1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Everest online akademija

Дискусија во форумот 'ИТ Сертификација' започната од i_trpo, 21 ноември 2016.

Тагови:
  1. i_trpo

    i_trpo
    Intern

    2
    1
    27 Септември 2016
    Машко
    Sakam da se zapisam na nekoja IT Akademija(ili nekolku kursevi, t.e php&MySQL pokonkretno), pa ja sretnav everest akademija kade se izveduva nastavata online. Mnogu mi odgovara nacinot na koj se odvivaat kursevite, no ne znam nisto okolu akademijata. Bi ve zamolil dokolku ima nekoj nekakvi informacii (dali se dobri predavanjata, mentorite, dali sertifikatot ima nekoja vrednost i sl.) da spodeli :D
    Blagodaram odnapred.
     
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,230
    811
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    На која академија и да одиш, без да вложиш труд на вежби дома, џабе ти е.
    Php & SQL не се учи само со посета на предавање.
    Сертификат без знаење нема никаква вредност, освен можеби за потпалување оган - еднократно.
     
    DeepImpact, igor_bef, StOrMK и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,173
    1,077
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    PHP & MySQL најубаво се учи од туторијали пропратено со пракса. Гледаш и пишуваш. #одискуство
     
    На i_trpo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. i_trpo

    i_trpo
    Intern

    2
    1
    27 Септември 2016
    Машко
    Blagodaram. Ucev od tutoriali i besplatni kursevi ( na codeacademy, udacity i sl.) Html, css javascript i jquery i se steknav so osnovni poznavanja od ovie jazici. Ucenjeto na akademija (kurs) go razgleduvav kako opcija so koja pobrzo bi dosol do rabota koja ja sakam. E sega dali za toa bi mi pomognale tie sertifikati ili nivnite navodni klientski vrski( gledav imaa 30-40 partneri koi "vrabotuvale" nivni studenti) navistina ne znam. Celta mi e sto pobrzo da naucam pred se i da pocnam da rabotam. A mislam deka so samostojno ucenje i gradenje na portfolio toa bi mi odzelo poveke vreme.
     
    На dimsa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    244
    272
    9 Јануари 2015
    Кога веќе гледаш онлајн курсеви, види што има на Udemy. Јас земав неколку за Django и сум презадоволен. Ако ја имаш самодисциплината да седиш саат два секој ден/втор ден. И најбитно е да најдеш некое мини проектче што ќе го штракаш од страна.
     
    На i_trpo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,173
    1,077
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    за програмирање сертификати и чуда не ти вршат работа, ти треба искуство и знаење. на кој начин ќе го стегнеш искуството и знаењето тоа е твоја одлука.
     
    На dimsa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    769
    612
    27 Јуни 2012
    Од искуство ти кажвуам дека повеќе ќе научиш од пракса. Гледај како ги прават работите и пробувај. Од прво е убаво да ги знаеш работите теоретски бидеќи ако не знаеш која ти е целта и што се прави со одредена технологија џабе пробуваш.

    Барај книги во најмала рака, на крај краева има факултети и за тоа.
    Тие академиите ти се џабе фрлени пари.
     
  8. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,230
    811
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Ако научиш да работиш, ама ич не му се секирај за работа. Вратите ќе ти бидат отворени насекаде и низ мк и надвор.
    Ама ако научиш да работиш, а не да посетуваш некои курсеви само заради сертификати.
    Дефинитивно подобро се учи и се напредува во група.
    Моја препорака, помини некој курс, паралелно работи на реални проблеми/проекти, па влези во некоја поголема фирма, макар и на пракса некој месец...
     
    На i_trpo и dimsa им се допаѓа ова.
  9. Ficiani

    Ficiani
    On your way to fame

    486
    890
    1 Јуни 2012
    Машко
    Front-End Web Developer
    Кратко и јасно: у денешно време, поред платформи за онлајн учење како uDemy / Lynda и многу други, стварно нема логика да плаќаш по иљадници евра за вакви академии.
    Една 10-тина од тие пари да ги вложиш барем во 3-4 курсеви, ќе го имаш истото знаење, ако не и повеќе. Бидејки, во оваа бранша кај што сме ние, знаењето се стекнува преку Гугл. Гуглање и дебагирање во 3 саат навечер. Ниту една академија не ти го нуди ова.

    Се што кажав погоре е од искуство. Лично јас, првин се надоградував со онлајн курсеви од uDemy (каде што потоа и сам станав инструктор), и еве ме сега самоук, вработен full time во web dev фирма.

    Поентата ми е, колку труд ќе вложиш, толку и ке ти се исплати. Академии, туторијали, курсеви и све останато ти се како потпора. Според мене, избери ја нај економичната опција.
     
    DonFrozex, Whisky Vishera и на i_trpo им се допаѓа ова.
  10. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,384
    1,985
    12 Август 2009
    Машко
    Незнам за курсеви и академии ама знам дека ова сигурно функционира.
    Замисли проект на кој би сакал да работиш.
    Почни го сам. Вечно досредувај го и надградувај го.
    За се што ќе се појави непознато, ќе најдеш и бесплатни одговри на нет.
    придобивки:
    Се стекнуваш со искуство без да молиш никого.
    Имаш портфолио. ( само немој со изговорите.. абе не е досредено, можам јас и подобро... ако можеш, направи го па после објави го)
    Редовно ги пратиш трендовите и начините на имлементирање на одредени технологии.
    И учиш и работиш.
    Парите за академијата подели си ги на месечна плата.
     
    На Whisky Vishera и ekonomist им се допаѓа ова.
  11. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,547
    1,726
    19 Јули 2013
    +1 за советот од imperial.

    Разгледај ги курсевите од сајтовите што ти ги предложија и ако не можеш да се снајдеш да ги набавиш без платно, пиши да помогнеме.
     
    На i_trpo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. psyman

    psyman
    Gaining Experience

    37
    67
    30 Март 2018
    Се слагам со советите горе. Само да додадам нешо специфично за Еверест -- интересно е шо има Ментор, всушност имаш 1 на 1 со искусен програмер до одредено време, имаш домашна која тој ти ја прегледува и ти дава типс енд трикс зашо ова и зашо она, и имаш и квизови. А башка колку шо знам, креаторот на Еверест е екс CEO на Александрија.

    И јас сум самоук и учев од пиратски книги и курсеви од торенти, ама ете на времето немаше кој да ме менторира. Али на крај од денот, секако можеш да научиш ако вложиш доволно време, труд и го загрееш столот. Без разлика дали од Udemy, Lynda, Everest, Seavus Academy, обични книги или незнам ти јас шо.
     
  13. pixa_vv992

    pixa_vv992
    Intern

    3
    1
    4 Мај 2018
    Машко
    Еве јас сум студент вондреден прва година на Апостол Павле. Со програмирање немав проблеми околу полагање на двата испита од првиот и вториот семестар, како и со математиките.
    Но, поентата ми е дека некако се чувствувам како да не сум на прав пат. Еве полагам испити и се тоа, но на крајот од кодирање не знам скоро ништо. Е сега јас сум нов во ова, и би те замолил за совет. Дали се исплати да продолжам на факултетов. И доколку би се откажал од него, (за што и самиот сериозно размислувам) дали би можел како самоук од дома преку курсеви да се надоградам? Што ти би ми препорачал?

    Да се надополнам, целта ми е да работам на интернет. Поточно да си ја задржам старата професија и да ја работам оваа. Кој би бил патот до тоа и дали има воопшто пат?
     
  14. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    816
    946
    11 Март 2011
    n-ти пост на тема „мрзлив сум, не ми се учи, дај молете ме да не се откажам“.

    Веќе одговорив неколку вакви со доста трпение, но еве на тебе и на сите идни вакви постови малку поискрено - Вакви муабети се прават со родители, брат/сестра и со никој друг.

    Кој тука те знае „под псевдоним си“, па уште да ти се грижи за иднината. Еве јас ти велам откажи се, доста беше 3 месеци факултет, си трошиш време џабе, место малку да медитираш, малку да сурфаш. Отиди занает за ѕидар, земај дневници, чекај некој талент шоу за пејачи, сепак чуда се случуваат во оваа земја, има такви на кои им успеала шемата.
     
  15. pixa_vv992

    pixa_vv992
    Intern

    3
    1
    4 Мај 2018
    Машко
    Не баш напротив, не ми е намерата да се жалам, да ми беше тоа немаше ни да запишам втор факултет. И не се 3 месеци туку е цела година со прилично добри резултати. :)
    Поентата ми беше да прашам некој од браншата за мислење/совет, дали и како понатаму, ако си нервозен или те удрил некој со чорап по глава сабајлечки, можеш слободно да ги прескокнеш моите постови или да ме ставиш на игнор. Вака воопшто не си ни смешен ни интересен, а најмалку корисен. На крајот на краиштата не дојдов тука за да разглабам љубовни проблеми или да пцујам, туку само за да научам нешто ново и корисно за себе. Здравје Боже, во иднина може и јас ќе сум на таа страна, кој знае.
    Ајт поздрав.
     
  16. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    816
    946
    11 Март 2011
    Добредојде на форумот :)

    Сакав во преносна смисла да ти кажам дека правно-формално во државата ти е потребен факултет.

    Конкретно за прашањето околку други едукации не можам да ти помогнам.

    Поздрав и секое добро.
     
  17. pixa_vv992

    pixa_vv992
    Intern

    3
    1
    4 Мај 2018
    Машко
    Ако е така значи на прав пат сум, фала ти и имај убав ден :)
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,384
    1,985
    12 Август 2009
    Машко
    Ако очекуваш совет, откажи се од факултет.. нема да го добиеш.
    Утре ќе изгубиш работно место баш затоа што немаш факултет.. иако не е врзан со професијата.
    Пошто лесно проаѓаш на испити, заврши го.. и не го мисли многу.
    За се останато.. горниот пост.

    Незнам што сте запнале за курсеви... ја мислам дека тие се за почетници, да се запознаат со тематиката и некој основи.
    За се останато.
     
    На pixa_vv992 му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. kuzman0v
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    4,242
  2. igor_xxxx
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    2,553
  3. kjosmofon
    Одговори:
    29
    Прегледи:
    1,646
  4. Spawny
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    2,365
  5. LjubeA

    GTA Online

    LjubeA, 30 Април 2015, Во форумот: GGTVMK
    Одговори:
    18
    Прегледи:
    3,257
Вчитување...

Сподели

Вчитување...