1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Факултет за веб дизајн

Дискусија во форумот 'Факултети' започната од PrinsGraphic, 29 ноември 2018.

  1. PrinsGraphic

    PrinsGraphic
    Intern

    4
    0
    16 Септември 2015
    Машко
    Здраво
    Четврта година сум гимназија смер општо Б ме влечи Web development само незнам кој факултет во нашава држава има таков смер. Имам основа имам купено некој online курсеви.
    Мислење кој факултет?
     
  2. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,478
    2,477
    14 Мај 2008
    Машко
    Насловот вели веб дизајн, после викаш web development. Да се одлучиш прво меѓу тие 2, па да бараш факултет?
     
    На StOrMK и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  3. Crazy

    Crazy
    Gaining Experience

    292
    180
    29 oктомври 2016
    Машко
    Izglea nema razgranicheno shto e shto
     
  4. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,329
    864
    8 Декември 2009
    Да се работи нешо.
    OT.
    Финки немаат мислам конкретен смер, но има многу изборни предмети и со тоа ти дозволуваат ти сам да се фокусираш на она што сакаш да го работиш во иднина. А и знаењето од тие предмети ќе ти биде само отскочна даска и водилка за насока, затоа што ќе добиеш само основно познавање од сѐ.
     
    Последна промена: 29 ноември 2018
  5. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,162
    6,263
    27 Март 2014
  6. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,345
    4,056
    23 Јуни 2015
    Машко
    Еве пошто сите сте мајк*еб*ачи, некој да му објасни на дечкото која е разликата? И навистина да му помогне, а не да му се исмејува?
     
    На Tenny, dastaner, dimsa и уште 4 други им се допаѓа ова.
  7. GAMEKING

    GAMEKING
    Intern

    22
    30
    11 Јануари 2018
    Машко
    Многу луѓе ги мешаат поимите веб дизајн и девелопмент..
    Разликата меѓу дизајнер и девелопер :
    Дизајнерот се грижи за визуелните ствари и изгледот,а додека девелоперот е "кодерот" и се занимава со кодирањето на сајтот ( изградбата ) , али сепак мое мислење дури и да си дизајнер пак ти треба некоја основа од кодирањево и кодовите у сајтот.
    Дизајнерите обично се по креативни,додека девелопериве се "Аналисти"

    Вообичаено девелоперите зимаат 20-30 посто поголема плата од дизајнерите ..
    Се надевам помогнав :D
     
    На Nightingale, maci, Martin Arsov и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,936
    2,909
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Skoro 80% od clenovite na forumov se takvi , neka ne te iznenaduva toj fakt.
     
  9. PrinsGraphic

    PrinsGraphic
    Intern

    4
    0
    16 Септември 2015
    Машко
    A barav niz forumive barav fakulteti i nemozam nisto da najdam samo za to i ne mi e problem dali ce go napram samo vizuelnio web ili zaedno i kodo i site drugi raboti so oda so to.
    Imam pocnato sam da ucam kodiranje.
    Taka da ako mozi nekoj da mi pogoni na koj fakultet ima dali samo web dizajn ili web develoment ne e bitno. Fala vi odnapred
     
  10. GAMEKING

    GAMEKING
    Intern

    22
    30
    11 Јануари 2018
    Машко
    Можеш финки или фон ,а исто можеш и некој курс во семос.
     
  11. Вангел Ајановски

    Вангел Ајановски
    Intern

    19
    35
    16 Март 2013
    Машко
    Ќе напишам едно видување на работите според кое може да се направи еден вид дистинкција меѓу дејности. Нормално, може да има и други видувања на работите.

    Тргнувам од тоа што е целта, односно што е производот. Ако е целта едно веб-ориентирано решение, треба да имаме предвид дека веб-ориентираните решенија може да бидат на различни нивоа на комплексност и обемност, за различни намени. Ако станува збор за веб-ориентирани решенија кои се микронски во обем и сложеност, тогаш може да речеме и дека еден мулти-талентиран архитект-дизајнер-инженер-развивач-администратор-маркетингагент може да заврши работа. Но, некои решенија се со голем обем (по број на цели) и висока сложеност (по број на елементи и структурата на нивната комуникација) и со комлексни очекувања од милионите корисници. Таму е невозможно да работи само еден човек, туку има големи тимови со различни надлежности и знаења.

    Имајќи ја големата слика и тргнувајќи од погледот побаруван од поголеми решенија за голем број корисници и со поголема сложеност:

    • Тн. „веб дизајнер“ кој би учествувал во поголемо веб решение би доаѓал од применети уметности. Како и секој уметник и ваквиот уметник ќе треба добро да ги знае различните алатки со кои се доаѓа до целта и како треба да се применуваат за да се добие поквалитетно решение кое ќе ја праќа вистинската порака до секоја индивидуа. Треба да знае историја на примена на уметноста во различни дејности, за да знае што успева, што не успева, и да не измислува топла вода. Нормално секој уметник треба да има и некоја своја техника и алатки. Некој работи со хартија, молив и гума, некој со штафелај, платно, четки, бои, растварачи и разредувачи, а некој со компјутер, HTML, CSS, Javascript. Еден работи на еден начин со истите алатки, а друг работи на друг начин. За ваков профил би рекол дека е најсоодветен ФЛУ - Факултетот за ликовни уметности - студиска програма графика, каде може да зема и изборни предмети поврзани со веб технологии (па и од ФИНКИ), а потоа да се доспецијализира според очекувањата од пазарот.
    • Тн. „веб програмер“ кој би учествувал во поголемо веб решение би доаѓал од применета информатика. Како и секој информатичар и овој информатичар ќе треба добро да ги знае различните алатки со кои се доаѓа до целта и како треба да се применуваат за да се добие поквалитетна примена. Треба да знае историја на примена на информатиката во различни дејности, за да знае што успева, што не успева, и да не измислува топла вода. Нормално секој информатичар треба да има и некоја своја техника и алатки, но треба да знае и каде доаѓа неговиот дел во целосниот процес на развој и методологија на развој, како и да ја разбира пошироката системска архитектура. За ваков профил е соодветен ФИНКИ (Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство) - студиска програма софтверско инженерство и информациски системи - каде може да зема пред сѐ изборни предмети поврзани со веб технологии.
    • Тн. „информациски архитект“ кој би учествувал во поголемо веб решение би доаѓал од некој комплекс на применета информатика, библиотекарство, когнитивна психологија и неврологија, маркетинг и други области. Зависно од целите на веб решението би требало да сфаќа како размислуваат посетителите и корисниците, на кој начин се снаоѓаат, како полесно ќе научат да го користат системот, како им работи мозокот, како подобро да им се продаде производ. За ваков профил се потребни повеќе знаења од различни области, на повисоко ниво.
    • ... и многу други профили кои ќе бидат вклучени (да спомнам само неколку администрација и одржување, безбедност, управување на процеси на развој, програмери на други компоненти, дизајнер на база на податоци, оптимизација на прашалници, ...)
    На факултет се поминуваат најмалку 3 години во учење, на општо ниво, за целиот комплекс на една дејност, а не посветено на само едно делче од дејноста. Затоа, при изборот на факултет треба да се размислува и на тоа во која област лежат личните предиспозиции и дали постои желба за генерално спознавање на областа (иако во моментот најмногу е од интерес само едно делче од таа област - веб како медиум).

    Најдобро би било што порано да сфатите за што најмногу сте талентирани, за да сте свесни каде би имале поголема конкурентка предност, а потоа што порано да се насочите кон усовршување на таа склоност и сродните работи. Не е секогаш лесно да се пронајдете, па може да треба време и експериментирање.

    Потоа изборот би можел да биде ваков:
    • Некој со претежно уметнички предиспозиции и талент во визуелното праќање лична порака, а со желба да работи на веб презентации на неговите клиенти е најдобро да оди на уметност, а додека е таму или во паралела може да се обидува да си дава фокус кон медиумот и технологиите кои планира да ги користи, па и да си избере плус изборни предмети од други факултети (информатика) за таа цел.
    • Некој со претежно програмерски предиспозиции и талент за структурно претставување на проблемите и нивна автоматизација треба да си оди на информатика, а додека е таму или во паралела може да си дава фокус и кон уметничките склоности ако сака, па и да си избере плус изборни предмети од уметност за таа цел.
    • Ако не можете да се решите - видете каде ви изгледа субјективно најдобро и има најголема слобода на избор, прилагодливи критериуми за проодност наместо отпаѓање (премин од едно на друго место - како резервна опција), голем број колеги што би ви помагале и би дале поширока мрежа за иден успех.
    Како што е тешко да се направи добар избор, така е тешко и да се даде добар совет за добар избор при непознати околности. Моево размислување може да не е воопшто соодветно.
     
    JasSum, FreakyDroid и на smole им се допаѓа ова.
  12. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,130
    1,272
    25 ноември 2014
    Било кој факултет пошо на крај пак дома ќе учиш се. Ниеден факултет не може да е во тек со јазициве во 2018та ко прво и основно.
     
  13. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,656
    1,693
    8 Мај 2007
    Машко
    Овој пост да се извади од темава и да се стави за стики.

    Ако сакаш да учиш, оди на финки. Дизајн се учи лесно, ако имаш око. Добро е да си поткован од областа на која ќе работиш, но според мене (дизајнер) подобро ти е да учиш програмирање (ако воопшто те влече), па тоа да го искористиш за дизајн. Обратно би ти било многу потешко (т.е. нема да се случи).
     

Сподели

Вчитување...