1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Excel во Android апликација

Дискусија во форумот 'Програмирање на мобилни платформи' започната од Avid, 9 oктомври 2018.

  1. Avid

    Avid
    Unstoppable

    2,562
    3,409
    21 Јануари 2009
    Сакам да направам една Андроид апликација но немам доволно знаење од Java/Javascript а и генерално замислата за апликацијата не би знаел да ја пренесам во програмски јазик кој ми е колку-толку познат.

    Затоа пробувам друг approach.

    Бидејќи замислата што ја имам за апликација, во Ексел ја направив за 1 минута со една VLOOKUP формула, има ли некоја опција Ексел табелата да иде заедно со апликацијата? Но не само тоа.

    Во апликацијата ќе има еден input и еден output. Во инпутот корисникот треба да внесе нешто и апликацијава да го запише тоа нешто во една ќелија во Ексел табелата. Потоа, во output на апликацијата би сакал да се покаже содржината од друга ќелија од Ексел каде всушност се добива резултатот од формулата.

    Знам дека е тиња да се бараат цели кодови, но ако некој има време и му изгледа лесно, еве што сакам точно.

    Во ексел табелата имаме 2 колони. Првата колона со ~300 редици со датуми, втората колона исто ~300 редици со посебен текст за секој датум.

    Ја сакам, кога корисникот ќе внесе некој од 300те датуми, да му се појави текстот од втората колона што соодветсвува за тој датум.

    Читав нешо TreeMap а-у но не можев да се снајдам.
     
  2. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    399
    314
    20 ноември 2013
    Машко
    Ако нема потреба од ништо друго поврзано со Ексел, тогаш сними ја како csv, потоа читај како обичен фајл ред по ред, со што кога ќе го најдеш датумот направи сплит ',' и ќе си ја добиеш вредностa на втората ќелија.

    col 1 | col 2
    --------------
    09 Oct, data x
    10 Oct, data y
    11 Oct, data z
    ...

    ПС. нема искуство со андроид апс... но генерално ова би требало да работи
     
    На Avid и JensenInterceptor им се допаѓа ова.
  3. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    439
    174
    28 ноември 2015
    Машко
    Ако забележав добро, Андроид 8 може да извршува и Микрософт Офис програми. Се разбира прилагодени за телефон.

    Провери, ако куцаш на Андроид 8, сигурно има API посредник за програмирање на во твојов случај Ексел апликација на Андроид.

    Малку пребарување и добив:

    Viewing Excel files in my Android App through API

    Read And Write Excel In Android Using JExcelAPI | TechNetExperts

    JExcel API – Reading and Writing Excel file in Java – Mkyong.com

    Пуфф и Апачи имале свое АПИ:

    Apache POI - the Java API for Microsoft Documents

    Ѕирни ги овие, дали ќе ти личи нешто применливо, па пиши.

    Иначе ако немаш друг избор, во случајов ќе треба да го научиш механизмот како иде Микрософт Офис на Андроид 8, да и јас би одел со обичен CSV фајл и со некоја алатка на Андроид/Јава која може да чита CSV документи.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Avid

    Avid
    Unstoppable

    2,562
    3,409
    21 Јануари 2009
    Не можев да се снајдам, се ми беше комплицирано, немав доволно нерви и успеав на некој поедноставен начин, само со низа и if.

    3 дена скапав со Jава и Андроид студио за на крај кога ја направив апликацијата да видам дека уствари треба да платиш 25 долари за да можеш да ставаш на play store :D
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    439
    174
    28 ноември 2015
    Машко
    Да, тоа ти е еднократен трошок. Можеш да ставаш колку сакаш апликации, се разбира ако не се штетни или не содржат несоодветна содржина.
     
  6. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    399
    314
    20 ноември 2013
    Машко
    Ако е приватна употреба не ти треба плејстор ?
     
  7. Avid

    Avid
    Unstoppable

    2,562
    3,409
    21 Јануари 2009
    Па не баш приватна ама нема везе. Ете и .apk научив да праам, замара тоа unknown sources шо треба да го штиклираат али океј.
    И кај еден Шаоми нешо зеза, не знам шо точно праел пријателот но ова му го дава
    upload_2018-10-10_23-25-4.png

    Кај мене на Шаоми Redmi Note 5 немаше вакви зафрканции.

    А и дизајнот пепел сум го напраил, кај 4 инчни екрани штрчат работи насекаде :D
     

Сподели

Вчитување...