1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Etymotic ER2XR слушалки

Дискусија во форумот 'Слушалки, звучници и аудио продукти' започната од Андреј, 27 Јануари 2020.

  1. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    144
    352
    4 Септември 2012
    Машко
    За да почнам со било каков опис на тоа како звучат овие слушалки, би сакал на кратко да ви ја доловам историјата на Etymotic.

    Etymotic е американска компанија која се занимава со истражувања поврзани со дизајнирање производи кои точно го проценуваат слухот, го подобруваат животот на оние делумно го изгубиле слухот, го штитат слухот и го подобруваат искуството при слушање кај музичари и аудио ентузијасти.

    Во Европа не се толку познати бидејќи не се секаде достапни и тешко е да се проба модел во продавница.

    Etymotic ги измисли слушалките кои се вметнуваат во уво уште во 1984 година, а првиот high-fidelity модел со изолација на бучава се појавил на пазарот во 1991. Во оваа област тие се пионери.

    Интересно е што од тогаш па до денес, дизајнот на овие слушалки се нема многу сменето и тие остануваат верни на своите истражувања.

    [​IMG]
    Првите монитори во уво на серијата ER за истражување и аудиологија имале драјвери во посебна комора со звук кој патува по тесни цевки до слушалката.

    [​IMG]
    Вака изгледаат денес нивните слушалки. Со напредокот на технологија во изработка на драјвери, сега тој драјвер е многу помал и сместен во горниот дел.

    Врвните слушалки во нивната палета производи се: ER4SE/XR, ER3SE/XR и ER2SE односно ER2XR (Extended Response) - модел со сличен тјунинг на ER2SE и погласни ниски фрекфенции.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    На овој график се гледа причината зошто не избрав слушалки од серијата SE. Мислам дека тоа е премалку бас респонс и таква аналитичка слушалка за мене нема да биде многу забавна за слушање музика.

    Ако ги споредам со Moondrop S8, најновиот флегшип од оваа компанија кој чини 700 долари, тјунигот на ER2XR е сличен со помалку врвови и повеќе ми се допаѓа. Секако деталите, сцената и други работи не се исти, но во однос на тоа како се тјунирани нема многу голема разлика.

    [​IMG]

    Amazon.com ја намали цената на ER2XR од $159 на $119, што беше доволно добра понуда за да ги нарачам и пробам. Со царина и данок, слушалките добиваат цена од 140 евра во Европа, што е пак далеку поевтино од цената по која се продаваат локално (180-200 евра).

    ER2XR поседува динамички драјвер, за разлика од поскапите модели како ER3 и ЕR4 кои имаат микро драјвери со балансирана арматура.

    Прво што може да се забележи е дизајнот. Целата филозофија на добар звук се основа на тоа дека треба да бидат длабоко вметнати во увото. Со тоа се избегнуваат одредени несакани резонанци и се намалува надворешната бучава. Всушност, ако го постигнете ова, слушањето на музика е со многу помала гласност поради изолацијата, што е придобивка за подобар слух.

    [​IMG]

    Бас

    Басот е присутен и зависно од фитот во уво, ќе го чуете но нема да го осетите премногу. Вибрациите на кои можеби сум се навикнал од други слушалки не се многу присутни. Но бас секако има и доволно е чист, прецизен, не се прелева во средните тонови. Едноставно звучи добро. Ако сакате повеќе бас ќе треба можеби да додатете 3-5 децибели преку еквилајзер, слушалките одлично реагираат на ЕQ. Средните ниски тонови (midbass) се присутни, а од она што го приметив дури и најделикатните тонови оваа слушалка ќе ви ги сервира со детали кои сте мислеле дека не постојат.

    Средни

    Прилично детални, сепарацијата на инструменти е одлична и може да се чуе секој посебно во позадина како свири. Сцената не е широка, можеби поради дизајнот, но немам чувство дека свират внатре во мојата глава. Звукот технички задоволува, особено кај брзите песни и тоа е приметно. Слушалки како Blon-03 не можат да постигнат кај брзи песни/ритми и осетно е мешањето на звуците кои влегуваат еден во друг со задоцнување. За разлика, ER2XR многу брзо и прецизно ја сервира музиката. Вокалите звучат одлично, особено женските.

    Требл


    Неверојатно лесен и пријатен за слушање, без никакви непотребни врвови и фрекфенции кои може да се незгодни за слухот. Впрочем и за тоа се експерти, така да не очекував ништо помалце во оваа секција која ми е прилично важна при изборот на слушалки. Не приметив некој сибиланс или „метален“ требл, звучат природно и неутрално.

    Удобност

    Ова ми беше најголемата грижа, затоа што никогаш не сум користел слушалки со толку длабокo вметнување. На располагање се triple flange силиконски врвови (мали и големи) и пенасти врвови кои изгледаат како цилиндри.

    Ми требаше малце време да се навикнам на triple flange иако сум ги користел и претходно, очекував да биде полошо. Изненаден сум колку се удобни со пенастите врвови, кои пружаат и најголема изолација. Пената ја стискам и вртам меѓу прсти за полесно вметнување.

    [​IMG]

    Во движење ги слушав главно на телефон преку Meizu HiFi Pro. Ги користев во трамвај, воз и авион. Изолацијата е неверојатна со пените (35 до 40 децибели, зависно од вметнувањето) и можеби на исто ниво како активна изолација.

    Пробав многу жичани слушалки во класата до 100 долари и ниедна не можам да ја споредам со ER2XR. Едноставно преголема е разликата и ако барам проблеми кај овие слушалки, тоа е можеби изработката (кабелот не е најквалитетен) и евентуалното вметнувањето во уво за кое треба малце време. Каблите се поврзани со MMCX конектор, па може лесно да се сменат во иднина.

    ER2XR имаат одличен звук/тоналитет, реагираат супер на EQ, а изолација е на ниво на активни слушалки. Не се осмелувам да ги носам по улица додека пешачам и не би ги препорачал за тоа, бидејќи околина е приглушена и може да биде опасно.

    Изгледа дека ги најдов моите жичани in-ear слушалки и тука престанува потрагата и купувањето вакви модели, бидејќи не гледам веќе потреба :) Секако има подобри модели и поскапи, но за оваа цена мислам дека се добива голема вредност и слушалка што ќе ја користам подолг период.
     
    Последна промена: 27 Јануари 2020
    На Delta111, WeiWuWei, Delicon и уште 15 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...