1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Емулатори за модерни и релативно модерни конзоли(SMО, RDR, BOTW на PC)

Дискусија во форумот 'Игри' започната од DeJaVu, 18 Април 2019.

  1. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    518
    630
    21 ноември 2010
    Машко
    Незнам колку ја пратите сценава, меѓутоа последниве месеци има одличен развој на полево што се однесува на одредени игри што вреди да се пробаат.

    Наиме, Red Dead Redemption конечо и пц мастер рејсот може да ја ужива преку xbox360 емулаторот Xenia .Се пушташе и претходно, али пред отприлика месец двa, веќе може да се игра со добар фрејмрејт и решени најголем дел од гличови(веројатно има понешто останато). Си барат добар пц нормално, и најдобро работи на графички со ROV поддршка(GTX 950 или понова, AMD RX Vega).
    Кај мене со 4440S и R9290 вади 15-25 фрејма во зависност од комплексноста на сцената.
    Веројатно има добра поддршка и за други игри , али мене ми е релевантен емулаторов чисто ради РДР.

    Zelda Breath of the Wild веќе подолго време е игрива на WiiU емулаторот Cemu, но за жал на амд графички не се вадат макс фрејмови заради немањето вулкан поддршка, а опенгл драјверите на амд се и отсекогаш биле тиња(околу 20ина фрејма на 290-ка), нвидиа има драстично подобри перформанси во насловов. Во последниве неколку верзии имаа генерални подобрувања на перформансите, така да може да тера подобро и на амд, не сум ги пробал.
    Како алтернатива за цему и амд корисници e да се додели партиција или диск стриктно за него со линукс и меса драјвер, кој има доста подобри опенгл перформанси.
    Се спрема и поддршка за вулкан, која веројатно за неколку месеци ќе биде пуштена во оптек.
    Најдобар дел од останатите игри што вредат од WiiU се играат без многу проблеми и на амд.
    Листа со компатибилни игри

    Super Mario Oddysey веќе од пред некој месец е игрива на Yuzu (Canary) емулаторот за Свич. Сеуште има гејм брејкинг гличови и крашови, меѓутоа огромен прогрес имаат направено дечките за многу кратко време(на неколку пати по 200-300% подобруваат перформанси) така да на добар пат е да стане фули плејабл во догледно време, пошто верувам дека им е приоритет. За жал и тука амд корисниците се малку во небрано ради истиот проблем со перформансите на опенгл драјверите на амд(4-6 фрејма на 290-ka).Мада и за овој емулатор имаат најавено дека се разработува вулкан верзија.
    Во последниот апдејт од пред некој месец додадоа поддршка за преку 20ина нови игри чинам.
    Листа со компатибилни игри

    Па споделете искуства на која конфигурација кој што перформанс извадил ако имате претходни, или ако ве поттикне темава на стекнување на свежи.
    И препорака за некое интересно игре што можеби некој го пропуштил а функционира на некој од емулаториве, исто не е на одмет.
     
    На mviktors, shifty, Synchrony и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. Вајкинг

    Вајкинг
    Practice makes perfect

    959
    1,103
    9 Јуни 2015
    Машко
    Сеуште се зелени емулаториве поготово xenia. Мое лично инстинктивно мислење е дека нема да стигнат многу далеку.
     
  3. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    518
    630
    21 ноември 2010
    Машко
    Абе Xenia чисто ради РДР, а за неа е добра ако имаш доволно јак ПЦ. Можда ќе ја подоптимизираат дополнително па да се порадуваат и тие со послаби конфигурации.Или па може и rpcs3 да се здиват па да ги скокнат(до пред неколку месеци rpcs3 вадеше повеќе фрејмови од xenia на играва), никад не знаеш со опенсорс.

    View: https://www.youtube.com/watch?v=S0LpQWROt3w


    Cemu е далеку од зелен, имаш одлични игри што за деца што за поголеми деца, што тераат одлично.
    Кај мене имам пробано - Zelda BOTW, Bayoneta 1/2, Captain toad,Donkey kong Country, Mario Kart 8, Super Mario Bros U/Super Luigi U, Splatoon, Yoshis Wooly World, Mutant Mudds,Sponge bob, Super Mario 3D World, Steamworld Dig.
    Како и да е на листата со компатибилност постирана во првиот пост, може да се види која игра до кое ниво е. Удри филтер "playable", и ќе видиш што се може да се игра скоро без никаков проблем.

    А Yuzu е апла миракул, освен bleem! и Connectix Virtual Game Station емулаторите за PS1 од пред некои 20ина години, бар јас не знам во историја да имало емулатор за актуелна конзола. Уште па и играта што малтене им го продава свичот веќе ја пушта и може да се игра со одличен фрејмрејт :) . Така да ептен ветуваат момците што се во тој тим.

    View: https://www.youtube.com/watch?v=ZOdW8oi8njQ
     
    Zippo, omegaRED и на gokica им се допаѓа ова.
  4. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,260
    2,514
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    @DeJaVu, алал да ти е што ме потсети т.е. ми ги отвори очите за CEMU/WiiU. Ја играм Zelda BoTW, баш добра дистракција од секојдневието :) А тера супер, чудно дури на при прво стартување со стандард сетинзи вадеше 15-20 FPS, па после симнав ShaderCache и StaticFPS мод, и ете 60 FPS стабилни. Не знам како/што е технологијата зад ова зголемување на перформансите и како го постигнува тоа, како и дали има недостатоци, но се додека функционира :cool:

    Инаку ова на конфигурацијата од потпис, I7 7700K со GTX1070
     
    Последна промена: 20 Април 2019
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    518
    630
    21 ноември 2010
    Машко
    Стварно си е топ играта, негде до пола стигнав пред некој месец и на пауза ја ставив. За греота на 20 фрејма ја плешев :(. Ќе треба да ја запалам пак деновиве да видам дали подоправиле перформанси на амд, или ќе морам да си почекам вулкан поддршка, па да ја играм ко човек.
    Со тие фпс хакчињата имаше нешто минуси, као стрелите не летаа доволно далеку али можда и тоа е решено незнам.
    Иначе со пс4 контролер и DS4Windows (ryochan верзија) работат и моушн контролите. Некои од шрајновите без моушн контролер(со маус) се ептен тешки за проаѓање.
    Еве и едно интересно видевце со сите оптимизации

    View: https://youtu.be/AODW5TL5L3c
     
    На shifty и architect им се допаѓа ова.
  6. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    518
    630
    21 ноември 2010
    Машко
    @omegaRED вадам вадам и јас 60 фрејма, али на менија :). Без фпс хакче на местa и до 6-7 фрејма ми паѓа.Мада генерално подобрени се перформансите и на амд од последниот пат кога ја пуштав. Сега ми иде до нешто повеќе од 30 фрејма, имам и падови до некои 18 во зависност од местото(kakariko village е најдобро за тест), али претходно и под 15 ми идеше таму колку што памтам. Грубо околу 20ина% имам подобрување со најновава верзија.
    Иначе подобро ти е динамикот мислам(fps++), пошто на статик во случај да неможе да се справи хардверот ја успорува играта(кај мене со статик е ко theslowmoguys да ги гледаш :) ), а динамиков веројатно некој вид на фрејмскип користи и брзината е константна.
    Најдобро е да се следи гајдот од погоре, стварно се најперфектните сетинзи. И clarity енхенсментот обавезно да се проба, бомбона ја прави.

    Иначе за дечки без моушн контролери, гледам дека направиле добра алтернатива, мапирање на аналог стик пошто со маус стварно е кошмар.Веќе компајлиран софтверот овде.
    Шејдер кешови за зелда и остало од овде. Тука гледам за зелда со најголем број - 11,211 , за другиве можда се наоѓаат и покомплетни на други места.

    И на крај , неможам да не искоментирам колку се стварно луди дечкиве што ја правеле играва, кој атенш ту дитејл.Ми доаѓа на ум еден момент, за кој ќе се обидам да не направам спојлер, пошто јако ќе биде сами да си дојдете до заклучокот...
    Во невреме има моменти кога те пукаат громови, на почеток не ми беше јасно зашто зашто само во одредени ситуации али на крај сконтав.
    Малку понатаму во играта во еден шрајн со мрдање свичови врагови, кој веројатно можеше да се реши со нив али ја малку заглавив, го решив со стекнатото знаење зашто ме пукале громовите. Мајнд блоун :) .
    Може пошто не играм којзнае колку игри, и има други со слични детали, али мене моментот ептен ми остави впечаток.
     
    omegaRED, Lokvan, shifty и на уште 1 им се допаѓа ова.
  7. VerGer

    VerGer
    Gaining Experience

    472
    470
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    Lynel-и тепате? со овие фрејмови/глитчови? :)

    исто така ме интересира .. како е во кокоро шумата? тој дел мислам дека е нај проблем пошто магли чуда ау
     
  8. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    518
    630
    21 ноември 2010
    Машко
    Е не ко клошар на 60 фрејма ќе ја цепам со шпанска серија филинг, цинематик експириенс бе бачко :p :).
    Шала на страна, јас еве вчера само што го пројдов третиот дивајн звер така да веројатно преку 50% ми е комплетирана и сум немал некој момент да ми скрши гејмплеј, и тоа ја почнав на 1.12 мислам дека беше верзија, а има многу апдејти од тогаш. Ако за гличови имаш предвид она што го спомнав за стрелите, искрено немаше ни да го приметам ако не прочитав(а мислам дека е и средено веќе и ова).Имаше и нешто гличови со пречест блад мун ради интерниот тајмер, али пред некоја верзија ставија нов и сега колку што знам 1:1 e.
    Што се однесува до фрејмрејти, зависи нормално од хардверот.На Wii U ти е на 720p и иде со 30 фрејма, али има дипови.На свич докиран е 900p и исто 30 фрејма. Со цему многу повеќе фрејмрејт можеш да извадиш(не правам муабет за модовите што ги има да ја нашминкаш за ултра добар изглед), ете ти го за пример од кај нас омега со стабилни 60 фрејма.
    Изволте тест на цему 1.15.2 , иде 60-100 фрејма на 4К. Дечкото има i7 8700К на 5гхз и 1080ti.

    View: https://www.youtube.com/watch?v=r6EGK8CcsnQ


    Баш ќе се прошетам до кокоро, али јас колку што знам најтежок регион е какарико. Иначе исто што е добро, се тргаат маглите скроз ако сакаш. Да видиш филинг, Сокол :)
     
    omegaRED, VerGer и на shifty им се допаѓа ова.
  9. VerGer

    VerGer
    Gaining Experience

    472
    470
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    најс .. ја на switch ја тепав докирано, коа глеав за PC за мојов хардвер беше утка така да не ни пробав .. ќе видам баш до каде е средена, јес да мислам со АМД GPU уште е фрка за перфомрнас така?
     
  10. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    518
    630
    21 ноември 2010
    Машко
    Подобро е со нвидиа графичка, али вреди да се проба.
    Кај мене со i5 4440S и R9 290 на 1080p иде отприлика 18-33 фрејма, и кога е на 18 се игра, не е она сло мо ефект него повеќе како слајдови пошто веројатно некаков вид на фрејмскип прави fps++ модот. Мада мене мислам дека малку и процесорот ме кочи, пошто на одредени моменти оди и до 100% .
    Ако ти е конфигурацијата од потписот веројатно ќе имаш нешто подобар резултат од мојов.
    Само конфигурирај го цему и профилот за зелда според гајдот од горе.
     
Слични теми
  1. toshex
    Одговори:
    20
    Прегледи:
    780
  2. Jedah
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    589
  3. ARMac
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    164
  4. toshex
    Одговори:
    22
    Прегледи:
    665
  5. ARMac
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    287
Вчитување...

Сподели

Вчитување...