1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Еразмус програма

Дискусија во форумот 'Факултети' започната од Scofield, 20 Февруари 2020.

  1. Scofield

    Scofield
    Intern

    39
    30
    23 Август 2019
    Машко
    Студент
    Здраво дечки, дали некој имал искуство со програмата Еразмус и студирање 1 семестар во странство? Кои се условите, постапката и процедурата? Јас сум на ФИНКИ и сакам да истерам еден семестар во Солун/Мадрид/Сплит.
     
  2. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    52
    91
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Зошто е прашањето што ми доаѓа на памет.

    Која ти е целта?

    Ако си веќе на ФИНКИ, мене не ми е логично да губиш време во странство само за диплома, знаејќи дека поголемиот дел од правците во IT индустријата можат да се научат онлајн.
     
    На Mechanic му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Маша

    Маша
    On your way to fame

    239
    524
    24 Април 2007
    Женско
    Зошто да е губење време? Други искуства се добиваат, кои не се учат онлајн, контакти и ред други придобивки.
     
    Filipovski, damil и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  4. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    52
    91
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Шетање не ти помага во кариерата, покорисни контакти ќе најдеш на конференција и ќе научиш многу повеќе од било кој факултет.

    Практично искуство се бара за вработување а ако си навистина ѕвер ќе те бараат да се преселиш во нивната земја ако те сакаат толку.
     
  5. Маша

    Маша
    On your way to fame

    239
    524
    24 Април 2007
    Женско
    А семестарот во Мадрид е взаемно исклучувачки со практичните вештини и конференциските контакти?
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    52
    91
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Мене лично име на факултет или град не ми значи ништо посебно. Ти ако сакаш имај завршено на Харвард или Оксфорд или Кембриџ ама утре кога ќе дојде техничко испрашување и преговарање за плата, ако не знаеш да се продадеш, џабе е.
     
    На Mechanic му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mechanic

    Mechanic
    Intern

    56
    16
    2 Мај 2016
    Подобри контакти се да отидеш на конференција каде што ќе бидат сениори/газди на фирми, отколку студенти кои доправа ќе треба да се докажуваат. Можеби после 10 години (ако те памтат сеуште) ќе ти се најдат, али поверојатно е дотогаш и самиот да си обезбедиш свое место во бизнисот (нормално ако те бидува).
    Со ова размената повеќе е шетање и да видиш друга култура, попатно и да бркнеш некое чупе, инаку тешко да научиш нешто повеќе од тоа што ќе научиш со следење на онлајн вебинари или конференции од фелата (јас би го гледал како екскурзија од неколку месеци во таа држава).
     
    На StefAngel и Rufflesaurus им се допаѓа ова.
  8. Маша

    Маша
    On your way to fame

    239
    524
    24 Април 2007
    Женско
    Добро... А како заклучивме дека дечкото нема техничко познавање и преговарачки способности? И дека семестарот во странство ќе му оди на штета?

    Впрочем не го интересира наше мислење дали да оди или не, туку искуство од некој што бил ;) Така да, бидете поздравени! :)
     
    fikiki, moongose и на Oktar им се допаѓа ова.
  9. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    430
    605
    3 Јануари 2019
    Машко
    @Scofield - Yeah, I know you want to escape from the jail called Финки. Да, лоша референца на серијата.

    Инаку, пред две години и јас сакав да аплицрам за Еразмус. Но целиот проблем беше што не супеав да најдам професори што ќе ми ги прфатат сите предмети. Имено, сакав да аплицирам за во Загреб, но земјоделскиот факултет таму е само 3 години, а во Македонија е 4, па веќе голем дел од предметите ги имав ислушано/положено.

    Во принцип, еве една евиденција на сите документи што треба да ги имаш.
    1) Уверение за положени испити.
    2) Europsass CV.
    3) Твојата студиска програма преведена на Англиски.
    4) Мотивационо писмо.
    5) Копии од индекс.
    6) Потврда за запишан семестар.
    7) Сертификат дека имаш познавање на Англиски јазик (не мора да е IELETS или TOEFEL, ја земав од некоја школа за странски јазици од ТЦ бисер и беше прифатливо)

    Најбитиниот момент е да најдеш професори што ќе ти ги прифатат предметите што би ги слушал во странство. Мојот совет е да се консултираш со продеканот за меѓународна соработка кај вас на факултет и да видиш што ќе ти препорача. Рачунај дека треба да имаш и потпис од професорите дека ќе ти ги прифатат предметите. Тоа се прави со тоа што програмата од факултетот кој си го одбрал, ќе ја испринташ и на неа ќе добиеш потпис дека професорот би ти го прифатил предметот. Е сега, УКИМ е УКИМ и ќе наидеш на секакви идиоти што нема да ти прифатат и 99.99% соодветна програма.

    Јас ако одев, само 2 предмета ќе ми беа признаени. Не ми се исплатеше... Не се сеќавам на се моментално, но ако имаш дополнителни прашања, слободно прашај. Ќе пробам да ти одговорам.

    И потполно се согласувам со @Маша дека поентата на Еразмус е стекнување ново искуството и прошируваше на кругот на пријателства. Но, ако мислиш дека ќе научиш непто, не нема, Еразмус е одреден вид на научен туризам.

    Совет: Не споменувај тоа во мотивационото писмо. Таму треба да спомеш дека идеш да научиш нови вештини, а притоа да се запознаеш со Европската култура... бла бла...

    Едит: Мене ми беше кажано дека е тешко студенти од прва година да поминат и да бидат одобрени од Еразмус канцаралијата на УКИМ. Не знам дали тоа сеуште е така.
     
    damil, TylerMkD, xhktw и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. stefan_mkd

    stefan_mkd
    Gaining Experience

    429
    243
    18 Март 2015
    Машко
    Како семестар во странство е губење време? Во најмала рака, ќе ги заврши предметите што тука би ги завшрил, а ќе се врати со искуство од еден Европски град. Кој дел од тие 5-6 месеци би бил загубен?


    Што се однесува до ОП, на ФИНКИ сигурно имате Еразмус кооридинатор кој е истакнат на сајтот. Впрочем цел процес на апликација мора да е и објаснет таму убаво, така да сметам дека на погрешно место се обраќаш :) Доколку сакаш искуства, бујрум
     
    Filipovski, Fatal1ty_ и на TylerMkD им се допаѓа ова.
  11. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,141
    3,497
    7 ноември 2014
    Машко
    Добро утро - меѓу другото, јас сум Еразмус+ координатор на приватен факултет веќе 6 години. :) Моја препорака е дефинитивно да отидеш доколку имаш шанса - макар и да жртвуваш предмет/два.

    Искуството на сите студенти досега што биле е неверојатно и секој од нив би се вратил повторно уште еден семестар во странство (голем дел и се враќаат). Форумов не е место за тоа, отиди кај Еразмус+ координаторот, информирај се директно и уживај во семестар во некоја европска метропола.

    П.с. Учењето овде е секундарно, дури и самата програма налага дека голем дел е да се запознае културата, да се види друг начин на функционирање итн.
     
    На krashot, P.Overdrive, Necromancer и уште 4 други им се допаѓа ова.
  12. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    124
    214
    6 Мај 2019
    Женско
    Препорака: ако можеш, не размислувај двапати. За учење и работа ти се цел живот, не ти бегаат. Новите видици, познанства и искуства се далеку побитни од потенцијално губење предмет-два.
     
    На genius, Daniel86, Necromancer и уште 3 други им се допаѓа ова.
  13. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    52
    91
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Затоа што побрзо може да се почне со работа, и за неколку години да се работи на freelance проекти од било кој град во светот.
     
    На Mechanic и Deksa им се допаѓа ова.
  14. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    441
    299
    9 Февруари 2012
    Машко
    of topik:
    za kakvi erazmusi zborite be lugje be sto vi e rabotnici nema vo drzavava sve inzeneri, menadzeri, magistri, pa koj ke raboti be? :)
    vo sekoja sala ima pola vistina.
     
  15. stefan_mkd

    stefan_mkd
    Gaining Experience

    429
    243
    18 Март 2015
    Машко
    Ова фриленс изгледа бетер од вегани е....

    Кој дел од студирање не е јасен? Ако не шета како студент кога не му чуе за ништо, кога ќе шета? Цел век има за работа.
     
    На TylerMkD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mechanic

    Mechanic
    Intern

    56
    16
    2 Мај 2016
    Така де, во Северџанија кај така факултетите се циркус и гола вода, па и да си го ладат, после има плачки оти барале газдите знаење за да ги земат на работа и оти не сакале да ги земат ни за практиканти.
     
  17. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    430
    605
    3 Јануари 2019
    Машко
    Лол, ок! Јас па мислам дека е одлична можност да си поужива во студентските денови. Искуството кое ќе го добие е непроценливо. Ако идеме по таа аналогија, тогаш и само што завршува некој средно треба да се стави на Udemy и да учи да куца код... Шо к*р ќе ти е факултет, нели.

    А и не знам зашто фриленсингот го правите ко да е светиот грал. Самата фама што се крева околу gig економијата дава една приказна дека прелесно е да си фриленсер - седиш со лаптоп на плажа и маваш мохито. Не, не е така.

    Фриленсингот си бара преголема жртва, доколку имам повеќе време ќе отворам едукативна тема затоа што претерано е со дезинформациите што се шират.

    Едит: Да не се разбереме погрешно, не велам дека ти шириш дезинформации за фреленсерството. Но, има доста мислења што траскаат зелени дека е прелесно. Целта на моето мислење е дека фриленсингот не е толку едноставен.
     
  18. stefan_mkd

    stefan_mkd
    Gaining Experience

    429
    243
    18 Март 2015
    Машко
    А каде освен Македонија имаш учено на факултет па што така одговорно тврдиш дека се гола вода?
     
  19. Mechanic

    Mechanic
    Intern

    56
    16
    2 Мај 2016
    Кога ја пишував магистерската теза стапив во контакт со луѓе од повеќе градови: Штутгарт, Љубљана, Остин, Цволе, Ванкувер, исто колеги од иста област, иста возраст и сфатив дека нивото на знаење од таа област им е барем 40% поголемо само од факултет. Овде кога ја презентирав ни комисијата немаше појма, а не пак студентите. Затоа земји како Словенија кои до пред 30 години беа на исто ниво ќе праќаат сателити, а ние ќе штанцаме инженери кои ќе си ја чукаат главата со години да ги стигнат колегите од нормалните држави и ќе имаме кадар на факс што во малку подобра конкуренција не е ни просек.
     
    На Oktar и Filipovski им се допаѓа ова.
  20. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    52
    91
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Ништо не е едноставно, идеата ми е дека ако седнеш и учиш за да добиеш некакви вештини, после тоа ќе ти биде полесно да најдеш работа, иако тоа не е секогаш гаранција затоа што тука играат улога и други фактори.

    Кога ќе си ги решиш сите проблеми поврзани со пари и добиеш барем некаква сигурност за себе дека утре пак можеш да најдеш работа со тоа што го знаеш, многу полесно се живее отколку да знаеш дека си прошетал на многу места а не можеш да најдеш работа само затоа што некој друг ти е крив и немаш навика да се снаоѓаш и да учиш.

    Работата е што луѓе пробуваат да учат факултет на друго место некаде во странство и мислат дека тоа ќе им помогне да добијат некаква работа кога ќе се вратат во Македонија. Тоа е само маркетинг што можеби бил валиден пред интернетот, кога немало каде да учиш па си бил приморан да идеш на факултет со висок квалитет и признанство (ако тоа е воошто збор).

    Во годината има 20 работни дена одмор + празници + викенди што мислам дека се доволно да човек отиде и прошета неколку пати во годината на повеќе локации. Тоа од работа ако те пуштат да идеш за бизнис цели е бонус.
     
  21. stefan_mkd

    stefan_mkd
    Gaining Experience

    429
    243
    18 Март 2015
    Машко
    Од одговорот можам да заклучам дека никаде не си учел на страна. Ти ја споредуваш индивидуалната желба на човек да се надгради со тоа што се учи на факултет. За знаењето од клупа, тврдам дека низ Европа е скоро исто секаде. Нормално, има разлики од факултет до факултет, но горе доле материјалот е тој. Она што Македонија заостанува е практично знаење и соработка со компании/контакти.
     
    На Filipovski му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    52
    91
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Има многу компании што соработуваат со факултетите тука, барем јас имам слушнато од колеги, но тоа не е проблемот. Проблемот е што најчесто компаниите бараат искусни луѓе за проектите што ги работат затоа што соработуваат со големи клиенти или клиенти што бараат искусни луѓе. Најчесто во стартапи бараат практиканти ама сепак и тоа е голема инвестиција од страна на компанијата да обучи некој практикант неколку месеци за да може да им биде корисен и ако немаат некои полабави проекти, нема да им се исплати.

    А за практично искуство, многу лесно можеш и сам да седнеш и да си смислиш проект или да прашаш за да ти помогнат луѓе околу идеи, проблеми и слично.
     
  23. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,141
    3,497
    7 ноември 2014
    Машко
    @Rufflesaurus целосно ја утнуваш поентата на програмата и кон кого цели.

    1. Добиваш пари за престојот во странство - меѓу 450-520 еур месечно во зависност од земјата
    2. Добиваш сместување во студентски домови за 100-150 еур со сите вклучени трошоци. Студентските домови не се како нашите, друга класа се.
    3. Имаш 20 години, немаш сериозна врска, здравствени проблеми или други грижи и одиш да живееш во Порто, Лисабон, Виена, Милано или некој друг светски град на 4-5 месеци. Со тебе има уште 200-300 на тој факултет преку Еразмус+ од цела Европа.
    4. Се што ќе положиш таму, ќе ти биде признаено тука.

    Инаку од аспект на кариера, Еразмус+ нуди и платена пракса. Последен мој случај е праќање на двајца студенти во Амстердам, Холандија на позиции за маркетинг, по праксата се целосно вработени во фирмата и остануваат таму.

    Искрено, низ цела Европа сите едвај чекаат да ја искористат програмата, само кај нас буквално морам да ги терам студентите да одат, тажно е малку...
     
    На Sharlovski, cyberbaze, Oktar и уште 4 други им се допаѓа ова.
  24. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    430
    605
    3 Јануари 2019
    Машко
    Во ред, тоа ти држи вода. Не секогаш ти треба диплома за сите професии.

    Не би рекол, проблемите поврзани со пари не се решаваат лесно - бидејќи парите никогаш не се доволни. И не, не се согласувам, самото патување и шетање на повеќе места како прво преставува дисктракција од секојдневните пробеми што ги имаш, а како второ преставува одличен начин да запознаееш други култури.

    Сепак, да бидеме реални ни тоа не е така црно на бело. Да, можеш да научиш и онлајн, но тоа не е исто со диплома од Харвард или останати реномирани универзитети. Таму прогамата е така дефинирана да учиш преку пракса и да те натераат да размислуваш критички. Но, и покрај ова, си стојам на тезата дека дипломата е најскап гз папир.

    Но давање вакви совети на јавен форум не е најдобро, бидејќи постојат луѓе што може да бидат мотивирани да го откажат факултетот итн. Доволно е 2-3ца да им пишат слично мислење и тоа е тоа.

    Кажи ми фриленсер кој ги има овие услови. Можеби да ако имаш еден редовен клиент, но ако имаш повеќе клиенти, кои се раштркани низ светот, ќе видиш како нема да имаш одмор, ќе бркаш дедлајни и што уште не.
     
    На Melisandre му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Mechanic

    Mechanic
    Intern

    56
    16
    2 Мај 2016
    Сега ти кажувам дека ни материјалот не е ист, барем едно 10 години сме назад со нивните програми, зависи од факлтет до факултет, во некои области сме и многу поназад (други инженерски факултети на страна од ФИНКИ).
    Работам за странска компанија, скоро секоја година сум по 2 месеци надвор од тука на бизнис патувања и ти кажувам дека стартно дипломци од земји како Германија, Словенија, Хрватска, Австрија се далеку понапред и подобро потковани од нашите дипломци.

    Да не ја тупиме во темава, јас пишав што е мое мислење, освен една екскурзија тешко да има некои големи придобивки со само еден семестар.
     

Сподели

Вчитување...