• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Ексклузивно: Следниот холивудски хит!!!

D

Администратор
31 март 2007
3.522
2.947
www.iwmnetwork.com
Ако ова Холивуд не го претвори во мулти-милионско филмско остварување, јас стварно би се разочарал, приказната е едноставно феноменална и уникатна:

Скопјанец кидапирал за да си ја врати поранешната девојка

Барјам А. (27) од Скопје, за да ја врати својата поранешна девојка го киднапирал роднината на нејзиниот иден сопруг, триесет годишниот С.А. од Кавадарци. Тој барал да му ја вратат девојката за да го ослободи С.А.

Според полицијата велешанката Р.Џ(19), неколку години живеела во помошна просторија од домот на Бајрам, во скопската населба Шуто Оризари. Пред тоа таа живеела во Домот “25 Мај“, од каде Бајрам ја земал да живее со него. Пред две недели нејзиниот иден сопруг, М.Б. (27) од Градско, се договорил со Бајрам, за 500 денари да има односи со неа. Во меѓувреме човекот се заљубил во неа по извесно време повторно отишол таму за да ја земе за жена. Таа отишла со него во Градско и на четври овој месец стапиле во брак.

Бајрам кога дознал дека девојката се омажила, се налутил и другиот ден на 5 декември, го киднапирал С.А., со барање да му ја вратат назад. Се договориле размената да биде кај наплатната рампа што се наоѓа кај селото Отовица, каде што киднаперот бил фатен од полицијата, откако Р.Џ го пријавила случајот во полиција.
Против Бајрам била поднесена кривична пријава за сторени две кривични дела противзаконско лишување од слобода и за посредување во проституција.


Извор: НетПрес
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.663
Мислења
889.227
Членови
31.504
Огласи
34
Најнов член
formula-1
На врв Дно