1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Exynos 9810

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од psyside, 5 Јануари 2018.

  1. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,031
    26,747
    4 Септември 2008
    Денеска Samsung го престави својот нов чип, Exynos 9810. Се работи зa огромно подобрување од 2-та клучни аспекти, а тоа се мулти - и сингл кор перформанси, за мулти кор гледаме просек од некои 40%, додека за перформансите во сингл кор инструкции според Samsung се работи за 2x подобрување, ова е можеби најголемиот скок во перформанси до сега во андроид светот, поготово заради тоа што се работи за сличен процес, 10nm LPE > 10nm LPP.

    Со ова подобрување, иако директната споредба е невозможна, Samsung доаѓа на исто ниво со A11, или блиску до тој левел.

    Друга новост е и можноста за 10 битно 4k 120FPS енкодирање, и декодирање! она што е многу изненадувачки е огромното зголемување на кешот, како и високата фреквенција ма големите (перформанси) M3 јадра, од 2.9Ghz.....

    Исто така сега 9810 ќе користи Mali G72 наместо G71, 18 јадрена верзија наместо 20, но овој пат @700mhz наместо 546, со што ќе се добие на ефикасност, и подобри boost перформанси.

    Искрено шокиран сум од овој скок, и мислам дека оваа година приказната за QC и Kirin е дефинитивно завршена.



    [​IMG]


    Повеќе инфо....

    Повеќе инфо 2
     
    Последна промена: 5 Јануари 2018
    На Tegla, Викса, bLaCk AnArChY и уште 17 други им се допаѓа ова.
  2. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,311
    6,429
    27 Март 2014
    Нема што да бидеш шокиран. Овој е прв лик на перформанси и додека овој ЦПУ да се најде во некој телефон QC и Kirin нема да спијат. Тоа е вечна борба. Секако Exynos важи за ептен избалансиран чипсет по поглед на перформанси/батерија така да не верувам дека ке утнат и овојпат. За сите што чекаат да падне цената на S8 , јас би го почекај S9 пошо ке биде огромен bump во перформанси , а верувам и на другите полиња.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hanzo

    Hanzo
    Gaining Experience

    64
    74
    27 Септември 2017
    Машко
    Прво, извинете ако тресам глупости затоа што досега не сум поседувал Самсунг телефон па и не сум баш некој голем познавач на оваа тема (да бидам реален целото знаење ми иде од гуглање околу 20-тина минути). :)

    Го видов постот на @psyside па прогуглав малку да видам што е работава со чипов, кој е, кај е, кој и како го користи и личи дека е 100% Самсунг ствар. Чип што они го прават и што се користи кај нивните производи. Гледам дека секоја година излагаат по две верзии од Галакси телефоните и тоа за Амерички пазар (Snapdragon) и за останатите (Exynos). Како што прочитав некаде, личи дека Самсунг сеуште прави Snapdragon варијанти од телефоните за Америка затоа што тие имале подобар модем кој е покомпатибилен со нивните оператори и мрежи. Иначе зашто воопшто да прават Snapdragon варијанта и им плаќаат нив за чиповите кога може само да си го користат својот. Е сега, поради стварта со модемот мене ми личи дека Самсунг е некако обврзан да продава Snapdragon варијанта каде што мора (Америка). А за да биде економски попрактичен ја продава својата варијанта во остатокот од светот. Ако разбрав убаво, тоа е причината што постојат две варијанти на Галакси телефоните секоја година. Ако Самсунг не сака да ги налути корисниците со тоа што едниот ќе ниде многу подобар од другиот, овие две варијанти секогаш ќе бидат со многу слични перформанси (а и вака личеше на неколкуте youtube видеа за спорадба што ги видов). Па поради ова сметам дека некое време нема да видиме Exynos чип кој е далеку помоќен од неговиот Snapdragon еквивалент. Дури и да може, Самсунг не е баш мотивиран да направи подобар и помоќен чип од Snapdragon-от.

    Али ова е само мое мислење и можеби апсолутно грешам :)
     
    На bLaCk AnArChY му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Викса

    Викса
    On your way to fame

    517
    647
    12 Март 2011
    Машко
    Главната причина според мене за користењето на Snapdragon е немањето доволно supply на Exynos CPU-а како што е случај кај камерите т.е. едната е на Sony другата е на Samsung.

    Во секој случај ова на хартија изгледа како најголем скок во перформанси за кој вреди да се чека S9.

    Испратено од SM-G920F преку IT.mk форум апликација
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Мене ме секира потрошувачката и траењето на батеријата. Што ке биде со нив.
     
  6. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,311
    6,429
    27 Март 2014
    вторава генерација на 10nm процес на производство веројатно има решение и за тоа. Верувам дека ја оптимизирале потрошувачката со перформансите.
     
  7. Hanzo

    Hanzo
    Gaining Experience

    64
    74
    27 Септември 2017
    Машко
    Како што секоја нова генерација си носи подобрувања (иначе зашто би купувале нови ствари), така и оваа верувам ќе донесе подобрувања во траењето на батеријата, но не очекувам ништо спектакуларно. Само, нешто подобро од претходната генерација. Не се сеќавам дека сум видел некој румор за спектакуларно и неверојатно продолжување на траењето на едно полнење.
     
  8. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,031
    26,747
    4 Септември 2008
    Батеријата ќе биде иста како претходно, нема да биде подобра, или за нијанса послаба, затоа што процесот дава некои 15% подобрување со истата потрошувачка како кај LPE, а чипот е осетно побрз од тоа.

    Како и да е, S8 + има просек од 6-7h SOT, (4G and all that good stuff) на кој не му е доволно тоа нека се обиде со кинези.
     
    На goran_oh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,042
    629
    8 Август 2017
    Машко
    Не е само Америка, туку секаде каде што има такви мрежи е Снапдрагон варијантата, како Кина, Јапонија, Кореја, Ј. Америка, Канада. Ексинос верзијата е Европа, Југоисточна Азија и Африка (Ф и ФД). Е сега не сум сигурен дали е ради мрежите, можеби има тотално друга причина, но најголемиот проблем е тоа што најголем дел од Јутуб и од Тех Сцената е од УСА па затоа воопшто не ја ни спомнуваат Ексинос варијантата, највеќе ревјуа има на Снапрагон, зборувам за најголемите тех јутубери. Исто така имаше разлика и за камерата, Сону вс. Исоцел.
     
  10. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,485
    26 oктомври 2012
    Машко
    Ако не го зголемат капацитетот на батеријата, батерискиот живот ќе биде полош во одредени сценарија.
    Ист е производствениот процес.
    Самите Самсунг кажаа дека со ланскиот 8895, кој се произведуваше на 10nm, наспроти преланскиот 8890 кој беше на 14nm, ќе се придобијат или 25% повисоки перфоманси од 8890, а со иста енергетска ефикасност или пак 40% пониска ефикасност, доколку не се оди на зголемување на перфомансите.
    Па така самиот нов Ексинос процесор ако навистина е 2x single core и 1.4x multycore, без сомнеж ќе биде понеефикасен, бидејќи се задржува истиот производствен процес.
    Но тоа генерално ќе дојде до израз при игри, кога самиот CPU ќе работи на максимум, но за се друго нема да има некој негативен импакт, бидејќи во глобала највеќе ќе работат малите јадра.
    Со некој нов поефикасен Амолед дисплеј, подобро радио, вифи чип ќе се минимизира и тој мал негативен ефект.


    Sent from my SM-G950F using Tapatalk
     
  11. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,031
    26,747
    4 Септември 2008
    Околу 10% ќе страда батеријата мое предвидување, заради тоа што ќе избалансираат со поголеми батерии, и ефикасност.....мислам дека ќе биде 3600-3700 S8 + и 3200 S8....па нема да се осети некоја деградација.

    А тоа што кажале и како не е баш реално поврзано со употребата, S8 plus на Wi-fi без проблем вади некои 8-9h SOT.
     
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,031
    26,747
    4 Септември 2008
    The Samsung Exynos M3 - 6-wide Decode With 50%+ IPC Increase

    [​IMG]
     
    Последна промена: 24 Јануари 2018
    Војвода, Sukhoi и на shifty им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. psyside
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    986
  2. gdamjan
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    563
Вчитување...

Сподели

Вчитување...