Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Факс услуги

Alex3

Intern
20 декември 2018
46
34
Здраво, ме интересира дали е можно во денешно време кај нас да се користи факс услуга (факсимил), не ми треба да праќам факсови, само да примам.

Се обидов со операторите кои овозможуваат фиксна телефонија, одговорите беа следни:

Телеком – во салон ми рекоа дека веќе не поддржуваат факс комуникација како услуга, порано имале услуга наречена Office fax (https://www.telekom.mk/content/pdf/160920_OfficeFaxUpatstvoM1.pdf), веројатно веќе не функционира. Од инфо центарот ми рекоа дека не поддржуваат повеќе факс услуги.

А1 – салонот и инфо центарот играат пинг-понг со мене, едните ме праќаат да се обратам кај другите за одговор, најверојатно немаат.

Телекабел – во салон немаа одговор и ми дадоа фиксен број кој треба да е достапен 24/7, цело време е зафатено.

Мтел – контакт центарот не им беше достапен во сабота попладне/вечер. Следниот ден ми се јавија бидејќи имале пропуштен повик. Немаат фиксна телефонија како услуга.

Прашањето ми е дали останува некој друг сервис преку кој може да се прима факс, преку интернет или преку соодветен принтер/софтвер. Или ХХ век е завршен и да се научат да користат мејл или нешто како вибер/телеграм
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.359
12.613
Модем или некоја ваква постара машина:


Под услов да го врзеш на фиксна телефонска линија преку која ќе ти пратат факс.

Овие сервисите од оператор не ми се познати како функционираат.
 

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.795
4.596
Телеком нудеше услуга да пратиш мејл на одредена адреса со бројот како префикс на мејлот или во полето за предмет, а содржината на факсот како атачмент.
За примање факсови ти доделуваа број и сите факсови пратени на тој број се примаа како атачмент на мејл.
Со тоа немаше потреба од телефакс уред.
Не знам дали уште ја нудат услугата. И да ја нудат, тие од контакт центрите се многу млади да знаат за тоа :)

Другиот начин е да имаш телефакс и да е приклучен на активна фиксна линија. Не треба ништо додатно од операторот. Замена за телефакс е модем со факс софтвер, ако може да се најде такво нешто што уште работи.
 

Alex3

Intern
20 декември 2018
46
34
Телеком нудеше услуга да пратиш мејл на одредена адреса со бројот како префикс на мејлот или во полето за предмет, а содржината на факсот како атачмент.
За примање факсови ти доделуваа број и сите факсови пратени на тој број се примаа како атачмент на мејл.
Со тоа немаше потреба од телефакс уред.
Не знам дали уште ја нудат услугата. И да ја нудат, тие од контакт центрите се многу млади да знаат за тоа :)

Другиот начин е да имаш телефакс и да е приклучен на активна фиксна линија. Не треба ништо додатно од операторот. Замена за телефакс е модем со факс софтвер, ако може да се најде такво нешто што уште работи.
Office fax (https://www.telekom.mk/content/pdf/160920_OfficeFaxUpatstvoM1.pdf) се викаше понудата од телеком, од салон и од инфо центар ми рекоа дека веќе не постои

ќе најдам факс машина да ја приклучам на фиксна линија. проблемот ми е дека сите оператори тврдат дека веќе не нудат факс услуги, дали ќе може да стигне факс пораката до мојата машина

или да одам со некој онлајн сервис за примање/праќање факс како на пример ова (Fax.to)
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.530
1.406
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Пред 100 години си играв со 56к факс модем што го имав во компјутерот. Идеше со некој софтвер со кој компјутерот можеше да прима/праќа факсови, да врти телефонски броеви, да одговара, да снима пораки....

Да пробаш да најдеш вакво нешто, би требало да ти брка работа, теоретски...


61JQOiwstpL._AC_SL1500_.jpg
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.303
14.436
Џиз'с... Факс во 2023-та...
Мислам дека беше 2004-та последен пат кога опцув, реков овој проклет факс апарат го чувам само ради диносаурусите од Македонска банка што нарачките ми ги праќаа на факс! Денес сме 19 години подоцна.

А, ако најдеш модем за во компјутер, имаш вградено апликација за факс, Windows Fax and Scan, па можеш да исконфогурираш таму.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
5.485
16.721
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Нема да ти работи факс машина ако поврзеш на телефонска линија затоа што линиите се ВоИП сега и не се аналогни или дигитални. Токму затоа и телеком ја имаа услугата за праќање факс, ама ете, ја убиле. Пред Х години кога чепкав ВоИП, имаше некои Т.38 модеми што се ставаа пред факс машината за да тоа може да функционира, ама пак не беше ни тоа доволно, треба и од другата страна, т.е. централата да има исконфигурирани и поддршка за сето тоа да работи.

Лонг стори шорт, најди некој онлајн факс-2-имејл сервис и користи го, чим ти треба само за примање факсови.
 

JamesKirk

Practice makes perfect
12 февруари 2015
1.377
1.107
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1215u
Motherboard
Lenovo
Storage
Solidigm P41 Plus 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
MSI
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Пред 100 години си играв со 56к факс модем што го имав во компјутерот. Идеше со некој софтвер со кој компјутерот можеше да прима/праќа факсови, да врти телефонски броеви, да одговара, да снима пораки....

Да пробаш да најдеш вакво нешто, би требало да ти брка работа, теоретски...


61JQOiwstpL._AC_SL1500_.jpg
Најпознат програм беше WinFax :) Го имав тестирано тогаш (USRobotics WinModem имав), функционираше ама мсилам денес е умрена работа Факсот
 

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.795
4.596
или да одам со некој онлајн сервис за примање/праќање факс како на пример ова (Fax.to)
Да одиш со некој таков. Само на овој нема македонски броеви за примање факсови, ако ти треба таков.
Всушност кој и зошто треба баш факс да ти праќа?

Нема да ти работи факс машина ако поврзеш на телефонска линија затоа што линиите се ВоИП сега и не се аналогни или дигитални.
А како воипот би ѝ сметал на факс комуникацијата?
 

Alex3

Intern
20 декември 2018
46
34
после два дена гледање сешто по интернет за решение на ова, го прогласувам факсот за умрено

аналогна технологија која за да испрати податоци преку денешните (VoIP) дигитални линии треба да ги промени податоците од аналогни (испраќач) во дигитални со Т.38 модеми/конвертери (како што спомна Октар), потоа податоците да се препратат каде треба (да поминат дистанца) и потоа пак назад обратна процедура во аналогни (примач). премногу работа за обична слика која може да се прати од еден смартфон на друг во рок од неколку секунди, бесплатно.

тука најдобро е опишано што треба во денешно време за користење на факс

или пак доколку имате 25мин да ја видите историјата на факс комуникацијата
 

gdamjan

Unstoppable
3 април 2008
3.495
2.442
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
А како воипот би ѝ сметал на факс комуникацијата?
затоа што VoIP го компресира (аналогно и дигитално) звукот во опсег погоден за говор, и тоа ќе ги изобличи/исфилтрира сигналите кои ги праќа fax (или модем).

веројатно има шанса да работи на тие најслабите baud-rates … што значи ултра споро примање на факсови.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.588
Мислења
965.659
Членови
34.962
Огласи
2.661
Најнов член
Nikolaking123
На врв Дно