- Ја почнал/а темата
- #1
Alexandar
Gaining Experience
- 21 мај 2007
- 2,514
- 90
Европскиот гигант во авиоиндустријата „Ербас“ од неодамна користи високософистициран софтвер изработен на Машински факултет во Скопје.
Ова се наведува во соопштението што денеска го дистрибуираше Машинскиот факултет, во кое се појаснува дека станува збор за пакет од 20 компјутерски програми од областа на ладење, греење и пресметки на термодинамички величини и циклуси.
„Со оглед на фактот што „Ербас“ е компанија која работи со технологија на највисоко ниво, ова претставува голем успех за нас“, се вели во соопштението.
Автор на софтверот е професор Д-р Ристо Цицонков кој што работи на развивање на овој софтвер почнувајќи од 1980 година. Но меѓународната афирмација почнува од 1994 година кога софтверот беше првпат изложен на Меѓународниот саем за ладење и климатизација во Нирнберг - Германија.
„Оттогаш Машинскиот факултет е редовен учесник на саемот со свој сопствен штанд. Нашите компјутерски програми ги користат голем број институции и фирми од повеќе земји во светот“, се вели во соопштението.
Извор: А1
Не знам што да кажам. Браво!