• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Facebook со нов дизајн

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Facebook денеска го најави својот нов дизајн. Новиот Facebook сајт ветува почист и по едноставен дизајн, а дава и можност корисниците да ги прегледуваат и тестираат најновите карактеристики и да се уверат во функционалноста на дизајнот.



Facebook ги повикува своите членови да го користат новиот дизајн и да ги испробаат подобрените опции, правејќи споредба на старата и новата верзија на сајтот. На почеток пристапот до новиот дизајн ќе биде ограничен, но постепено Facebook ќе стане достапен за сите членови, кои во моментов се над 80.000.

„Измените кои ги направиве денеска се со цел да се нагласат сите релевантни информации кои им се важни на корисниците. Измените исто така ќе им овозможат на корисниците да воспостават поголема контрола над нивните профили и да го поедностават целокупното искуство. Новиот дизајн на Facebook овозможува полесен пристап до информации и ги охрабруваме сите заинтересирани корисници да ни се придружат " рече основачот на Facebook Марк Цукерберг, "

Новиот дизајн на Facebook ќе биде достапен на следната адреса; http://www.new.facebook.com/. За неколку недели, сите корисници на Facebook автоматски ќе бидат пренасочени на новата верзија.

Извор: ИДИВИДИ
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
43,594
Мислења
824,199
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно