1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Евтин DSLR за почетник/учење

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од AsterKekov, 9 Јуни 2018.

  1. AsterKekov

    AsterKekov
    Gaining Experience

    26
    97
    23 Јануари 2018
    Машко
    Како што кажува насловот, ќеф ми е да земам некој подостапен DSLR за хоби преку летото. Генерално ќе го користам за пејзажи и планирам да пробам и астрофотографија.

    Гледав модели како Nikon D3400/3300 и Canon EOS 1300D, но ме интересира дали би можел и поефтино да поминам.

    Сеедно ми е дали е нов или половен, но ако е половен да е добро сочуван.

    Што би ми препорачале?
     
  2. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,876
    1,430
    10 Август 2010
    Машко
    Буквално истото прашање го имав и јас. Можеш да прочиташ тука.
     
    На AsterKekov му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AsterKekov

    AsterKekov
    Gaining Experience

    26
    97
    23 Јануари 2018
    Машко
    Ако разбрав убо, зеде D3400?

    Од каде, за колку и што мислиш за него?
     
  4. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,876
    1,430
    10 Август 2010
    Машко
    Да, земав д3400. Цена и место не е актуелно, бидејки е земено надвор од Македонија. :)

    Искрено можам да ти кажам дека е одличен за парите, ама не знам колку е објективно, бидејќи ми е прв ДСЛР. Генерално сум задоволен.

    Од тоа што можам да ти го посоветувам, не зимај ефтин кинески трипод. Доколку планираш со астрофотографија да се занимаваш, ќе ја сфатиш болката.
     
    ntb91, Oktar и на AsterKekov им се допаѓа ова.
  5. AsterKekov

    AsterKekov
    Gaining Experience

    26
    97
    23 Јануари 2018
    Машко
    Фала за советите.

    Го бива ли за астрофотографирање? Читам конфликтни мислења, некои велат да, некои не.

    BTW прашвам за со кит објективот, додатни објективи не планирам да купвам за брзо.
     
  6. tonidn

    tonidn
    Intern

    28
    19
    13 Март 2016
    Машко
    Можеш да пројдеш и со некој ефтин, постар Никон д90, се е до објективот. Не фрлај пари за ново тело, фукни ги за саглам објектив.
    Wide Lens поефтини брендови ти се Sigma, Tamron i Tokina.
     
    Sludge.Factory, Boce! и на AsterKekov им се допаѓа ова.
  7. AsterKekov

    AsterKekov
    Gaining Experience

    26
    97
    23 Јануари 2018
    Машко
    Најдов нов (наводно) Nikon D3300 за 22690.

    Накај него ме тера умо засега.
     
  8. Boce!

    Boce!
    Gaining Experience

    117
    163
    4 Август 2017
    Нема да згрешиш од аспект на сензор и image quality.
    Единствена мана му е што нема веднаш достапна промена на многу сетинзи преку дедицирани дугмиња, туку за голем дел треба да влегуваш во менијата.
    Ама тоа исто важи за сите Никони и Канони во таа класа.
    Не би ти сметало додека баш не навлезеш длабоко па ќе сакаш брзо да менуваш повеќе параметри.

    Ако си за мирорлес без некој мерак за видео, би ги гледал Х-Т20, евентуално Х-Т10 на Фуџи.
    Ако ги најдеш во кит со 18-55 ф/2.8-4 ќе добиеш неспоредливо подобар објектив од оние што ги даваат Канон и Никон со таа фокална должина.
    Плус Фуџи out of camera jpeg е толку добар што нема да се занимаваш со процесирање многу.
    Мана - најблизок сервис е во Софија (макар да мене Софија ми се допаѓа, па и не мора ова да е мана ).
     
  9. Janev

    Janev
    Intern

    25
    30
    16 Јуни 2018
    Машко
    јас имам никон д3200. Едно време се бафтав со овие работи многу. Купив и статив и неколку објективи, но се помалку денес ги користам. Работата не ми дозволува да се посветам повеќе, но и ми здосади искрено. Мислам дека сега иако стар сеуште е супер за почетници. Незнам која е предноста на новиве д3300, д3400 итн, но кога 3200 врши работа, и со поновиве ќе завршиш работа
     
  10. AsterKekov

    AsterKekov
    Gaining Experience

    26
    97
    23 Јануари 2018
    Машко
    Фала ви на сите, зедов D3400, засега презадоволен. Посебно 70-300мм објективот ми прави ќеф.
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...