• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Електронски читач на книги од Sony

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77


Јапонскиот произведувач на IT опрема Sony, го претстави новиот електронски читач на книги PRS-505. Овој уред својата премиера ја доживеа во САД каде имаше вистински успех. Sony Reader со големина од 6 инча има E-ink дисплеј кој дава резолуција од 600x800 пиксела. Содржината на дисплејот е читлива и при отсјај од сонце.

Читачот доаѓа во неколку верзии, односно има неколку модели чија меморија се движи од 64 до 256 мегапајти, што е доволно за складирање до 160 електронски книги.

Интересно е да се спомене дека Sony заедно со читачот доделува и ЦД со стотина книжевни класици, меѓу кои се и „Книга за џунглата“, „Гордост и предрасуди“, „Алиса во земјата на чудата“ и други.

PRS-505 е особено лесен за носење бидејќи е 260 грама тежок, а тенок е се на се 8 милиметри. Покрај тоа читачот поседува и куќиште отпорно на вода, па така буквите нема да ви се замачкаат или пак страниците нема да ви се залепат доколку ви падне, на пример во базен.

Izvor: Idividi
 

WhiteDeath

Intern
2 јуни 2008
117
1
Се знае колкава ке му биде цената? Затоа што сличните на овој уред се многу скапи за тоа што го нудат (само читање книги).
Односно ако си додадеш уште малце пари можеш да си купиш некој паметен телефон. Кој ке ти користи за многу повеке работи.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,614
Мислења
821,738
Членови
28,266
Најнов член
Bojan Sardjovski
На врв Дно