Fiasco
Gaining Experience

Мотото на денешнината е “Сè да биде “зелено““. Неколку производители на персонални комјутери веќе го прифатија овој концепт на “зеленило“ преку изведба на дрвени комјутери и со користење на пластика која не е штетна за околината.
Но, EVO комјутерот е сосема друга приказна. Концептот е направен да врши функција на персонален комјутер но со многу мала големина.
Неговата основна функција е да се конектира преку Интернет на EVO серверот за што е потребно да поседувате брз интернет (нормална работа денес).
На серверот се случуваат сите останати процеси, зачувување на фајлови, инсталирање програми, едитирање, бришење на датотеки итн.
Секој корисник ќе има свој определен простор кој може да го зголеми по потреба со определена доплата, наместо да купува нов хард диск.

За користењето на EVO ќе се наплаќа еднократна сума за хардверот и месечна сума за приклучок и користење на услугите на EVO серверот.
Модулот на работа е создаден од 2 дела: EVO Client и EVO Base. Куќиштето на комјутерот со мала моќност на процесорот, бежична карта, RAM, флеш меморија и уникатен EVO конектор се деловите на EVO Client.
Користењето на овој уникатен персонален комјутер треба да заштеди енергија и простор и да даде вистинско уживање при работата.

by: идивиди