D
Администратор
Австриските експерти објавија студија во која се предупредува дека интернет пребарувачот „Гугл“ создава монопол, што му овозможува контрола на информациите и нарушување на приватноста.
Во студијата се наведува дека пребарувачот „Гугл“ остварува околу 61 милијарди пребарувања месечно. Во САД, во просек, 57% од пребарувањата се вршат преку Гугл, а околу 95% од корисниците повремено го користат овој пребарувач.
„Доволно е опасно една компанија, како „Гугл“, да доминира со пребарувањето“, укажуваат авторите на студијата.
Тие посочуваат дека „Гугл“ ја нарушува приватноста на корисниците, бидејќи компанијата има пристап до информации за поединци и фирми, а притоа таа не подлежи на националните закони за заштита на податоците.
Австриските експерти тврдат дека „Гугл“ со собраните податоци може да стане најголемата детективска агенција во светот.
Пребарувачот „Гугл“ ги отфрли овие обвинувања. Портпаролот на компанијата тврди дека тие „се темелат на бројни неточности и теории на завера, како и фундаментално непознавање за производите и услугите што ги нуди на „Гугл““.
Извор: А1