1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Електронски читач PocketBOOK Touch LUX3

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од SaleSk, 16 Јануари 2016.

  1. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,589
    5,109
    20 Април 2007
    Машко
    За прв пат благодарение на Anhoch ке имаме можност да тестираме еден нов уред, верувам интересен за сите оние љубители на читањето. Имено станува збор за електронски читач, поточно PocketBOOK Touch LUX3.

    [​IMG]

    PocketBOOK е европска компанија и е една од неколкуте водечки фирми кои произведуваат електронски читачи базирани E Ink (paper white) технологијата.

    Спецификации

    Конкретниот модел кој имаме можност да го тестираме е Touch Lux 3. Да направиме еден краток осврт на спецификацијата на уредот:

    · Димензии: 114,6 х 174,4 х 8,3 mm
    · Дисплеј: 6 инчи E Ink Carta HD10
    · Позадинско осветлување: Да
    · Материјал од кој е изработен екранот: Стакло
    · Нивоа на сиво: 16
    · Боја: Темно сива - се изработува и во бела и црна
    · Батерија: Li-ion, 3,7 V ; 1500mAh декларирани за 8000 страници без осветлување
    · Процесор: 1 GHz
    · Оперативна меморија: 256 Mb
    · Вградена меморија: 4 Gb (Слободната меморија зависи од софтверот и конфигурацијата на самиот уред)
    · Мемориски слот: SD картичка до 32Gb
    · USB конекција:Микро USB
    · Аудио излез: Не е подржан
    · Формати на електронски книги: PDF, PDF (DRM), EPUB, EPUB(DRM), DJVU, FB2, FB2.ZIP, DOC, DOCX, RTF, PRC, TCR, TXT, CHM, HTM, HTML, MOBI, ACSM, JPEG, BMP, PNG, TIFF
    · Тежина: 208g
    · Екран на допир: Капацитивен мулти сензорски со резолуција 1024х758
    · Безжично поврзување: Wi-Fi 802.11 b/g/n
    · Останати функции: Dropbox, Send-to-PocketBook, PocketBook Sync, ReadRate, PocketNews, Scribble ,Browser, PocketBook Gallery, Notes, Book Store, Calculator, Calendar & Clock, Dictionary, Klondike, Sudoku, Chess
    · Речник: Webster's_1913(Eng-Eng), Eng-Rus (Korolev)
    · Материјал на изработка: Пластика "Soft touch"

    Уредот е спакуван во одлично изработена кутија.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Во пакувањето можеме да ги најдеме следните работи: Touch LUX3, USB кабел, упатство за употреба и гарантен лист. Во пакувањето недостасува полнач - очигледно производот е наменет да се полни преку USB порта на компјутер или пак било кој друг USB полнач што го поседувате.

    [​IMG]

    Изработка и приклучоци

    Првиот впечаток и чувството во вашата рака говори дека станува збор за сериозно изработен уред. Пластиката е цврста, добро изработена и се има чувство "меко на допир". Фините линии и заоблениот облик го прават едноставен за држење. Предните копчиња се изработени од мека гума и лесно реагираат и на меко притискање.

    [​IMG]

    На горната страна се наоѓаат две мали лежишта за поставување на аксесоари.

    На долниот дел се наоѓа копчето за вклучување/исклучување, слотот за micro SD картичката и micro USB приклучокот за полнење.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Користење, опции и можности

    Навикнати на користење на таблетите, на прв поглед читачот ке ни дојде малку чуден, необичен и спор. Но секако има зошто е тоа така. Најголемата улога овдека игра секако екранот, односно дисплејот. Тој е тотално различен од оние кои се користат кај таблетите и телефоните. Практично кај електронските читачи е потребно екраните да ја имаат бојата на хартијата. Кај овој уред се вградува 6 инчен екран попознат како Е Ink Paper white HD кој по боја е многу близок на хартијата. Со дополнителното вградено позадинско светло овозможува удобно читање и во услови на намалена светлина. Вистинските благодети на електронските читачи ке можете да ги почувствувате тогаш кога ке одвоите најмалку 1 час вистинско читање на истите.

    По вклучувањето треба да се извршат основните подесувања за да читачот ни биде спремен за употреба. Се среќаваме со почетното мени на кое можеме да ги избереме книгите кои сакаме да ги читаме.

    [​IMG]

    Симнувањето на книгите оди многу едноставно. Бидејќи уредот е опремен со Wi-Fi можеме да пристапиме директно на некој од сајтовите, или пак ние да ги внесеме преку екстерна меморија. Нормално со снимање на СД картичка.

    Постои и можност директно да се поврземе на нашиот DropBOX или преку инсталираните апликации од производителот да вршиме размена на книги со нашите пријатели.

    Доколку едноставно сакаме да направиме пауза и да просурфаме по интернет тоа нема да ни биде никаков проблем. Ке можеме да го видиме интернетот во црно бел свет, малку необичен но интересен.

    [​IMG]

    За библиотеката со книги има безброј опции. Можеме да создаваме фолдери, да ги редиме по азбучен ред, да креираме сопствена библиотека итн.

    [​IMG]

    За вистинските љубители на книгите, читањето ке претставува вистинско задоволство. Со самото отварање на првата страна имаме можност да правиме многу подесувања. Почнувајќи од големината и типот на фонтот, позадинското осветлување, ротирање на екранот, додавање на белешки, користење на речник, користење на on-line речник, навистина многу опции. Листањето на страните може да се прават преку екранот на допир или користење на нормалните тастери. Истото важи и за сите останати опции.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Оној другиот дел од менито изгледа како класичен Андроид оперативен систем се разбира во многу поедноставена верзија. Тука може да се најдат сите подесувања за електронскиот читач. Меѓу другото читачот има опција да се користи и на македонски јазик.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Впечатоци

    Кога ке ги сумираме впечатоците добиваме една позитивна слика за целиот читач. Едноставен за употреба, релативно лесен со своите 208 грама, солиден екран, едноставен за користење и квалитетно изработен. Можеби ке имате впечаток дека е малку спор, но сепак, да не заборавиме дека зборуваме за уред наменет за читање а не за сурфање и играње. Нема да го изоставиме и фактот дека многу добро се снаоѓа и во темни простории. Јачината на позадинското осветлување имаме можност да ја менуваме а униформноста е солидна.

    Нема да ја заборавиме и батеријата. Едноставно после само едно полнење имавме можност да го користиме неколку дена без никаков проблем. Слободно можам да кажам дека батеријата ке имате потреба да ја полните после три или четири прочитани книги од по 200 страни.

    Она што нам малку ни пречеше беше начинот за промена на фонт за кој треба малку да се потрудите во менито.

    Доколку сакате да читате во послабо осветлена просторија, во тој случај при вклучено позадинско осветлување ке треба да одберете ниво кое највеќе ке ви одговара. Но при најмалку осветлен екран, пример 10% може да се случи екранот да добие нијанса на сиво и да имате впечаток како да читате без да има осветлување.

    Со читање на сонце и нормално осветлени простории нема да имате никаков проблем.

    [​IMG]

    Со еден збор многу интересен уред кој може да го најдете во продажните салони на Anhoch.

    Линк:
    http://www.anhoch.com/product/38464/e-book-reader-pocketbook-touch-lux3-grey

    Техничките спецификации за производот се превземени директно од сајтот:
    http://www.pocketbook-int.com/us/products/pocketbook-touch-lux-3#description

    Видео:

    View: https://www.youtube.com/watch?v=D2p2eHoS64s


    Ви посакуваме пријатно читање :)
     
    На gokica, DejV', masterwu и уште 19 други им се допаѓа ова.
  2. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,043
    3,005
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Длабоко се зачитав во рецензијава и дури за малце ме предомисли за да го купувам ама ко ја видов цената одма ми светна математиката дека у месец не читам највише од 2-3 книги коишто ги купувам по 100 денари по книжарниците.. Барем тие не се полнат и не бараат позадински осветлувањаа и местење на фонтови исто така и 300 малтретирања за да се најде некоја на македонски за читање . Длабоко ме разочарува цената а другото све е ок.
     
    mdeni, SaleSk и на aleksuperior им се допаѓа ова.
  3. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Хм, колку Kindle Paperwhite ама без реклами и не треба конверзија. Го имаш уште кај тебе? Проба по меил да си испратиш некакви книги? Има речник на допир?
     
  4. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,589
    5,109
    20 Април 2007
    Машко
    По мејл не пробав да испратам книги, најгоелмиот дел од нив ги симнував директно од неговата база.
    Речник на допир има, да.
    Одма од доле излегува објаснувањето.
    Речникот е англиски. Не пробував опции за инсталација на македонски речник, за кој искрено незнам ни дали постои...
    :)
    Цената?
    Хм, незнам што да кажам...
     
  5. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Не е лоша ептен цената. Туку ме интересираше дали било каква книга автоматски ја чита. На Киндлот мора конверзија прво
     
  6. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,519
    15 Јануари 2011
    Машко
    Мал екран, јас 10ката ја меркам одамна ама не сум нешто по книгите веќе некое време.
     
    На Стап му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,255
    24,071
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Зачувај овој добар Рад докторе....
     
    На uwemi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    За PDF само десет инчен. Шеските за книги во epub/mobi формат. Додуша и iPad Air би требало да заврши работа за PDF (заради бојата нели)
     
  9. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Убава работа е ова, ама ценава е 3 пати повисока одошто има поента.
     
  10. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Зш? Ќе заборавиш кога си го полнел. Пун е со книги. Или може да имаш навика tl;dr текстови да си ги праќаш на него за пред спиење. Земав Киндл кога се појави во Анхоч, таман е. Не е исто ко на таблет или на голем смартфон. Не е.
     
  11. krema

    krema
    Professor

    8,803
    8,555
    24 Јуни 2009
    Машко
    Одлична рецензија :)
     
  12. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,043
    3,005
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    А да гледаш филм у него ? И доколку може ке си гледаш некој каубојски филм во црно бело :oh: .
     
  13. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Знам каков е. Имам работено на проект за регионален DRM сервер, па низ рака ми поминаа 4-5 вакви. Убави се, одличен концепт ама ценава...... а ја немам време за читање пред спиење, заспивам ко заклан.
     
    На uwemi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,130
    1,272
    25 ноември 2014
    Интересно е како негативните коментари за е-читачот е како вие немате време за него.

    Ја па мислев е напраен за оние што активно читаат книги.
     
    На moongose и M.Pix им се допаѓа ова.
  15. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не читаш убаво. Негативниот коментар е за цената а не за немањето време. Ридерот е наменет за оние кои имаат време :)
     
  16. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,236
    513
    3 Април 2008
    Једино што новиот Kindle Paperwhite (3та генерација) има 1440×1080 екран (300ppi) за отприлика истата цена
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,589
    5,109
    20 Април 2007
    Машко
    Тука не побара конверзии. Автоматски си отвараше... Инаку мислам дека големината е добра и фино лежи во рака. 10" некако ми се чини дека ке бидат преголеми. Пример кога споредувам со таблетот дома што го имам. За екранот реков, неспоредливи се. Ова си е наменски уред... Екранчето си е екстра за намената.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,043
    3,005
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    И паре што имаат многу и не знаат каде да ги трошаат :)
     
    На Propeller му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,043
    3,005
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Супер си е све читачов ама делува за 2000-3000 денари . Све над таа цена е апсурд.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Абе споредете со други уреди со е-инк, не со таблети од Кина
     
    На P.Overdrive и SaleSk им се допаѓа ова.
  21. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,130
    1,272
    25 ноември 2014
    Јас имам киндл 5, без тач без беклајпт, адс имам само на локскрин пошто го користам во airplane mode, книги чита АZW, AZW3, TXT, PDF, MOBI и PRC. Ако книгата е EPUB со 2 клика во Calibre (кој патем го користам ко менаџер на библиотеката и средувач на metadata за книгите не само како конвертор) станува нативен MOBI со супер поддршка и 0 проблеми. Читам книги на англиски бидејки а) сакам да ги читам во оригиналниот јазик б) македноските преводи се сакати в) <- ако воопшто ги има

    тл-др: Не ја глеам поентата некој да иде со овој читач ако цената му е иста со проверен киндл со истите функции
    Екранот му е стаклен што за мене е всушност минус зошто на сончева светлина ќе имате ефект огледало и ќе си го глеате суратот покрај текстот
    Оние скрибл, дропбокс, калкулатор, броусер и други заебанции се буквално заебанции. Јас купив киндл да читам книги а не да го користам ко дигитрон или не знам шо. Предност му е што има можност за зголемување на меморијата со мемориска картичка, ама не сум имал потреба (дури и недостаток го сметам) да имам ТОЛКУ голем асортиман на книги во даден момент во киндлот. 2гб интерни во мојот киндл се некои 1500 книги со по 500 страници. Да читам по книга неделно ќе ми требаат 28 години да ги поминам сите книги.

    едит: тл-дрто испадна подолго од главниот дел :D
     
    DejV', moongose и на toshex им се допаѓа ова.
  22. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,589
    5,109
    20 Април 2007
    Машко
    Можеби еден од најбитните недостатоци при рецензиите е можноста да се стават еден до друг и да се направи директна споредба.
    Уредов не е кинески, него ако просурфаш и прочиташ е од Швајцарија.
    Така да тој податок мене како купувач би ми значел.

    Воопшто не е така. Ако екранот е стаклен тоа не значи дека има одсјај на светлина :)
    Така да заклучокот дека ке си го гледате суратот на светлина ама ич не е точен и се коси со твојата претпоставка.

    Предноста е огромна со дроп боксот. Покрај книга, ке сакаш да видиш и некој друг документ. Споделувањето на податоци е од голема помош.
    Калкулатори и други ствари се вишак, се слагам, пошто го оптеретуваат комплетниот оперативен. Мада во даден момент може да се најде како практичен. Не го носиш на грб на крајот на краиштата.
    :)

    Дец д поинт ама кој да разбере :)
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  23. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,942
    3,930
    18 Септември 2013
    Машко
    Јас се согласувам со мислењето на Исак. Нема поента да е иста цена ко Киндл. Јас иам пејпервајт и уредот е совршен. Доколку купувам било што ако не е еден од трите големи играчи кои ја движат сценава - киндл, нук или кобо тогаш за да биде компетитивен би требало да е пониска цена.

    Да бидеме реални за тие што сакаат „отвореност“ може да си го рутираат уредот без проблем, и после има тон работи шо може плус да ги прават.

    Ова е специфичен маркет и не е истиот мајндсет на корисници ко оние на таблети. Лично мене ми значи тоа што амазон поддршката е најдобра на свет - не ни претерувам.

    Второ - проверен производ е и секоја наредна генерација го прават најдобриот е-читач во класата и ги сетираат стандардите. И тука доаѓа до израз тоа дека цената на овој уред не го оправдува неговото купување.

    На корисници на вакви уреди најбитни работи им се батерија, екран, портабилност (форм фактор), опционално осветлување (иам сретнато луѓе кои не сакаат - јас сакам), бренд (дебативно, заради интеграција со амазон мене ми е многу битно) и ЦЕНА.

    Дропбокс и остало не е уопште битно, уредов седи на ерплејн моуд 90 посто од времето, имаш имејл праќање на книгите и тон други работи. Софтверот исто ми е супер на амазон ама пак, обичен фолдер вју да има е-читач доволно е. И не се согласувам дека „ќе сакаш да видиш друг документ освен книга“. Никогаш не сум сакал. Ова е читач за книги - во моби и останати формати кои скалираат за да може да имаш добро искуство на читање. За пдф, и се останато земете си таблет. E-Book reader - тоа е целосната функција на ваков уред.

    Во рецензијата не ми се допадна (ко и во многу други кај нас кога ќе отстапат производ компанииве) што некако стално изгледа ко да се труди авторот да не спомне ниту една лоша работа. Ко реклама туку-речи. Кај е критичноста? Сите подобри блогови наоѓаат маани и на најсовршените уреди.

    И за крај не ни мислев да должам толку ама не ми се допаѓа бранење на производи само затоа шо некој бил фин да ги отстапи на тест. Не значи тоа дека треба да се пофалат за да се продаваат, и слободното новинарство да го наречеме не е „ај да бидеме меки за да ни дадат пак нешто да тестираме“.

    А за споредба со пејпервајт, слободно можевте да прашате некој корисник да помине (јас ќе се нафатев иако мојот е прва генерација) и да донесе вакви уреди и да се видат еден до друг, па објективно да се зборува дали вреди овој уред да носи иста цена.

    ТЛ:ДР - доста браните производи, листајте им ги маните во рецензии макар не ви отстапувале пак потоа производи. цената на овој читач е преголема.

    EDIT: Со малку гуглање најдов одма споредба од корисник на уредов со кобо уред. И не е се sunshines and rainbows. Вака се прават рецензии:

    http://www.mobileread.com/forums/sh...bf7dbbd898e2d98ef6da4b1&p=3115985&postcount=7
     
    Последна промена: 17 Јануари 2016
    moongose, marto и на SaleSk им се допаѓа ова.
  24. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,589
    5,109
    20 Април 2007
    Машко
    Нема никакво бранење. Како негативности се наведени работите кои се увидени.
    За да ги најдеш вистинските недостатоци уредот треба да го имаш многу време, па да го коментираш од лично искуство.
    Прво како што е наведено, незнам за останатите производи од оваков ранг, но тука нема полнач. Да, веројатно е предвиден да се полни преку усб порта од ПЦ или можеш со било кој усб полнач.
    Друго, многу е тешко ако си навикнат да користиш (пример) ајфон со иОС, да се префрлиш на Андроид. И нормално обратно. Секогаш тој што користи Киндл, веројатно ке го фали него, и пример ако тебе ти е киндлот без позадинско светло, ке речеш не ми треба.Јас недостаток на позадинско светло ке го ставам на прво место, но ти како недостаток ке ставиш нешто друго.
    Мислам дека ми ја сваќаш поентата.
    Инаку главната поента на секоја од рецензиите е претставување на уредот.
    Првично, односно на прв поглед се споедлуваат сите работи кои можат да се согледаат.
    На крај се искажува впечатокот кој еден уред ни го остава.
    Цената реков дека не ја коментирам.
    Дали не или да, зависно од потрошувач до потрошувач.
    Линкот кој си го поставил е од дологодишен корисник кој користел и друг уред, па ги компарира еден со друг. Кажува што имал на претходниот а што сега има на овој. Значи сум возел цел живот пежо, па сум купил голф и ми смета тоа што напред немам лав, немам мека амортизација, немам торзионо вешање, али добро е што помалку троши, има лед дневни светла и има поголем гепек, ама незнам зошто сите тие работи ке ми бидат битни или не и не ми се исти....

    :)
    Се надевам дека ме разбираш.
     
    На toshex и Astro им се допаѓа ова.
  25. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,942
    3,930
    18 Септември 2013
    Машко
    Потполно те разбирам и не беше стрикно кон оваа рецензија наменет коментарот за бранење туку повеќе ми е собрано од рецензии кои ги читам по македонски блогови понекогаш и само листаат спецификации и као реклама доаѓа. Секој ваков чекор напред е добар чекор, но на сите поголеми тек блогови (светски) рецензии пишуваат дури откако ќе го користат уредот 3-4 недели (телефон, таблет) и секако го споредуваат со слични уреди.

    Што е повеќе веројатно некој кој користи таблети ќе ги прави рецензиите за таблети, а некој кој користи е-инк читачи рецензиите за тоа, за да може да е пообјективен.

    Како шо кажав и јас сум 100 посто за позадинско светло, но има корисници кои не го сакаат - т.е. не го оправдуваат порастот во цена наспроти обичен е-читач.

    Мојата замерка за оваа рецензија е тоа што читачов не нуди ништо што пореномирани читачи го немаат, и кога утре би купувал јас читач не би го купил затоа што не е компетитивно ценуван.

    Во моментов мене лично најмногу пример би ми се допаднал Кобо, а потоа Киндл. Но бидејќи нема кобо кај нас јас би отишол на страната на анхоч и би видел киндл и овој уред дека имаат иста цена и би си земал киндл.

    Но дури и за цената после малку рисрч не би го обвинил анхоч бидејќи уредов дури и на амазон.ком е иста цена со моменталната верзија на Киндл (без реклами).

    На крај се сведува секако на лични префернци, но како долгогодишен корисник на вакви уреди јас би заклучил (а и веројатно повеќето кои веќе би дале толку пари) дека не се исплати да се купи наспроти конкуренцијата која е далеку повеќе „бренд“.
     
    moongose, SaleSk и на marto им се допаѓа ова.
  26. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,808
    2,039
    19 Јули 2013
    Додека го читав текстот, цело време ја очекував споредбата со киндл. Киндл е референтен производ во оваа категорија, така што споредбата на добрите и лошите страни во однос на референцата е потребна да знаеме каде котира. Со оглед дека тие некои екстра можности што ги нуди читачов се сосема непотребни, а не забележав нешто по кое отскокнува во однос на киндлот, навистина ме шокираше цената, очекував да е некаде во опсег 3-4000 денари.
    Сега циникот во мене ќе рече дека по оваа цена на Анхоч не им оди продажбата на читачов, па решиле да применат малку герила маркетинг. Инаку би дале и еден киндл на рецензија да може директно да се споредат уредите.
     

Сподели

Вчитување...