AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139

Европската комисија пред неколку дена лансираше предлози за зголемување на правата на интернет потрошувачите од цела Европа, за да можат полесно да купуваат преку интернет.
"Со новите предлози на потрошувачите ќе им се гарантира за што и да купуваат преку интернет, точна цена и сите дополнителни трошоци и додатоци пред да склучат договор" - најавија од комисијата.
Со новите предложени правила се зголемуваат правата на потрошувачите во однос на закаснето испорачување или неиспорачување на производот, како и регулирање на правата на потрошувачите во однос на враќање на производот, враќање на парите, поправки, гаранција и некоректни услови во договорите.
Овие мерки се насочени кон е-трговијата како дел од една широко-опфатна акција за ревизија, надоградба на заштитата на потрошувачите во области каде имаше најголеми поплаки во последниве години, како што е форсирана продажба и прилагодување на сегашните правила во однос на новите технологии како што се m-commerce и онлајн "ebay" аукции.
"Целта е да се зголеми довербата на потрошувачите и во исто време да се пресече црвената лента која веќе подолго време ги држеше компаниите во границите на државите и оневозможуваше поголем избор и конкурентска понуда за потрошувачите" - велат од комисијата.
Се проценува дека околу 150 милиони граѓани на Европската унија (третина од вкупната популација) вршат купопродажби преку интернет. Досега околу 30 милиони од нив купуваа прекугранично во рамките на ЕУ. Се на се, прекуграничните потрошувачи трошат во просек по 800 евра (1,100 U.S. долари) годишно, т.е. 24 милјарди евра вкупно.
Извор: Xinhua