1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Експресна претплата

Дискусија во форумот 'Вируси // Тројанци // Ботови' започната од Nutelo, 24 Јуни 2019.

  1. Nutelo

    Nutelo
    Intern

    14
    9
    23 Декември 2013
    Машко
    Здраво на сите!

    Да ја раскажам приказнава, може ќе му се најде на некој, може некој совет ќе падне.
    Скролам по reddit од телефон (користам Reddit Is Fun) и доаѓам до subreddit со голи женски беше најверојатно, идам во comments, гледам линк до други слики пример (не памтам точно) и кликам. Редирект ми прави, океј викам се враќам назад фала, ама пред да отидам назад гледам банер „Новото порно на Јелена Карлеуша“ (беше актуелнa по медиумите неодамна) и ми доаѓа моментот „да го кликнам или не“ (си викам во најлош случај ќе ми направи па редирект, добивте награда, имате проблем со телефонот итн. и ќе исклучам). Ме носи на creamtube.me и ми се појавува поп ап прозорец. Стискам на Х да го затворам прозорецот, се затвора и за неколку секунди ми стига СМС од 149666:
    „Добредојдовте во сервисот Cream Tube. Неограничено уживање на содржините. Одјава: стоп на 149666 Инфо: 023207687. цена: 236 денари месечно“
    Црвена тревога, вртам во Телеком и им ја раскажувам приказната. За неколку минути ми стига СМС:
    „Успешно се одјавивте од сервисот Creamtube“
    Ми се јавуваат од Телеком, се е средено викаат во ред е. Им објаснувам дека се работи за измама со која некој може да направи големи пари и воедно да направи штета на голем број нивни претплатници. Ок, фала, чао, итн.
    Creamtube.me
    Импресум
    Давателот на услугата:
    Texted Limited
    3rd Floor, 120 Baker Street
    London W1U 6TU
    United Kingdom
    Очигледно има склучено некој договор врз која основа наплаќа од Телеком претплатници.
    Ми доаѓа сметка за тој месец во кој ми се наплатени 100 денари за таа „услуга“
    Се јавувам во Телеком: „Да тоа е, можете приговор„
    Пиши приговор...
    Ми се враќа одговор:

    Почитуван г. Нутело,

    До нашата компанија доставивте приговор во врска со фактурирани услуги со посебна цена на чинење за мобилниот број 3897тојитој.

    По основ на претходно поднесен приговор направивме проверка и евидентирано е дека од мобилниот број 3897тојитој на 13.05.2019 година сте се најавиле на интернет страницата CreamTube каде што мора да се согласите на општите услови на користење (за мене ова беше кликање на Х-от). Потоа треба да кликнете на копчето „Плати со мобилна сметка“, за да добиете пристап на услугата. (никој не кликна на такво копче?)
    Цената на услугата е покажана над копчето „Претплати се со мобилна сметка“ - 236MKD/месечно со ДДВ, што ви дава можност да се информирате за цената на услугата, пред да се наплати. (КАКО НЕ БЕ!)
    Со извршување на плаќањето ја давате својата изјава дека сакате да добиете пристап до конкретната содржина.
    Услугата е деактивирана на 13.05.2019 година.
    За жал нема можност да извршиме намалување на фактурираниот износ за користењето на услугата, бидејќи услугата е регуларно користена. (WOW)

    Правна поука: Доколку сте незадоволни од одговорот по Вашиот приговор, имате право во рок од 15 дена од денот на приемот на одговорот да побарате заштита на своите права пред Агенцијата за електронски комуникации.


    И навистина се мислам да идам до АЕК. Не ми е за 100 денари, туку за начинот на кој што ми беа одземани!
    Ако на некој му текне нешто, нека пише!
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    545
    749
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Не се мисли, оди! Не дека 100 денари се големи пари, туку којзнае колку души ќе спасиш понатаму да не платат по 100тина денари. Направи добро дело. Јас сеуште не разбирам како може без потврден смс, да се активира услуга на мобилен.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    958
    563
    3 Јули 2007
    upload_2019-6-24_18-54-7.png
    upload_2019-6-24_18-50-45.png

    upload_2019-6-24_18-51-10.png
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  4. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    160
    116
    21 Мај 2017
    Сигурно имало потврден смс испратен во позадина(со дадени премисии на апликација или слично), не се криви операторите во случајов.
     
  5. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    370
    205
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Да бе, крив е кориснико шо клика на X , зад X-от уствари Accept. Ебење у мозок.
    На мобимак бев припејд корисник усште пред 15 години, кога минималното надополнување беше 500 ден + ддв = 600 ден. Према сегашен стандард тоа ти е околу 1000 ден. И секој месец бевме приморувани да допунуваме пошто уште на 1ви у 00:00 ти ги кинеа појдовните повици, неможеш да звонеш. Една вечер сеќавам се потрошив две допуни, знали 1200 ден кои ги потроши за неколку мизерни игрички и теми у тоа време. Само шо се појави новио оператор тогашен Космофон одма ги пљукнав. Тај истио мобимак поризлезе од тогашните македонски пошти или како и да се викаше за фиксната телефонија која буквално крадеше, перепенде правеше. Ако еднаш те забележеа дека си звонел у странство после наредните месеци ти бутаа сметки. И на пензионери им стигаа сметки големи колку цела нивна пензија и покрај тоа шо они никаде се немале јавено. Да не си споменувам хот лине броевите 0500... Затоа ја имам ставено у најцрна листа таа компанија која само го мене името у Те Леком, Те Мобимак, Те Мобиле итд. Најпреварантска, најпедерска фирма. Да земат и без пари да дават претплата нема шанса да земам нивен број.
     
  6. Nutelo

    Nutelo
    Intern

    14
    9
    23 Декември 2013
    Машко
    Не е крив операторот дури и откако ќе им објасниш на кој начин е извршена наплатата. Немаше најава, немаше се согласувам, немаше плати со мобилна сметка итн. Не би рекол дека не се криви

    Испратено од WAS-LX1 преку IT.mk форум апликација
     
  7. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,598
    1,356
    27 Јануари 2011
    Машко
    И јас не ги сакам Телеком, ама во овој случај измамник е апликација а не провајдер. Си сакал порно од Карлеуш да гледаш, најстар трик на интернет. Сите се лепат по цицики хехехехе. На банерок кј си клинал на Х не е CLOSE, на страна со ситни букви пишува CLOSE, тука е финтата.
    Ама да кликнам или не??? другпат кликај НЕ за цицки.
     
    На Necromancer и itstheigyg им се допаѓа ова.
  8. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    370
    205
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Како не е крив операторот? На компјутер оти неможеме така сами да се зафркнеме? Оти не ни е врзан со сим картичката! Кој ја овозможил трансакцијата од сметка на СИМ на сметка на сајтот ако не операторот?
     
  9. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,598
    1,356
    27 Јануари 2011
    Машко
    Секој што плати може да отвори сметка., иско како што секој може да купи СИМ картичка и да уценува луѓе. Кога ке се пријави во надлежни институции они ке решаваат. А корисникот кој наседнал на превара сам си е крив.
    По твое и операторите се одгворни за рансомваре вируси, они ги пуштаат низ нивна мрежа.
    Во овој случај корисникот е крив...сакал да гледа цицки без пари. Како вика стара кинеска поговорка ‘‘Нема Џабе ни код старе Бабе‘‘
     
  10. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    370
    205
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Сеа мешаш баби и жаби. Како бе можеме беспатно да гледаме цицки на компјутер? И ако алудираш на тоа дека вирусите ги закачуваме од цицки гледање се лажеш гадно. Од инсталирање сумњиви програми ги закачуваме при кое во деактивираме антивирусо кој иначе си реагира.
    И на компјутер скакаат џамови со исти создржини ако сакаш да гледаш цицки у живо да се претплатеш на сајтот на кој ти дава графа со попунување податоци и кредитна картица. Како шо знам таа графа не се сама пополнува и аутоматски да те регистира и да ти земе пари од кредитната! Ако има некој шо му се десило тоа нека пише. На мобилниот не ти дава графа. Туку со финта у која директен учесник е и операторо.
    Ама ти или зимаш од мобимак или си фанбој или шознам шо?! :annoyed:
     
  11. gamon

    gamon
    Gaining Experience

    382
    383
    15 Септември 2014
    bekrija
    правно криминалец е сајтот но телекомот помага во криминално длео, и тоа како е криминал.
     
    На Rukfash и worker_x им се допаѓа ова.
  12. Nutelo

    Nutelo
    Intern

    14
    9
    23 Декември 2013
    Машко
    Цицки џабе има колку сакаш, не е тоа поентата. Работата беше љубопитност, па дури и да закачам нешто! :) А луѓе со обично познавање и те како ќе наседнат. Банерот може да го стават и на друг сајт, со друг наслов итн. Како и да е бизнисот им е без загуба. И да откажеш они си влечат 100 денари.

    Испратено од WAS-LX1 преку IT.mk форум апликација
     

Сподели

Вчитување...