1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Есенцијални масла

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од psyside, 30 ноември 2016.

  1. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,950
    27,637
    4 Септември 2008
    Бидејќи во моментов во тек е групна нарачка на есенцијални масла, во оваа тема ќе се обидам да соберам информации, а богами и да споделам мое лично и искуство на луѓето кои ги користеле овие масла/тунктури. Ќе ги тагнам пред се учесниците во порачката, за да почнеме со оние на кои интересот им е најголем.

    1. јас
    2. @M.Pix
    3. @l1d0v1c
    4. @Lokvan
    5. @igor_xxxx
    6. @Jokerski
    7. @null_ptr
    8. @Pulse
    9.
    10. @goranzoran
    11. @yasho
    12. @sisko
    13. @ivsss
    14. @moongose
    15. @Taurus
    16. @-echo-
    17. @Molec
    18. @Skorp
    19. @bobson
    20. @draey



    Прво би почнал со искуството кое за жал го имав со мојата мајка, која при приготвување на кафе заради недоволно внимание, истурила сад со врела вода на својот стомак. После само 3/4 минути, добила изгореници кои предизвикале пликови со дијаметер од околу 6-7cm, ужасно болни. Ме викнаа, и веднаш кога пристигнав инсистирав да се третира проблемот на лице место наместо да одиме во болница каде што истиот третман ќе биде приложен после најмалце 30-на минути (патување додека да ја примат итн) иако имам родители кои се големи скептици (не веруваат на ништо што не искача од устата на човек у бела облека) успеав да ја убедам мајка ми да се намачка со маслото/тинктурата која ја имав приготвено а истата се состоеше од,

    1. Calendula Officinalis CO2 (невен) тотален екстракт од Eden Botanicals - 0.5% концентрација

    2. Matricaria recutita CO2 (плава германска камилица) тотален екстракт од Eden Botanicals 1% концентрација

    3. Curcuma Longa CO2 (турмерик - куркума) селективен екстрак Plant Therapy

    4. Nigella Sativa CO2 (црно семе) тотален екстракт од Eden Botanicals - 0.1% концентрација

    5. Rosmarinus officinalis CO2 (рузмарин) селективен екстракт приватен семп од Германија 0.5% концентрација

    6. Lavandula Angustofolia (лаванда) есенцијално масло Plant Therapy

    6. Persea americana (авокадо) како базно масло на целиот микс од Plant Therapy.


    Додека се спремаа да отидат на доктор, мајка ми се намачка на пликовите со мискот од масла, за нецели 2-3 минути, болката осетно и се намали, и се осеќаше без малце како ништо да не и се случило. После само 1 до 2 дена, мајка ми ми се јави на телефон да ми каже дека не само што веќе не осеќа никаква болка дури и на допир - него дека пликовите ЦЕЛОСНО се намалени и едвај се приметуваат. Од моето искутво со пликови до сега, знам дека истите стојат најмалце 1 недела горе доле, па така за мене овој резултат е нешто неверојатно ако се знае дека се работеше за сериозни изгореници - тотално бев шокиран и запрепастен од ефектот и уште еднаш се докажа дека маслата т.е. екстрактиве се екстремно моќни.

    Во следните постови ќе наведам и други примери - искуства, сега за сега толку :)
     
    Последна промена: 30 ноември 2016
    На DaVoRkNe, moongose, Lokvan и уште 5 други им се допаѓа ова.
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,950
    27,637
    4 Септември 2008
  3. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,950
    27,637
    4 Септември 2008
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,950
    27,637
    4 Септември 2008
  5. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,950
    27,637
    4 Септември 2008
    Еве ви многу интересно видео, знам дека и на форумов има многу скептици и веќе мислат на моменти од типот на тоа не е можно, може да е пласебо, секако ќе зараснеле пликовите, нема докази итн но во горните постови кои ги резевирав наскоро ќе постирам клинички испитувања кои го докажуваат моето и искуството на многу други.

    View: https://youtu.be/qviPsYrFFJM?t=12m1s
     
    На Taurus му/ѝ се допаѓа ова.
  6. null_ptr

    null_ptr
    On your way to fame

    605
    579
    20 ноември 2013
    Машко
    Слична работа се има случено на татко ми, заради лош стол се беше клизнал и ударил врз тенџере во кое се вареле јајца :(, водата му ја изгоре целата горна страна на едната рака (од прстите до згловот - кожата си испадна).. Никогаш нема отидено на лекар и незнам кој и како го натерал да отиде на преврска каде го намачкале само со дермазин и му ја замотале со завој, мислам поболно нешто амин..

    Утредента еден роднина донесе еден природен екстракт (треба да прашам од што) и раката многу брзо зарасна, болката се намали а сега нема никаква трага или белег, како ништо да не се случило.





    Испратено од iPad преку IT.mk форум апликација
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,950
    27,637
    4 Септември 2008
    Јас сум човек кој преферира референци за да се увери во одредени работи, поготово последните 2 години особено се заинтересирав во суплементација/билки, и од искуството до сега, мое и на доста други кои ги користат можам да кажам дека не само што не се пласебо, преценти, лаги и превари, него се потценети и премалце внимание им се приложува, есенцијалните масла, се нешто неверојатно.

    Еве неколку референци,

    Frankincense во третман на канцер,

    Frankinsence + curcumin во третман на канцер

    Lavanda лечење на рани


    Turmeric за депресија

    Turmeric за алцхајмер

    Ginger + Turmeric за воспаление





     
  8. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,786
    3,905
    12 Јануари 2016
    Машко
    Псај, го слушам овој типацов (Пол Дин ваљда?) и во еден момент спомна масло од орегано. Си користел? Искуства некои?
    Наводно за синуси било добро, меѓу другото.
     
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,950
    27,637
    4 Септември 2008
    Oregano + Thyme + Cinnamon + Peppermint + Clove, ти се 5 екстремно моќни масла vs резистентни бактерии, вируси, инфекции.... Маслото од оригано сум го користел лично, (го користам и во моментов) а и сум направил директна компарација со Doxyciline, антибиотици кои за мене се најдобрите all round, широк спектар антибиотици.

    За да ти доловам на најлесен начин што како и колку дејствува ќе се служам со рејтинг систем за да добиеш идеа.

    Ampicillin - 4/10 не ми делува

    Doxyciline - 9/10 многу ефикасно

    Oregano oil - 8/10 високо ефикасно

    Е сега се зависи што се третира, и на кој начин. Ако инхалираш препорачувам најмногу 1 капка на 500мл + вода, и не повеќе од 2-3 минути максимум. За внатрешна употреба, максимум 2 капки во голема лажица маслиново, 3x на ден 1 недела како превенција и сузбивање на настинки, грип и слично, и максимум 2 недели за сериозни инфекции. После тоа се прави пауза од најмалце 1 недела па повторно се продолжува.

    Фантастично и за габични инфекции, кандида, е коли итн, фантастичен антисептик е исто така. Во Америка на пример, органските фармери го користат како антибиотик на своите фарми без сајд ефектите на антибиотоците, и со многу поздрави животни.

    За синуси исто така голема препорака за црно семе, ќе ти направам еден микс ќе се видиме деновиве :)


    Robert Tisserand

    "She tells the story of a man who contracted an antibiotic resistant infection following an operation, whose life was saved by topical application of clove, cinnamon, rosemary, lemon, and eucalyptus oils"



    "Ron Guba in Melbourne, Australia about using essential oils to treat injuries and illnesses such as cancer"







     
    Последна промена: 1 Декември 2016
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  10. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,950
    27,637
    4 Септември 2008
    Мал чекор за есенцијалните масла, голем шамар за скептиците.



    "Thanks to many factors including prolific use of lavender oil, calendula and aloe vera, he healed from 11% burns to his hands and face and head. Today you would never know that he had been burnt on his face"

    "Mr Quaba, top Plastic Surgeon in Britain, says that he cannot believe the speedy recovery that Cairan has made, It is usual for children with burn injuries to remain in hospital for two to three months, but Ciaran should be home within the next ten days. It is also apparently most unusual for grafts to take by 100% as Ciaran’s have done. Normally, the take rate ranges from 40% to 90% and at times as low as 20%. It must be the lavender!
     
    Последна промена: 5 Декември 2016
  11. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,668
    3,404
    24 Септември 2012
    Лаванда и рузмарин користите?
     
  12. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,786
    3,905
    12 Јануари 2016
    Машко
    Лаванда, да. Рузмарин од некоја причина сеуште немам, а одамна сум на ниет да земам... Што те интересира всушност?
     
  13. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,668
    3,404
    24 Септември 2012
    Каде има добри кај нас?
     
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,786
    3,905
    12 Јануари 2016
    Машко
    Уфф, не знам за овде. Никогаш не сум купувал од овде, а за тоа што знам дека други зимале било сомнително од аспект на бренд/потекло/концетрација/итн.

    За армоматерапија најисплативи ми се маслата од Now Foods, кои ги има на iHerb од каде повремено нарачувам суплементи. Секако има подобри масла ама коштаат солидно поскапо. За поозбилна примена од ароматерапија требаат поквалитетни масла, како ете тие од Eden Botanicals - Organic and 100% Natural Essential Oils for Perfumery, Body Care Products and Aromatherapy

    Итно е нешто?
    Пошто има побрзи (и поскапи) шипинг опции. Ама тоа се малтретирања со дхл или други брзи пошто, и осетно поголеми транспортни трошкови. Ако не е за брзање, тогаша нарачки со страндардна пошта.


    На овдешните продавници не би им верувал, искрено дури ни ако препродаваат од познати брендови.
    Но Псај може да каже повеќе пошто за есенцијалниве масла секако знае многу повеќе.



    едит: Нека остане запис и овде, пошто се зборуваше за начин на дисперзија на маслата. Овлажнувачите за воздух не се добри за ова, маслото (носителот, базното масло) се лепи на деловите што вибрираат и прави проблеми. Многу поедноставно е нанесување на неразредено есенцијално масло на парче памук поставено да виси на излез од клима уред (или обичен вентилатор).
    На тој начин одредено маслото испарува, проверено со мерач за ППМ честички, мерењата вртоглаво рипаат при ароматерапија.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,668
    3,404
    24 Септември 2012
    Па сеа итно, со нарачка ќе фати месеци... Бев до зегиниве немаат темјан и уште некое имаа. Еурофарм немаат.

    Мислев ако има од аптека кај нас да си таксам. Дека на сајтот на Зегин има, ама реално нема лагер.

    Како и да е. Си пробал дека се лепи на СТ навлажнувачот? Гледам дека истото го спомнувале по нетов ама незнам дали е точно. Сепак СТ навлажнувачов има големо чепурче со многу празно место каде собира да си измајсторишаш некоја фора за да се закачи некое туферче со маслото. За при дувањето да го влече. За клима е лесно, огромна е единицата некаде ќе се најде простор за да се закачи туферче. Иако јас повеќе би сакал да е капнато во водата, ама ако зеза за понатаму нема да капам.

    П.С. не ми е за парфимирање, тоа е само последица. Сакам да пробам дали ќе има здравствено влијание.

    П.П.С. каде да нарачам со нормален (бесплатен или скоро бесплатен шипинг)? Да не барам по милион страни со 10-50еур шипинг на крај да испадне. Тие не ме занимаат.
     
  16. Маша

    Маша
    On your way to fame

    291
    650
    24 Април 2007
    Женско
    И лаванда и рузмарин и уште 40тина други ;)

    Сурфни Diffuser vs. Humidifier. А за пасивна дифузија јас знам на крупна хималјаска сол во некој стаклен сад да ставам неколку капки. Можеш и да го грееш и да не го грееш како сакаш... Или да направам room spray во изнад 90% алкохол да разредам.

    А купувам или од Plant Therapy, Eden's Garden или Now. Од Now не се лоши, ама многу послаб интензитет ми имаат од другиве две. За Eden Botanicals да не правам муабет ;)
     
    На Lokvan и mdeni им се допаѓа ова.
  17. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,668
    3,404
    24 Септември 2012
    Нарачав од Еден штом биле добри, од двете по 10мл. Па ќе видиме. Фала.
     
  18. Маша

    Маша
    On your way to fame

    291
    650
    24 Април 2007
    Женско
    Eden's Garden или Eden Botanicals? Различни се :) Ако ти треба нешто за итно, кажи ќе ти наточам ;) Имам празни шишенца од по 2ml :)
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,668
    3,404
    24 Септември 2012
    Еденс гаредн од линкот што го стави погоре.
     
  20. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,950
    27,637
    4 Септември 2008
    Која е намената?
     
  21. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,786
    3,905
    12 Јануари 2016
    Машко
    Освен што има ултрасоничен и небулајзерски принцип на работа, не можам да воочам некоја друга суштинска разлика во начинот на генерирање водена пареа односно честички (веројатно сум и мрзлив за пообемно да истражам). Имам дома и небулајзер и овлажнувач, небулајзерот не сум го расклопувал ама претпоставувам дека исто има некој дел кој вибрира или така нешто... Муабетот ми е, на дифузерите не им смета базното масло и не се „умастуваат“ деловите?

    За мене после се што пробав, пасивно испарување испадна најдобро и наједноставно.
     
  22. Маша

    Маша
    On your way to fame

    291
    650
    24 Април 2007
    Женско
    Не дифузирам со базно масло. Во базни ги растворам само за топична употреба. После дифузија на "потешки" масла, како ветивер или ванила, само го полнам долниот дел со чипот со бел оцет едно 15 мин и сè си е стакло. Три различни дифузери имам, со ниеден не сум имала проблем до сега. Си фучат ;)
     
  23. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,786
    3,905
    12 Јануари 2016
    Машко
    Кул, тогаш треба да набавам еден. Инаку на форумов неколку пати се спомнуваше растварање во базно масло пред ставање во овлажнувачот, очигледно не била добра идејата.
     
  24. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,950
    27,637
    4 Септември 2008
    Тоа е за да се пролонгира дифузијата т.е. да се заштеди :hay:
     
  25. Маша

    Маша
    On your way to fame

    291
    650
    24 Април 2007
    Женско
    Само гледај без wicks да биде, тапа се. Овој ми беше еден од првите, со две брзини, па после почнав да збеснувам со intermittent settings едно друго и почнаа да се множат ко гремлини на вода :)
     
Слични теми
  1. psyside
    Одговори:
    50
    Прегледи:
    5,093
  2. psyside
    Одговори:
    34
    Прегледи:
    1,586
Вчитување...

Сподели

Вчитување...