Alex3
Gaining Experience
- 20 декември 2018
- 143
- 150
Здраво, ме интересира дали е можно во денешно време кај нас да се користи факс услуга (факсимил), не ми треба да праќам факсови, само да примам.
Се обидов со операторите кои овозможуваат фиксна телефонија, одговорите беа следни:
Телеком – во салон ми рекоа дека веќе не поддржуваат факс комуникација како услуга, порано имале услуга наречена Office fax (https://www.telekom.mk/content/pdf/160920_OfficeFaxUpatstvoM1.pdf), веројатно веќе не функционира. Од инфо центарот ми рекоа дека не поддржуваат повеќе факс услуги.
А1 – салонот и инфо центарот играат пинг-понг со мене, едните ме праќаат да се обратам кај другите за одговор, најверојатно немаат.
Телекабел – во салон немаа одговор и ми дадоа фиксен број кој треба да е достапен 24/7, цело време е зафатено.
Мтел – контакт центарот не им беше достапен во сабота попладне/вечер. Следниот ден ми се јавија бидејќи имале пропуштен повик. Немаат фиксна телефонија како услуга.
Прашањето ми е дали останува некој друг сервис преку кој може да се прима факс, преку интернет или преку соодветен принтер/софтвер. Или ХХ век е завршен и да се научат да користат мејл или нешто како вибер/телеграм