1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Електрично постолје за маса во Македонија

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од Rikimaru, 3 Јуни 2020.

  1. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Здраво дечки,

    Дали некој од вас начекал во македонски продавници/увозници да имаат електрични постолја за маса за подесување на висината на масата? Долго време сакам да направам таква маса и имав првична идеја од Икеа да земам рачна, меѓутоа носивоста на тоа постолје од Икеа е мала, плус границите се затворени. Нешто од типот:

    Office Furniture that Benefits You - Standing Desks | UPLIFT Desk

    Исто така, размислувам за DIY решение, но, немам идеја како би го извел.
     
    На Tajson му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Joco Ilievski

    Joco Ilievski
    Gaining Experience

    148
    113
    24 Август 2011
    Машко
    Ова ми излезе прво на гугл, али солено. :D
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Солено богами, ама, здравјето не познава цена. Па ќе видиме. xD
     
  4. Joco Ilievski

    Joco Ilievski
    Gaining Experience

    148
    113
    24 Август 2011
    Машко
    Така е. :D
    Ја сакам на моево да ја намалим висината, некако ми е малце повисчко и по некое време почнуа да ме боли грбот и рамењата. Или ќе напраем некое ново.
    А такво нешто и ја сум сакал, никад не сум побарал овде кај нас ама не очекуав нешто под 300 евриќи. xD
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Тоа од икеа е 9000 денари рачното постолје, се мислев мајстор да најдам да ми го направи поубаво за помалку пари ама не знам кому би се обратил:

    SKARSTA Desk sit/stand, white, 47 1/4x27 1/2" - IKEA
     
  6. Joco Ilievski

    Joco Ilievski
    Gaining Experience

    148
    113
    24 Август 2011
    Машко
    Интересно е, ама малечко, барем за мене.
    Ја би нашол нешто на јутјуб, по интернет, и да најдеш некој кој би ти помогнал околу купуањето на све што е потребно и склопуање на истото.
    Aко најдем нешто ќе ти пратим. :)
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    643
    824
    25 Февруари 2016
    Машко
    Базик системи, Солопром.

    Најевтино е во Базик и може да зборнеме за попуст со Нено газдата.
    Тоа во солопром кошта упм
     
    Последна промена: 3 Јуни 2020
    На bxxxn и Rikimaru им се допаѓа ова.
  8. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    802
    744
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    солоптом ако сакаш сам да склапаш имаат механизам.

    b2solutions и delight office ( па ваљда и салон29) имаат мислам ама ќе те кошта поскапо
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Не можев да им најдам веб страна на Базик за да проверам цена, да не знаеш како да ги контактирам?
     
  10. draganamon

    draganamon
    Gaining Experience

    384
    495
    24 Јануари 2016
    Машко
    Freelancer
    И јас барав во 2015, и во Мк најдов 2-3 и сите беа над 30.000 ден.
    Си го купив бирото од Икеа, и еве, супер ме служи веке 5 години.
    Го земав на попуст, и со повраток на данок ме кошташе некаде околу 160-170 евра.
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  11. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    176
    363
    21 Февруари 2009
    Ногарки на подигнување со рачна контрола, изработени од метал, на ниво на завршна обработка на ИКЕА (односно повисоко ниво на завршна обработка), за помалку од 9,000.00 денари локално?

    Посакувам многу среќа при лоцирање на таков мајстор. Во случај да се најде, пуштам по едно печено прасе и за мајсторот и за пронаоѓачот.
     
    На The-spiki, moongose, Necromancer и уште 5 други им се допаѓа ова.
  12. smole

    smole
    Unstoppable

    3,267
    3,794
    18 Април 2007
    Ќе гледам да сум и мајсторот и пронаоѓачот, уште второто прасе да можам да го трампам за јагне ќе биде топ :)

    On topic: Ако си за нешто од Икеа, некаде по темиве некој пиша дека најверојатно некоја ФБ страна носи од грчка Икеа ствари и во ова време-невреме, прочепкај.

    SKARSTA γραφείο καθιστής/όρθιας θέσης, Λευκό | IKEA Ελλάδα
     
  13. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    176
    363
    21 Февруари 2009
    Официјално ја оставам на маса алтернативата јагне. Бира пронаоѓачот.

    И мене ми се чини дека налетав на таква некоја информација, но не успеав да ја најдам. Би бил многу благодарен ако некој може да ми го посочи конкретниот пост. :)
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Работата е што првично бев загреан за тоа постолјето од Икеа бидејќи поефтино и практично, но, математиката во носивост не ми излегува. Не верувам да крепи голема ПОЛНО ДРВО плотна од 200x80цм + компјутер, монитори итн.
     
  15. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    176
    363
    21 Февруари 2009
    Ќе биде на раб на носивост.

    Плоча со тие димензии од бука ќе тежи ~45кг сама по себе. Доколку, од друга страна, ставиш плотна од бамбус, ќе се спуштиш на ~26кг за плотната без се останато, што е токму таму каде што треба да бидеш.

    Од друга страна:
    1. Ногарките од ИКЕА се очигледно наменети за плотна од 120х80; и,
    2. Бамбусот е реално трева.
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  16. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    802
    744
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    ја пишував за Икеа нарачки (може и некој друг) .. ја нарачав околку велигден, а по прилично сум сигурен дека го донесоа (а не од локален магацин) пошто чекав уште една недела ради велгиден што беше блокирано.

    Ја нарачав преку овие platinavrata.mk – Плати на врата при достава, без никаков ризик, 100% задоволство.
    а овие би требало да се ист систем (ама немам лично искуство) OutletON пошто на тие производи пише ова
    НАПОМЕНА: Производите на Икеа се доставуваат еднаш неделно. При потврда на нарачката ќе бидете известени кога ќе го добиете производот.
     
    На InSides му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Што значи ќе се бара локален мајстор. Дајте еден брејнсторм да маниме за какви се технологии може да се искористат за DIY sit/stand desk. Јас си мислев со хидраулична преса како дизалица за коли. Со нога да ја кревам масата.
     
  18. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    176
    363
    21 Февруари 2009
    Две дигалки за двете ногарки? Како ќе ги синхронизираш?

    Или профил во профил, две посебни ногарки, централна пречка што ќе ги спои ногарките, и хидраулична дигалка да делува на централната пречка?
     
  19. Маша

    Маша
    On your way to fame

    288
    639
    24 Април 2007
    Женско
    Во план ми беше да ја сменам рачката:

    View: https://youtu.be/pKyYEM-dN2o

    Јас ипак би идела со електромотор. Не знам што работиш и што карактер имаш, ама јас ако седнам да работам, загњурена цела во монитор, некако преголема дистракција ми е да вртам рачки (или да пумпам пумпи) и пак на крај завршувам со саати на иста висина :/
     
    Последна промена: 4 Јуни 2020
  20. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Пред компјутер сум цел ден, сакам на повеќе наврати во текот на денот да станувам да седнувам. Менување позиција е long-term решение за постура, болки во кичма итн.
     
  21. Маша

    Маша
    On your way to fame

    288
    639
    24 Април 2007
    Женско
    Затоа и јас ја зедов демек, ама повеќе се качувам со коленици на столица, се тегнам и продолжувам да кликам, него ли што ја вртам рачката... Ама па признавам дефект кај мене, јас сум си малку претерано манијакална во работа, ти може ќе и го фатиш редот на пумпата :)
     
  22. smole

    smole
    Unstoppable

    3,267
    3,794
    18 Април 2007
    Не гледам потреба компјутерот (куќиштето) да е на маса.

    Моето е на под.

    Кога би морал да бирам меѓу мајстор и Икеа - Икеа би ја избрал, сепак фабрика е фабрика.
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Misko6000

    Misko6000
    On your way to fame

    814
    769
    5 Април 2015
    Машко
    Hint: електромотор од брисачи за кола (половен,) и еден регулатор на вртежи за 12 V од Али за некои 2-3$
     
    На Rikimaru и Маша им се допаѓа ова.
  24. Astro

    Astro
    Guru

    6,753
    9,462
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Имам вакво на работа, Steelseries, поима немам од каде се набавени ама ако најдеш кој ги увезува добри се шансите дека има.
     
  25. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    може да го сликнеш? исто така ако прочиташ модел некаде тоа би било супер.
     

Сподели

Вчитување...