +2 изборни за сензори. Ако планираш да бегаш од тука, електро е супер и ќе имаш одлична основа да продолжиш со студии во странство на магистерски. Ако сакаш да си програмер и после си чепкаш и електроники тогаш оди ФИНКИ. Ги гледам колегите кои се од ФИНКИ многу подобро се подковани во програмирањето ама затоа електраши се па многу по инженерски поспремни.
Новата програма на КТИ ми изгледа океј, а за КХИЕ не знам. Планот ми беше уствари баш таков, да завршам електро па да се пребацам после у странство за додипломски или магистерски. Проблемот ми е што е доста несигурна ситуација, а не сакам после да се зезнам и да се заглавам у државава со диплома што тука пет пари не вреди.
 
Последна промена:

Вангел Ајановски

Gaining Experience
16 март 2013
41
79
ajanovski.info
Некој да направи споредба ФЕИТ vs ФИНКИ?
На почеток дисклејмер - кликнете на мојот потпис за да видите во каква врска сум со едното и другото и од тоа да си донесете предрасуда за тоа какви ќе ми бидат ставовите и дали да ми верувате и дали ќе читате натаму.

Не верувајте на ниту една споредба што ќе ја слушнете или прочитате.
Направете си споредба самите, на следниот начин:
  1. Отворете го сајтот на ФИНКИ во еден таб, на ФЕИТ во друг таб.
  2. Не кликајте на Студии. Таму има листи насоки и листи предмети во насоките. Многу лоша идеја е од таму да се информирате што може да научите. Има илјада причини зошто не, не би навлегувал. Една од причините е дека многу често содржината на предметите ја пишувал еден човек, а ја предава друг. Наместо тоа кликнете на Кадар и излистајте ги имињата и спремете се за малку истражување.
  3. Отворете ги имињата на сите професори и асистенти. Буквално сите. Една по една и еден по еден. Побарајте го секое име на https://dl.acm.org (ако условно кажано повеќе ве интересира информатика) и IEEE Xplore (ако условно кажано повеќе ве интересира електро-инженерство). Ова се двата референтни сајтови каде може да се види што некој навистина работи и знае.
  4. Не, не гледајте на Facebook, Instagram, Twitter. Не гледајте ни лични сајтови (како мојот). Не се релевантни.
  5. Одете каде што ви кажав. Пребарајте некои име. Ќе добиете листа трудови. Проверете дали се работи за истата личност. Фокусирајте се на тие трудови што им се објавени во Journal со официјален префикс ACM или IEEE во последните 5 години, или на конференција со официјален префикс ACM или IEEE и се објавени во последните 3 години за дознаете актуелни работи.
  6. Не ги сортирајте по цитираност или по број на лајкови или симнувања. Не ви го сугерирам ова за да ги рангирате луѓето по некој критериум, туку за да видите што интересно прават. Значи да повторам, не е целта на ова да видите кој од сите е подобар. Ова го правите за да дознаете нови и интересни тематики, за кои луѓето се способни и мотивирани. Особено гледајте ги оние трудови каде е авторот сам, или пак прв излистан или пак е на 2-3 позиција со мал број ко-автори.
  7. Запишете си список на интересните трудови. Ако имате време прочитајте го абстрактот на трудот.
  8. Сортирајте си ги запишаните работи по тоа за што би биле најмотивирани да учите и работите и ограничете се на првите 5 такви.
Обидете се да ги контактирате по мејл (да, мејл, не, не FB, не TW) дека ве интересира темата и сакате соработка. Претставете се прописно. Видете дали ќе ви одговорат. Спремете се да почекате 1-2 недели во периоди на висока зафатеност.

Запишете се на оној факултет каде се професорите што ги објавиле трудовите кои ви биле најинтересни и се доволно слободни и отворени да ви одговорат во догледен рок.

Изберете ја насоката на која се повеќето предмети кои ги предаваат, и проверете да можете да ги запишете и другите изборни предмети од овие професори. Запишете изборни предмети кај тие професори и речете им дека не ве интересира само предметот, туку тоа што го истражуваат и го објавиле во тој и тој труд (од запишаните), кажете дека сакате да научите повеќе за тоа и дека сакате и самите да направите нешто слично или да продолжите со чекор потоа, и дека не ви е проблем тежината и дека немате појма колку треба да се работи, но дека сте спремни да потрошите колку што треба време и труд.

Ова важи и за други универзитети и факултети, не само за ФИНКИ и ФЕИТ.
 
DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,205
1,675
да, би сакал да имам ваков левел на знаење. Или ќе одам КИ на финки или КТИ на електро, но у секој случај сакам да го пробам ова со логичкиве кола.
Мислењето е автоматски споено:

Новата програма на КТИ ми изгледа океј, а за КХИЕ не знам. Планот ми беше уствари баш таков, да завршам електро па да се пребацам после у странство за додипломски или магистерски. Проблемот ми е што е доста несигурна ситуација, а не сакам после да се зезнам и да се заглавам у државава со диплома што тука пет пари не вреди.
Што ќе ти е мастер уште невработен?
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,741
Мислења
856,548
Членови
29,744
Најнов член
itisoktodance
На врв Дно