1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

ЕВН Тарифи - прашање

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од Speedy, 23 oктомври 2016.

  1. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    593
    202
    21 Август 2010
    Машко
    Едно нубско прашање до вас форумџиите, ке може ли некој да ми објасни што е тарифно време и Едно тарифно и дво тарифно што подразбираат. И дали е точно дека во овие цени не се пресметани 33.33% + 18% данок

    20161023_032501.png
     
  2. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,209
    11,246
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Јас мислам дека е вака:

    Еднотарифно броило нема скапа/евтина струја (цел ден му е 4,46), двотарифно има - 5,56 дење, 2,78 ноќе.

    Тарифно време ти е тоа, скапа и евтина струја.
     
    На marto, HoLfElDeR, Sukhoi и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    593
    202
    21 Август 2010
    Машко
    Фала многу за брзиот одговор, во моментов ме фати фрка за соларни панели па пресметувам заштеда.
    На чичко Али се наоѓаат панели од 20ден./Watt. Па ме заинтересира, бидејќи доста се поефтинети од минатата година кога последен пат ги гледав
     
  4. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    568
    720
    25 Февруари 2016
    Машко
    Никогаш не било проблем набавката на опрема и нејзината исплатливост (ја има во математиката). Проблемот е во тоа да те примат во системот и ја откупуваат струјата од тебе. Голема проблематика.
     
  5. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    593
    202
    21 Август 2010
    Машко
    Прво би гледал да ги намалам сопствените давачки, но сеуште не би размислувал за откупување. По некоја математика за 25W соларен панел кој ке го сјае вкупно 10 саати сончева светлина (не константна) ако не се вклучат загуби во конвертерот би требало да се заштедат 50 денари месечно, што би значело дупло.
    Сега излегува дека за 1KW соларен панел би заштедил 2000 денари што некако не ми звучи реално, дури премногу добро за да биде вистинито, но математиката е таа.
    Друго што пресметав е дека ако се купат панели од 20денари/Watt, истите се исплаќаат за точно една година ако се таа цена
     
  6. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    568
    720
    25 Февруари 2016
    Машко
    Ако имаш стални потрошувачи во ред, проблемот е ако немаш.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  7. alkibijad01

    alkibijad01
    Gaining Experience

    143
    121
    8 oктомври 2016
    Мислам дека во цените погоре не е пресметан ддв. А најголемиот проблем со соларната енергија моментално се батериите.

    Sent from my 6036Y using Tapatalk
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,589
    6,455
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    @Arabian батали тоа електрониките, оди овде објасни им на луѓето што ги интересира. :)
     
    На Arabian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,238
    2,933
    24 Септември 2012
    Кои ти се тие соларни панели? На кој начин ќе се конвертира енергијата? Каде ти е инверторот? Како ќе споиш со постоечка инсталација?
    Не е само солар.

    http://www.mfc-solar.mk/
    http://solar-nrg.mk/demo/
    http://energetskaefikasnost.info/osmeli-se-investiraj-vo-soncheva-centrala/
    http://www.kmgeol-kvazar.com.mk/solarni-sistemi

    Прв и наједноставен чекор против големи сметки е префрлање на ЛЕД светла комплетно, и префрлање на клими и топлински пумпи за греење. Потоа може да се дискутира за извори на струја.
     
    На Astraion му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,572
    11,345
    23 Јануари 2008
    Манга
    Изолација топлотна е бр. 1, останатото е козметика...
     
    На Krkac и Arabian им се допаѓа ова.
  11. reflexmk

    reflexmk
    Gaining Experience

    358
    425
    13 Март 2014
    Машко
    Цените ти се со врачунат 33,33%, и не врачунат 18%. Еден kw/h e 0.094 долари во нашава убавина од земја.
     
    На ileste му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,238
    2,933
    24 Септември 2012
    Па да, премногу е ефтина струјата кај нас сеуште за брзо да се исплатат соларни индивидуални инвестиции. Затоа пологична е инвестицијата во намалување на потрошувачката како што реков погоре јас и гојдо, отколку да произведуваш по некој киловат дневно кој кошта скоро ич.
     
  13. stefan_mkd

    stefan_mkd
    Gaining Experience

    391
    198
    18 Март 2015
    Машко

    Не, за дома соларни панели не се исплатат. Особено не тие од али
     
  14. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,572
    11,345
    23 Јануари 2008
    Манга
    И е далеку поевтин отколку во земјите со кои што сакаме да се споредуваме.
     
    На bobmkd и stefan_mkd им се допаѓа ова.
  15. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    568
    720
    25 Февруари 2016
    Машко
    Во Германија престанаа да субвенционираат производство на енергија од фотопанели, ''швабите'' беа толку запалени по заштеда и профит што нема село во германија каде пола ниви не се со фото панели, или кровови на куќи и штали, амбари итн. Имаат премногу големо производство а нема потрошувачи и се повеќе се намалуваат, односно фабриките се префлаат во Кина, а сега помодерно во Африка. Така да има во Македонија неколку обиди да се заработи од фотопанели, но засега се безуспешни или со ограничен бенефит.
    Но сепак истражувај повеќе во оваа област, има начини на заштеда во повеќе сегменти на живеењето.
     
  16. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,238
    2,933
    24 Септември 2012
    Хаха нема доволно потрошувачи на струја во Германија? ;) ;) ;)

    Ретардираните се откажаа од нуклеарна енергија, од гас, од јаглен... ќе цркнат само да можат сами да прават струја за да не им избега и тој 0.1% профит надвор од државата.

    https://www.youtube.com/shared?ci=Ok5fSBZ-gOQ
     
    На Speedy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    568
    720
    25 Февруари 2016
    Машко
    Еве пробај добиј субвенција за фотопанели во Германија, или ќе добиеш одговор дека понатаму можно е и наплата на одредени такси на производството зошто се јавуваш како производител на електрична енергија.
    Плус од времето даваат попуст на домаќинства кои трошат повеќе електрична енергија, нешто обратно пропорционално од времето на Југославија кога имаше групи на потрошувачи и оние кои трошеа повеќе, плаќаа поскапа ''струја''.
     
  18. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    593
    202
    21 Август 2010
    Машко
    Цената на струјата сооднос на финансискиот прилив си е ОК кај нас, исто како што им е ОК во Германија бидејќи реално они зимаат далеку поголеми плати од нас. :))
     
  19. DarkDeFnx

    DarkDeFnx
    Gaining Experience

    64
    103
    20 Јули 2016
    Машко
    Во цените за кWh електрична енергија е вклучена фамозната „ангажирана моќност“ од 33% од пред некои 2 или 3 години кога имаше многу реакции во јавност за истата, па да не „штрчи“ во сметките удрија пута 1,33 на kWh-от.
    На таа сума за потрошени kWh се пресметува +18% ДДВ.
    Потоа се пресметува уште +140 денари за улично осветлување.
    Тоа е пресметката за регулирани тарифни потрошувачи во дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија во кои се сите броила на физички лица/домаќинства/резиденти. Правните лица пак, еден дел и понатаму се регулирани тарифни потрошувачи, а друг дел се снабдуваат преку фирми-трговци со електрична енергија на (наводен) пазар на електрична енергија при што условите (вклучително и цената) ги договараат со нив. Колку што сфаќам со оглед на тоа што не е прецизирано, во темева интересот е за регулиран тарифен потрошувач, па да не ширам беспотребно за правни лица.

    tl;dr: тарифа МКД/kWh од сликата + 18% ДДВ + 140 МКД улично осветлување = крајна сума за плаќање.


    За фотоволтаичните системи, долгорочно се исплаќаат и при ваква цена на kWh како во Македонија. Периодот би бил од 10 до 20 години во зависност од користењето на енергијата при што панелите имаат гаранција од производител за 25 години експлоатација, а читав за пример од САД како панели во 33-та година од експлоатација генерираат 80 до 85 % од пропишаната моќност.
    За што побрза исплатливост, е тука доаѓа науката и уметноста, прилагодување и оптимизирање.
    Еден случај е да се користи само за сопствени потрошувачи. Се почнува со анализа на сите W од потрошувачи и h кога работат. Потоа проекција колку од тоа може да ти даде сонцето, т.е. енергија на сончево зрачење за што треба мерење/податоци од мерења од институции/следење некои апроксимирани пресметки....good luck со било што. Врз основа на тоа, ќе си избереш и опрема (панели, спојувачки кутии, конектори, кабли, проводници, заштитна опрема, инвертер...). Има и фирми за ова, ете некои линкови погоре. Во ваков систем скоро сигурно ќе треба акумулаторски батерии со контролер за полнење, што преставува една цела нова тема за дискусија.
    Втор случај е да се поврзе и на електрична мрежа. Со оглед на напонското ниво на кое работат, се поврзуваат на дистрибутивната мрежа од инвертер преку трансформатор. Е за тоа треба еден голем куп документација, време, нерви, пари и слични луксузи: фирма/правно лице, имотен лист за земјиште, дозвола за градба, изработен проект, лиценци од РКЕ (за електроенергетски објект, за производител на електрична енергија, за повластена тарифа за откуп ако наредиш и тоа), документација во ЕВН (барање за приклучок, барање за ставање под напон мислам го викаат тоа другото...), регистрирање во МЕПСО како субјект во „пазарот“ на електрична енергија.....веројатно има уште, ова што знам. Подетално кај адвокат, Регулаторна, надлежниот КЕЦ на ЕВН Македонија и МЕПСО.
     
    На Costigan_Jr, ileste, prichina и уште 6 други им се допаѓа ова.
  20. bozidar

    bozidar
    Intern

    75
    7
    26 Март 2009
    Машко
    bravo za iscrpniot odgovor e vaka treba da se resavaat problemite na forumive.
     
  21. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,572
    11,345
    23 Јануари 2008
    Манга
    А зошто пазарот е ставен во наводници?
     
    Последна промена: 16 ноември 2016
  22. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Па, највероватно затоа што не постои пазар во суштина, туку Директива за плаќање пари.
     
  23. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,572
    11,345
    23 Јануари 2008
    Манга
    Кога ќе стресеш и си мислам дека тоа е најголемата глупост кажана, ти ме изненадуваш со уште поголема
     
    На ileste му/ѝ се допаѓа ова.
  24. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,250
    306
    26 Јануари 2012
    Kaj nas strujata e preskapa vo odnos na platata pr da zemas 20.000 den sto e prosecna plata vo zima ako se grees na struja ke ti begaat minimum 8-10.000 den.
     
  25. stefan_mkd

    stefan_mkd
    Gaining Experience

    391
    198
    18 Март 2015
    Машко
    Дали си свесен дека на светско ниво плаќаме доста ефитина струја? Тоа што платите се заникаде не е ничив проблем. Јагленот што се увзеува е иста цена, без разика некој што има 20 000 плата
     

Сподели

Вчитување...