1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија :eShark ESL-M4 Naginata + rant

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од hpetrovski, 30 Мај 2020.

Тагови:
  1. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Рецензијата започнува од болдираниот текст подолу, овде се жалам за ствари.

    Во последнава година поминав десетина различни глувчиња , најчесто од the usual suspects Logitech, Razer, Steelseries etc. и можам комотно да кажам дека сум тотално разочаран од контролата на квалитет на флегшип производи за нашиот маркет. Буквално Анхоч и Нексио корисничка поддршка ми се во favorite contacts на телефон пошо не можев да добијам маус без дефект 4+ месеци.

    Се' почна кога сакав да ги заменам Steelseries Rival 110/Kana со нешто поасално, пошо страничните кликови беа ѓубре, имам етернет кабли по-usable од сток кабелот на овој и генерално не сум за премали амби мауси, пошо имам средна/голема дланка.

    Обид #1 беше Razer DeathAdder Elite кој се понашаше океј првите 2 месеци, и секако после тоа јави double-click проблем на буквално трите главни кликови. Го пратив во сервис, и го добив назад истиот после 35 дена(иако според нивна полиса треба да добиеш нов после 30ти ден), со објаснување дека колегите во сервис не можеле да најдат никаков проблем. Снимив видео кај што експлицитно демонстрирам како може да се утврди проблемот во кликовите и неколку конкретни примери кај што тој дефект ми прави проблеми во работата. Го праќам пак во сервис и после 30ish дена јас им се јавувам нив, пошо ме немаат контактирано секако и ми кажуваат дека колегата го користел веќе недела дена на неговото биро и дека не гледал никаков проблем со маусот. Не ни го имаа отворено видеото за кое се договорив дека ќе им го снимам и ќе им го пратам. После недела дена се среди ова и конечно одлучија да ми ги вратат парите.

    Обид #2 беше Logitech G Pro Wireless од Нексио. Исти курац, 20M Omrons има маусов, дабл клик проблеми уште од првиот ден, па го вратив. За разлика од Анхоч, Нексио го утврдија проблемот и ме известија дека ќе ми ги вратат парите во 2 работни дена(clap). Баш ми беше жал, GPW е најsafe и најкомотен shape што некогаш сум го пробал.

    Обид #3 беше Razer Viper Ultimate. Цел selling point на вајперите се оптичките кликови што виртуелно не можат да појават дабл клик проблем. Арно ама мидл кликот е ѓубре што тешко се врти и воедно дабл кликова како ненормален :) После 2 недели користење, кај левиот клик се појави баги голем rattle во споредба со десниот. и за крај, левиот страничен клик почна да заглавува навнатре. За среќа, немаше поминато 15 дена и можев да го вратам во Анхоч, no questions asked.
    Rant over.

    Enter eShark ESL-M4 NAGINATA.https://www.anhoch.com/product/599869419/mouse-e-shark-gaming-naginata-16000-dpi-rgb
    upload_2020-5-30_16-4-35.png

    Формата на маусот најдобро би ја опишал како издолжен GPW. Димензиите се 126 x 65 x 39mm според кои би спаѓал во large категорија, но јас би го ставил во medium ради тоа што широчината од 65мм е назад каде што обично прстите не ми допираат. На средината, маусот е околу 5.6/5.7 каде што обично седи палецот.

    Страните се скоро рамни, не се закосени навнатре нешто како на G203/G305. Има малечки, неагресивни вдлабнатини на кликовите што се многу побезбедни споредени со вдлабнатините на нешто како DeathAdder или Viper. Највисоката точка е скоро на средина, малку накај задниот дел. Очекувам да е згоден за било кој fingertip i claw грип, и palm грип за мали до средни дланки. Во глобала, многу безбедна форма.

    Маана на honeycomb дизајнот е тоа што некогаш знае да крцка на некои места каде што допираат сегментите еден со друг, ради флексибилноста на материјалот. Ова можеби се средува ако се замараш доволно за да го отвориш и да го подмачкаш со нешто на контактите.

    Сензорот
    е top-of-the-line PixArt PMW3389, нема потреба за многу зборови тука, иф ју ноу ју ноу.

    Кликовите
    се најблиску до мојот омилен клик на G203, што исто користи Омрон 20ка. Потврди од просечниот клик, ама crisp af. Страничните кликови се на одлична позиција и се најдобрите што сум ги пробал на маус, ever.

    Единствен проблем што имам со мејн кликовите е што има минимален side-wobble, што е малце неизбежен ради дизајнот на поединечен shell за секој клик. Скролот е екстремно мазен, битно ако скокаш на скрол во шутери.

    Мидл кликот е лесен и satisfying.

    Mouse skates
    -от се супер брзи направени од PTFE, и глајдоваат многу лесно на мојот G-SR-SE. Би спомнал тука дека краевите не се нај-rounded и кога го притискам маусот надолу посилно, осеќам дека го гребе мауспадот повеќе.

    Нарачав афтермаркет Tiger Arcs за RVU, затоа што изгледаат најблиску до формата на овие, па планирам да го ишмирглам подот на маусот рамно за да можам да инсталирам било кои mouse skates.

    Кабелот
    е Paracord-тип на кабел и е одличен. Не е најдобриот што сум го пробал, ама ако имаш маус банџи, нема никогаш да го осетиш.

    Софверот
    си ја врши работата одлично. RGB-то на лед стрипот назад може поединечно да се програмира со лед скролот и логото внатре. Ги има the usual безвезе ефектчиња streaming, breathing, waves, steady etc. што никогаш нема да ги користам :)

    Polling rate
    можеш да бираш измеѓу 500Hz и 1000Hz. Одбираш колкав број на онборд профили би сакал да имаш и што е многу јако, можеш да имаш одделен X i Y DPI сетинг за секој профил.

    Над се', маусов си има онборд меморија за сите овие ствари, такада можеш само да си ги инсталираш профилите и комотно да го избришеш софтверот кога ќе си готов.
    upload_2020-5-30_15-32-19.png

    Маусов, без кабел, тежи 60g. Планирам да го модифицирам во иднина така што ќе ги извадам непотребните лого LED диоди внатре, дпи свичот и лед свичот одоздола, со што претпоставувам би дошол окол 57-58g.

    За цената од 2190 денари, не наоѓате нешто што е ни блиску до овој performance/value однос.

    P.S. Им пишав на фејсбук, Хрвати биле. Obviously е некој ОЕМ rebrand маусов, ама support your locals I guess.
     

    Прикачени датотеки:

    Последна промена: 30 Мај 2020
    На JunkieMKD, NecrotoX, ARMac и уште 10 други им се допаѓа ова.
  2. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,529
    1,197
    8 Декември 2009
    Супер сѐ ова, ама не можам да го прочитам целото, ќе те замолам да користиш параграфи и нови редови, смрт за читање е.
     
    ARMac, hpetrovski и на champagnepepe им се допаѓа ова.
  3. champagnepepe

    champagnepepe
    Gaining Experience

    61
    82
    21 ноември 2019
    Машко
    DevOPS
    Razer Viper Mini тежи 60 грама. Разликата меѓу 60 и 58 е неосетна.
    За 2500 денари Razer Viper Mini го брише подот со кинескиов rebrand, од сензор до супорт, оптички switches и build quality е hands down најдобрата буџетна опција во моментов од 2000-3000 денари, освен ако не се најде нешто на старо во добра состојба.
     
    На boro1 и hpetrovski им се допаѓа ова.
  4. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Ај види сега :) Go easy, прва рецензија ми е ова.
     
    На Tajson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    1,012
    421
    17 Јуни 2008
    Многу грд е на изглед маусов. Сепак браво за рецензијата.
     
    Последна промена: 30 Мај 2020
    На hpetrovski му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Како брише под со инфериорен сензор? Не дека некој ќе може да осети разлика измеѓу 3360 и 3389, ама не гледам како тоа е валиден аргумент. Успут, како што кажав погоре, маусов е medium/large категорија. За hybrid fingertip grip како мојов, Viper Ultimate беше пренизок и претанок на средината, а не пак минито. Не можам да замислам како некој палмгрипер со 18цм+ рака би можел воопшто да користи мини. Последните 3 Razer мауси кои сум ги имал имале некаков проблем со клик, такада во врска со аргументот за build quality, претпоставувам дека само си имал среќа со твојот:)
     
  7. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,194
    3,549
    7 ноември 2014
    Машко
    Пред се, со задоволство читнав и браво за рецензијата!

    Е сега, не знам како имаш проблем со quality control, а завршуваш од проверени брендови на нешто сосема лево. Втора работа овој honey-comb отворен дизајн гледам дека ја открива цела плоча, не знам колку е тоа паметно да седи отворено кога е во постојан контакт со нешто кое има микро и не-толку-микро прљавштини...
     
    На hpetrovski му/ѝ се допаѓа ова.
  8. champagnepepe

    champagnepepe
    Gaining Experience

    61
    82
    21 ноември 2019
    Машко
    DevOPS
    Самите компании вложуваат ненормални средства во дополнителна оптимизација на default сензорите што ги добиваат од PixArt/Avago.
    Не верувам хрвативе да чепкале/модифицирале нешто - од софтверот забележувам дека нема ни lift off distance setting (поправи ме ако грешам).
    Во однос на среќа, немам видено никој да се пожали од најновата генерација на Razer по форумов досега.

    Убаво што си му дал шанса на брендов, kudos to you, но јас лично не би инвестирал во ваков no-name глушец. Се надевам ќе направиш уште едно ривју како издржал истиот за неколку месеци.
     
    На hpetrovski му/ѝ се допаѓа ова.
  9. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Чекам re-stock на GPW во Нексио за 2-3 недели, со надеж дека ќе добијат океј batch. Пошо морав да го вратам RVU-то, итно ми требаше нов маус, инаку ќе требаше да го користам Logitech G400s-от што ми е единствена резерва засега :D
    Во врска со дизајнот, ќе мора да направам long-term рецензија после неколку месеци, па да видиме дали ќе држи маусов со еден куп прашина внатре. А дека е поопасно за плочата во случај да ти се истури пијачка на биро, дефинитивно.
    --- Споени мислења, 30 Мај 2020 ---
    Еј фала што ме потсети, заборавив да напишам за LOD во рецензијата, сега ќе додадам и горе. Default lift-off-distance на G-SR-SE е под 1 двд. Не би го нарекол променлив LOD во однос на материјалот и бојата на мауспадот "оптимизација на сензор". Патем, Viper Mini не ни можеш да го донесеш испод 2 ДВД-а без tape-trick на многу cloth pads, џабе "ненормалните средства" инвестиција.
     
  10. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    349
    165
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
    Вчера го пробав кај другарче.
    Досега најдобра форма (во мое мислење) што имам пробано на маус.
    Го сетив малце на Aim Train на кантеро.Како што рече членот маусо е ракета,лизга го несалам,другарот има Glorious Cloth Pad кој е малце накај Control странта на Mouse Pads но сепак нема никаков проблем со лизгање,но сепак лично би ги заменил за Hyper Glides.
    Кабелот е супер,во мојот краток период на тестирање ми изгледа како Ascended Cord од Glorious.
    Формата како што кажав е одлична,маусот не е многу долг но е поширок од Viper/Model O/FK2/FK1,формата е некоја мешавина меѓу GPW,Hati и WMO.
    Сензорот е топ нема тука ништо,дефинитивно неможам да му напрам Spin out а ако има некој што можи нека ми пиши да се проба.
    Кликовите се топ,брзи и лесни подобри одколку на Deathadder-от што го користам бидејќи некако ми се чудно на него некогаш ми се тешки а некогаш нагрешка ги притискам,знам дека нема смисла ама таква е ситуацијата.
    Side Buttons имат солиден клик но се мали,навикнат на Deathadder-ot сакам поголеми и повеќе испакнати side buttons (Hati-то земето го како пример)
    Прочитав коментар дека маусот е грд на изглед и се согласувам но 99% од времето дури играм нема да се гледам во него така да не менва многу.
    Единствена мана што можам да речам е софтверот кој се мачевме да го наместиме под 1200 DPI бидејќи кога ке напишевме пример 800 пак се врајќаше на 1200.

    TL;DR Одличен маус за цената,супер форма,сензор,кабел,тежина,и Glides,само малку софтверот треба да се полира иначе супер е,само сакам да знам како ке се покажи на подолго користење.
     
    На hpetrovski му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,393
    2,246
    13 Јануари 2014
    Машко
    Браво за рецензијата, детално и убаво објаснето.

    Едно прашање имам, не те нервира на рака honeycomb ситуацијава? Не знам зошто, не сум пробал на подолго од 10тина минути, ама имам чувство дека е неудобно и смета, и ради тоа сум против вакви дизајни. Јасна ми е причината, ама сепак.
     
    На hpetrovski му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Воопшто не ми смета, дури би рекол и дека ваков тип на страни е супериорен за грип над гумени во случај да ти се потат рацете. Капакот назад се осеќа дека е поразличен, ама не би го класифицирал како полошо/подобро, едноставно различно е. Имам urge да земам да го прснам бел и да го ишмирглам фино за да видам дали glossy кје изгледа помалку грд :D
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    349
    165
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
    Се согласувам,незнам зошто се жалат луѓето за Honeycomb.
    Не ми смета мене лично ни на Model O ни на Naginata а и сигурен сум каков бил друг Honeycomb не би ми сметал.
     
    На hpetrovski му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kavali77

    kavali77
    Intern

    1
    1
    31 Мај 2020
    Машко
    Би сакал да се испробам за маусов, но страв ми е за квалитетот на маусот во смисла на тоа дека може да крцка Honeycomb дизајнот, затоа би сакал да ве прашам за искуство со користење на маусов, дали тоа смета и дали крцкањето зависи од тоа како ќе ти се погоди маусот што ќе го купиш. Плус за mouse skates, дали имате најдено некои кои најдобро одговараат за нив?
     
    На hpetrovski му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Ноуп. Имаат дизајнирано некоја нивна форма, такада не одговараат на постоечки хајперглајдс. Затоа планирав да го ишмирглам подот рамен за да можам да ставам било кои хајперглајдс што се на лагер.
    За крцкањето би ти предложил да одиш во продавница и да ги испробаш сите што ги имаат на лагер, не би можел да кажам дали проблемот е поголем на одредени batch-ови. На мојот конкретно е неосетлив, освен ако го стегнеш посилно на одредени контакт места.
     
  16. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,657
    1,453
    27 Јануари 2011
    Машко
    Браво за трудот.
    За што го користиш маусот? Па ти смета среден притсок на лева страна и помал од десна страна и прекидач ова она ...да не го прочитав на почеток дека се работи за маус ке мислев дека рецензија е за блајбингер од нуклео-депилир тацна .
    Што е рант??? Дел од модел на глушецот или нешто англо-саксонско збочче кое не знаеш да го преведеш?
     
  17. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Ништо не ви одговара, еј...
    Да го прочиташе првиот дел, како што кажуваш, ќе видеше дека веќе сум го превел терминот како 'жалење за ствари' уште во првиот параграф.
    Инаку, маусот го користам во главно за Valorant, Overwatch, CS:GO и Аim Trainers, покрај секојдневна канцелариска употреба.

    Испратено од SM-A515F преку IT.mk форум апликација
     
  18. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    349
    165
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
    Шосторе кероини другар ти
     
    На hpetrovski му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,146
    677
    8 Август 2017
    Машко
    Еве уште некои глувци од еМорскиПас кои ги има во Анхоч, Шака Зулу, Шинаи, Танто и мислам Аикучи
     
    На hpetrovski му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    349
    165
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
    Shinai личи како Sensei RAW клон,сигурен сум дека е добар избор ако е солидна цената.
     
  21. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Да, видов има ec2 и sensei клонови, ама имаа 3325 сензори ако памтам добро. Исто така zowie клонот тежеше 150 грама :')
    Испратено од SM-A515F преку IT.mk форум апликација
     
  22. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    349
    165
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
    Машала.
    G502 има конкуренција.
     
Слични теми
  1. Enforcer_
    Одговори:
    60
    Прегледи:
    4,248
Вчитување...

Сподели

Вчитување...