Gappo
Gaining Experience
- 20 јануари 2016
- 164
- 213
Доста се популаризираа електричните тротинети кај нас, но до сега немам видено тема за електричен уницикл (освен една стара 2 години кај што нема никаква дискусија).
За тие што не знаат, електричен уницикл е балансирачко возило што се вози на едно тркало и се управува со нозете. Според мене, има многу предности пред тротинет бидејќи има поголема батерија (поголем домет), поголем мотор (поголема брзина и моќност), е многу полесно пренослив за во рака, а да не зборам што ти ги остава рацете слободни и изгледа презабавен за возење.
View: https://youtu.be/XGOvSBJq-Bg
Муабетот е што нема од кај да се купи во Македонија. Барем јас не сум нашол и се надевам дека некој овде можеби ќе ме просветли. Од пребарувања по интернет сум ги нашол само Ninebot Macedonia кои не враќаат на пораки и изгледа дека не постојат веќе. Низ Скопје до сега имам два пати начекано луѓе што возеле, но не сум ги начекал од блиску да ги прашам.
Што мислите, има ли можност да се популаризираат електрични уницикли во Македонија и да ги заменат тротинетите?